Управата на Далас Маверикс има причина за оптимизам не само поради резултатите сезонава, туку и поради развојот на Купер Флег. Младиот кошаркар со неверојатно темпо ја гради својата НБА приказна, а веќе се проби во друштвото на најголемите имиња во историјата на лигата. Неговиот последен настап, во кој постигна 43 поени, му донесе уште едно историско достигнување. Флег сега има 1.732 поени во НБА кариерата и го надмина Кармело Ентони на ...
Купер Флег продолжува да ги поместува границите на она што е можно во НБА. 19-годишниот играч на Далас Маверикс одигра спектакуларен натпревар против Индијана Пејсерс, водејќи го својот тим до победа од 125:122 и оствари учинок што само Кевин Дурент го постигна меѓу тинејџерите во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот. Актуелниот НБА руки на годината заврши со 43 поени, 10 скокови, 6 асистенции, 3 украдени топки и 1 блокада. ...

