Австралиецот Ник Кирјиос повторно предизвика внимание со своите изјави по егзибициониот меч „Battle of the Sexes“ во Дубаи, каде што се судри со Арина Сабаленка. Тенисерот остро ја одбрани идејата за ваквите настани и нагласи дека критиките не се оправдани. Според него, проблемот не е во самиот меч, туку во начинот на кој медиумите и дел од јавноста шират негативност и омраза околу ваквите формати. Кирјос изјави дека ужива во настани каде што ...

Англискиот Тотенхем се подготвува да се раздели со младата надеж Бренан Џонсон, чија трансфер вредност се проценува на околу 55 милиони фунти. Клубот од северен Лондон одлучи дека е време да ја преиспита иднината на Џонсон, кој не успеа да се наметне под новиот тренер и не добива доволно минути на теренот. Тотенхем е отворен за понуди од други клубови кои се заинтересирани да го доведат велшкиот напаѓач, а трансферот би овозможил и финансиски ...

Роџерс Мато е единствениот претставник на Првата македонска фудбалска лига на Африканскиот куп на нациите. Напаѓачот на Вардар уште еднаш ги покажа своите напаѓачи квалитети на големата африканска фудбалска сцена и постигна прекрасен погодок во дресот на Уганда. На натпреварот против Нигерија, Мато го постигна својот прв гол на континенталните собири, откако со мајсторски лоб го измами Узохо и стрелаше за 1-3. Уганда со два порази и едно ...

Репрезентацијата на Нигерија го потврди доминантниот статус во групата Ц на Африканскиот Куп на нации и се избори за третата победа, овој пат над Уганда со убедливи 1-3 (0-1). Пол Онуачу го отвори резултатот во првото полувреме и донесе минимална предност на паузата, а потоа уште два гола постигна Рафел Ониједика. Нигерија немаше никакви проблеми, освен почесниот погодок на Уганда, кој беше дело на вардарецот Роџерс Мато, кој биеше во 75. ...

ФИФА подготвува револуционерна промена во фудбалските правила, а таа се однесува на досудување на офсајд позицијата. Како што потврди претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, светското управно тело на фудбалот е во фаза на тестирање на ново толкување на офсајд, според кое напаѓачот би бил во недозволена позиција само ако целото негово тело е пред дефанзивецот, што значително би го променило начинот на кој правилото се применува денес. „Пред ...

Ракометниот клуб Загреб во втората половина од сезоната ќе влезе посилен со нов бек. Имено, станува збор за египетскиот репрезентативец Абделрахман Абду, кој во хрватскиот гигант доаѓа од Пари Сен Жермен. Овој 30-годишен лев бек ја започна својата кариера во клубот од неговиот роден град Каиро, Листопада, каде што ги помина своите години на формирање од 2008 до 2016 година. Потоа, се пресели во редовите на најтрофејниот египетски и африкански ...

Падна првиот отказ во Ливерпул оваа сезона. Лошите резултати во Премиер лигата веќе го запалија „алармот“ во клубот од „Енфилд Роуд“, а прва жртва е член на стручниот штаб. Раководството на Ливерпул мораше да преземе радикален чекор и го раскина договорот со тренерот задолжен за прекините, откако загрижувачката статистика стана невозможно да се игнорира. „Црвените“ се разделија со Арон Бригс по серијата лоши настапи во оваа област од играта. ...

Стеф Кари оствари уште еден значаен момент во својата блескава НБА кариера и се искачи на 21. место на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на лигата, со што го престигна легендарниот Кевин Гарнет. Ѕвездата на Голден Стејт до ова достигнување стигна со нова ефикасна партија, уште еднаш потврдувајќи го статусот на еден од најдобрите шутери и стрелци кои некогаш играле кошарка. Кари со години поставува стандарди, особено кога станува ...

Изминатата ноќ во НБА лигата од американските медиуми беше наречена како „ноќ на ужасот“, затоа што неколку клучни играчи преживеаја повреди и мораа предвреме да ги напуштат терените. Покрај повредата на Никола Јокиќ, се повредија и играчите на Чикаго Булс - Џош Гиди и Коби Вајт, кои исто така не можеа да ја продолжат играта поради повреди на задната ложа и зглобот, што дополнително ги отежнува плановите на тимот. За Оклахома Сити, Ајзеја ...

Душко Вујошевиќ, поранешниот тренер на Партизан и големо име во регионалната кошарка, даде отворени коментари за состојбата во клубот и заминувањето на Жељко Обрадовиќ од клупата. Според Вујошевиќ, Обрадовиќ „изгубил контрола над соблекувалната“ бидејќи тимот не покажал доволно посветеност, жртвување и љубов кон клубот, што на крајот влијаело негативно на резултатите и атмосферата во Партизан. Вујошевиќ додаде дека не му е лесно да гледа како ...

Ракометната селекција на Хрватска ја заврши првата фаза од подготовките за Европското првенство, а со тоа голем број ракометари се спакуваа за дома, додека пристигнаа „главните“. Имено, селекторот Дагур Сигурдсон го објави списокот на ракометари со кои ќе ги продолжи подготовките за континенталниот собир, а на истиот се најдоа 22 ракометари – повеќето од нив добропознати за ракометната јавност. spisok.jpg Во списокот на Сигурдсон нема ниту ...

Евролигата го казни Макаби Тел Авив со парична казна поради однесувањето на навивачите на еден од натпреварите во елитното кошаркарско натпреварување. Дисциплинската комисија на Евролигата донесе одлука израелскиот клуб да биде санкциониран со 10.000 евра поради навредливи скандирања од трибините за време на дуелот од 17. коло. Во соопштението се наведува дека однесувањето на дел од публиката било спротивно на правилата и дисциплинскиот ...

Суперѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ќе мора да паузира околу еден месец поради повреда на коленото која ја заработи на последниот натпревар против Мајами. Според извори од клубот, Јокиќ ќе помине низ период на рехабилитација и физикална терапија, со цел да се врати целосно подготвен на теренот. Тимот ќе се обиде да се справи без својот најдобар играч, додека Јокиќ се фокусира на комплетното заздравување од повредата. Лекарите се ...

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) официјално најави организација на нови глобални фудбалски награди, кои ќе стартуваат од 2026 година и ќе претставуваат централен годишен настан за доделување признанија во светскиот фудбал. Новата церемонија ќе се одржува во соработка со Dubai Sports Council и има цел да стане најпрестижна платформа за славење на најдобрите фудбалски достигнувања на планетата. На настанот ќе бидат наградувани најдобрите ...

Легендарниот јапонски фудбалер, Казујоши Мијура, и на 59 години не размислува за пензија. Еден од најпознатите и најдолговечни играчи во историјата на фудбалот потпиша договор со нов клуб и ќе ја продолжи својата неверојатна кариера, која трае повеќе од четири децении. Мијура ќе настапува како позајмен играч за јапонскиот третолигаш Фукушима Јунајтед, со што влегува во својата 41. професионална сезона. Со тоа уште еднаш го потврди статусот на ...

Некогашниот освојувач на Конференциската лига на УЕФА, Вест Хем, веројатно по вторпат есенва ќе го смени менаџерот. Нуно Еспирито Санто пристигна во Вест Хем со задача да го подигне клубот по лошиот почеток на сезоната, но не работата не му оди според планираното. „Чеканите“ се во зоната за испаѓање, а од доаѓањето на Португалецот, забележаа само два триумфа во 13 натпревари. Затоа Вест Хем размислува да се раздели со Нуно,а засега не е ...

Немања Матиќ во последното интервју доби прашање и се осврна на прославите на головите на Џердан Шаќири и Гранит Џака против репрезентацијата на Србија. Двајцата швајцарски репрезентативци го покажаа симболот на двоглавиот орел, а тој јасно потврди дека не му се допаднал потегот. „Ги почитувам како фудбалери, играв против нив неколку пати во Премиер лигата. Но со тие ситници собираат евтини политички поени. Тие, мислам, пораснаа во ...

Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо преку социјалните мрежи ги воодушеви фановите, откако објави снимки од просторијата во која ги чува сите свои трофеи. Станува збор за вистински музеј на една блескава кариера, а во центарот на вниманието се наоѓаат Златната топка и трофејот од Светското првенство во 2002 година. Витор Фереира, попознат како Ривалдо, остави длабока трага во светскиот фудбал настапувајќи за клубови како Депортиво Ла ...

Хрватскиот ракометен првак Загреб доби значајно засилување, откако во своите редови го доведе египетскиот репрезентативец Абделрахман Абду. Се работи за 30 годишен лев бек кој пристигнува од Пари Сен Жермен и со Загреб потпиша договор до летото 2027 година. Спортскиот директор на клубот, Дамир Бичаниќ, не го крие задоволството од реализираниот трансфер и потенцира дека Абду ќе има важна улога во тимот: „Одлучивме да ги засилиме нашите редови ...

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер извести дека во пролетната полусезона ќе влезе без едно од странските имиња. Од битолскиот клуб заминува Мохамед Калид Валид. Египетскиот кружен напаѓач по само една полусезона во Битола реши спогодбено да ја раскине соработката со пелистерци. Клубот му се заблагодари за одиграното во зелено-белиот дрес и му посака среќа за иднината. Валид со Еурофарм Пелистер се радуваше на трофејот во Суперкупот на ...

Фудбалската федерација на Македонија ги соопшти одлуките од последната седница на Управниот одбор. Донесена беше одлука за ревизија и испитување на авансна исплата за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, а во центарот на постапката ќе биде поранешниот претседател Муамед Сејдини. <<< - ПОВРЗАНО - Поведена постапка против Сејдини, се терети за финансиска измама! Покрај тоа, Управниот одбор донесе одлука за формирање на ...

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одржа нова седница, а на неа се донесоа неколку одлуки поврзани со поранешни функционери. Започна дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на ФФМ против поранешниот претседател Муамед Сејдини. Човекот кој претходно го водеше мак-фудбалот се терети за измама поврзана со авансна исплата на 700.000 евра кон фирма-изведувач задолжена за трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во ...

Поранешниот освојувач на Купот на Македонија, битолски Пелистер најавува уште едно засилување во нападот за пролетниот дел од сезоната. Деновиве ќе биде официјализиран трансферот на Томче Гроздановски, но приоритет во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач. Битолскиот клуб преговара со Влатко Стојановски и голема е веројатноста поранешниот репрезентативец да го облече зелениот дрес. 28-годишникот минатата сезона го носеше дресот ...

Гаел Клиши започнува нова тренерска етапа во францускиот фудбал, откако е именуван за шеф на стручниот штаб на Каен, клуб кој е во сопственост на Килиан Мбапе. Поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер Сити добива задача да го стабилизира тимот во чувствителен момент за клубот. Каен влезе во нова ера во септември 2024 година, кога инвестицискиот фонд на Мбапе откупи повеќе од 80% од акциите за сума нешто помала од 20 милиони евра. Со тоа се ...

Тениската 2025 година ќе остане запаметена како година на „смена на гардот“. Ноќевајќи ги историските рекорди на Новак Ѓоковиќ, кој не успеа да стигне до својата 25-та Грен слем титула, светскиот тенис го доживеа потполниот подем на новата генерација, предводена од Јаник Синер и Карлос Алкараз, двајца млади шампиони што доминираа на турнирите низ целата сезона. Сезоната почна со блесок на Јаник Синер на Австралија Опен. Италијанецот ја ...

Поразот на Денвер од Мајами остана во сенка на повредата на Никола Јокиќ, која ја одбележа завршницата на првото полувреме и внесе сериозна загриженост во таборот на Нагетси. Српскиот ас се повреди околу три секунди пред крајот на втората четвртина, кога во еден незгоден момент неговиот соиграч Спенсер Џоунс со ногата го згазна, при што Јокиќ го повреди левото колено. Центарот на Денвер веднаш се сруши на паркетот, држејќи се за коленото и ...

Тешкиот пораз на Денвер од Мајами со 147-123 падна во втор план поради повредата на Никола Јокиќ, која го одбележа натпреварот и предизвика загриженост во редовите на Нагетс. Српскиот ас го напушти теренот на полувремето поради проблем со коленото и повеќе не се врати во игра, а по мечот целото внимание беше насочено кон неговата здравствена состојба. Тренерот на Денвер, Дејвид Аделман, по натпреварот зборуваше речиси само за Јокиќ, ...

Домаќинот Мароко ја победи Замбија со 3-0 во натпреварот третото коло од групата А на Африканскиот Куп на нации, додека Комори и Мали одиграа нерешено без голови во натпреварот од истата група, кој се играше во исто време. Триумфот на Мароко беше обележан со два гола на Ајуб Ел-Каби, како и овациите за Ашраф Хакими, кој се врати на теренот по речиси два месеци. Ел-Каби го отвори резултатот со Замбија во деветтата минута, а предноста на ...

На крајот од годината дојде до неочекувана тренерска смена и големо враќање во францускиот прволигаш Ница. Клубот од Азурниот врег официјално објави дека 64-годишниот Клод Пуел се враќа на тренерското место во клубот. Пуел ја предводеше Ница од 2012 до 2016 година, а се враќа во клубот во обид да ја прекине негативната серија резултати во француската Лига 1. Ница има шест порази на последните шест натпревари, а ги загуби и сите шест ...

Во португалската Примеира се раѓа гигант кој реализира скоро перфектна есен. Франческо Фариоли и Порто врзаа шеснаесет натпревари без пораз и убедливо води во шампионатот. По ланската негативна сезона и неквалификувањето во Лигата на шампионите, екипата од „Драгао“ направи големи промени и тие веднаш дадоа резултат. Порто продолжува да биде лидер во португалското првенство, со 46 бода по 16 натпревари. Тимот е на врвот на табелата, пет бода ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
73%
996
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
100%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.29
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
90%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.24
81%
1001
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.25

Бакар

11.69

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Злато

159231.39

Сребро

2460.50

Платина

67162.91

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Калај

46.91

Алуминиум

3.03

Паладиум

546.56