По првпат во историјата на овој серијал, Microsoft Flight Simulator 2024 се вдомува во екосистемот на Sony, нешто што се нема случено цели четири децении. Надминувањето на традиционална платформа и-тоа-како не е едноставна адаптација на постоечкиот софтвер туку бара темелна реконструкција. Башка, го имате и стримувањето на масивни количини податоци директно од облакот. Но, дали PS5 верзијата на овој технички најкомплексен проект премногу се ...

Bodycam се залага за значаен исчекор во FPS жанрот, првенствено затоа што ја користи целосната моќ на Unreal Engine 5 за да креира искуство кое ги тестира границите на визуелниот реализам. Развиена од независното студио Reissad, кое започна како страстен проект на двајца млади француски ентузијасти, играта симулира снимка од камера поставена на вашето тело, нудејќи искривена перспектива и динамичен опсег што потсетува на вистински полициски или ...

На крајно уникатен начин, CONSCRIPT: Director’s Cut спојува историска реалност и класичен survival хорор. Обработувајќи го периодот за време на крвавата битка кај Верден (1961), играта ве става во улога на осамен француски војник кој тргнува во очајна потрага по неговиот исчезнат брат. Но, наместо да користи натприродни суштества или зомбија за да ве исплаши, CONSCRIPT црпе инспирација и ве заплашува со ужас во најчиста форма, ужас кој ...

Во развојот на React апликации, управувањето со state претставува еден од најважните аспекти кој влијае на архитектурата, перформансите и корисничкото искуство. Самиот React нуди основен пристап за работа со state преку useState и useReducer, како и механизам за споделување податоци меѓу компоненти со Context API. Сепак, кога апликацијата ќе започне да расте и да стане покомплексна со многу компоненти што зависат една од друга и динамични ...

Веќе подолг период како Destiny 2 се наоѓа на клучна крстосница и е во константна борба ем за задржување на фановите ем за привлекување нови. Таквото нешто е особено важно со неодамна излезената експанзија која симболично го означува завршувањето на децениската сага. Претходните обиди за воспоставување на нова ера беа прифатени со измешани реакции. На темел кој се чини дека е со стаклена основа, најновата експанзија, насловена Renegades, е уште ...

Неодамна излезената Blood: Refreshed Supply е, всушност, модерна ревитализација на легендарната пукачка игра од прво лице, првично развиена од Monolith Productions во 1997 година. Новото издание, кое е преработено од страна на одамна докажаните Nightdive Studios, е сеопфатно обновување за на модерните платформи, неисклучувајќи ги ни конзолите. Blood: Refreshed Supply успева да го задржи препознатливиот мрачен шарм и специфичната атмосфера ...

По години неискористен талент и минимални инвестиции, Босна и Херцеговина почнува да ги гледа првите вистински промени во својот стартап пејзаж, инспирирани од инвеститорската заедница. Стартап сцената во Босна и Херцеговина со години се наоѓа на граница помеѓу надежта и двоумењето. Талентот отсекогаш бил тука – брилијантни инженери, математичари и дизајнери кои играат клучна улога во позадината на глобалните компании – но самата држава ретко ...

Ayasa: Shadows of Silence е платформска игра која, исто така, претставува еден вид интроспективно патување низ невообичаен свет каде што границата помеѓу светлината и темнината е загрижувачки тенка. Наративот се врти околу младата Ајаса, која мора да патува низ земји опустошени од човечките пороци. Низ море од алчност, предавство и рамнодушност, девојката е во потрага по остатоците од светлината на апсолутот, Тас. Приказната, иако мрачна и ...

Претставувајќи се како „прецизен симулатор за одгледување гуски“ и вдомувајќи се во жанрот на idlе игри, Tingus Goose пркоси на секоја логика и очекувања. Ако некогаш сте посакале (иако не знаеме зошто) да видите екстремна презентација на што е можно почуден хумор и телесен хорор, тогаш Tingus Goose е наслов кој ќе ви го овозможи токму тоа – така што ќе ве стави во улога на одгледувач кој сади семе во торзото на човечки пациент. Од ова семе, ...

По две незаборавни децении од првичното појавување, една од највлијателните MMORPG игри станува ревитализана со Guild Wars Reforged. ArenaNet, во соработка со партнерското студио 2weeks, кое е составено од поранешни вработени на оригиналниот тим, ја реиздаде култната игра со многу љубов и внимание. Проектот Reforged всушност претставува техничка модернизација на класичниот наслов. Пвичната цел е да се прилагоди старата инфраструктура на играта ...

Of Ash and Steel е нов наслов од независното студио Fire & Frost (издаден од tinyBuild), кој храбро отвора носталгични рани, нудејќи искуство кое потсетува на култните класици како Gothic и Risen. Како акциона RPG игра во отворен свет, Of Ash and Steel ве става во улога на Тристан, обичен картограф кој преку сплет на околности се наоѓа на суровиот остров на Кралството на седумте. За разлика од модерните игри каде сте веднаш моќен херој, овде ...

Депресивниот детектив Евгениј МекКваклин се враќа во нова авантура со наслов Duck Detective: The Ghost of Glamping. Самостојно продолжение на успешниот The Secret Salami ве води далеку од канцелариските сплетки, директно во природата – или поточно, во луксузен камп се чини дека е опседнат со духови. Последиците од разводот и зависноста од леб и понатаму оставаат трајни белези на измачениот детектив кој, за да бидат работите уште покомплицирани, ...

Mожеби го препознавате Димитар Бежановски по анализата на цените на становите за Скопје или по роботот „Рикардо“ кој го направи во студентските денови. Овој пат тој ни откри како случајно откриените цик-цак линии на сателитска снимка се почеток на неговиот нов проект: откривање на заборавените и закопани линии на Македонскиот фронт. Македонскиот фронт се протегал од Охридското Езеро до Орфанскиот Залив. Борбите на фронтот биле активни за време ...

Последниве неколку години работата и пазарот на труд се менуваат супер брзо. Секако главна причина за ова е напредокот на вештачката интелигенција и нејзиното влијание. Оваа трансформација поставува клучни прашања пред младите и професионалците: Како да се избере вистинскиот факултет? Како да се смени професионалната патека? И најважно: “Кои вештини ќе гарантираат релевантност и успех во AI-доминантната ера?“. За овие прашања разговаравме со ...

Hello Sunshine, новата игра на Red Thread Games, нуди уникатен и освежувачки поглед на survival жанрот, сместувајќи ве во улогата на последното вработено лице во урнатините на огромна корпоративна империја. Кога играта ќе излезе, она што ќе најдете нема да бидат ниту стандардни зомби чудовишта ниту нуклеарни зими. Во Hello Sunshine, најголемиот непријател е самото Сонце. „Ни продадоа посветла иднина, но ни го донесоа крајот на светот“ Во Hello ...

Echoes of Elysium, најновиот проект на студиото Loric Games, претставува амбициозен обид да се освежи survival жанрот на RPG игри преку преместување на дејството од земјата во небесните височини. Играта ве поставува во процедурално генериран свет со clockwork естетика, каде што примарната цел не е само да се преживее, туку да се изгради и одржува комплексна летечка тврдина. Зад Echoes of Elysium стојат ветерани од индустријата кои претходно ...

A1 Македонија објавува дека A1 Game Fest 2025 powered by Neptun успешно заврши и го постави највисокиот рекорд по посетеност и ангажман од своето постоење. Настанот уште еднаш се потврди како најголем и највлијателен гејминг фестивал во Македонија, обединувајќи илјадници љубители на игри, технологија и поп-култура. Годинава фестивалот донесе најбогата програма досега. Организирани беа 14 натпреварувачки активности, меѓу кои косплеј натпревар, ...

Constance е 2D акциона авантура во стилот на Metroidvania. Чедото на bft ги спојува предизвикувачките платформски елементи со емотивна приказна за менталното здравје. Во Constance, ја преземате улогата на уметничка душа која, вооружена со својата голема четка за сликање, се обидува да избега од нејзиниот внатрешен свет. Распаѓачкиот свет е колоритен, но истовремено и деструктивен, претставувајќи ги нејзините лични борби со креативноста и ...

Извршниот директор на OpenAI, Сам Алтман истражувал можности за инвестирање милијарди долари во ракетна компанија, со цел да создаде сериозен конкурент на SpaceX на Илон Маск. Овие преговори, кои се одвивале во текот на летото и есента 2025 година, ја отвораат вратата кон нова ера на конкуренција во приватниот сектор за освојување на вселената, особено во контекст на растечките потреби за инфраструктура за вештачка интелигенција. Според извори ...

По огромниот успех на Teenage Mutant Ninja Turtles: Shredder’s Revenge, дуото Tribute Games и Dotemu повторно ги здружуваат силите, овој пат во соработка со Marvel Games, за да ни донесат ново аркадно лудило. MARVEL Cosmic Invasion е класична beat ‘em up игра која ја црпи инспирацијата од златната ера на флиперите, модернизирајќи ја, притоа, формулата со свежи механики и огромен избор на ликови. Приказната во MARVEL Cosmic Invasion ве води низ ...

Компанијата Xiaomi неодамна ја претстави својата најнова премиум линија – серијата Xiaomi 15T, која ги вклучува моделите Xiaomi 15T и Xiaomi 15T Pro. Овие модели претставуваат значителен исчекор за T серијата, која сега се фокусира не само на врвната фотографија и најновата технологија наменета за љубителите на најновите трендови, туку и на подобрени мобилни функции, подобрено снимање и софистициран дизајн. Погледнете ја рецензијата на Гораст ...

Новото шведско инди студио Wrenfall од неодамна го исфрли нивниот дебитантски наслов, Puzzle Parasite. Развиена од тим на индустриски ветерани кои претходно работеле во гиганти како Playdead, Ubisoft, Square Enix и Riot Games, оваа игра е длабоко инспирирана од класиците на жанрот како Portal, The Talos Principle и Antichamber. Puzzle Parasite се одликува со уникатен спој на минималистичка естетика и сложени логички предизвици, поставувајќи се ...

Јавниот повик за студентски ваучери за набавка на електронски уреди е официјално отворен. Од денеска па сè до 20 декември, студентите можат да аплицираат за вредносни ваучери преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk. Кој може да аплицира Право на апликација имаат сите студенти од прв циклус студии кои се државјани на Република Македонија, запишани во учебната 2025/2026 година. Прифатени се и редовни и вонредни студенти, на државни или ...

Кинеската стартап компанија DeepSeek објави два нови модела кои целат да го променат балансот на силите меѓу глобалните технолошки гиганти. DeepSeek-V3.2 и неговата напредна варијанта DeepSeek-V3.2-Speciale се директен предизвик за лидерите како OpenAI и Google, со перформанси кои се на ниво на GPT-5 и Gemini 3.0 Pro, но по цена што е драстично пониска. Дали ова ќе предизвика уште една глобална револуција за вештачката интелигенција (ВИ) во ...

Captain Wayne – Vacation Desperation е најновиот наслов што пристигнува од развојното студио Ciaran Games, носејќи со себе експлозивна мешавина на носталгија и модерeна хаос. Како ретро пукачка игра од прво лице вие сте ставени во улога на Капетан Вејн, морнар кој има сачмарка наместо рака. Приказната во Captain Wayne – Vacation Desperation започнува кога Вејн, по губењето на својата рака во битка со легендарниот кит, се соочува со нова неволја ...

Скоро три години како Company of Heroes 3 се има вратено на сцената како долгоочекувано продолжение на претходните две, подеднакво феноменални игри од серијалот. Тројката сеуште претставува амбициозен обид да се наметне на класичната тактичка борба во реално време поширок стратешки слој. Основната кампања ја проширува оваа амбиција со четири квалитетните додатоци за играта, од кои последното неодамна излезе. Со последното DLC, Рelic се имаат ...

Вештачката интелигенција може да предложи идеи, да ни помогне да напишеме дел од кодот, да откриеме грешки или да ни објасни сложени концепти на едноставен начин. Но, и покрај тоа што е одлична алатка, одговорноста секогаш останува на инженерот, вели софтверскиот инженер Тања Панчевска која е ментор во новоотворената Академија за веб програмирање со примена на вештачка интелигенција во рамки на Avenga Academy во Скопје. Целта на оваа програма е ...

Sektori: Пулсирачко патување низ хаосот и техно ритамот Развиена од Kimmo Lahtinen, ветеран кој претходно работел во студиото Housemarque (познати по Resogun и Returnal), Sektori е и добар тест на рефлекси, но и хипнотичко искуство дизајнирано да ве вовлече во состојба на целосна имерзија и фокус, барајќи чиста вештина и адаптација во реално време. Визуелна агресија Во Sektori, управувате со вашиот брод низ пет различни светови каде што нивоата ...

Keys of Fury претставува интересен хибрид кој ги спојува класичните елементи на beat ‘em up со едукативната механика на куцање. Имено, традиционалното удирање на копчиња за време на битките се заменува со прецизно пишување зборови, ефикасно трансформирајќи ја тастатурата во вашето најсилно оружје. Kung Fu преку правилна синтакса и правопис За разлика од многу слични игри каде брзината е единствениот фактор, овде прецизноста го има последниот ...

Триесет и две годишна жена од Јапонија, позната само како госпоѓа Кано, имала симболична венчавка со дигитална персона што ја создала преку популарниот ChatGPT. Додека за некои ова е знак на иновација во борбата против осаменоста, други го гледаат како предупредување за психолошките ризици од прекумерната зависност од вештачката интелигенција, пишуваат глобалните медиуми. Според извештаите, Кано немала намера да се вљуби во дигитален партнер. По ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1027
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1025
weather icon

Загреб

14ᴼ / 8ᴼ
1.03
69%
1024
weather icon

Софија

13ᴼ / 7ᴼ
1.03
66%
1029
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.4
67%
1027
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.68
79%
1025
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
2.24
69%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
59%
1025
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
67%
1027
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.13
93%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1026
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Алуминиум

2.92

Платина

62683.26

Паладиум

53788.20

Иридиум

145787.60

Калај

43.15

Бакар

10.93

Сребро

2105.58

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04

Злато

139298.91