Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Gas Station Simulator, развиена од студиото DRAGO entertainment, се фокусира на еден специфичен, но изненадувачки комплексен предизвик поврзан со претворање на напуштена бензинска пумпа среде пустина во просперитетен бизнис. Доколку навлезете во играта, за брзо време ќе откриете дека GSS е комплексна симулација која комбинира реновирање, менаџмент, и директна интеракција со клиентите, нудејќи искуство кое е истовремено и релаксирачко и, на ...
Lost Rift е амбициозен проект кој се залага да спои два навидум различни стила на игра на кохерентен начин. Пукачката авантура на People Can Fly ја комбинира креативната слобода на градење бази и PvE истражување со адреналинската напнатост која преизлегува од PvPvE експедиции. Фрлени на бреговите на мистериозен архипелаг, вашата цел не е само да преживеете, туку и да напредувате, да изградите свој дом и да се впуштите во опасни мисии, сами или ...
Renown e амбициозен проект кој се обидува да ги спои најпопуларните механики поврзани со multiplayer survival и средновековната борба која се заснова на вештини. Сместена во огромен и суров отворен свет, играта ве предизвикува ем да преживувате во дивината, ем да доминирате над своите ривали преку градење, освојување и водење немилосрдни битки. Наместо да се потпира на фантастични елементи, Renown нуди приземјено и реалистично искуство каде што ...
Tides of Tomorrow: Авантура обликувана од заедницата Од студиото одговорно за наративниот хит Road 96, пристигнува ново асинхроно мултиплеер доживување насловено Tides of Tomorrow. Со преземање на улогата на Tidewalker,ќе навлезете во светот на Елинд, планета која се бори за опстанок по катастрофалната голема поплава. Концепот се има потрудено да создаде динамично опкружување каде што светот е жив организам кој, верувале или не, се развива со ...
Прочитајте го целото интервју на англиски, на IT Logs! Со над три децении искуство во обликувањето на глобалната индустрија за видеоигри, Кејт Едвардс го носи нејзиното огромно знаење и страст на Game Dev Rev 2025, првата меѓународна конференција за развој на видеоигри во Македонија. Седнавме со прославената ветеранка да разговараме за нејзиниот претстоен главен говор, моќта на локалните движења и нејзината визија за развојните сцени во подем. ...
Mai: Child of Ages е авантура за комплексно патување низ времето, спојувајќи, притоа, елементи од различни жанрови за да создаде едно уникатно искуство. Играта нè вовлекува во приказната за Маи, млада девојка која заедно со својот дедо се обидува да ги открие мистериите на еден уништен свет, оставен во хаос по последната голема војна. Веднаш по тоа, ќе бидете однесени на авантура која обработува длабоко истражување на врските помеѓу древните ...
Како достоен наследник на својот мобилен претходник, Meteorfall: Journeys, Meteorfall: Krumit’s Tale успева да понуди свеж и иновативен пристап. Наместо класичното влечење карти, чедото на Slothwerks воведува динамична механика базирана на табла, која ја трансформира секоја борба во комплексна загатка. Задржувајќи ги шармантните ликови и хуморот од оригиналниот универзум, играта додава значителна длабочина и стратегија што ќе ги предизвика дури ...
Кај големите веб-сајтови, речиси е невозможно да се знае кои внатрешни линкови навистина носат вредност. WebKnoGraph се обидува да го надмине овој проблем со комбинирање на SEO со најсовремени техники за обработка на податоци, векторски репрезентации (vector embeddings) и Graph Neural Networks за предвидување линкови. Ова овозможува научно тестирање и предвидување на ефектот од линкувањето во изолирани лабораториски услови, претворајќи го ...
Dying Light: The Beast се поставува како стратешки наративен инструмент дизајниран да ги пополни канонските празнини што останаа по Dying Light: The Following. Со враќањето на Кајл Кран, протагонистот од првата DL, Techland конечно става крај на сите нејаснотии кои произлегоа од двата катастрофални исходи за Кран. Покрај долго-очекуваното наративна кулминација, добивате и огромен свет за истражување кој е полн со впечатливи ликови за разговор и ...
„PC Game Pass предлози“ е серијал посветена на откривање на најдобрите игри достапни преку претплатничкиот сервис на Microsoft. Со копање широко и длабоко низ богатата библиотека на PC Game Pass имаме за цел да ви ги претставиме најинтересните, најзабавните игри што вреди да ги одиграте. Што е Game Pass? Game Pass е револуционерен претплатнички сервис од Microsoft, често опишуван како „Netflix за видеоигри“. За фиксна месечна претплата, добивате ...
Out of Time громоласно се појавува на гејминг сцената како амбициозен наслов што се обидува да ги редефинира границите на кооперативните roguelike игри. Потпирајќи се на испробани формули, оваа игра нуди брзо, динамично и надградено искуство за еден или повеќе играчи. Сместена во фрактуриран универзум каде минатото, сегашноста и иднината се судираат во хаотична временска бура, играта ве фрла во битка против орди на корумпирани непријатели, моќни ...
Forsaker: DingDing&Blade е интересен хибрид помеѓу визуелна новела и roguelike со механики поврзани со карти. Развиена од тим кој очигледно не се плаши да експериментира, играта нè воведува во приказна за заговори, канибализам и очај, сето тоа завиткано во изненадувачки шармантен уметнички стил. Доколку сте расположени за мрачно и комплексно патување низ свет каде што моралните граници се заматени, со Forsaker: DingDing&Blade ќе наидете ...
Кога Момчил Василев го основаше својот прв бизнис во Бугарија во 90-тите, немаше ниту ментори, ниту фондови за ризичен капитал, ниту пак структуриран систем за поддршка. Денес, како генерален директор на Endeavor Bulgaria, тој помага во водењето на екосистем што генерира приходи од над една милијарда долари. Претприемачот Момчил Василев ја следеше економската трансформација на Бугарија буквално од првите редови. Својата кариера ја започна на ...
Од студиото TrueWorld Studios, составено од ветерани во гејминг индустријата, пристигнува UNYIELDER – наслов што се залага да ги помести границите на неколку популарни жанрови. Како амбициозен спој на брзо движење во прво лице, играта комбинира и rogulite механики, разнолик плен и интензивни битки со босови. Дејството е сместено во уникатен и мрачен свет, пост-апокалиптична верзија на Антарктикот, каде што се соочувате со серија предизвици кои ...
Наместо да се фокусира на адреналински и нереални сценарија, Car Driving School Simulator нуди длабоко и методично искуство кое ја симулира реалноста на возењето во урбани и разновидни средини. Така да, од многу аспекти, ова не е само игра, туку и едукативна алатка која ве предизвикува да ги проверите вашите возачки вештини и да ги применувате сообраќајните правила на еден интерактивен и безбеден начин. Целта на играта не е само да стигнете од ...
Neubase е компанија која им помага на non-US основачи да регистрираат и управуваат со компанија во САД, нудејќи комплетно „hands-off“ решение во сите чекори, од процесот на регистрација, до поднесување даночни пријави и сметководство. Идејата за компанијата се родила од непостоење на соодветни алатки и увид на проблемите со кои се соочуваат основачите на стартапи од Македонија и Балканот во однос на платежните процесори и онлајн банки. Neubase е ...
Како игра, Shooty Shooty Robot Invasion не се обидува да се вклопи во веќе постоечки урнеци, туку си создава свој сопствен жанр – хибрид помеѓу хаотична FPSи интерактивна фикција. Резултатот е едно апсурдно, смешно и визуелно впечатливо искуство кое ги предизвикува конвенциите и нуди нешто сосема свежо. Наместо да се фокусира на реализам или комплексна приказна, играта ве фрла во свет исполнет со бизарни роботи и уште побизарни луѓе, со цел да ...
По шест години во ран пристап, инди студиото Crimson Tales конечно ја претстави целосната верзија на својот амбициозен проект, Onirism. Играта нè носи на магично патување во улога на Керол, енергична девојка чија омилена плишана играчка, Банбан, е украдена и однесена низ мистериозен портал. Оваа случка ја поттикнува Керол да скокне во светот на соништата, познат како Crearia, започнувајќи една шарена и хаотична авантура. На прв поглед, Onirism ...
Mалку имиња имаат тежина како Spiderweb Software. Со децении, овој мал тим, предводен од основачот Џеф Вогел, создава огромни, комплексни светови кои ги воодушевуваат фановите со длабочината на приказната и слободата на избор. Една од нивните најпознати саги е Avernum, серијал кој ги носи играчите во огромен подземен свет полн со опасности, интриги и авантури. По повод најавениот римастер на класикот Avernum 4, Avernum 4: Greed and Glory, имавме ...
Twinkleby е шармантна и инвентивна симулациска игра која ве носи во еден носталгичен и релаксирачки универзум, каде што имате за задача да ја негувате креативноста. На прв поглед, делува како типична игра за декорирање, но под својата мирна површина крие уникатен и апсурден хумор. Вие сте во улога на креатор кој има задача да мапира архипелаг од лебдечки острови и да гради прекрасни диорами за едно општество на вселенски патници. Наместо сложени ...
Turbo Overkill е игра која е како бескомпромисно брутално, брзо и адреналинско љубовно писмо до фановите на класичните бумер шутери од рангот на Doom, Quake и Duke Nukem 3D. Со излегувањето на Ultimate Edition, талентираните Trigger Happy Interactive се имаат погрижено да го прошират искуството, и, со самото тоа, да понудат комплетен и рафиниран пакет на интерактивна забава. Гејмплејот во Turbo Overkill е експлозија од креативност и брзина, ...
Bloodthief нуди ултра брзо и адреналинско искуство. Чедото на Blargis не се обидува да го редефинира жанрот, туку да го усоврши до неговата најчиста и најинтензивна форма. Поради тоа, доколку сакате да навлезете во предизвикувачки балет на насилство и движење, преземајќи ја, притоа, улогата на вампир кој користи паркор и брутална борба за да се движи низ опасни, проколнати зандани, тогаш, да, ова е исклучително долга реченица, а играта е ...
MiceGard: Поглед кон една необична нордиска авантура MiceGard е авантуристичка игра која носи освежувачки концепт преку комбинирање на суровата нордиска митологија со шармантниот свет на глувци кои се и, башка, воини. Играта ве поставува во улога на викиншки глодар, чија должност е да го заштити своето село и да се бори за чест, слава и опстанок во свет исполнет со митски суштества и интриги. MiceGard нуди мешавина од тактички борби и наративни ...
Надополнување: Spill Zone: Ново поглавје во Into the Dead: Our Darkest Days Талентираните девелопери на Into the Dead: Our Darkest Days штотуку ја објавија најновата голема надградба за играта, насловена Spill Zone. Надградбата носи значително проширување на содржината, фокусирајќи се на целосно нов план за бегство сместен во токсична индустриска зона. Се препорачува да започнете нова игра за најдобро искуство со надополнувањето, иако технички е ...
Extinction Rifts е игра која храбро се навраќа кон корените на FPS жанрот, црпејќи инспирација од златната ера на првиот PlayStation. Резултатот е експлозивен коктел од ретро естетика и иновативни механики кој нуди уникатно и адреналинско искуство. Приказната нè фрла во мрачна иднина каде опстанокот на човештвото е доведен во прашање. Мистериозни монолити се појавуваат низ планетата, а терористичка организација позната како новиот свет ја ...
Особено ни е мило што во последниве неколку години, гејминг индустријата доживува нешто слично на ренесанса на ретро FPS игри. Нема крај на таканаречените бумер шутери, што ни е особено мило. HYPERVIOLENT е еден од таквите наслови, носејќи со себе не само носталгија, туку и модернизиран пристап кон класичната формула. По одреден период во Early Access, играта конечно ја достигна својата целосна верзија 1.0, заокружувајќи ја приказната и нудејќи ...
PIGFACE e кинетичка и брутална пукачка игра од прво лице која моментално се наоѓа во фаза на ран пристап. Играта ве фрла во улогата на Егзит, жена со мрачно и проблематично минато. Приказната започнува нагло и без компромиси: се будите во напуштен магацин, облеани во сопствената крв и со силна главоболка, само за да дознаете преку телефонски повик дека во вашиот череп е вградена бомба. Мистериозниот глас од другата страна на линијата има ...
Call to Arms: Panzer Elite е наслов кој има за цел да ве вовлече длабоко во тактичките оклопни битки од Втората светска војна. Развиена како самостојно искуство во рамките на франшизата Call to Arms, играта на Digitalmindsoft се фокусира исклучиво на командување со тенковски водови, нудејќи комбинација од перспектива од трето и прво лице. Наместо аркадна акција, акцентот се става на реализмот и на тоа дека стратегиското позиционирање и тимската ...
Како огромни фанови на серијалот Borderlands, со нетрпение ја очекувавме четвртата, клучна верзија. Низ годините, секоја Borderlands игра се трудеше да ја надмине претходната, нудејќи, на еден или друг начин, поразлично и повпечатливо искуство, експериментирајќи со најпопуларните механики и воведувајќи целосно нови. Во срцето на Borderlands 4 лежат неколку фундаментални промени кои значително го трансформираат искуството. Играта веќе не се ...
По повеќе од две децении, култната инди-игра Platypus се враќа на сцената во целосно ново руво, под името Platypus Reclayed. Ова не е само обичен римастер, туку комплетен римејк, предводен од оригиналниот креатор Ентони Флак и неговиот тим Claymatic. Преку уникатната естетика на пластелинска анимација (claymation), се работи за носталгичен проект за модерната публика. Како резултат, добивате игра која е збогатена со современи механики и ...