Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Развиена од Pathea Games, Superball e игра со брзо темпо 3v3 која е како спој на адреналинот од спортски натпревар со стратешката длабочина на hero shooter игрите. За да дознаеме повеќе за тоа што ја прави оваа игра уникатна, разговаравме директно со тимот на Pathea Games. Започнавме со очигледното прашање: од каде дојде оваа уникатна идеја? Освен традиционалниот фудбал, кои други игри, филмови или медиуми послужија како клучна инспирација за ...
Голем Јазичен Модел (LLM) за зачувување на македонскиот јазик и култура, системи за вештачка интелигенција за подобрување на дијагностиката во здравството, интелигентно управување со енергетската мрежа, автоматизација на јавната администрација и развој на паметно земјоделство; Ова се дел од потенцијалните придобивки од проектот „ВЕЗИЛКА AI Factory Antenna“. Македонија, преку проектот „ВЕЗИЛКА AI Factory Antenna“, доби стратешка позиција во ...
The Lonesome Guild ви дозволува да започнете патување со емоционалната поврзаност и другарството. Преку градење тим од невообичаени херои, ќе дадете се од себе за да ја победите осаменоста што го има голтнато светот. Чедото на Tiny Bull Studios и DON’T NOD е храбар обид да се комбинира класичната RPG акција со длабока и трогателна приказна за заедништвото. Од она што го видовме, луѓето имаат успеано во таквата мисија, нудејќи исклучително ...
Crate Entertainment, независниот девелопер најпознат по феноменалната акциона RPG Grim Dawn, неодамна го официјализира влегувањете во жанрот на city builder-и со целосното лансирање на Farthest Frontier. По исклучително успешниот тригодишен период во Early Access на Steam, играта конечно го дочека посакуваното 1.0. Изданиетозначително ја надгради цврстата основа, позиционирајќи се како сериозен конкурент во поджанрот на средновековни симулации ...
Легендарниот серијал Painkiller, кој остави длабока трага во FPS жанрот, се враќа како нов, реимагиниран наслов. Чедото на Anshar Studios и 3D Realms се обидува да ја задржи суштината на оригиналот преку нудење немилосрдна, адреналинска акција и воведување модерни елементи. Овојпат, таквиот микс е со примарен фокус на кооперативното искуство. Но, дали ова враќање после толку време успева да ја долови магијата на оригиналот или пак останува во ...
Ова е гостинска текст на Марко Гулан, ветеран во областа на сајбер безбедност и управување со ризици, со повеќе од 15 години искуство во ИКТ консалтинг. Неговата експертиза опфаќа креирање и имплементација на цврсти рамки за сајбер безбедност, управување со ризиците на ниво на компанија и усогласување на технологијата со законските прописи заради постигнување на бизнис целите. Во денешниот деловен свет, признавањето дека сте биле измамени не е ...
Македонската гејминг сцена го доживеа својот „Почеток“. Првата Game Dev Rev 2025 (GDR 2025) конференција беше најавена амбициозно како „креативна револуција“, а судејќи според реакциите – таа револуција не само што се случи, туку и грмна погласно од очекуваното. По стивнувањето на импресиите, разговаравме со еден од главните организатори, Гораст Цветковски, за тоа како е да се постави камен-темелник на настан што има потенцијал да ја стави ...
Dreamout е игра која ќе ве вовлече во необично патување во еден бизарен, сонлив свет. Играјќи со симпатична алпака која има вознемирувачки афинитет кон пијалаци од секаков вид, ќе навлезете во хаотична, но шармантна авантура исполнета со апсурден хумор, неочекувани предизвици и незаборавни ликови.а еден свет кој функционира според сопствени, нелогични правила. DREAMOUT е акциона авантура со силен акцент на решавање загатки и истражување. Доколку ...
Развиена од AdHoc Studio, тим составен од ветерани и клучни девелопери зад култните класици како Tales from the Borderlands и The Wolf Among Us, играта се позиционира како суперхеројска комедија од работното место. Наместо да летате низ облакодери, вие ќе управувате со хаосот од вашето биро и ќе барате начини да се справите со хаосот кој ќе го прави вашиот тим од неискусни херои. Доколку бевте фанови на Telltale игрите тогаш Dispatch е, без ...
A.I.L.A. e хорор игра во прво лице, сместена во блиска иднина, каде што играчите влегуваат во улога на тестер на игри за револуционерна, експериментална вештачка интелигенција. Но, работите брзо тргнуваат наопаку кога В.И. почнува да ги користи најдлабоките стравови на играчот, бришејќи ја линијата помеѓу виртуелното и реалноста. Со најава дека играта ќе биде објавена за PC и конзоли подоцна оваа година, имавме можност да поразговараме со ...
Hot Wheels Let’s Race: Ultimate Speed има за цел да ја пренесе брзината и возбудата од анимираната серија на Нетфликс директно на вашите екрани. Но, наместо да се натпреварува со комплексните симулации за тркање, оваа игра целосно се насочува кон аркадното искуство, нудејќи пристапна, брза и визуелно стилизирана забава. Во случај да сакате да се тркате, дрифтате, да градите на диви патеки, како и да се соочите со импресивни босови, тогаш ова е ...
BALL x PIT: Иновативна комбинација на жанрови BALL x PIT е нова игра која успешно спојува неколку популарни жанрови поврзани со преживување, градење на база и roguelite елементи, сето тоа завиткано во класична механика на кршење плочки кои паѓаат кон дното на екранот. Како резултат, добивате една од најосвежувачки roguelite игри кои дефинитивно би требало да ја проверите, чисто за да видите на кој начин се комбинирани овие уникатни концепти. ...
Chronoscript: The Endless End е развиена од малиот, но талентиран тим на DeskWorks (DW) и поддржана од гигантот Shueisha Games (SG). Оваа игра ветува уникатно Metroidvania искуство во кое вие, во улога на уредник, станувате заробен во страниците на мистериозен ракопис. За да ѕирнеме зад завесата на овој интригантен проект, имавме чест да разговараме со клучните луѓе зад него: Масами Јамамото (Masami Yamamoto) од Shueisha Games, и креативниот ...
Dreams of Another се наметнува како длабоко филозофско и уметничко дело, создадено од реномираното јапонско студио Q-Games, познато иновативни наслови како The Tomorrow Children и серијалот PixelJunk. Како авантуристичка акциона игра од трето лице, нема да наидете на конвенционалниот пристап на пукање. Овде, како што велат и самите автори, „Нема создавање без уништување“. Па така, наместо куршумите да уништуваат, тие го градат и материјализираат ...
По неочекуваниот успех на својот претходник, PowerWash Simulator се враќа со продолжение кое ја крева релаксирачката формула на едно целосно ново ниво. Благодарение на едноставната, но неверојатно задоволувачка идеја каде чистите валкани површини под висок, воден притисок, оригиналната игра позитивно ги изненади фановите и инстантно стана феномен. По серија од бројни платежни и бесплатни додатоци, време е да се понуди нешто ново. PowerWash ...
GODBREAKERS е акциона игра со rogue-lite елементи, дизајнирана за соло игра или кооперативно искуство со најмногу четири играчи. На прв поглед, можеби изгледа како да се работи за уште еден генеричен обид во презаситениот пазар, но таквата претпоставка апсолутно не „држи вода“. Студиото Vaulted Sky Games се има потрудено да понуди уникатна длабочина и механики, целосно истакнувајќи се од конкуренцијата. Поради тоа, подгответе се да навлезете во ...
Necesse е игра која со години се развива од инди студиото Fair Games од Данска. На прв поглед, би можело да ви изгледа како да е инспирирана од Terraria или Starbound, но под површината на својата шармантна пикселизирана графика, Necesse крие длабок и комплексен систем кој вешто ги спојува елементите на градење, истражување, борба и менаџирање на сопствена колонија. Што може да очекувате од играта: процедурално генериран, бескраен свет каде што ...
Разговаравме со Тимон Смектала, директорот на франшизата Dying Light, за враќањето на иконскиот протагонист, новиот брутален правец и застрашувачките ноќи во Кастор Вудс. Помина цела деценија откако последен пат го искусивме патешествието на Кајл Крејн, херојот кој нè водеше низ бруталниот свет на Харан. Од неодамна, Techland ја раздрма сржтта на нивната најпозната франшиза со Dying Light: The Beast, игра за која со задоволство ја анализиравме ...
Американскиот претседател Доналд Трамп подготвува извршна наредба со која ќе се засили притисокот врз големите банки поради наводна дискриминација на компании од крипто-индустријата и конзервативни организации. Според The Wall Street Journal, нацрт-верзијата на оваа наредба предвидува истраги од страна на банкарските регулатори за да се утврди дали финансиските институции ги прекршиле законите за еднакви можности за кредит, антимонополските ...
Се почесто ги сретнуваме термините CSR (Client-Side Rendering) и SSR (Server-Side Rendering), особено кога зборуваме за перформанси, SEO и корисничко искуство. Накратко ќе објанснам што значат CSR и SSR, кои се нивните разлики, предности и недостатоци, и кога е најпаметно да ги користиме. Што е CSR (Client-Side Rendering)? Client-Side Rendering е метод каде содржината на страницата се рендерира директно во прелистувачот преку JavaScript. Кога ...
OLGA e македонска игра која ни доаѓа од одамна-докажаните македонски девелопери Workbench Entertainment, најдобро познати по нивната хорор игра – Wounded. Olga е епизодна наративна walking simulator игра во прво лице, која нè поканува да ги преживееме спомените од детството на Олга додека го посетува домот на нејзините баба и дедо во Беловодица. Ова изолирано планинско село крие откритија кои траат цел живот, а играта ја истражува носталгијата, ...
По долгогодишно чекање и серија наслови кои не успеаја да ги исполнат очекувањата на заедницата, NASCAR франшизата конечно се враќа на големата врата. Со преземањето на развојот од страна на iRacing, NASCAR 25 пристигнува на PlayStation 5 во форма на целосна преродба. Преку користење на моќта на Unreal Engine 5, iRacing ја имаат искористено нивната неспоредливата експертиза за да постават силни темели за иднината и да создадат искуство кое е и ...
Развиена од белгиското студио N-Zone, Chickenhare and the Treasure of Spiking-Beard е амбициознa акциона авантура со елементи на платформа и загатки. Доколку сте фанови на универзумот, тогаш светот ќе ви биде особено познат. Разликата е во тоа што овде и овојпат имате на располагање целосно нова приказна и механики кои се дизајнирани да ги ангажираат и младите играчи и нивните родители. Поради тоа, доколку барате забавна семејна игра, ...
Fellowship, игра која е развиена од студиото Chief Rebel, свесно се дистанцира од етикетата MMORPG и се дефинира како Multiplayer Online Dungeon Adventure, или MODA. Како таква, играта е замислена да ги елиминира елементите како огромните отворени светови, долготрајното развивање на ликовите и споредните мисии. Наместо тоа, на вас се остава работа на само еден клучен аспект, а тоа е кооперативното освојување на dungeons. Благодарение на ваквиот ...
Keeper, најновото дело од студиото Double Fine, предводено од уметничкиот ветеран Ли Пети (уметнички директор за игри како Brütal Legend и Broken Age, и проектен лидер за високо стилизираните Stacking и Headlander), е продукт кој е маестрална последица на неговото долго и креативно искуство. Родена од интроспекцијата за време на пандемијата и длабоката почит кон природата, на играта лесно може да се гледа како на медитативно патување низ еден ...
Познатиот серијал за стратегии за градење градови, Anno, уште еднаш ви се заканува со враќање кон историските корени, овојпат со Аnno 117: Pax Romana. Развивана од Ubisoft Mainz, студиото одговорно за успешниот Anno 1800, овој дел ве носи во најраната ера досега – зенитот на Римската Империја. Се очекува насловот да излезе на 13 ноември, но дали ќе успее да ги задоволи тврдокорните фанови и да ја еволуира основната формула на серијалот? Цената ...
Comfy Girl: Lofi Companion – Дигитално прибежиште за релаксација Во случај да барате да навлезете во мирен простор за релаксација, Comfy Girl: Lofi Companion е дизајнирана да биде ваш придружник во секојдневните активности, без разлика дали работите, учите или едноставно ви е потребен момент за одмор. Comfy Girl: Lofi Companion има за задача да ви дозволи да создадете пријатен и персонализиран виртуелен простор. Па така, веднаш започнувате со ...
Во 2017 година, студиото Playtonic, составено од клучни девелопери зад легендарните наслови како Banjo-Kazooie и Donkey Kong Country, се обиде да го оживее духот на носталгичните 3D платформери со Yooka-Laylee. Сега, со Yooka-Replaylee, студиото нуди целосно реимагинирање на оригиналното искуство, исправувајќи ги недостатоците и издигнувајќи ја авантурата на целосно ново ниво. Дали ваквата темелна обнова целосно го исполнува потенцијалот на ...
Zombie Rollerz: The Last Ship: Три-во-едно игра Zombie Rollerz: The Last Ship претставува уникатен хибрид кој вешто комбинира елементи од неколку популарни жанрови: Играта на Zing Games Inc. и 紫英互娱 ве става во улога на командант на последниот брод, кој е воедно и подвижна тврдина, со задача да го одбраните од непрекинати бранови на живи мртовци. Она што ќе најдете тука е прекрасна и незаборавна забава полна со непредвидливи и впечатливи моменти. ...
CloverPit е крајно невообичаен наслов кој ветува, преку rogulite механики и тема поврзана со коцкање, нуди морничаво искуство. Опишана како пеколен спој инспириран од тензијата на игри како Buckshot Roulette и стратегиската длабочина на Balatro, играта на двајца италијански девелопери ве фрла во улога на должник заробен во кошмар. Излезот е возможен само преку манипулација на проколната слот-машина. Но, наместо игра на среќа, вие навлегувате во ...