Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
По речиси сто дена поминати во затворски притвор, осомничениот Муамед Сејдини, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), излезе во домашен притвор откако депонирал банкарска гаранција во вредност од еден милион евра. Обвинителството го сомничи Сејдини за проневера на повеќе од 700.000 евра поврзани со изградбата на трибината на стадионот во Охрид, како и за милионски финансиски злоупотреби во Фудбалската федерација ...
Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона и официјално го претстави младиот напаѓач Костадин Капсаров, кој во Битола пристигнува по одличната сезона во дресот на Брегалница. Дваесетгодишниот офанзивец беше прв стрелец на штипскиот тим во минатата сезона, постигнувајќи 14 погодоци, со што го привлече вниманието на повеќе клубови. Сепак, својата кариера ќе ја продолжи во зелено-белиот дрес на Пелистер, каде што се очекува да биде ...
Шкендија со минимален пораз од 2-1 се враќа од гостувањето кај словенечки Браво во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига, а тренерот Артим Положани и покрај негативниот резултат беше задоволен од изданието на својата екипа. Стратегот на тетовци истакна дека неговите фудбалери одиграле квалитетен натпревар и создале доволно шанси за многу подобар резултат, но дека реализацијата била најголемиот проблем. „Им ...
Младиот македонски дефанзивец Малик Хамзиќ официјално е нов фудбалер на косовскиот клуб Динамо Феризај. Клубот го потврди неговиот трансфер преку официјално соопштение во текот на вчерашниот ден. Хамзиќ во својата кариера во Македонија настапуваше за екипите на Работнички, Гостивар, Силекс и Македонија Ѓорче Петров. Хамзиќ е раскошен талент и поранешен репрезентативец на младинската селекција на Македонија до 21 година. Со ангажманот на ...
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години е подготвена за настапот на Европското првенство од Дивизија „Б“, кое во наредните денови ќе се одржи во хрватските градови Ријека и Опатија. Избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ ќе се обидат да остават добар впечаток и да се борат за што подобар пласман на шампионатот, на кој ќе настапат најдобрите европски селекции од оваа дивизија. Во составот на македонската ...
Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели изјави дека нема за што да жали кога ќе се осврне на својата кариера. Денес, 35-годишниот фудбалер, кој настапува за Ал-Итифак во Обединетите Арапски Емирати, признава дека како млад правел грешки, но истакнува дека никогаш никому не му наштетил. „Правев глупости, но тие искуства ме изградија како личност. Денес имам чиста совест. Глупостите ги правев на моја штета, ниту еден човек, ниту еден ...
Манчестер Сити ќе остане без Родри на неодреден период, откако клубот потврди дека шпанскиот репрезентативец ќе мора да оди на операција поради повреда на грбот. Иако летово беше еден од најзаслужните за светската титула на Шпанија и ја освои наградата за најдобар играч на турнирот, Родри продолжува да се соочува со сериозни здравствени проблеми. По тешката повреда на предните вкрстени лигаменти во 2024 година, дополнително го мачеа и повреди ...
Хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ и официјално останува во Милан, откако потпиша нов едногодишен договор со италијанскиот гигант. Со новата соработка, 40-годишниот играч за врска ќе остане на „Сан Сиро“ најмалку до летото 2027 година. Модриќ пристигна во Милан минатото лето како слободен агент, по завршувањето на својата блескава етапа во Реал Мадрид. По истекот на претходниот договор, искусниот Хрват размислувал дали да ја продолжи ...
Шпанскиот репрезентативец Ајмерик Лапорт е на чекор од трансфер во Барселона, пренесуваат каталонските медиуми. Дефанзивецот на Атлетик Билбао има откупна клаузула од 15 милиони евра, сума која каталонскиот клуб би можел да ја плати за искусниот стопер. Лапорт, кој има 32 години, остави одличен впечаток со репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство, а Барселона смета дека неговото искуство може да биде големо засилување за одбраната. ...
Уругвајскиот фудбалер Федерико Валверде изјави дека е горд што ја доби капитенската лента на Реал Мадрид и порача дека сака максимално да ја искористи можноста за работа и учење од новиот тренер Жозе Мурињо. Валверде веќе го одработи првиот тренинг со екипата во тренинг-центарот „Валдебебас“ под водство на португалскиот стратег, кој пристигна на местото на Карло Анчелоти. „Едвај чекам да учам од него, да го слушам секој совет што ќе ми го ...
Норвешката фудбалска федерација најави дека е подготвена да поднесе официјална пријава до Етичкиот комитет на ФИФА поради сомневања дека имало политичко влијание врз одлуката поврзана со американскиот репрезентативец Фоларин Балогун. Претседателката на Федерацијата, Лисе Клавенес, изјави дека ваквиот случај не смее да биде игнориран, бидејќи, според неа, може да создаде опасен преседан и да ја наруши независноста на фудбалските институции. ...
Македонсииот вицепрвак Шкендија претрпе минимален пораз од 2-1 на гостувањето кај словенечки Браво во првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига, па конечниот патник во следната рунда ќе биде познат по реваншот во Скопје за седум дена. Тетовци одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во 10. минута. По досудениот пенал, сигурен реализатор беше Ендрит Красниќи, кој донесе водство од 0-1 за македонскиот претставник. Сепак, ...
Пелистер продолжува сериозно да го засилува ростерот за новата сезона во Втората македонска лига, а најново име во зелено-белиот табор е Костадин Капсаров. Дваесетгодишниот офанзивец пристигнува во Битола по одличната сезона во дресот на Брегалница, со која избори пласман во Првата македонска фудбалска лига. Капсаров беше најдобар стрелец на штипскиот тим со 14 погодоци и се вброи меѓу најдобрите фудбалери во второлигашката конкуренција. Со ...
Манчестер Сити и официјално го комплетираше најскапиот трансфер во својата историја, откако го доведе англискиот репрезентативец Елиот Андерсон од Нотингем Форест. Дваесет и тригодишниот играч за врска потпиша петгодишен договор со актуелниот англиски вицешампион, а трансферот е вреден 116 милиони фунти, односно околу 135 милиони евра. Со ова Андерсон стана најскапото засилување во историјата на Манчестер Сити, надминувајќи го трансферот на ...
Македонскиот женски фудбал доби уште една интернационалка. Репрезентативката на Македонија, Хава Мустафа, направи значаен чекор во својата кариера, откако го комплетираше трансферот во летонскиот шампион Рига. Поранешната фудбалерка на Љуботен зад себе има богата кариера во домашниот шампионат, каде што неколкупати ја освојуваше шампионската титула и Купот на Македонија. Освен тоа, таа има и драгоцено искуство од квалификациите за Лигата на ...
Н'Голо Канте можеше да има сосема поинаква репрезентативна кариера, откри неговиот поранешен соиграч од Лестер, Џејми Варди. Според англискиот напаѓач, Канте првично сакал да настапува за Мали, земјата од која потекнуваат неговите родители, но на крајот се предомислил и го избрал дресот на Франција. „Тој не сакаше да игра за Франција. Желбата му беше да го претставува Мали поради неговиот татко. Но, Французите го повикаа пред Мали. Му ...
Карло Анчелоти ја одбил понудата да стане нов селектор на италијанската репрезентација и останува на клупата на Бразил, пренесуваат повеќе релевантни извори. Италијанската фудбалска федерација го контактирала искусниот стратег во потрагата по нов селектор, но Анчелоти немал намера да ја напушти бразилската репрезентација. Тој има важечки договор со Бразил до Светското првенство во 2030 година и останува посветен на долгорочниот проект со ...
Претседателот на Фудбалската асоцијација на Аргентина, Клаудио Фабијан Тапија, направи осврт на настапот на националниот тим на Светското првенство, при што посебно се осврна на финалниот натпревар против Шпанија. Тапија порача дека аргентинската јавност треба да престане да бара виновници и да шири теории на заговор, нагласувајќи дека репрезентацијата доживеала заслужен и чист пораз. По финалето, дел од аргентинските навивачи и јавноста ...
Поранешниот НБА кошаркар Тај Лосон е уапсен во американската сојузна држава Колорадо, откако наводно украл шише вотка од продавница, а подоцна предизвикал инцидент и во полицискиот притвор. Според полицискиот извештај, сопственикот на продавницата пријавил дека Лосон излегол без да плати шише вотка вредно 34 долари. Потоа, наводно, почнал да пие од шишето и влегол во блискиот ресторан, каде сведоци изјавиле дека изгледал видно алкохолизиран. ...
Младите македонски тенисери и тенисерки до 14 години се дел од Европскиот шампионат што се одржува во Мост, Чешка. Ова секако е шанса македонските тенисери покрај настапот и мечевите да се стекнати со искуство на меѓународни натпреварувања. На шампионатот настапуваат повеќе од 150 тенисери и тенисери од цела Европа. Шампионатот нема само натпреварувачки карактер, туку има за цел децата да се дружат и преку едукација да добијат и други знаења ...
Аргентинскиот репрезентативец Лисандро Мартинез се огласи со емотивна порака по поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство, во кое „гаучосите“ не успеаја да ја одбранат светската титула. Неколку дена по големото финале популарниот Лича преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите кои беа дел од аргентинската репрезентација и на навивачите за огромната поддршка. „Со тешко срце прифаќаме дека не успеавме да го донесеме дома ...
Аргентинскиот фудбалер Алехандро Гарначо официјално премина во Астон Вила од Челзи, соопшти клубот од Бирмингем. 22-годишниот Гарначо ќе настапува за Вила до крајот на сезоната 2026/27 како позајмен играч од „сините“ од Лондон. Тој минатото лето пристигна во Челзи од Манчестер јунајтед за 40 милиони фунти, но не успеа целосно да се наметне во тимот. Done deal pic.twitter.com/CSPJnbyZ2y — Aston Villa (@AVFCOfficial) July 23, 2026 За Челзи ...
Најголемата ѕвезда на Сантос, Нејмар, сè уште не се вратил во натпреварувачки ритам по настапот на Светското првенство, па затоа не беше дел од тимот во убедливата победа од 4-1 против венецуелскиот Универсидад Сентрал во Копа Судамерикана. Додека закрепнува и добива дополнителен одмор, искусниот напаѓач го искористи слободното време за да присуствува на еден од најголемите покер турнири во Бразил. Настанот се одржува во хотел во Сао Паоло, а ...
Заминувањето на легендарниот Кевин Киген ја врати во фокус една од најневеројатните приказни во европскиот фудбал, неговата огромна популарност во Германија, која одеше далеку надвор од фудбалските терени. Иако во Хамбургер мина само три сезони (1977-1980), англискиот ас стана вистинска икона во тогашната Западна Германија. Со ХСВ ја освои титулата во Бундеслигата, двапати по ред ја освои „Златната топка“ (1978 и 1979), а неговата харизма го ...
Поранешната светска тениска рекет број еден, Аранча Санчез Викарио, откри шокантни детали за својот живот по завршувањето на кариерата, признавајќи дека останала без богатството од околу 36 милиони евра заработени на тениските терени. Во интервју за шпански медиуми, четирикратната Грен слем шампионка изјави дека целосно му верувала на поранешниот сопруг Џозеп Сантакана, кого го обвини за исчезнувањето на нејзиниот имот. „Му верував затоа што ...
Англиските клубови и ова лето убедливо се најголемите потрошувачи на трансфер пазарот. Досега имаат инвестирано околу 1,5 милијарди евра за нови засилувања, што уште еднаш ја покажува огромната финансиска предност што ја има Премиер лигата во однос на останатите европски шампионати. Најскап трансфер досега е преминот на Морган Роџерс од Астон Вила во Челси за речиси 140 милиони евра, со што беше поставен нов рекорд во англискиот фудбал. Меѓу ...
Премиерлигашот Арсенал официјално го потврди трансферот на грчкиот фудбалер Христос Цолис, кој доаѓа од редовите на Клуб Бриж. 24-годишниот напаѓач потпиша долгогодишен договор со лондонскиот клуб. Според англиските медиуми, трансферот вреди 34 милиони фунти, сума која претставува рекорд во белгиската Про лига. Цолис минатата сезона имаше одличен учинок за Клуб Бриж, постигнувајќи 17 голови и 23 асистенции на 36 првенствени натпревари. Во ...
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги одреди групите за 19. издание на Светското клупско првенство, кое годинава ќе се одржи во Египет. Во групата А актуелниот европски шампион Барселона ќе игра против Монтада од Алжир, бразилскиот ЕЦ Пињеирос и победникот од квалификацискиот дуел меѓу ЛА Хендбол и египетски Замалек. Во групата Б, пак, германски Фуксе Берлин ќе се соочи со домаќинот Ал Ахли, Бурган СЦ од Кувајт и победникот од вториот ...
Шпанските репрезентативци Фабиан Руиз и Гави добија необичен подарок по освојувањето на Светското првенство - количина на домати еднаква на нивната телесна тежина. На свечениот пречек во нивниот роден град, Лос Паласиос и Виљафранка, двајцата фудбалери застанаа на вага, по што Руис доби 85 килограми, а Гави 68,5 килограми домати. Оваа традиција е препознатлив начин на кој општината им оддава признание на своите најуспешни спортисти. На ...
Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, скопски Работнички, најавува подобри денови и враќање на старите стази на успехот. Клубот означи нов почеток, избра нови структури, се враќа во стариот дом, „Градски парк“, а почна и да гради компетитивен тим за сезоната 2026/27. Нов извршен директор на КК Работнички е Бранко Радевски. На седницата на акционери на Радески му е дадена доверба и одговорност да го врати гигантот каде што му е местото. ...