Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски би можел наскоро да ја заврши својата епизода во Сараево и кариерата да ја продолжи во српската Суперлига. Според информациите од Србија, Нови Пазар покажува сериозен интерес за 34-годишниот македонски бек, кој би можел да пристигне во пакет со Адем Љајиќ. Локалните медиуми пренесуваат дека двајцата фудбалери веќе се во Нови Пазар, иако засега нема официјална потврда дека трансферите се договорени. ...

Арсенал не планира да застане по освоената титула во Премиер лигата и пласманот во финалето на Лигата на шампионите. Во Лондон веќе работат на дополнително засилување на составот, а прва желба е напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез. Шпанските медиуми пренесуваат дека „топчиите“ разгледуваат понуда вредна 100 милиони евра, во која би го вклучиле и шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш. Планот е со ваков пакет да го убедат Атлетико да се ...

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Шкендија Арачиново од првото коло во Првата македонска фудбалска лига нема да започне во првично предвидениот термин. Средбата во Струга требаше да стартува во 17:00 часот, но почетокот е поместен за најмалку половина час. Според информациите, причината е поврзана со продукцијата задолжена за реализација на натпреварот. Новиот термин за старт е 17:30 часот, но засега останува отворена можноста мечот ...

Македонскиот кошаркарски суперлигаш Пелистер со добро познато име во Битола ја започнува реконструкцијата на тимот. По заминувањето на речиси целиот ростер од минатата сезона, новото раководство на „зелено-белите“ го повлекоа првиот потег и го договорија првото засилување за новиот шампионат. Во Битола се враќа Благој Димитриев, кошаркар кој игра на крилните и високите позиции. Овој 26-годишен кошаркар доаѓа во Битола од Кавадарци, каде ...

Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалер на Арсенал, Пол Мерсон, повторно отворено проговори за тешката борба со зависноста од коцкање, поради која во текот на животот загубил околу седум милиони фунти. Мерсон, кој 21 пат настапи за Англија, призна дека коцкањето му одзело практично сè што заработил во фудбалската кариера. Пари, куќа, автомобили, бракови, но, како што вели, најмногу самопочитта. „Тажно е тоа што се случи, но сфатив ...

Фудбалерките на ЖФК Скопје не успеаја да стигнат до позитивен резултат на квалификацискиот турнир во Лигата на шампионите. По поразот од ирски Атлоне, македонскиот шампион загуби и од грузиски Лусо со 0-2. Грузискиот претставник до предност стигна во 37. минута, кога Метонидѕе ја затресе мрежата на ЖФК Скопје и го постави резултатот со кој се замина на паузата. Во продолжението македонскиот тим се обиде да се врати во натпреварот, но Лусо ...

Челзи продолжува со засилувањето на стручниот штаб пред стартот на новата сезона, а ново име во лондонскиот клуб ќе биде Остин Мекфи, еден од најценетите европски стручњаци за прекини. Мекфи по пет години ја напушта Астон Вила и во Челзи ќе ја преземе улогата на тренер задолжен за прекините. Тој веќе се простил од фудбалерите и членовите на стручниот штаб на клубот од Бирмингем и наскоро треба да му се приклучи на новиот тим. Неговото ...

Петкратниот кошаркарски НБА шампион и актуелен вицепрвак, Сан Антонио Спарс, со одличен учинок од четири победи и само еден пораз заврши на делба од второто до четвртото место во штотуку завршената Летна НБА лига. Стручниот штаб на Спарси во Летната НБА Лига беше предводен од првиот асистент во клубот, поранешната долгогодишна НБА звезда Корлис Вилијамсон, кој десет години по ред е прв асистент во четири НБА клубови. Во тренерскиот тим важна ...

Македонскиот првак Вардар на отворањето на новата сезона во Првата лига ќе ја пречека Брегалница на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Меѓу двата европски дуели со Рига, вардарци максимално се фокусирани и на стартот на шампионатот во кој ќе бранат освоената титула лани. Играчот за врска Димитар Тодоровски вели дека Вардар има обврска да освои три бода на стартот, затоа што амбициите на клубот се да се бори и да ги освои двата ...

После две сезони минати во Втората лига, Брегалница се враќа на прволигашката сцена. Штипскиот тим минатата сезона дојде до Првата лига, благодарение на освоеното прво место ранг подоле, и еве ги штипските „сини“ назад во елитната конкуренција. Ждрепката сакаше првото коло да имаат тешка мисија. Гостуваат кај шампионот Вардар, во обидот да направат големо изненадување против еден од фаворитите за титула и во новата сезона. И покрај тоа што ја ...

Легендата на Реал Мадрид, Серхио Луљ, го продолжи договорот со шпанскиот кошаркарски гигант за уште една сезона, на големо задоволство на навивачите. За искусниот плејмејкер, сезоната 2026/27 ќе биде јубилејна, дури 20-та во дресот на „кралскиот клуб“, каде што настапува уште од 2007 година, кога пристигна од Манреса. Луљ во ноември ќе наполни 39 години и ќе биде убедливо највозрасниот кошаркар во Евролигата. Во својата богата кариера со Реал ...

Струга Трим Лум и во сезоната 2026/27 ќе ја предводи Бледи Шкемби, кој втора година по ред ќе биде на клупата на актуелниот македонски прволигаш. Албанскиот стратег минатата сезона ја водеше екипата на 35 натпревари, а сега верува дека тимот е подготвен за нови предизвици и нов обид за пласман на европската сцена. Шкемби истакна дека и покрај тоа што првиот противник, Шкендија од Арачиново, е дебитант и не е добро познат, неговиот тим се ...

Шкендија сезоната 2026/27 во Првата македонска фудбалска лига ќе ја започне со два домашни натпревари на терените во Комплексот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје. Иако поради реконструкцијата на стадионот во Тетово, клубот го пријави стадионот во Гостивар како свој домашен терен за новата сезона, првите два меча ќе се играат во главниот град поради дисциплинската казна изречена по финалето на Купот на Македонија од минатата ...

Екипата на Шкендија од Арачиново во сабота, во Струга, ќе ја започне својата дебитантска авантура во Првата македонска фудбалска лига. „Среќен сум што ќе бидам дел од овој историски натпревар за клубот од моето родно место. Ова ќе биде наш прв дуел во Првата лига и, без сомнеж, ќе донесе мешавина од емоции, гордост, но истовремено и голема одговорност“, изјави на почетокот Бесир Демири. Дефанзивецот верува дека тимот од Арачиново имаше ...

Вистинска трансфер-бомба доаѓа од Шпанија, откако Реал Мадрид ги започна преговорите со РБ Лајпциг за ангажман на еден од најталентираните млади фудбалери во Европа, Јан Диоманде. Според информациите од повеќе извори, „кралевите“ сакаат што побрзо да го обезбедат потписот на 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, кого го гледаат како долгорочно решение за офанзивната линија. Раководството на Реал веќе воспоставило контакт ...

Баерн Минхен наскоро ќе започне разговори со Хари Кејн околу продолжување на соработката со англискиот напаѓач. Договорот на капитенот на Англија му истекува на крајот на сезоната, но германскиот шампион сака да го задржи еден од своите најважни играчи. Кејн веќе е запознаен со плановите на клубот, а се очекува преговорите да започнат во следните недели. Кејн пристигна во Баерн во 2023 година од Тотенхем и досега одигра 134 натпревари, на кои ...

Досегашниот фудбалер на Монако, Алаџи Бамба, потпиша петгодишен договор со премиерлигашот Њукасл Јунајтед, објави англискиот клуб. Според информациите, трансферот на 20-годишниот Французин може да достигне вредност од 34 милиони фунти. Бамба не го криеше задоволството по пристигнувањето на „Сент Џејмс Парк“. „Бев многу возбуден кога слушнав дека Њукасл е заинтересиран за мене. Го знаев клубот и неговата историја, а веќе го посетив стадионот ...

Искусниот голман Возиња е пред нов предизвик во својата кариера, откако постигна целосен договор со чилеанскиот гигант Коло Коло. Според најавите, чуварот на мрежата на почетокот на следната недела ќе отпатува за Чиле, каде што ќе ги заврши последните формалности околу трансферот и ќе биде претставен како ново засилување на еден од најтрофејните клубови во Јужна Америка. Договорот меѓу двете страни веќе е постигнат, а останува само да бидат ...

Само пет дена по настапот во финалето на Светското првенство, Леандро Паредес повторно беше на теренот, овојпат во дресот на Бока Јуниорс. Искусниот аргентински играч за врска беше стартер и капитен на славниот аргентински клуб на натпреварот од Копа Судамерикана, а одигра и комплетни 90 минути. Паредес го круниса својот настап со асистенција, уште еднаш покажувајќи дека и покрај краткото време за одмор по Светското првенство, останува еден ...

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти дека нема да отвори етичка истрага против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, откако оцени дека пријавата против него не е во надлежност на организацијата. Пријавата ја поднесе организацијата за човекови права „FairSquare“, која тврдеше дека Инфантино ја прекршил Олимписката повелба со тоа што ја нарушил политичката неутралност, откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно изјави дека ...

Скандалозните сцени по финалето на Светското првенство и натаму ја брануваат фудбалската јавност, а Аргентина би можела да се соочи со уште поголеми последици од оние што веќе ѝ се закануваат. Покрај можните санкции од ФИФА поради инцидентите и непочитувањето на обврските кон медиумите, на интернет е покрената и петиција со која се бара Аргентина да биде исфрлена од Светското првенство во 2030 година. Иако „гаучосите“ веќе имаат обезбедено ...

Арсенал е најсериозниот кандидат за ангажман на шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, но во трката за неговиот потпис сериозно се вклучи и актуелниот англиски шампион Ливерпул. Според последните информации од Англија, „топџиите“ ги обновиле контактите со крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, а спортскиот директор Андреа Берта активно работи на можноста да го реализира трансферот. Сепак, Ливерпул не се откажува и е подготвен да се обиде да му ...

Мастерс турнирот во Монтреал ќе се игра без двајцата големи фаворити, откако Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ официјално го откажаа настапот. Италијанецот, кој неодамна ја одбрани титулата на Вимблдон, објасни дека одлуката е донесена по консултации со неговиот тим за да му даде приоритет на здравјето по напорниот дел од сезоната. „Никогаш не е лесно да се пропушти толку важен турнир, но веруваме дека ова е вистинската одлука за моето здравје“, ...

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска, откако во првото коло од групата Д загуби од Грузија со 83-66. Македонските јуниори одиграа одлична втора четвртина и предводени од расположениот Ѓорѓи Цветковски во 16. минута поведоа со 35-26. Сепак, Грузија со серија од десет неодговорени поени се врати во натпреварот, па на полувреме резултатот ...

ГРК Охрид и официјално ги започна подготовките за сезоната 2026/27. Ракометарите денеска го одработија првиот тренинг, означувајќи го почетокот на новиот натпреварувачки циклус. Во редовите на охридскиот суперлигаш владееше позитивна атмосфера, а избраниците на Борис Ројевиќ со многу енергија, мотивираност и ентузијазам ги започнаа подготовките за предизвиците што ги очекуваат на домашната и европската сцена. Охриѓани во новата сезона ...

ГРК Охрид и официјално ги претстави осумте нови ракометари кои ќе го засилат тимот во сезоната 2026/27. Во дресот на охридскиот суперлигаш позираа бековите Доминик Мате, Никола Зечевиќ, Мартин Ивановски, Филип Талески и Мартин Карапалевски, голманот Дино Славиќ, кружниот напаѓач Шуичи Јошида и крилото Адама Кеита. Осумте новајлии се фотографираа заедно со спортскиот директор Славчо Ристески, а потоа им се приклучија на соиграчите на стартот ...

Џошуа Зиркзе блесна на пријателскиот натпревар против Розенборг и со мајсторски погодок покажа дека сезонава планира да се бори за првотимски статус во Манчестер Јунајтед. Холандскиот напаѓач во второто полувреме фантастично ја прими топката, се ослободи од двајца дефанзивци, го измами и противничкиот голман, а потоа рутински ја испрати топката во мрежата за еден од најубавите голови во подготвителниот период. „Црвените ѓаволи“ на крајот ...

Трагедија ја одбележа реконструкцијата на стадионот „Камп Ноу“, откако 54-годишен работник го загуби животот при извршување на градежни работи. Според каталонската полиција, несреќата се случила попладнево, а и покрај брзата интервенција на итната медицинска помош, лекарите не успеале да му го спасат животот на работникот, кој се здобил со тешки повреди. Ова е првиот смртен случај откако во јуни 2023 година започна големата реконструкција на ...

Екипата на Пелистер го забележа вториот пораз во подготовките за новата сезона во која ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига. На битолскиот стадион минимална победа извојува еден од најголемите конкуренти на „зелено-белите“ за највисок пласман во сезоната Охрид (1-2). Резултатот го отвори гостинот во 17 минута кога искусниот Бакрачески со проектил од далечина ја стресе домашната мрежа за 0-1. Охриѓани долго време го чуваа ...

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка минува низ турбулентен период на терените, но нагласува дека надвор од нив секогаш ја чувствува поддршката од своите сонародници. Белорусинката, која сезонава беше елиминирана во четвртфиналето на Ролан Гарос и во осминафиналето на Вимблдон, во интервју за рускиот канал „First&Red“ зборуваше за односот што го има со Белорусите кои ги среќава на турнирите ширум светот. „Многу често ми изразуваат ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1018
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
90%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
76%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.44
92%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
82%
1020
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
91%
1018
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
3.13
96%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1021
Currency

61.674

Currency

55.014

Currency

73.834

Currency

37.976

Currency

39.003

Currency

67.134

Currency

8.2524

Currency

0.66685

Currency

0.34786

Currency

0.52402

Currency

1.0961

Currency

0.58649

Рутениум

61086.42

Платина

49640.75

Злато

130085.14

Калај

46.57

Бакар

12.57

Иридиум

321507.47

Сребро

1667.87

Цинк

3.75

Родиум

302217.02

Паладиум

32633.01

Алуминиум

2.99

Кобалт

33.53