Поранешниот француски репрезентативец, Патрик Виеира, повеќе не е тренер на италијанскиот прволигаш Џенова, објави управата на клубот кој моментално е на последното место на табелата во Серија А. Џенова освои само три бода од девет натпревари (три нерешени и шест порази), што е нивниот најслаб почеток во последната деценија. Сепак, има простор за подобрување, бидејќи четири клуба во лигата сè уште се без победа. Виеира го презеде тимот во ...

Реал Мадрид убедливо ја совлада Валенсија со 4-0 (3-0) во натпреварот од 11. коло на шпанската Примера. „Кралевите“ ја израдуваа својата публика на „Сантијаго Бернабеу“ со убедлива победа и само потврдија дека се во одлична форма, бидејќи ова беше шеста во низа. Овој натпревар од клупата за резервни фудбалери го следеше Столе Димитриевски. Двоен стрелец за Реал беше Килиан Мбапе кој ја отвори голеадата во 19. минута реализирајќи го пеналот кој ...

Фудбалерите на Ливерпул им се вратија на победите во Премиер лигата по пауза од повеќе од еден месец, откако на својот „Енфилд“ ја добија Астон Вила со 2-0 (1-0) во рамките на десеттата рунда. Ужасната низа и четирите последователни порази во англиската елита од Кристал Палас, Челзи, Манчестер Јунајтед и Брентфорд заврши, а тоа беше најважно за тимот на Арне Слот. Успеаја „црвените“ со перфектна дефанзива да го решат мечот, иако одново имаа ...

Фудбалерите на Јувентус славеа на гостувањето кај Кремонезе со 1-2 (0-1) во рамките на 10. коло во Серија А. Ова беше стартот на новата етапа со тренерот Лучијано Спалети на клупата на Јуве, а почетокот беше позитивен бидејќи тимот успеа да запише победа. Натпреварот во Кремона тргна со ран погодок на Филип Костиќ, кој уште во втората минута го даде првиот гол во ерата на новиот тренер на „старата дама“ (0-1). Првото полувреме понуди ...

Ракометната федерација на Македонија ги одбра најдобрите за претходната сезона. Со свечена гала вечер беше одбележано враќањето на манифестацијата „Ракометар на годината“. Настанот во Скопје започна со минута молк поради смртта на Илија Темелковски кој почина неодамна, како и Александар Јовиќ кој почина во јануари. Темелковси беше и постхумно одликуван со награда за посебен придонес кон ракометот. Наградите за најдобар ракометар и ракометарка ги ...

Фудбалскиот натпревар меѓу Победа и Шкендија Арачиново (0-1) доби свое „трето полувреме“. Се случи скандал кога лут навивач од Прилеп го скрши прозорот на соблекувалната со гостински навивачи, а веднаш потоа беше тргнат од страна на полициски службеник. <<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Обид за напад на Шкендија Арачиново по мечот со Победа Поради тоа, со официјална реакција решија да се обратат и од страна на прилепскиот второлигаш. Победа ...

Фудбалерите на Баерн Минхен на рутина го решија дербито на деветтото коло во Бундеслигата, победувајќи го Баер Леверкузен со сигурни 3-0 (3-0). Натпреварот на „Алијанц Арената“ беше решен практично во првиот дел, бидејќи на паузата домашните веќе имаа предност од три гола. По мирниот старт на пресметката резултатот беше отворен со гол во 25. минута, а стрелец беше Серж Гнабри (1-0). Само шест подоцна баварците ја удвоија позитивата. Николас ...

Кошаркарите на Кожув за малку избегнаа драма и славеа на гостувањето кај Чаир 2030 со , во рамките на петтото коло на Суперлигата на Македонија. Се играше израмнет прв период во кој екипите се менуваа во водството, а по десет минути домашните водеа со 22-19. Слично течеше и вториот период во кој на крајот гевгеличани успеаја да се пододлепат на седум разлика, но на одморот меѓу полувремињата се замина со 35-39. Имаше Чаир налет во третиот ...

Фудбалерите на Челзи славеа во лондонското дерби со Тотенхем (0-1) во натпреварот од десеттата рунда на Премиер лигата. „Сините“ од Лондон го надиграа градскиот ривал во целост, а иако тоа резултатот не го отсликува беа доста доминантни на „Тотенхем Хотспур Стадион“. „Петлите“ беа во подредена улога од самиот старт, ама вистинските шанси не дојдоа во првиот половина час. Жоао Педро прво имаше неуспешен обид, а потоа во 34. минута го отвори ...

Фудбалерите на Наполи и Комо ремизираа без постигнат гол (0-0) на натпреварот од десеттото коло во Серија А. И осми последователен меч екипата на Цеск Фабрегас остана непоразена, задржувајќи го актуелниот шампион во калчото. На самиот старт од мечот гостите имаа пех и повреда на Марк Оливер Кемпф. Потоа следуваше пенал за Комо, а одговорноста да го изведе ја презеде Алваро Мората. Сепак, тој не успеа да го пронајде патот до мрежата бидејќи Вања ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје го добија дербито на петтата рунда во Суперлигата на Македонија, откако во СЦ „Јане Сандански“ славеа против екипата на Куманово со 73-60. Првата четвртина од средбата во Скопје беше израмнета, но и поентерски скромна. Екипите успеаја да уфрлат само 24 поени, а на првата пауза се замина со 12-12. Веднаш на стартот на втората се наметна домашниот тим. МЗТ воспостави каква-таква резултатска контрола, а иако одново во ...

Кошаркарите на Работнички извојуваа победа над Гостивар во натпреварот од петтото коло во Првата македонска лига, славејќи со конечен резултат 75-50. Домаќините одлично го отворија мечот и ја добија првата делница со 25-18, а со позитива излегоа и по втората четвртина. На паузата Работнички водеше со 41-30, со што најави дека е порасположен тим на паркетот. Во второто полувреме разликада драстично порасна. Скопјани продолжија да ги казнуваат ...

Екипата на Шкендија Арачиново освои три бода на гости кај Победа (0-1), а по крајот на натпреварот имаше немили сцени од кои се појавија видеа на социјалните мрежи. Од соблекувалната на Шкендија, видео објави „Опен ТВ“, на кое се гледа едно лице како насилно сака да влезе во соблекувалната. За среќа реагираше полицијата, лицето беше отстрането од пред прозорецот кој беше оштетен. Шкендија Арачиново побара санкции од ФФМ за ова однесување. ...

Фудбалерите на европскиот шампион, ПСЖ, ја оправдаа фаворитската улога во натпреварот против Ница (1-0), но за победата мораа да чекаат дури до 94. минута. Гонсало Рамос го реши натпреварот од единаесеттото коло во Лига 1, буквално во последните секунди. „Светците“ од Париз имаа огромна доминација на теренот и скоро постојано ја држеа топката кај себе, а жилавиот гостински тим не издржа до крајот и потклекна кога најмалку требаше. За ПСЖ ова е ...

Шкендија Арачиново ја победи Победа во Прилеп (0-1), но овој меч по крајот имаше инцидент, кога едно лице се обиде да влезе во соблекувалната на гостинскиот клуб, а за време на средбата имаше и недолични испади од трибините. „Сцените што денес се случија на стадионот во Прилеп немаат никаква врска со фудбалот и со спортскиот дух кој овој спорт треба да го претставува. Она што се виде на трибините и околу теренот не се слики кои му доликуваат на ...

Фудбалерите на Брегалница не успеаја да го скршат отпорот на Детонит Плачковица и одиграа реми без голови (0-0) во натпреварот од десеттата рунда на Втората македонска фудбалскса лига. Натпреварот на на „Градскиот стадион“ во Штип понуди голема борба, двете екипи имаа свои добри моменти и шанси, ама не успеаја да ги искористат. Поради тоа мрежите мируваа во текот на сите 90 минути и на крајот немаше победник. Брегалница го загуби врвот на ...

Ракометната репрезентација на Македонија претрпе неочекуван пораз од Јапонија (31-32) во пријателски натпревар кој се одигра во Куманово. Нашата селекција го доби првиот натпревар кој беше од затворен тип против овој ривал, но на вториот забележа неуспех во една од „генералките“ за следното Европско првенство. По натпреварот селекторот Кирил Лазаров нагласи дека Јапонците не беа за потценување и имаше само пофални зборови за нив. „Сакам да кажам ...

Атлетико Мадрид ја оправда фаворитската улога и ја победи Севиља со убедливи 3-0 (0-0) во натпреварот од единаесеттото коло во шпанската Примера. Домашниот тим беше многу подобар ривал на теренот и потврди дека нема да дозволи непријатности пред својата публика на „Ванда Метрополитано“. Во првите 45 минути немаше погодоци, но потоа нештата тргнаа во сосема друга насока. Хулијан Алварез го отвори резултатот со удар од белата точка во 64. минута, ...

Македонската ракометна репрезентација загуби од Јапонија (31-32) во вториот пријателски натпервар на оваа ЕХФ седмица. Азискиот ривал покажа брза игра која на моменти беше проблем за нашата селекција. Анализа на одиграното по мечот во Куманово даде капитенот Филип Кузмановски. „Во овој момент Јапонија беше најдобар можен противник. Тие играат многу брз ракомет, а моментално во Европа и светот ова е ракометот игра на брз центар и контра веднаш по ...

Екипата на Арсенал го продолжува победничкиот поход во Премиер лигата и славеше со сигурни 0-2 (0-2) кај Барнли во натпреварот од десеттото коло. Избраниците на Микел Артета одиграа рутински и не дозволија никакво изненадување, а стрелци за „топчиите“ беа Виктор Ѓокереш и Деклан Рајс. Теренската доминација беше изразена со 60 проценти посед на топката и осум обиди во рамките на голот на домаќинот. timb.jpg Арсенал прикажува повеќе од солидна ...

Два дена по победата во натпреварот од затворен тип во Автокоманда, македонската ракометна репрезентација загуби од Јапонија со 31-32 (17-16) во последниот натпревар годинава. Пријателскиот дуел во реновираната сала во Куманово донесе брз ракомет, многу добри потези, но и многу грешки. Без Митревски и Ѓорѓиев, македонската селекција почна со Томовски и Ивановски во стартниот тим, а Тони Џерона претстави млад и екстремно брз тим. Двете селекции ...

Екипата на РБ Лајпциг го продолжува чекорот со водечкиот Баерн Минхен и славеше над незгодниот Штутгарт со конечни 3-1 (1-0) во натпреварот од деветтото бундеслигашко коло. „Биковите“ водеа по првите 45 минути откако автогол си постигна Џеф Шабот, а потоа ја потврдија победата со погодоците на Јан Диоманде и Ромуло Кардозо, кои стрелаа во второто полувреме. Стрелец на единствениот гол за Штутгарт беше Тиаго Томас во 65. минута од мечот. Лајпциг ...

Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим е прв финалист на АТП Мастерсот во Париз, откако славеше победа над Александар Бублик во првиот полуфинален меч со конечни 2-0, по сетови 7-6/3 и 6-4. Мечот траеше еден час и 38 минути, сосема доволно за Оже-Алијасим да ја оствари една од најголемите победи во кариерата. Бублик пружи силен отпор во двата сета, но немаше сили за нешто повеќе во дуелот со мотивираниот Канаѓанец. Во финалето Оже-Алијасим ќе го чека ...

Екипата на Удинезе ѝ го нанесе првиот пораз на Аталанта во новата сезона и славеше со минимални 1-0 (1-0) во натпреварот од десеттото коло во италијанската Серија А. Творец на победата за домаќините беше Николо Заниоло, кој биеше прецизно во 40. минута и го впиша третиот сезонски погодок зад своето име. Удинезе имаше значително помал посед на топката, но создаде пет конкретни шанси пред голот на гостите и сосема заслужено ги освои бодовите. ...

Екипата на ЖРК Металург Автокоманда најави интересен тек на женската ракометна сезона, со дерби-победа во градскиот дуел со ЖРК Чаир (27-24) кој воедно беше и меч на непоразените во ракометната Суперлига кај дамите. Бодовите од овој дуел останаа во Автокоманда и така ЖРК Чаир го претрпи првиот пораз. Металург, пак, има едно реми, но се враќа во игра за тронот во домашниот ракометен шампионат. Марија Јанкуловска беше прво име на теренот со шест ...

Екипата на Чикаго Булс го совлада Њујорк Никс со 135-125 изминатата ноќ, со што го оствари својот најдобар почеток на сезоната од далечната 1996 година. „Биковите“ со овој триумф се искачија на врвот на источната конференција со учинок од 5-0, нешто што не е видено од ерата на најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан. Навивачите се во транс и се надеваат дека тимот може да продолжи во сличен ритам, па иако знаат дека ростерот нема ...

Поранешниот англиски репрезентативец, Емил Хески, даде една изјава со која привлече големо внимание во јавноста, а се онесува на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах. Хески смета дека формата на Салах е во блага надолна линија последниве две-три сезони, но многумина во Англија, а особено навивачите на Ливерпул, не се сложија со овие зборови. „Да, Салах е надвор од препознатливата форма, но тоа е нормално кога имате повеќе од 30 години. Лани беше ...

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија во драматичен финиш загуби од Грција (31-32) во квалификациите за Европското првенство (ЕП) за играчи до 18 години кое следната година ќе се игра во Србија, па во последниот дуел со домаќинот на турнирот Луксембург ќе игра за место на шампионатот. Првото полувреме беше израмнето, а во Македонија кај стрелците се издвојуваше Ѓорѓиески кој го држеше нашиот национален тим рамо до рамо со ривалот. ...

Македонската младинска ракометна селекција до 20 години продолжи со одличните игри во пријателските контролни натпревари против Словачка, постигнувајќи втора победа за редослед. По вчерашниот триумф со, денеска младите македонски ракометари се радуваа со резултат 32-28. Од самиот почеток на средбата, Македонија ја диктираше играта и резултатот. Првата поголема предност беше забележана во 13. минута, кога домашниот тим поведе со 8-4. Во финишот ...

Шкендија Арачиново останува на врвот на табелата во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) затоа што освои три бода и во рамки на деветтото коло. Арачиновци тешко победија на тензичното гостување кај Победа со Прилеп, која ја совладаа со минимални 1-0. Тимот на Љупчо Марковски - Калц, дојде до триумфот со убав гол кој падна во првото полувреме, а го постигна Фикрет Љиварека во 23. минута. Тимот го чека исходот на дуелот меѓу Брегалница и ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.0
91%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.39
92%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.79
63%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1006
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
84%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.34
87%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
45%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Злато

135056.24

Никел

473339.37

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Платина

52952.77

Цинк

3.23

Сребро

1878.05

Паладиум

46425.68

Калај

40.48

Иридиум

145787.60

Бакар

10.95

Родиум

255598.44