Кристијано Роналдо не запира ниту во петтата деценија од својот живот. Португалската ѕвезда повторно блеска во дресот на Ал-Наср, постигнувајќи два гола во новиот триумф на својот тим, овојпат над Ал-Фајха (2-1). Искусниот напаѓач вели дека и понатаму ја чувствува истата страст кон фудбалот како и кога бил млад, и дека ќе продолжи да игра се додека телото му дозволува. „Ал-Наср победи, јас постигнав два гола. Секогаш велам дека долговечноста се ...

Јаник Синер изрази голема почит кон својот противник Феликс Оже-Алијасим по победата на Мастерсот во Париз, нагласувајќи дека канадскиот тенисер игра одличен тенис и значително напредувал во последните месеци. Италијанецот во скромен стил и во манир на голем спортист го пофали својот ривал, не штедејќи зборови за неговите квалитети. „Феликс во моментов игра неверојатен тенис. Многу напредна, особено во последните неколку месеци. Со нетрпение ...

По речиси два месеци пауза, Бразилецот Нејмар повторно се врати на фудбалските терени. Ѕвездата на Сантос влезе во 68-та минута на натпреварот против Форталеза, што за него е прв настап од 14 септември. Договорот на Нејмар истекува на крајот од сезоната, но уште не е познато дали ќе остане во Сантос, или ќе ја промени средината. Бразилецот има две опции - првата е да го продолжи договорот со сегашниот клуб, а исто така постои можност и да замине ...

Бранителката на титулата на завршниот ВТА турнир во Ријад, Коко Гоф, не успеа да отвори со посакуваната победа, откако беше поразена од својата сонародничка Џесика Пегула. Мечот понуди три сета, а заврши со резултат 2-1 за Пегула, или 6-3, 6-7(4), 6-2. Дуелот траеше вкупно два часа и петнаесет минути игра во рамки на групната фаза. Американското дерби во кое искусната Пегула успеа да ја надигра младата ѕвезда на женскиот тенис понуди атрактивен ...

Фудбалерите на Брест не успеаја да го претворат играчот повеќе во победа, одигрувајќи само 0-0 против Лион во натпреварот од 11. коло на француската Лига 1, кој го обележа блескавото издание на голманот на гостите, Доминик Грајф. Иако дуелите меѓу овие два клуба традиционално носат многу голови и динамична игра, овојпат публиката во Бретањ беше сведок на натпревар во кој одбраните и промашувањата ја одземаа секоја можност за поубедлив резултат. ...

Фудбалерите на Бетис одиграа еден од своите најубедливи натпревари оваа сезона, совладувајќи ја Мајорка со 3-0 во натпреварот од 11. коло на шпанската Ла Лига. Тимот на искусниот стратег Мануел Пелегрини уште во првото полувреме ја реши целата работа. Главна ѕвезда на средбата беше Антони, кој во само триесет минути запиша два гола и една асистенција, практично сам потпишувајќи го триумфот на андалузискиот клуб. Бетис го отвори мечот агресивно и ...

Во големото дерби од 10. коло во италијанската Серија А, фудбалерите на Милан на стадионот „Сан Сиро“ ја совладаа Рома со минимални 1-0, во натпревар исполнет со интензитет, тактичка борба и бројни возбудувања. Со овој триумф, „росонерите“ се израмнија со Рома и Интер на делбата од второто до четвртото место со по 21 бод, само еден помалку од водечкиот Наполи. Гостите од Рим го отворија натпреварот со поголема иницијатива и во првите триесет ...

Газда на клуб од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) стана градоначалник. Менди Ќура, првиот човек на Струга Трим Лум, во иднина ќе биде прв човек и на градот Струга. По тесна трка до самиот крај во вториот изборен круг, со освоени околу 50,00% од гласачкото тело, бизнисменот кој беше кандидат на група избирачи, поддржан од ВЛЕН е и официјално нов градоначалник на Струга. Неговиот противкандидат, Арсим Далипи, кандидат на Националната ...

Пелистер ќе му биде домаќин на Вардар во „вечното дерби“ во Битола во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а раководството на клубот се реши за хуман потег. Целиот приход од билетите за вечното дерби ќе биде дониран на семејството на човекот кој не беше само кошаркарска легенда, туку и голем љубител на сите спортови и верен поддржувач на зелено-белата фамилија – Зоран Петковски – Петкото. Билетите по цена од 200 денари се пуштени во ...

ТФТ Скопје останува со максимален учинок во Супер лигата, откако како гостин славеше над Феникс 2010 (80-58) во меч кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на петтата рунда од најдоброто кошаркарско друштво во Македонија. Екипата и по пет кола не знае за неуспех во домашниот шампионат. Или вкупно седум меча, ако се земат предвид настапите во АБА-2 лигата каде тимот на Боро Смилковски отвори со две победи во два меча. Со оваа победа, ТФТ ...

Екипите на Пелистер и Вардар ќе го одиграат „вечното дерби“ во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а ќе има услови за фудбалски празник во градот на конзулите. Имено, средбата ќе се игра пред две навивачки групи, што ветува шоу и спектакл, знаејќи го ривалството на двете страни. „Комити“ го најавија гостувањето во Битола на мечот кој е втор меѓусебен оваа сезона. Во првиот дуел во Скопје, Вардар победи убедливо. Пелистер е во ...

Екипата на Маџари конечно го скрши мразот и забележа победа во дуелот со Тиквеш, повторно во меч со неизвесен финиш, со резултат 76-74. Ова е прва победа за новајлијата во шампионатот на Македонија кој претходните мечеви ги загуби во тесен финиш. Слично како и на останатите мечеви на Маџари, така и овој се реши во неизвесна завршница. Домаќинот имаше блага предност за време на натпреварот, а во последниот квартал, Тиквеш го сврти дуелот кон ...

Екипата на Барселона бргу го заборави поразот од Реал Мадрид и славеше со сигурни 3-1 (2-1) против Елче во натпреварот од единаесеттото коло во шпанската Примера. Избраниците на Ханси Флик одиграа доминантен меч и комплетно ги заслужија бодовите, кои беа обезбедени со головите на Ламин Јамал, Феран Торес и Маркус Рашфорд. jama.jpg Шпанските репрезентативци стрелаа во првото полувреме, додека Рашфорд го постигна третиот гол во 61. минута од ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го започне настапот на АТП турнирот во Атина со дуел против Чилеанецот Алехандро Табило, кој во првото коло по тешка борба го елиминираше Австралиецот Адам Волтон со резултат 7-6 (7), 6-7 (6), 7-5. Новак Ѓоковиќ, како прв носител на турнирот, беше ослободен од настап во првото коло и со нетрпение го очекува својот прв натпревар во грчката престолнина. Натпреварот меѓу двајцата ќе се одигра во вторник, а ...

Екипата на Болоња ја продолжува низата без пораз во Серија А, откако вечерва славеше на гостувањето кај Парма со конечни 1-2 (1-1) во натпреварот од десеттото коло. Мечот започна лошо за гостите, затоа што домаќините поведоа уште во првата минута преку Шпанецот Адриан Бернабе Гарсија, но потоа со одлична игра и целосен пресврт се изборија за нови три бода. Аргентинецот Сантијаго Кастро режираше пресврт со по еден погодок во двете полувремиња, ...

Фудбалерите на Ленс се пробија до третото место во француската Лига 1, откако славеа со сигурни 3-0 (1-0) над екипата на Лориент во натпреварот од единаесеттото коло. Творци на триумфот за домашниот тим беа Одсон Едуард, Самсон Баиду и Весли Саид, кои стрелаа по еднаш во двете полувремиња, носејќи важни три бода за својот колектив. Ленс сега има 22 бода на табелата, два повеќе од четвртопласираниот Лил, кој со минимални 1-0 го надигра Анжер. ...

Екипата на Манчестер Сити извојува важна победа над Борнмут и славеше со конечни 3-1 (2-1) во натпреварот од десеттото коло во англиската Премиер лига. Херој на „граѓаните“ беше Ерлинг Халанд, кој погоди двапати, а не се за испуштање ниту двете асистенции на одличниот Рајан Черки. Гостинскиот тим подобро го отвори мечот и веднаш постигна гол, но беше поништен поради офсајд. Борнмут создаде уште 1-2 зрели прилики, но сепак, резултатот беше ...

Актуелниот шампион на Србија, Црвена Звезда, продолжува да се мачи во домашното првенство. Во натпреварот од 14. коло на Суперлигата, белградскиот гигант ремизираше на домашен терен против Радник од Сурдулица со резултат 1-1, што е нивен трет кикс во тековната сезона. Иако беа апсолутен фаворит, избраниците на тренерот не успеаја да ја потврдат улогата на најсилен тим во лигата. Првото полувреме помина без поголеми возбудувања, со доминација во ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изрази големо задоволство по гостинската победа од 2-0 против Барнли, која ги врати „топчиите“ на врвот на Премиерлигата. Лондонскиот тим одигра уште еден брилијантен натпревар и создаде безброј добри шанси, но стратегот смета дека е рано за било каква еуфорија и повика на смиреност кај играчите. „Начинот на кој ја започнавме средбата беше фантастичен. Мислам дека во првото полувреме бевме извонредни. ...

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен ја заврши финансиската година со рекордни приходи од 978,3 милиони евра, што претставува раст од 2,8 проценти во однос на претходната година. Само еден ден по деветтата последователна победа во Бундеслигата, Баерн одржа Годишнo собрание, на коe беа презентирани финансиските резултати. Најголем раст е забележан кај приходите од натпревари (260,7 милиони евра), спонзорства и маркетинг (240,4 милиони евра) ...

Познатиот НБА инсиндер Шамс Чаранија откри дека неколку тимови од лигата внимателно го следат односот меѓу Џа Морант и Мемфис Гризлис, разгледувајќи можност за потенцијален трансфер доколку напнатоста во клубот продолжи. Суспензијата на Морант дојде по поразот на Мемфис од Лос Анџелес Лејкерс, кога ѕвездата на тимот во изјавите по натпреварот отворено го критикуваше тренерот Томас Исал и стручниот штаб. Пред суспензијата, Морент настапи на сите ...

Ѕвездата на Атланта Хокс, Тре Јанг, заработи повреда на десното колено за време на натпреварот против Бруклин Нетс, а по деталните прегледи беше потврдено дека се работи за истегнување на медијалниот колатерален лигамент (МЦЛ). Mагнетната резонанца открила истегнување на МЦЛ лигаментот во десното колено, поради што Јанг ќе биде повторно прегледан за четири недели. Се очекува да го пропушти цел ноември, а неговото враќање на терените ќе зависи од ...

Неверојатни сцени ни доаѓаат од германската Бундеслига. На натпреварот помеѓу Келн и Хамбургер, се случи нешто што навистина ретко се гледа во фудбалот. Треба да се провери, но можно е гостинскиот играч Имануел Фераи да постави нов неславен рекорд во лигата. Доби шанса да втрча на теренот во 77. минута, и успеа да го направи невозможното. Најпрво заработи прв жолт картон во 78. минута, а веднаш потоа направи нов несмасен лизгачки старт, по кој ...

Италијанецот Јаник Синер, втор тенисер во светот, триумфираше над Канаѓанецот Феликс Оже Алијасим со 2-0 (6-4 и 7-6/4) и го освои трофејот на престижниот АТП Мастерс во Париз. Синер ја оправда фаворитската улога, иако пред себе имаше исклучително мотивиран ривал, кој периодов прикажа извонредна форма. Оже-Алијасим пружи огромен отпор во двата сета, но на површина излезе искуството на Италијанецот во клучните моменти. Вториот светски рекет ја ...

Фудбалерите на Вест Хем Јунајтед конечно ја прекинаа серијата од шест натпревари без победа во Премиер лигата, совладувајќи го на домашен терен тимот на Њукасл Јунајтед со 3-1 во рамките на 10. коло од англискиот шампионат. По четири последователни порази на свој терен, „чеканите“ конечно ја израдуваа својата публика, и тоа против еден од најквалитетните состави во лигата. Иако гостите од Њукасл важат за тим со силен напад, нивното издание на ...

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство 2026, што ќе се одржи во Србија, откако во последниот квалификациски натпревар ја совлада селекцијата на Луксембург со 25-17. Овој триумф им го гарантираше првото место во групата на избраниците на селекторот Горан Кузманоски, кои на крајот собраа четири бода, исто колку и селекциите на Финска и Грција, но со најдобар меѓусебен скор. Иако ...

Екипата на Фиорентина никако не може да го фати потребниот ритам и повторно им приреди шок на своите навивачи, овој пат губејќи на домашен терен од Лече (0-1) во 10. коло од италијанската Серија А. „Виолетовите“ беа „оладени“ од Албанецот Медон Бериша, кој ја затресе домашната мрежа во 23. минута, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на мечот. Фиорентина во продолжение се обиде петпати во рамките на голот, но не успеа да дојде ниту до ...

Првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, триумфално го започна финалниот ВТА турнир во Ријад, каде во првото коло славеше над Италијанката Јасмине Паолини со убедливи 2-0 (6-3 и 6-1). Белорусинката славеше петти пат по ред против Паолини, која се држеше колку што можеше во првиот сет, успеа да врати еден брејк, но повторно потклекна во осмиот гем. Мечот траеше само 71 минута. По двата брзи брејка на Сабаленка на почетокот од продолжението, ...

Кошаркарите на Пелистер ја продолжуваат одличната низа на стартот од Првата македонска лига, совладувајќи го тимот на Ангели на гостински терен со конечни и убедливи 76-100. За пелистерци ова беше петта победа во исто толку натпревари. Избраниците на Борче Даскаловски одиграа квалитетен меч и уште од почетокот покажаа дека се многу подобар ривал, а тоа го потврдија со голема предност на паузата меѓу двете полувремиња (29-54). Битолскиот ...

Џенова реши да направи тренерска смена и му врачи отказ на Патрик Виеира. По ужасните три освоени бода на девет натпревари клубот мораше да повлече потег, а има такви кои многу се израдуваа на овој отказ. Еден од нив е Марио Балотели кој има нарушени односи со Виеира кои датираат наназад низ годините. Двајцата соработуваа и во Ница, па по доаѓањето на тренерот во Џенова се обнови нивниот спор. Секогаш Балотели кажувал дека нема ништо против ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
70%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.67
91%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
80%
1005
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1006
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.8
87%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
55%
1010
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Рутениум

29192.88

Бакар

10.95

Паладиум

46425.68

Платина

52952.77

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Цинк

3.23

Калај

40.48

Алуминиум

2.91

Злато

135056.24

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44