Ракометарите на Вардар 1961 со првиот тренинг во реновираната сала „Расадник“ почнаа со подготовките за новата сезона во која ќе ги бранат трофеите во Суперлигата и Купот на Македонија, а се подготвуваат и за кам-бек во Лигата на шампионите. На првиот собир своите очекувања ги сподели словенечкиот бек Јака Малус кој минатата сезона беше еден од главните адути во походот кон трофеите. „Мислам дека секако ќе биде тежок патот во новата сезона. ...

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар 1961 попладнево ги почнаа подготовките за новата сезона, каде ги очекуваат настапите во Лигата на шампионите, како и одбрана на двојната круна во домашните натпреварувања. Тимот предводен од тренерот Иван Чупиќ, го одржа и првиот тренинг во реновираната сала „Расадник“ која ќе претставува тренинг центар на „црвено-црните“, како и терен каде ќе играат дел од лигашките дуели, додека натпреварите од ...