Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска отпатува за Белград, каде од утре ќе го започне настапот на Европското првенство. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски ќе играат во исклучително силна група, во која за ривали ќе ги имаат селекциите на Словенија, Франција и Шведска. Во оваа конкуренција отвораме со Словенија, па играме со Франција и за крај со Швеѓаните. Распоред на натпреварите на Македонија: 29 јули Словенија - ...

Ракометарите на Вардар 1961 со првиот тренинг во реновираната сала „Расадник“ почнаа со подготовките за новата сезона во која ќе ги бранат трофеите во Суперлигата и Купот на Македонија, а се подготвуваат и за кам-бек во Лигата на шампионите. На првиот собир своите очекувања ги сподели словенечкиот бек Јака Малус кој минатата сезона беше еден од главните адути во походот кон трофеите. „Мислам дека секако ќе биде тежок патот во новата сезона. ...

Жозе Мурињо го крои Реал Мадрид според своите замисли, а покрај новите засилувања, „кралевите“ ги очекува и сериозна чистка до крајот на летниот преоден рок. Доаѓањето на Бернардо Силва ја зголеми конкуренцијата, а пред трансфер во Мадрид е и Јан Диоманде од РБ Лајпциг. Поради тоа, дел од сегашните фудбалери ќе мора да заминат, а петмина чија вкупна вредност се проценува на околу 175 милиони евра се на излезна врата. Најголемо внимание ...

Јан Диоманде е на чекор од трансфер во Реал Мадрид, а според извори блиски до клубот, токму Жозе Мурињо одиграл клучна улога во одлуката „кралскиот клуб“ да тргне по потписот на 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска. Според информациите, португалскиот стратег уште од почетокот на летниот преоден рок инсистирал на ангажман на брз и директен крилен напаѓач, а Диоманде бил неговиот прв избор. Во Реал веруваат дека неговата ...

Стеф Кари би можел да ја заврши долгогодишната ера во Голден Стејт Вориорс доколку клубот не успее да состави тим кој ќе биде конкурентен за шампионската титула. Незадоволството кај Кари дополнително се зголемило по одлуката на Леброн Џејмс да се пресели во Филаделфија. Тој смета дека раководството на Вориорс не успеало да донесе доволно квалитетни засилувања за новата сезона. Кари влегува во последната година од договорот со франшизата со ...

Манчестер јунајтед продолжува со планот за доведување млади и перспективни фудбалери, а најново засилување на „Олд Трафорд“ е голманот Кит Марџетсон. Дваесетгодишниот чувар на мрежата пристигнува од Свонси, каде што го помина целиот младински развој и постепено се пробиваше кон сениорскиот фудбал. Англискиот гигант не откри детали за должината и финансиските услови на договорот. Марџетсон минатата сезона ја мина на позајмица во велшкиот клуб ...

Челзи продолжува со агресивната трансферна политика и по ангажманот на Морган Роџерс од Астон Вила за рекордни 117 милиони фунти, „сините“ се насочија кон уште еден млад англиски талент. Лондонскиот клуб веќе испратил понуда за играчот од средниот ред на Борнмут, Алекс Скот, во вредност од 75 милиони евра (64 милиони фунти), но таа била одбиена. Раководството на Борнмут веднаш ставило до знаење дека не планира продажба и дека ниту една ...

Македонскиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски е избран за нов шеф на стручниот штаб на Олимпија Љубљана. Тој доаѓа како директна замена за досегашниот тренер Мишо Бречко, кој доби отказ по слабиот почеток на новата натпреварувачка сезона. Раководството на Олимпија ја донесе оваа одлука благодарение на одличните резултати кои Тренчовски ги постигна со тимот на Радомље минатата сезона, правејќи ги вистински хит во словенечкото првенство. ...

Барселона продолжува со засилувањето на тимот за новата сезона, а најновото име во ростерот на каталонскиот клуб е британскиот кошаркар Тосан Евбуомван. 25-годишниот крилен центар потпиша договор со Барса до 30 јуни 2028 година, со што станува деветтото засилување на шпанскиот гигант во летниот преоден рок. Евбуомван минатата сезона настапуваше во развојната лига на НБА за тимот на Гринсборо Сворм, каде што имаше одличен просек од 18,2 поени ...

Един Џеко многу веројатно ќе го продолжи престојот во Шалке, откако преговорите за нов договор дошле до завршна фаза, пренесува „Скај Германија“. Според истиот извор, шансите искусниот напаѓач да ја продолжи соработката со клубот од Гелзенкирхен се огромни, а останува да бидат договорени само последните детали пред официјалното потпишување. Минатата сезона босанскиот „дијамант“ се врати во германскиот фудбал и му помогна на Шалке да се врати ...

Менаџерот на Челзи, Чаби Алонсо, самоуверено рече дека новото рекордно клупско засилување, Морган Роџерс, брзо ќе се вклопи во тимот и откри дека веќе има идеја како најдобро да го комбинира со Кол Палмер. Шпанскиот стратег истакна дека клубот барал фудбалер кој веднаш може да направи разлика на теренот и смета дека Роџерс е вистинскиот избор за таа улога. „На таа позиција ни беше потребен играч од врвна класа. Верувам дека Морган нема да има ...

Управата на Денвер Нагетс успеа да го задржи крилниот кошаркар Спенсер Џонс, откако ја изедначи понудата што претходно му ја достави Оклахома. Станува збор за целосно гарантиран двегодишен договор вреден 12 милиони долари, со што Џонс останува во Колорадо. 25-годишниот кошаркар е дел од Денвер од 2024 година, а како ограничено слободен агент имаше можност да преговара со други клубови. Сепак, Нагетс го искористија правото да ја изедначат ...

Фудбалскиот клуб Тиквеш го промовира деветтото засилување за новата сезона во ПМФЛ. Нов член на кавадаречкиот прволигаш е Андреј Велков. Станува збор за лев бек кој може да покрие и поофанзивни улоги, но и како лев и десен стопер. 20-годишникот доаѓа во Тиквеш откако претходните три години беше дел од првиот тим на Брера. Тој во Струмица пристигна како млад фудбалер од Брегалница, а по краток престој во младинскиот погон беше промовиран во ...

Бразилската ѕвезда Нејмар постигна два гола во ремито на Сантос против Чапекоенсе (2-2) во 20. коло од бразилското првенство, но по натпреварот повторно се најде во фокусот поради наводен конфликт со соиграчите. Според бразилскиот „Глобо“, искусниот напаѓач на полувремето влегол во жестока расправија со Габриел Бонтемпо и Жоао Ананијас, а критиките продолжиле и по крајот на натпреварот. Сепак, двајцата фудбалери ги демантираа ваквите ...

Само десет дена по нивното именување, Паоло Малдини и Леонардо поднесоа оставки на функциите технички директор и советник во Италијанската фудбалска федерација. Според последните информации, причината за нивната одлука е несогласувањето со претседателот Џовани Малаго околу изборот на нов селектор на италијанската репрезентација. Малдини и Леонардо сакаа Андреа Пирло да ја преземе селекторската функција и тоа бил нивниот единствен избор за ...

Шкендија Арачиново по воведниот пораз во дебитантската сезона во ПМФЛ од Струга Трим Лум (3-0), промовира уште две нови имиња. Во редовите на овој прволигаш доаѓаат двајца новајлии, а едното име привлече големо внимание. Се работи за Енис Фазлагиќ, фудбалер кој е поранешен репрезентативец на Македонија со еден настап во А-тимот. Низ кариерата Фазлагиќ ги мина буквално сите категории во младинските репрезентации, а кареирата преку Скопје и ...

Вардар 1961 означи почеток на подготовките за новата сезона, откако денес првиот тренинг го одработија избраниците на Иван Чупиќ. Македонскиот шампион ќе има амбициозна сезона во која ќе настапува и во Лигата на шампионите. На првиот тренинг присуствуваа и седумте нови засилувања, како и најголемиот дел од ростерот кој остана од минатата сезона, па стручниот штаб уште од самиот старт ги имаше на располагање сите ракометари. Во пресрет на ...

Со првиот собир кој го свика тренерот Иван Чупиќ официјално започнаа обврските на ракометарите на Вардар 1961 во пресрет на новата сезона во која ќе ги бранат домашните трофеи, но и ќе играат во Лигата на шампионите. На првиот тренинг беа и седумте новајлии, како и оние кои останаа од минатата сезона, а тоа беше речиси целиот костур на тимот. Во пресрет на стартот на подготовките своите очекувања за новата сезона ги сподели еден од ...

Ракометарите на Вардар 1961 влегоа во подготовките за новата сезона со највисоки амбиции на домашен план, како и желба за достојно претставување на кам-бекот во Лигата на шампионите. Тимот го одржа првиот собир и тренинг во реновираната сала „Расадник“, а своите очекувања за новата сезона ги сподели хрватскиот тренер Иван Чупиќ. Според него, Вардар повторно ќе цели кон домашните трофеи, но посочи дека конкуренцијата е засилена и дека воопшто ...

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги „запали моторите“ за новата сезона во која освен на домашно тло, се враќа и во елитната Лига на шампиони. Тимот предводен од Иван Чупиќ го одржа првиот летен тренинг во новиот дом, реновираната сала „Расадник“ каде што ќе тренираат во иднина. На овој терен ќе се играат натпреварите од Суперлигата со исклучок на дерби пресметките, додека европските дуели остануваат во СЦ „Јане Сандански“. ...

Тимот на Бутел Скопје ги започна подготовките за претстојната сезона под водство на новиот стратег Стојанче Стоилов. Стоилов го имаше првиот тренинг со нашите ракометари, а екипата допрва треба да се комплетира и да го добие финалниот изглед. Бутел Скопје ќе биде дел од турнирите во Струга (12-15 август) и Прилеп (20-23 август) и ќе има квалитетни проверки за новата сезона, во која стартува на домашен терен против Младост Богданци на 5/6 ...

Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, го најави реваншот против Рига во Конференциската лига на УЕФА. Напаѓачот на „црвено-црните“ истакна дека поразот од еден гол во Скопје (2-3) ништо не значи и дека тимот е исправен пред новиот предизвик. „По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо не е готово затоа што ни следи второ полувреме со ривалот. Ќе се бориме на терен, ќе играме за дресот и боите на Вардар, сакаме добро европско ...

Данскиот репрезентативец Габриел „Ифе“ Лундберг ќе продолжи да го носи дресот на Макаби Тел Авив, откако клубот потврди дека двете страни постигнале договор за продолжување на соработката за уште три сезони. 31-годишниот бек пристигна во израелскиот гигант во ноември минатата година по заминувањето од Партизан, а со своите настапи брзо се наметна како еден од важните играчи во тимот. Во изминатата сезона од Евролигата, Лундберг во просек ...

Вардар го одработи официјалниот тренинг во Рига, Летонија, а со тимот и експедицијата не се допатувани двајца фудбалери. Бобан Николов и Хоакин Торес не се со екипата во главниот град на Летонија. Двајцата се отсутни поради повреди и нема да може да настапат на овој натпревар. Тренерот Кристијан Фабијани ќе го одреди тимот кој ќе игра на реваншот во Конференциската лига на УЕФА наскоро. Натпреварот помеѓу Рига и Вардар се игра во вторник со ...

Вардар допатува во Летонија и го одработи официјалниот тренинг пред натпреварот против тамошниот првак Рига во рамки на Конференциската лига на УЕФА. Тренерот Кристијан Фабијани ги сподели очекувањата пред средбата во главниот град на Летонија. „Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар го одржа официјалниот тренинг во Рига, Летонија, пред натпреварот против тамошниот првак Рига во рамки на второто квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. Во позитивна атмосфера, црвено-црните во 20:00 часот по локално време излегоа на тревникот на стадионот „Сконто“ на кој летонскиот првак ги игра домашните натпревари. Временските услови во главниот град на Летонија се променливи, но на мечот ...

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, напредуваше за две позиции на најновата АТП ранг-листа и сега се наоѓа на петтото место во светот. Ѓоковиќ моментално има 3.760 бодови, со што повторно се врати меѓу петте најдобри тенисери на планетата. На врвот и понатаму сигурно се наоѓа Италијанецот Јаник Синер, кој ја задржа лидерската позиција со 13.450 бодови. Зад него остануваат Германецот Александер Зверев и Шпанецот Карлос Алкараз, додека ...

Екипата на Рига прва го имаше тренингот на стадионот Сконто и се обрати пред медиумите. Тренерот Адриан Гула го најави натпреварот против Вардар, истакна дека е претпазлив и дека победата во Скопје не им гарантира ништо, затоа што македонскиот шампион покажал дека знае да игра на гости кај КуПС во првото коло на ЛШ. „Гледаме кон мечот затоа што играме дома на нашиот стадион. Се надевам дека ќе добиеме поддршка. Првиот меч беше прво полувреме, ...

Турскиот гигант Фенербахче го засили својот ростер со доведувањето на американскиот кошаркар Џони Џузанг, кој стави потпис на едногодишна соработка со клубот од Истанбул. 25-годишниот бек/крило во вториот дел од минатата сезона настапуваше за рускиот тим Зенит, каде што остави солиден впечаток. Во 17 натпревари тој просечно реализираше 14 поени, 2,4 скока и 1,9 асистенции по меч. Пред да пристигне во Европа, Џузанг беше дел од НБА лигата, ...

Во Реал Мадрид владее голема неизвесност околу иднината на Винициус Жуниор, откако разговорите за продолжување на договорот меѓу клубот и бразилската ѕвезда сè уште не резултираа со конечен договор. Крилниот напаѓач има важечки договор со „кралевите“ до летото 2027 година, но двете страни сè уште не успеале да ги усогласат сите детали. Во меѓувреме, неговото име се најде на радарот на неколку европски гиганти, меѓу кои и Арсенал. Според ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1025
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
88%
1024
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
60%
1023
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
57%
1025
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.17
84%
1026
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
80%
1023
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
55%
1026
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1024
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
87%
1027
Currency

61.481

Currency

54.953

Currency

73.686

Currency

37.895

Currency

39.079

Currency

67.139

Currency

8.2451

Currency

0.67088

Currency

0.34723

Currency

0.52288

Currency

1.096

Currency

0.58475

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Цинк

3.76

Иридиум

321507.47

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Сребро

1666.05