Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Маркус Рашфорд повеќе нема да го носи дресот на Барселона, откако каталонскиот клуб одлучи да не ја активира опцијата за негов целосен трансфер. Англискиот напаѓач по истекот на позајмицата се врати во Манчестер Јунајтед. Рашфорд минатата сезона пристигна на „Камп Ноу“ со желба да ја врати старата форма и имаше солидни настапи за Барса, но раководството на клубот процени дека нема да продолжи со неговиот ангажман. Манчестер Јунајтед сега ...
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, успешно го реши здравствениот проблем поради кој мораше итно да биде опериран. Лапорта имаше нарушување на срцевиот ритам, поради што го откажа патувањето во Англија и наместо тоа заврши во болница во Барселона. Интервенцијата поминала во најдобар ред, а самиот претседател на каталонскиот клуб потврди дека се чувствува добро. „Сè помина одлично. Аритмијата е отстранета и моето срце повторно чука во ...
Новак Ѓоковиќ ќе се врати на тениските терени на Мастерс турнирот во Синсинати, каде ќе го одигра првиот официјален настап по елиминацијата на Вимблдон. Српскиот ас го потврди своето учество на престижниот турнир од серијата АТП 1000, на кој последен пат настапи во 2023 година. Тогаш Ѓоковиќ и Карлос Алкараз одиграа финале кое многумина го сметаат за едно од најдобрите во историјата на Мастерс турнирите. Поради желбата што подобро да се ...
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, потврди дека германскиот шампион нема намера да доведува нови фудбалери до крајот на летниот преоден рок. Еберл истакна дека тимот е комплетиран на сите позиции, а доколку се појави потреба од дополнителни решенија, клубот ќе им даде шанса на играчите од сопствената академија. „Со трансферите на Нене Браун од Ајнтрахт и Исмаел Саибари од ПСВ го завршивме нашиот летен преоден рок. Работата ја ...
Европските фудбалски федерации постигнале договор за бојкот на Светските првенства во организација на ФИФА, како реакција на плановите дел од сопственоста на турнирот да биде продадена на приватни инвеститори. Според извори запознаени со состанокот, одлуката била донесена на виртуелен состанок на сите 55 национални федерации кои се членки на УЕФА. Доколку не дојде до промена на ставот на ФИФА за продавање на акции и менување на светскиот ...
Калчолигашот Рома официјално го промовираше аргентинскиот напаѓач Сантијаго Кастро како свое ново засилување. 21-годишниот фудбалер стави потпис на договор со римскиот клуб до летото 2031 година. Според италијанските медиуми, Рома за неговиот трансфер на Болоња платила околу 35 милиони евра. Кастро зад себе има одлична сезона, во која на 51 натпревар постигна 11 голови и запиша четири асистенции. Во Болоња пристигна во 2024 година од ...
Ненад Белистојановски доби шанса во првиот тим на Еурофарм Пелистер откако имаше добри партии во „двојката“. Сега младинскиот репрезентативец на Македонија ќе заигра со сениорите и веќе ги почна подготовките со екипата која од ова лето ја предводи искусниот Лино Червар. По првиот тренинг Белистојановски ги сподели очекувањата. „Мислам дека сум физички подготвен за предизвикот. Се чувствувам многу убаво со првиот тим на Пелистер, со сите ...
Бугарскиот прволигаш Спартак Варна ќе го продаде напаѓачот Георг Стојановски на клуб од Катар, потврди спортскиот директор на клубот Енгибар Енгибаров. Енгибаров ја објави веста на прес-конференција, на која присуствуваа и поранешниот тренер на тимот и Алекс Илиев. 22-годишниот напаѓач се приклучи на Спартак во септември 2025 година. Тој одигра 29 натпревари, во кои постигна десет гола и имаше пет асистенции. Оваа сезона, Стојановски има два ...
Еди Хоу и официјално ја заврши својата етапа на клупата на Њукасл Јунајтед, откако спогодбено се раздели со англискиот премиерлигаш по речиси пет години. Англискиот стратег го презеде тимот во 2021 година и беше еден од најзаслужните за враќањето на Њукасл меѓу најдобрите екипи во Англија. Под негово водство клубот двапати избори пласман во Лигата на шампионите, а во 2025 година го освои и Лига купот, со што ја прекина долгата серија без ...
Новиот прволигаш Брегалница преку соопштение најавија дека во периодот што следи ќе се засилат на сите позиции. Ова соопшение доаѓа по доцното екипирање на штипјани и долгата неизвесност околу тоа кој ќе го води клубот во Првата лига. „ФК Брегалница упатува благодарност до навивачките групи „Фаланга“ и „Ултра Банда“ и сите искрени поддржувачи на клубот за поддршката и љубовта која безрезервно ја пружате и го следите клубот секаде. Во периодот ...
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) постигна одличен резултат откако на турнирот за играчи до 18 години Ј30 Солун преку квалификациите стигна до финалето, каде му недостасуваше малку среќа да заврши и како победник. Алексовски на патот до финалето одигра осум мечеви, постигна седум победи и го елиминираше првиот носител на кој му препушти само четири гема. Во најголемиот дел од мечевите Алексовски играше против тенисери, ...
Челзи продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а нов член на лондонскиот клуб и официјално е францускиот стопер Максенс Лакроа. Дефанзивецот пристигнува од Кристал Палас во трансфер вреден 60 милиони евра, а веќе го потпиша долгорочниот договор со „сините“. Лакроа зад себе има одлична сезона во дресот на Кристал Палас, каде беше еден од најстандардните играчи во одбраната. Со своите физички предиспозиции, брзина и сигурност во ...
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Србија, откако во натпреварот од второто коло загуби од Франција со 36-25. Со овој неуспех избраниците на селекторот значително си ги намалија шансите за пласман во главната рунда, иако расплетот во групата ќе зависи и од останатите резултати. Македонија успеваше да одржи чекор во воведните минути. По почетните 4-4, ривалот првпат се ...
Брзилскиот репрезентативен фудбал минува низ тешки моменти. Бразилската фудбалска конфедерација најави организирање на проштален натпревар за напаѓачот Нејмар со репрезентацијата. Иницијативата сè уште е во прелиминарна фаза на дискусија. 34-годишниот фудбалер претходно го објави своето повлекување од бразилската репрезентација. Неговиот прв натпревар за петкратните шампиони беше во 2010 година. Тој одигра 130 натпревари за репрезентацијата ...
Селекторот Арамис Наглиќ за претстојните квалификациски натпревари на Австрија повика поширок список од 28 кошаркари, предводен од НБА центарот Јакоб Поелтл од Торонто Репторс. Во конкуренција се и искусните Силвен Ландесберг, Лука Брајковиќ, Ерол Ерсек, Тимо Ланмилер, Томас Клепеис, како и повеќе интернационалци кои настапуваат во Германија, Србија, Словенија и австриското првенство. Првиот собир пред новиот ФИБА „прозорец“ ќе го имаат на ...
Босанскиот интернационалец Едвин Џелиловиќ се адаптира на атмосферата и средината во тимот на Еурофарм Пелистер. 23-годишното десно крило од Тузла со клубот потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер и доаѓа во најракометниот град со големи очекувања. „Изненаден сум колку градот е жив, колку живее за ракомет и навистина ми се допаѓа се откако дојдов нема ниедна маана, се е супер, од соиграчи до тренер. Не треба да трошам зборови за Лино ...
По слободното прво коло, машката сениорска репрезентација на Македонија квалификацискиот циклус во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 ќе го започне на 30 август, кога ќе гостува кај Австрија. Натпреварот ќе се одигра во Виена со почеток од 16:05 часот во „Спорт Арена Виена“ и ќе претставува прв сериозен тест за избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал во битката за првото место во групата „Ф“, во ...
Македонскиот вицепрвак Шкендија ќе се обиде да го надомести минималниот пораз од првиот натпревар против словенечки Браво и да обезбеди место во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Тетовци во првиот натпревар во Словенија долго време имаа контрола врз играта и водеа, но поради дефанзивни грешки на крајот загубија со 2-1. Сепак, во клубот владее оптимизам дека со поддршката од трибините можат да направат пресврт и да се ...
Второлигашот Брера Струмица загуби на меѓународниот пријателски натпревар во Бугарија од косовски Феризај со резултат од 2-0. До стартот на новата сезона, кој е закажан за 15 август, останува период кога секој од второлигашите ќе одигра два до три контролни натпревари, а се очекува во следните неколку дена поголема активност на трансфер пазарот за ангажман на нови засилувања. Инаку, летниот трансфер период е отворен до 6 септември, период до ...
Еден од најдобрите стрелци од минатата сезона во ВМФЛ, Иван Глигоров е повратникот кој ќе го засили офанзивниот ред во Брегалница. После одличниот учинок минатата сезона во Охрид, Глигоров беше на мета на многу фудбалски клубови од првата лига. Тој го послуша своето срце, се врати во својата природна средина, ја одбра својата “прва љубов” - Брегалница! Своите фудбалски почетоци, Иван ги имаше во италијанската IMS фудбалска академија, од каде ...
Второлигашите активно продолжуваат со екипирање на ростерите, а паралелно со тоа тече и одигрувањето на пријателски натпревари за проверката на формата. Тимот на Кожуф од Гевгелија се засили со двајца млади играчи. Нови фудбалери се Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ, кои доаѓаат од третолигашот Победа од Валандово. Ашовалиев е 20 годишен играч кој низ неговата кариера настапуваше за Вардарски, Дојранско Езеро, Беласица и Брера Струмица. Тој ...
Манчестер Сити го означи Педро Нето како една од главните опции за засилување на крилната позиција доколку Савињо до крајот на летниот преоден рок се пресели во Тотенхем. Спарси веќе подолго време преговараат за бразилскиот репрезентативец, а Сити е подготвен да го пушти за сума од околу 60 милиони фунти. Сепак, клубот сака прво да има подготвена замена, а изборот би можел да падне на Нето. Португалецот нема целосно загарантирано место во ...
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ужива во одличен период во Атина, а според грчките медиуми наскоро ќе добие и награда за своите добри настапи. Јовиќ е пред продолжување на договорот со АЕК за уште три години, што ќе биде логичен потег за двете страни. По доаѓањето во клубот, тој повторно ја пронајде вистинската форма и голгетерскиот инстинкт под водство на тренерот Марко Николиќ. Минатата сезона српскиот фудбалер имаше фантастичен учинок - ...
Претседателот на Управниот одбор на Спартак Варна, Алекс Илиев, со емотивна порака на социјалните мрежи се обрати до навивачите по заминувањето на македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски од тренерската функција. Илиев истакна дека разделбата е пријателска и порача дека нема да има никакви потреси во клубот, иако заминувањето на искусниот тренер доаѓа само неколку дена по историската победа од 3-0 над градскиот ривал Черно Море. „Почитувани ...
Иако настапува во петтата италијанска лига, Таранто доби стадион на кој би му позавиделе и бројни клубови од Серија А. Новиот дом на италијанскиот клуб има капацитет од 20.000 гледачи и важи за еден од најмодерните во земјата. Стадионот е изграден за потребите на Медитеранските игри, а по нивното завршување ќе го користи Таранто за своите домашни натпревари. Со современата инфраструктура и модерен изглед, објектот претставува едно од ...
Првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали, откри дека постои можност актуелната сезоната да не биде завршена во Катар и Абу Даби, доколку безбедносната состојба на Блискиот Исток не се подобри. Иако двете последни трки во календарот засега се потврдени и интересот за нив е голем, конечната одлука за нивното одржување ќе биде донесена во септември. „Доколку ситуацијата остане нестабилна, ќе мора да најдеме решение во Европа. Не можеме да ...
Германскиот Шалке 04 официјално потврди дека на 16 август ќе го пречека Реал Мадрид во пријателски натпревар што ќе се одигра на „Фелтинс Арена“. Средбата ќе биде организирана по повод 25-годишнината од отворањето на стадионот во Гелзенкирхен, а почетокот е закажан за 17:00 часот. „Среќни сме што летните подготовки ќе ги завршиме против клуб со ваков углед. Веруваме дека навивачите ќе уживаат во вистински фудбалски спектакл на нашиот ...
Претседателот на шпанската Примера, Хавиер Тебас, јавно го критикуваше првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, по неговата објава на социјалните мрежи во која ја бранеше работата на Светската фудбалска организација. Инфантино претходно на Инстаграм порача дека ФИФА го организирала „најголемиот спортски спектакл во светот“, притоа застанувајќи во одбрана на судиите и обвинувајќи ги критичарите дека шират невистини и негативна атмосфера. Тебас ...
Бразилецот Савињо е сè поблиску до заминување од Манчестер Сити. Според најновите информации од Англија, крилниот напаѓач веќе им соопштил на челниците на клубот дека сака да ја промени средината поради ограничената минутажа. 22-годишниот фудбалер не е задоволен од својата улога во тимот и смета дека за својот развој му е потребен клуб каде ќе игра редовно. Најсериозен интерес за неговиот потпис покажува Тотенхем, кој веќе подолго време ја ...
Нотингем Форест заврши важна работа пред стартот на новата сезона, откако го продолжи договорот со Ибрахим Сангаре. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска се обврза на верност со „шумарите“ до 30 јуни 2029 година. Дефанзивниот играч за врска пристигна во Нотингем од ПСВ во 2023 година, а досега запиша 77 настапи и постигна два гола. Минатата сезона беше еден од стандардните првотимци со 43 настапи во сите натпреварувања и помогна ...