Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги „запали моторите“ за новата сезона во која освен на домашно тло, се враќа и во елитната Лига на шампиони. Тимот предводен од Иван Чупиќ го одржа првиот летен тренинг во новиот дом, реновираната сала „Расадник“ каде што ќе тренираат во иднина. На овој терен ќе се играат натпреварите од Суперлигата со исклучок на дерби пресметките, додека европските дуели остануваат во СЦ „Јане Сандански“. ...
Ракометарите на Вардар 1961 влегоа во подготовките за новата сезона со највисоки амбиции на домашен план, како и желба за достојно претставување на кам-бекот во Лигата на шампионите. Тимот го одржа првиот собир и тренинг во реновираната сала „Расадник“, а своите очекувања за новата сезона ги сподели хрватскиот тренер Иван Чупиќ. Според него, Вардар повторно ќе цели кон домашните трофеи, но посочи дека конкуренцијата е засилена и дека воопшто ...
Вардар 1961 означи почеток на подготовките за новата сезона, откако денес првиот тренинг го одработија избраниците на Иван Чупиќ. Македонскиот шампион ќе има амбициозна сезона во која ќе настапува и во Лигата на шампионите. На првиот тренинг присуствуваа и седумте нови засилувања, како и најголемиот дел од ростерот кој остана од минатата сезона, па стручниот штаб уште од самиот старт ги имаше на располагање сите ракометари. Во пресрет на ...

