Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена ...

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд на Македонија во соработка со CEELI Институтот и со поддршка на Проектот на ЕУ за владеење на правото. Најавено е учество на претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна и Источна Европа, како и на Дејвид Кемпбел, виш окружен судија, претседател на ...

„Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“ е тема на „CEF форумот 2026“ кој ќе се одржи денеска во Скопје со почеток во 14 часот. Форумот е организиран од Министерството за финансии во соработка со Центарот за извонредност во финансиите (CEF), водечка регионална институција и доверлив партнер за реформи, која им помага на земјите од Југоисточна и Источна Европа во зајакнувањето на јавните институции, забрзувањето ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во Скопје, ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board). Како што соопштуваат од владината прес – служба, средбата ќе се одржи во „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, а по состанокот во 11 часот, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот. Центарот за извонредност во финансиите ...

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е амандманска расправа по Предлог на законот за судска служба и Предлог на законот за јавнообвинителска служба, и двата во второ читање. За Предлог-законот за судска служба поднесени се над 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европски фронт и Левица, а за јавнообвинителска служба 27 амандмани од пратеничката група на СДСМ. ...

Во Галерија Рудиќ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти против времето“ на осум фотографи од Хрватска. Изложбата ја сочинуваат 32 црно-бели фотографии создадени од осум автори под раководство на уметничкиот фотограф Станко Абаџиќ. – Изложбата го евоцира носталгичниот дух на фотографската уметност пред дигиталната ера, нагласувајќи ги дотераните класични стилови, играта на светло и сенка, и уметничкото проширување на реалноста. ...

– На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Соларен саем во организација на Центарот за климатски промени со цел користењето на сончевата енергија и обновливите извори да се доближи до пошироката јавност. Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително и ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета во Битола, каде што ќе оствари средба со раководството на Општина Битола, а потоа ќе изврши увид во тековните градежни активности во киното „Партизан“. -Работната агенда продолжува со посета на Јени-џамија и увид во конзерваторските и реставраторските работи што се реализираат на овој значаен објект од културното наследство. Посетата на Битола ќе заврши со ...

Скопје од денеска до 26 јуни е домаќин на четвртата светска конференција за религиски дијалог и соработка на тема „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, во организација на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. – На свеченото отворање на конференцијата вечер во 18 часот во Музејот на македонската борба за самостојност во ...

На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци ...

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествува на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во која припаѓа нашата земја, под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност“, што се одржува во Варна, Република Бугарија. На средбите, како што соопшти денеска прес-службата на Народната банка, се става акцент на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност во услови на ...

Владата гради посилна економија, просечната нето-плата зголемена за скоро 8.000 денари, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател дека земјата е на вистинскиот пат. Резултатот ...

Венко Филипче вели дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако ставовите на официјална Софија се јасни по ова прашање, дека сметаат оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека македонскиот и бугарскиот народ, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Иако Филипче јасно тврдеше дека не слушнал никој до сега како источниот сосед го негира македонскиот идентитет, сепак успеа да ги усогласи своите ставови со бугарското ...

Во Скопје утре свечено ќе биде отворена дводневната меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, на која ќе учествуваат поранеши шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и Азија, со цел да разменат идеи и искуства за актуелните глобални предизвици и можностите за унапредување на меѓународната соработка, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека САД би можеле да ја „преземат“ Ормуската Теснина ако не се постигне договор со Иран и упати закани до иранската делегација што преговара во Швајцарија. – Можеби ќе ја преземеме Ормуската Теснина, доколку е потребно. Ако не постигнат договор, ќе наплаќаме за премин, рече Трамп во телефонско интервју за Фокс њуз. Иранските државни медиуми вчера објавија дека иранската воена команда ...

Првата рунда разговори меѓу Иран и САД во Швајцарија заврши, изјави извор близок до преговарачкиот тим. Иранската новинска агенција Тасним објави дека делегацијата на Иран одбила заедничко фотографирање со американската делегација. Американците и посредниците во разговорите, Пакистан и Катар, планирале да има ракување и заедничка церемонија на фотографирање, но Иранците одбиле. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, кој ја преводи американската ...

Здружението за поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ Скопје, покажа дека инклузијата може достоинствено да ја претставува нашата држава и надвор од нејзините граници.Членови на здружението, заедно со дел од членовите на Фолклорниот ансамбл „Седенка“- Скопје, на 15 и 16 јуни учествуваа на Интернационалниот фолклорен фестивал „Mare Adriatico” во Лидо ди Јесоло, Италија, соопштија од здружението.-Нашата група беше единствениот ...

Пет лица се повредени во сообраќна несреќа во која учествувале три возила што се случила попладнево на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, потврдија од МВР. Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, а сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента. -Денеска (21.06.2026) од 15:45 часот има прекин на сообраќајот во двата правци на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, поради случена сообраќајна ...

На територијата на државата до денеска до 18:00 часот се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се сè уште активни, додека 14 се целосно изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во селото Арачиново, Општина Арачиново, каде гори депонија, во селото Грчец, Општина Сарај, каде се зафатени ниска вегетација и мешана шума, како и кај „13 Ноември“ во Општина Центар, каде гори ...

За ВРЕДИ, културата не е само уметност, туку вредност што ги обединува граѓаните и го зајакнува идентитетот на општеството. Спектакуларниот концерт на Филхармонијата на Македонија, кој собра илјадници граѓани во Градскиот парк, ја потврди токму оваа моќ на културата да ги зближува луѓето надвор од сите разлики, пишува Влен во соопштение. Со три оркестри, три хора и повеќе од 200 музичари на сцената, оваа извонредна вечер потврди дека ...

Со слетување на првиот авион на авиокомпанијата „Аустриан ерлајнс“ со 154 патници, од денеска на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, и официјално е воспоставена новата авиолинија Виена – Охрид. Со новата сезонска линија што ќе сообраќа двапати неделно во четврток и недела, до 18 октомври, Охрид ќе има директна авионска поврзаност со австриската престолнина, а со тоа и подобри конекциии преку Виена како еден од најзначајните европски ...

За неполни две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализираше бројни проекти и политики што придонесуваат за економски раст, инфраструктурен развој и подобар животен стандард, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Економските показатели покажуваат раст на БДП од над 3 проценти во 7 последователни квартали. Отворени се 17.000 нови работни места, стапката на невработеност е ...

Здружението за поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ Скопје, покажа дека инклузијата може достоинствено да ја претставува нашата држава и надвор од нејзините граници. Членови на здружението, заедно со дел од членовите на Фолклорниот ансамбл „Седенка“- Скопје, на 15 и 16 јуни учествуваа на Интернационалниот фолклорен фестивал „Mare Adriatico” во Лидо ди Јесоло, Италија, соопштија од здружението. -Нашата група беше единствениот ...

Скопје утре и задутре ќе биде домаќин на конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд во соработка со CEELI Институтот и со поддршка на Проектот на ЕУ за владеење на правото. Најавено е учество на претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна и Источна Европа, како и на Дејвид Кемпбел, виш окружен судија, претседател на Комитетот за ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие четири лица се лишени од слобода од вкупно пет пријави за семејно насилство. Полициски службеници од СВР Штип утринава околу 01:20 часот го лишиле од слобода С.Е.(37) од Штип, постпаувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал сопругата. Полициски службеници од ОВР Гостивар утринава во 01:35 часот го лишиле од слобода М.С.(51) од Гостивар, постапувајќи по ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири лица под дејство на алкохол – соопшти Министерството за внатрешни работи. -Во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола (едно било и под дејство на алкохол), три лица во Кочани (еден малолетник), две ...

Насилен, доминантен, љубоморен и несигурен. Ова е прифилот на еден насилник. Секој кој ќе ги препознае овие карактеристики на една личност треба навреме да се заштити и да прекине секаков однос. Ова го посочуваат психолозите кога станува збор за секаков вид на насилство. -Главно анксиозно и депресивно растројство, намалена самодоверба кај жртвите. Чувство на вина и на срам за тоа што се случува. Многу често жртвите чувствуваат и вина зошто се ...

Просечната нето плата поголема за цели 8.000 денари за двегодишниот мандат на владата. Пратеникот на Вмро-ДПМНЕ, Бојан Стјаноски вели дека официјалните статистички податоци потврдуваат дека платите во Македонија бележат значителен раст. Ако во март 2024-та година, просечната нето плата во земјава изнесувала 40.496 денари, во март годинава достигнала 48.433 денари. Тоа е пораст, вели Стојаноски од речиси 20%. „Тоа значи дека за две години ...

Охрид се поврза со Виена.На аеродромот „Св.Апостол Павле“ слета првиот авион на „Аустриан Ерлајнс“, со што и официјално започна новата редовна авиолинија меѓу Виена и Охрид. Летовите ќе се реализираат двапати неделно секој четврток и недела.Со новата линија, од Охридскиот аеродром сега се покриваат вкупно 16 авиолинии, од кои 13 редовни, а три се чартер летови. “Виена е од исклучително значење за деловните патувања. И за туризмот но и за ...

Летото и календарски започна, иако високите температури веќе некое време го диктираат дневниот ритам и се порано ги празнат улиците и парковите. Повозрасните граѓани меѓу првите се засолнуваат под сенка и ги прилагодуваат дневните активности и исхраната на жештините. Па добро ние сме во ризична група прво, болни, имаме проблем со притисок, јас повеќе дома седам, не знам за другите, од сабајле излегувам, значи кога е вака малку пријатно. ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.34
36%
1019
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.13
61%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
1.98
46%
1022
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.39
44%
1020
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
0.92
42%
1020
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 28ᴼ
0.95
56%
1023
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
5.81
34%
1017
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
2.76
35%
1018
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.81
35%
1019
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
4.02
52%
1020
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 30ᴼ
2.68
48%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 24ᴼ
5.85
63%
1018
Currency

61.645

Currency

53.73

Currency

71.1667

Currency

37.6517

Currency

37.8978

Currency

66.5171

Currency

7.93737

Currency

0.7351

Currency

0.33273

Currency

0.52564

Currency

1.1566

Currency

0.56948

Калај

53.40

Злато

134937.98

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Бакар

12.75

Платина

53756.05

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.39

Родиум

257205.97

Сребро

2121.92

Кобалт

45.39

Паладиум

40284.89