Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
Федералната унија на европските националности, во чии рамки делува работната група на словенските малцинства (АГСМ) во објава за одржаниот 29-тиот семинар на АГСМ, посочувајчи дека на овој „значаен настан се отворени важни прашања за иднината на македонската заедница во Албанија”. – Фокусот беше ставен на состојбата на македонската заедница во Албанија, прашањата за јазикот, образованието, културниот идентитет, политичкото учество и ...
Првата меѓународна безбедносна конференција под наслов „Skopje Security Conference 2026“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Центарот за безбедносни студии – Скопје. Конференцијата, како што соопштуваат организаторите, ќе се фокусира на темата „Безбедност во транзиција: навигација низ технологијата, геополитиката и отпорноста во свет што се менува“, со цел да отвори дискусија на високо ниво за трансформацијата на концептот на ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за финансирање и буџет, за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и законодавно-правната комисија. На дневниот ред на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика се предлог законите за изменување на Законот за упатување работници од ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет, во рамките на денешната седница ќе одржи Јавна расправа по Предло-законот за игрите на среќа и за забавните игри. Целите на донесувањето и примената на овој закон, кои се изразени преку потребата од спречување на сивата економија во областа на игрите на среќа, се стекнување на сигурност и доверба кај учесниците во игрите на среќа и нивна заштита (пред сè на младата популација), заштита на ...
Евротинк – Центар за европски стратегии денеска во „Јуроп хаус“ ќе организира завршен настан на проектот „Медиумите за ЕУ“ Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, кој во партнерство со АЛДА и БИРС го спроведуваше од 1 март 2023 до 30 јуни 2026 со финансиска поддршка од Европската Унија. На настанот ќе бидат презентирани постигнувањата при имплементацијата на проектот ...
Во старата скопска чаршија денеска и утре ќе се одржат концерти од разни жанрови во рамки на третото издание на манифестацијата „Ритамот на чаршијата“. Како што соопшти Детскиот културен центар „Карпош“, концертите ќе се одржат на плоштадот „Филип Втори – Карпошово востание“ и Музејот на македонската борба. Од 19 часот вечер со македонска изворна музика ќе настапи ансамблот Стефче Стојковски, а утревечер од 19 часот концерт ќе одржи Коста ...
Полициски службеници синоќа го привеле Б. С. (30) од Република Србија бидејќи со „порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово – Скопје, кај клучката „Рафинерија“. – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „порше“, со српски регистарски ознаки, управувано од Б. С. (30). По извршеното мерење, било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на ...
Македонија мора да најде решение за европскиот пат, но не решение кое ќе отвори нови прашања за македонскиот идентитет, историја и јазик, порача министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев, во гостувањето на една од националните телевизии. Минчев посочи дека прашањето не е само дали Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, туку што ќе се случи потоа. „Хипотетички, утре да ги ...
Додека СДСМ и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати. Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива. Владата ...
Асоцијацијата за е-трговија го објави најновото ажурирано издание на регистарот на е-трговци со цел да им помогне на граѓаните да проверат од кого купуваат пред да направат онлајн-плаќање. Според податоците на Народната банка, во 2025 година во земјата имало 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината согласно методологијата на НБРСМ. Регистарот на ...
Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, поднесен до Собранието на Република Северна Македонија, иако декларативно има за цел да обезбеди правична застапеност на сите етнички заедници во државните институции, предизвикува сериозни дилеми како во однос на начинот на неговото подготвување, така и во однос на неговата содржина, се вели во соопштението од Партијата за движење на Турците во Македонија. Пред сè, неприфатливо е што во ...
Нема да се одржат преговорите меѓу САД и Иран што беа предвидени за денеска во швајцарското планинско одморалиште – соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Соопштението следува откога портпарол на Белата куќа изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја одложил средбата со претставниците на иранскиот преговарачки тим. На средбата требаше да се разговара за спроведувањето на меморандумот што Вашингтон и Техеран ...
Речиси сите патници и членови на екипажот на крузерот „Хондиус“ што беше жариште на хантавирус, добиле дозвола да се вратат во своите домови по завршувањето на карантинот во Холандија, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Според податоците на СЗО, на бродот се регистрирани и потврдени 12 случаи, како и еден случај поврзан со бродот, од кои три лица починале. Епидемијата предизвика ...
Иако овие две години се вратени 4,6 милијарди евра стари долгови, државата, сепак, проектира економски развој, буџетот се полни со предвидената динамика, а долгот е намален како процент од БДП. Воедно, се справивме и со најголемата енергетска криза во поновата историја – вели премиерот Христијан Мицкоски. Во интервју за „Каде се парите“, Мицкоски нагласи дека Владата успешно се справи со најголемата енергетска криза во поновата историја на ...
Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов учествуваше на тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување, наведува Фондот на ПИОМ. Целта на настанот, како што беше речено, е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски, претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, ги изнесоа клучните пораки за системско зајакнување на предучилишното образование и грижа и проширување на опфатот на децата во предучилишно воспитание и образование, стои во соопштението на Министерството за труд и социјална политика. На конференцијата насловена – „Ран почеток, трајни придобивки – ...
Експерти, членови на работната група за зачувување на старата моликова шума, формирана со одлука на македонската Влада, денес на планината Баба, во националниот парк „Пелистер“ ја утврдуваа фактичката состојба со старите моликови шуми, како и ефектите од досега спроведените одгледувачки и обновителни мерки. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, иницијатори и организатори на активностите, информираа дека процесот се динамизира и интезивира ...
Македонија се соочува со сериозен проблем во однос на демографијата – смета премиерот Христијан Мицкоски. За 20-25 години, оценува, можеби 150.000-250.000 луѓе ќе ѝ недостигаат на државата, а тој празен простор ќе мора некој да го пополни. Затоа, според него, мора да размислуваме за иднината. – Треба да се прават анализи и да се размислува неколку децении однапред со цел потентните млади луѓе да останат и да придонесуваат за македонската ...
Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов учествуваше на тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување, наведува Фондот на ПИОМ. Целта на настанот, како што беше речено, е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа ...
Граѓаните и посетителите на Општина Берово од денеска можат да користат бесплатен јавен Wi-Fi на Градскиот плоштад „Димитар Беровски“, како дел од регионалната иницијатива за дигитална поврзаност WiFi4WB. Проектот е финансиран од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од страна на GIZ во рамки на програмата EU4Digital. Неговата цел е да обезбеди бесплатен и сигурен интернет пристап за граѓаните низ ...
Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански денеска го потпиша договорот за реализација на проектот за изградба на атмосферска канализација на улицата „Илинденска“ со краците ул. „Мирче Ацев“ и ул. „Даме Груев“ во Пехчево, со што започнува решавањето на еден долгогодишен инфраструктурен предизвик за жителите на овој дел од градот. Проектот претставува значајна инвестиција во подобрување на водната инфраструктура и заштитата на ...
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ), Општина Лозово и Здружението на жени од Лозово денеска во Лозово организираа регионален настан како работна платформа за едукација и вмрежување на занаетчиите и граѓанските здруженија од целиот регион. Како што соопшти НАЕОПМ, настанот, организиран во соработка со здруженијата на жени од Велес, Свети Николе и Градско, на уникатен начин ги спои занаетчиството и ...
Овластени службени лица од Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), по наредби на судија на претходна постапка и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), денеска извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје. Како што соопштија од Управата за финансиска полиција, акцијата е резултат на ...
Во општина Делчево започна реализацијата на инфраструктурни проекти значајни за подобрување на условите за живот на граѓаните, информираше градоначалникот Иван Гоцевски. Тој изрази задоволство од динамиката и квалитетот на градежните активности во населбата „Пролет“, каде во тек е интензивна изградба на неколку улици. – Денес извршив увид на улицата „4в“, како и на делови од улиците „1“, „3“ и „5“, во вкупна должина од 420 метри. Очекувам со ...
Штип од утре до недела ќе биде домаќин на второто издание на „Shtip street food festival“. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ граѓаните ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма и да дегустираат храна од повеќе светски кујни. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека се очекува добра посетеност, одлична забава и фестивалот да продолжи да се развива како традиционална манифестација, која ќе ...
Овластени службени лица од Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), по наредби на судија на претходна постапка и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), денеска извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје. Како што соопштија од Управата за финансиска полиција, акцијата е резултат на ...
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ), Општина Лозово и Здружението на жени од Лозово денеска во Лозово организираа регионален настан како работна платформа за едукација и вмрежување на занаетчиите и граѓанските здруженија од целиот регион. Како што соопшти НАЕОПМ, настанот, организиран во соработка со здруженијата на жени од Велес, Свети Николе и Градско, на уникатен начин ги спои занаетчиството и ...
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на гостувањето на една од националните радиа, порача дека Македонија денес е побезбедна и економски постабилна држава сега, отколку пред две години. Тој се осврна на економските показатели, борбата против криминалот и корупцијата, евроинтегративниот процес и дипломатските активности на Владата, оценувајќи дека актуелната власт постигнува резултати во повеќе клучни области, се вели во ...
Партиски делегации предводени од лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски в сабота ќе имаат средба во врска со најавената реконструкција на Владата. Министерот за јавна администрација Горан Минчев, кадар на ЗНАМ, изјави дека на таа средба ќе сакаат да дознаат за каков опфат се работи со реконструкција на Владата, затоа што, рече, кога се разговара за реконструкција граѓаните мислат ...