Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-премиерот и министер за транспорт, Александар Николовски и градоначалникот, Кирил Пецаков, денеска извршија увид во градежните активности што се спроведуваат низ Охрид, а присустуваа и на почетокот на изградбата на катна гаража во центарот на градот. Премиерот во оваа прилика истакна дека дел од приоритетите што ги имала Општина Охрид, како и дел од проектите коишто ги предложија и ...
Први мај нека биде потсетник дека начинот на кој се однесуваме кон трудот – кажува каква држава градиме, напиша денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на нејзината Фејсбук-страница. – Први мај – за луѓето што ја движат државата. За оние што знаат дека вредноста не доаѓа преку ноќ, туку со знаење, труд и достоинство. За оние што со право очекуваат нивниот труд да биде виден, признаен и почитуван – ...
Осум од десет чекори кои се потребни за затворање на овогодинешниот циклус на рефромската агенда Владата ќе ги испорача до крајот јуни, кога е и последниот рок. Премиерот Мицкоски вели дека вчера во владата се одржал долг состанок со ресорните министри за да се види до каде е работата и е утврдедно дека напредок има. Уверува дека чекорите ќе бидат завршени. Оние кои нема да се испорачаат , се за струјата и изборниот законик. Првото зошто ...
Полицијата го расветли случајот со инцидентот со синагогата во Скопје. Уапсени се седуммина за палањето на еврејскиот објект. Двајца ќе се гонат за тероризам, и тие веќе се во притвор. Преземени биле повеќе оперативно –тактички мерки од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам и Агенцијата за национална безбедност, а претреси имало на 13 локации во Скопје, а биле одземени мобилни телефони за вештачење. Поднесена ...
Филипче турка со главата во ѕид – рејтингот на СДСМ е катастрофален, а одговорност за тоа нема, алармираат поранешни истакнати партиски функционери. Според нив партијата наместо да се обединува, се затвора во себе, ги оттурнува искусните кадри и сè подлабоко тоне во внатрешни поделби. Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов,продолжува јавно да критикува и тврди дека и други социјал-демократи биле сериозно загрижени за состојбите и ...
На 80 годишнината од основањето на Сојузот на Синидкатите на Македонија се одржа осмиот првомајски протестен марш на кој Синдикалците повторно порачаа дека моменталната плата која ја добиваат најголем дел од работниците не е доволна да се преживее месецот. Под мото „За плата се бориме, не молиме“, тие традиционално го започнаа протестниот марш низ скопските улици. Од пред Сорбанието порачаа дека тие ги бараат основните права за почитување на ...
Градските улици се испразнија, а излетничките места се наполнија. Во весела атмосфера со музика, мезе, скара и пијалок, голем дел од граѓаните се одлучија за 1 Мај – Празникот на трудот, да излезат од Скопје и да го поминат денот надвор од градското урбано јадро. Убавото сончево време ги наполни шумскиот предел кај Кучково, паркот Сарај, Водно и местата околу Матка, Марков Манастир. Телевизија Алфа направи обиколка на некои од излетничките ...
Спинување, наместо одговори. Во обид да избега од вистинста за златната виза на Венко Филипче, СДСМ влезе во комуникациски апсурд што тешко може да се објасни со логика. Откако ТВ Алфа објави детали поврзани со златната виза на Филипче, партијата излезе со обвинувања дека зад тоа стоел „приватен Мосад“ кој наводно го „откопал“ документот. И токму тука започнува парадоксот. Во следниот прилог, каде Алфа објавува нови детали за визата, директно ...
Од СДСM постојано се претставуваат како проевропски, затоа што веројатно тоа им е единствен аргумент кој го имаат откако додека беа на власт ги распродадоа македонските национални интереси. Овој нивни аргумент не е поткрепен со нивното однесување во јавноста, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче се однесува како само тој да го знае патот кон ЕУ, а неговата шема не познава никакви црвени линии. ...
СВР – Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36), С.Р.(38), М.Т.(42), С.О.(61) и Ѓ.М.(54), сите од Струмица, поради основано сомневање дека К.К., С.Р. и С.О. сториле кривичното дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в, М.Т. го сторила кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, а Ѓ.М. сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244-а од ...
Во овој момент остануваме на мерката намалено ДДВ на 10 отсто за бензините 95 и 98, како и на мерката намалени акцизи. Дизел горивото од понеделник очекувам да биде поевтино, а ДДВ за него ќе остане 18 проценти. По напорни и тешки преговори со „Окта“ успеавме да го продолжиме попустот што претходно беше договорен – дополнителни два денари по литар за бензините и три денари за литар дизел. И тоа ќе трае до 18 мај. Дотогаш имаме договор, а за ...
Изградбата на првата катна гаража во Охрид е историски момент. Се работи за проект чија реализација 4 децении беше ветувана, а е од суштинско значење за туристичкиот центар и врвен приоритет и на централната и на локалната власт. „Проект за кој што се боревме 3-4 години документационо да ја завршиме работата, со 300 проблеми. Знаете, имавме изјави на некои дамнешни, поранешни министри за култура дека катната гаража не била од јавен интерес, ...
На крајот на месец мај или најдоцна до средина на јуни, реактивната мисија на УНЕСКО ќе дојде во Охрид. Вицепремиерот Николоски истакна дека покрај другите локации на кои што ќе направат увид, согласно забелешките кои ги имаа, претставниците на УНЕСКО ќе одат и долж трасата на автопатот Охрид–Кичево. УНЕСКО ја спори изградбата на трасата од автопатот Требеништа – Ќафасан, четвртата делница од проектот со конзорциумот „Бехтел и Енка“, за која ...
Продолжениот празничен викенд и примената на новата европска регулатива ЕЕС создадоа голем метеж на граничните премини кон Грција, при што најголем притисок е регистриран на преминот Богородица. Според податоците на МВР, во изминатите 24 часа преку Богородица поминале околу 14.000 патници. Само до 10 часот утринава, од земјава излегле околу 3.000 македонски државјани, додека останатите 11.000 се странски патници. Граѓаните на социјалните ...
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски упати честитка до граѓаните по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, нагласувајќи дека почитувањето на работничките права и вистинското вреднување на трудот се темел на просперитетно и праведно општество. – Денешниот празник треба да биде потсетник дека борбата за работничките права мора да биде секојдневна заложба. Како социјалдемократ и некој кој искрено верува во ...
Честит 1-ви Мај на сите кои со својот труд и посветеност градат подобра иднина за сите нас! Денот на трудот е симбол на борбата за работничките права и достоинството. Да го чуваме трудот, да се грижиме за работникот и да градиме подобра иднина за сите!, се наведува во соопштението од Социјалистичка партија на Македонија. 1-ви Мај во историјата е врежан како симбол на човечкото достоинство и непокорот. Денес не се потсетуваме само на минатото ...
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, министерот за јавна администрација, Горан Минчев упати благодарност кон сите работници за нивниот труд, одговорност и секојдневна посветеност, со што, како што посочи министерот, директно придонесуваат за развојот на општеството. – Посебно сакам да ја истакнам улогата на административните службеници, кои со својата професионалност и ангажман обезбедуваат квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните – ...
Честит 1 Мај – Денот на трудот. Празниците се честитаат, но, вистинското вреднување на трудот се покажува преку дела, напиша денеска на неговата Фејсбук-страница, в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Tој наведе дека е реализирано кумулативно номинално зголемување на платите во јавното здравство од 22 отсто во последните две години, што според него претставува околу 15 проценти реален раст над инфлацијата, што ...
Денес, на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ја оддаваме почитта на потта, трудот и жртвата на секој човек кој со своите раце ја гради иднината на нашата земја. Овој ден не е само симболика, туку постојан потсетник дека достоинството на трудот мора да се брани секој ден, со решителност и со конкретни дела, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Како ВЛЕН, го реафирмираме нашиот непоколеблив ангажман за правата на работниците, за праведни ...
СДСM континуирано шири лаги и лиферува неточни информации во јавноста само за политички поен плус. СДСM и Филипче се нервозни и во паника од константното топење на нивниот рејтинг и го губат тлото под нозете па секојдневно ја манипулираат јавноста, но секој пат нивните лаги набрзо се демантираат и вистината излегува на виделина, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. СДСM и Филипче, свесно создаваат погрешна перцепција кај граѓаните и ...
По повод Меѓународен ден на трудот, претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до сите работници во државата, истакнувајќи дека нивниот труд е клучен за развојот на општеството. – Први мај – Меѓународниот ден на трудот, е ден посветен на сите оние кои со својот труд, знаење, посветеност и одговорност секојдневно придонесуваат за развојот на нашето општество, напиша Гаши во ќеститката по повод празникот 1 Мај. Работничките права, ...
По повод Меѓународен ден на трудот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до граѓаните, истакнувајќи ја важноста на работничките права и социјалната правда. – Како претседателка на сите граѓани, потсетувам дека имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат, напиша во порака претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот ...
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на Фејсбук упати честитки до сите работници кои, како што нагласи, со својата посветеност, знаење и одговорност придонесуваат за развојот на општеството. – Трудот е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на секој човек и затоа тој претставува темел на секоја напредна и стабилна држава. Секој успех започнува од човекот и ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со протест ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, на кој ќе побара повисоки плати и подобри услови за работа. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, завчера на прес-конференција повика на масовна излезност, истакнувајќи дека работниците треба јасно да го изразат незадоволството од ниските примања, слабата заштита на работничките права и односот на институциите и работодавачите. ...
Во селото Смилево, Демир Хисар, денеска започнува дводневната културната манифестација „Смилевски конгрес 2026“. Како што посочуваат од НУ Манифестација „Смилевски конгрес“, настанот има цел да отвори простор за преиспитување на улогата на уметноста и заедницата во современиот општествен контекст, нагласувајќи дека културната меморија на Смилевскиот конгрес не се третира како историски остаток, туку како активна можност за ново промислување ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија. Првомајскиот протест треба да почне во 11:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе заврши пред Владата на булеварот Илинден. -Протестот e предвидено да почне пред ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Охрид. Како што најави владината прес-служба, во 12:00 часот Мицкоски ќе присуствува на поставување камен-темелник на изградба на катна гаража, позади Градскиот пазар. Премиерот потоа ќе изврши увид на градежните активности на плоштадот „Кај Чинарот“, како и увид на проектот за пумпната станица „Метропол“. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Охрид. Како што ...
Утринава најниски температури се измерени на Попова Шапка -5 степени Целзиусови и во Маврови Анови -1 степен, додека во повеќе градови низ земјата температурите се движеа околу нулата. Највисока температура од 6 степени е измерена во Гевгелија и Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во изминатите 24 часа најмногу врнежи од дожд се регистрирани во Крива Паланка – 18 литри на метар квадратен, во Виница – 13 и во Пожаране – ...
Во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи вчера било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес кај местото „Манастири“ има излетано возило од автопат. Како што соопшти денеска МВР, на местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен пронашле патничко возило „Сеат“ управувано од К.С. (68) од Велес, во кое ...