Во единственото средно училиште во Дебар, гимназијата „28 Ноември“ во првото пријавување, од првиот уписен рок, во прва година, за учебната 2026/2027 година, пополнети се само 32 од предвидените 238 ученички места. -Во нашата образовна институција за упис беа пријавени 44 завршени одновци, од нив 12 на македонски и 32 за настава на албански наставен јазик. Од нив запишани се 32 ученика, или гледано одделно 7 за настава на македонски и 25 на ...

Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадата на Швајцарија, Фармахем, Општина Кочани, КЈП „Водовод“ и ЈП Национални шуми, остварија работна средба во Кочани, посветена на согледување на актуелните состојби, предизвиците и можностите за понатамошен развој во областа на животната средина и инфраструктурата. Со градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, се разговараше за тековните потреби и ...

Општина Македонска Каменица ги информираше граѓаните дека во ноќта помеѓу 18 и 19 јуни, во периодот од 22:00 до 02:00 часот, на целото подрачје на општината ќе се реализира терестично прскање против комарци. Од локалната самоуправа посочуваат дека активноста е дел од мерките за заштита на јавното здравје и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, со цел намалување на бројноста на комарците во пресрет на летниот период. Воедно, од ...

Здружението на просветни работници Куманово во соработка со општина Куманово и општина Старо Нагоричане денеска доделија признанија и на повеќе од 32 ученици, првенци на генерација од општините Куманово и Старо Нагоричане. Учениците од 18-те основни училишта, пет средни и три училишта од Старо Нагоричане добија признанија за најуспешни во својата генерација. Наградите ги доделија претставниците на здружението и на локалната власт, ...

Во населбата „Пролет“ во Делчево продолжуваат градежните активности за изградба на водоводната, канализациската и атмосферската инсталација, проект со кој се очекува значително подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот на жителите. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска изврши увид во текот на работите на терен, при што изрази задоволство од динамиката со која се реализираат градежните активности. Тој посочи ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Даблин оствари средба со министерката за надворешни работи, трговија и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за натамошно унапредување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји, соопштуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. – Посебен акцент ...

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и ОО Црвен крст-Пробиштип денеска на петмина крвадорители им доделија телевизори во знак на признание за нивната хуманост и долгодишна посветеност. Од општина Пробиштип информираат дека денешниот настан е по повод 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството. -Во знак на признание за нивната хуманост и долгогодишна посветеност, денес заедно со Црвениот крст – Пробиштип, им доделивме ...

Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД „Енергија Центар“ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, што се одржа во организација на Фајненс Тинк. ...

Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, во насока на подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните, соопштуваат од Град Скопје. – На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени нови клупи и корпи за отпадоци, со што просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители – стои во соопштението од Град Скопје. Паралелно, како што дополнуваат, ...

Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани. Во повикот се нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во тој дел од градот, со цел непречено користење од ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беа дел од почетниот настан на проектот CulTour Crossing Borders (Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми во Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамките на програмата „Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција“ – соопштија денеска од двете министерства. ...

Јавното претпријатие задолжено за паркинзите во Струга функционирало како приватна фирма на поранешното раководство, со сомнителни фактури, финансиски злоупотреби и хаос во работењето, велат од новото раководство на Ј.П “Еко Струга”. Од таму алармираат дека затекнале претпријатие удавено во долгови, без никаква контрола и финансиска дисциплина. Дополнителна загриженост предизвикуваат и фактурите кои, според презентираните информации, се ...

Во половина мандат, кај половина од ветувањата кои ги дала Владата напредок има, а едно од пет се целосно реализирани. Ова го покажуваат резултатите од новата анализа спроведена од Институтот за економски истражувања и политики -Finance Think, во соработка со Младинскиот образовен форум, Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонското лекарско друштво. Распределени во пет клучни области: образование, здравство, социо-економски ...

На Македонија и следи период без дождови што ќе придонесе до зголемен ризик од суша. Со летното сонце пристигнаа и високите температури, а со тоа се намалува и појавата на поројни дождови. Од УХМР најавуваат уште едно во низата на надпросечно топли лета, но и посушни од многугодишните просечни вредности. Ова се очеува особено во месецот август. „Според анализите за летото 2026 се очекува температурите да достигнат надпросечни вредности на ...

Целосна дигитализација на банкарските услуги и унапредување на искуството на клиентите се во фокусот на новото стратешко партнерство меѓу Стопанска банка и Мастеркард. Тие најавуваат нова етапа во развојот на современи платежни решенија на македонскиот пазар кои ќе бидат во чекор со светските трендови. Очекувањата се дека до 2030 бесконтактното плаќање целосно ќе ја замени употребата на платежни картички. Ние веќе сме во процес на изработка ...

По 40 години, Општата Болница во Струмица е реконструирана и модернизирана. До крајот на август треба да привршат активностите околу доопремувањето, по што, од почетокот на септември, објектот ќе биде целосно пуштен во употреба. Во објектот кој ќе опслужува над 200.000 граѓани не само од Струмица, туку и од околните општини, се инвестирани над 4,5 милиони евра. Како што истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид на ...

Меѓународна ликовна колонија се одржува во скопското село Љубанци. Ликовната манифестација се одржува во континуитет 16 години, со учество на 15 ликовни уметници од Македонија, Република Бугарија и Република Србија, соопшти општината Бутел. Ликовната колонија е збогатена и со учество на 40 ученици од основните училишта од општина Бутел. Локалната самоуправа секоја година го поддржува овој настан и вложува во развој на културата. Вредните дела ...

„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација на Народната банка, Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската комора во Македонија. На настанот се ...

Благо покачување на каматните стапки кое ќе биде минимално и постепено. Вака дел од банкарите најавуваат дека ќе реагираат деловните банки, откако вчера Народната банка реши да ја зголеми основната каматна стапка. Покачувањето од 0,25 процентни поени од 4 на 4,25% за нив не е изненадување, туку очекуван потег по сигналот на Европската централна банка која го направи тоа претходно. „Зголемувањето на каматните стапки преку банките ќе биде многу ...

Повеќе проекти за справувањето со отпад, помагање на лицата со попреченост, подобрување на зелените бизниси и поголема соработка со инстутуциите- се барањата од невладините организации за социјално претприемништво. Овие проекти ќе се реализираат со вклучување на младите од целата држава кои сакаат да придонесат за решавање на проблемите во општеството. За таа цел во овие проекти се вклучени 1000 млади луѓе од целата држава од осум плански ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека в петок и в сабота треба да се одржат средбите со коалициските партнери од „Вреди“ и ЗНАМ, на кои ќе се разговара за најавената владина реконструкција. Како што изјави денеска Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, соработката на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ продолжува како досега. – В петок и в сабота се закажани средбите со коалициските партнери од „Вреди“ и ЗНАМ. Инаку, сега не сме пред избори, ...

Четири нови современи возила денеска доби подружницата на АД Пошта во Штип, со кои се очекува да се подобри услугата кон граѓаните и да се олесни работата на возачите и поштарите на терен. Генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши изјави дека возилата се опремени со современа опрема и ги исполнуваат потребните стандарди за безбедно и ефикасно извршување на поштенските услуги. -Ние како подружница одлучивме од вкупниот број на возилата, ...

Неексплодирани гранати биле пронајдени во општина Могила. Како што соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи, денеска во 9:25 часот во Секторот за внатрешни работи – Битола било пријавено дека во атар на село Дедебалци, на место викано „На претерот“, општина Могила, пронајдени биле две неексплодирани гранати. – Местото е обезбедено, а гранатите денеска ќе бидат подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – ...

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, и директорката на Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“, Александра Јаковчевска, потпишаа меморандум за соработка насочен кон унапредување на инклузивното образование и подигнување на свеста кај учениците од основните училишта за лицата со оштетен вид. Во рамките на соработката, соопштија од Општината, предвидена е реализација на едукативна кампања наменета за ...

Пријава за починато лице на место викано „Пољана“ во кривопаланечкото село Огут од јавната здравствена установа во Крива Паланка била евидентирана вчера во 13 часот во полиција. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј., 52-годишник од Крива Паланка, вработен во „ЕВН“, кој починал додека извршувал работни задачи. – Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен ...

Новото крило на ЈЗУ Општа болница – Струмица, чија изградба почна пред речиси четири децении, се очекува целосно да биде ставено во функција од почетокот на септември. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на болницата, до крајот на август треба да заврши последната фаза од доопремувањето на објектот. Мицкоски посочи дека завршувањето на овој проект е дел од пошироките инфраструктурни планови во здравството, ...

И по осум години од Преспанскиот договор којшто требаше да биде последниот услов, Македонија е далеку од вратата на ЕУ. Овој договор не ја приближи Македонија кон европското семејство, напротив ги разгори шовинистичките апетити на останатите Балкански земји. Вака поранешниот амбасадор Ивица Боцевски коментира по осум години од потпишувањето на договорот во Преспа. Според него, со овој договор Македонија денес е уште позаглавена и ѝ се спори ...

Македонија влегува во нов инвестициски циклус во патната инфраструктура. Се модернизираат патиштата во источниот дел на државата. Неделава ќе биде објавен тендер за изградба на експресниот пат Радовиш – Струмица, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека проектот предвидува проширување и модернизација на постојната сообраќајница, која во иднина треба да обезбеди побрза врска кон граничниот премин со Бугарија. Паралелно со оваа ...

Она што го води денес СДСМ, партијата што го донесе преспанскиот договор, на отворена сцена испраќа пораки полни со конструкции и лаги, но факт е и не смееме да заборавиме дека тогашните евробирократи ни ветуваа дека ќе имаме големи придобивки од потпишувањето на тој договор – бесплатно и поквалитетно здравство, образование, повеќе за младите, веднаш ќе влеземе во НАТО, веднаш ќе ги почнеме и ќе ги завршиме преговорите, но ништо од тоа не се ...

Во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К., на возраст од 72 години од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Ова било пријавено во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Драчево, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13 часот, неговиот брат отишол на нивата и го пронашол под ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.88
46%
1014
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
2.68
54%
1015
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
1.21
49%
1016
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.77
69%
1015
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.83
73%
1013
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
1.82
93%
1018
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.02
34%
1013
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.64
57%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.93
70%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.47
63%
1014
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
0.89
39%
1015
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
5.69
58%
1015
Currency

61.635

Currency

53.9427

Currency

71.4348

Currency

37.7584

Currency

38.0841

Currency

66.7142

Currency

7.96045

Currency

0.72632

Currency

0.33383

Currency

0.52497

Currency

1.16039

Currency

0.57024

Сребро

1995.66

Цинк

0.00

Платина

52277.11

Иридиум

236307.99

Бакар

12.43

Рутениум

48965.59

Паладиум

39095.31

Алуминиум

3.25

Злато

132213.94

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Калај

55.25