Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Универзална сала ќе блесне со нов сјај. В понеделник ќе биде донесена одлука кој ќе биде изведувач на целосната обнова на овој значаен културен објект. По повеќе од една деценија Скопје ќе добие концертен простор по сите стандарди. „Едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација. Се информирав сабајле, комисијата веќе работи, веќе се во завршна фаза и дека во понеделник ќе треба да се донесе одлуката за избор.“– вели министерот ...
За програмата „Еразмус+“ за 2026 година на земјава ѝ е достапен буџет од 8,1 милиони евра од Европската комисија, најголем во изминатите 12 години откога Македонија е вклучена во оваа европска програма за образование и мобилност. На настан на Економскиот факултет при УКИМ, на кој Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) ги претстави програмските приоритети на „Еразмус+“ и на Европскиот солидарен корпус за 2026 ...
Блокада на Собранието од понеделник, најавува Сојузот на Синдикати. Велат дека пратениците требало да почувствуваат како им било на работниците кои секојдневно се возеле со автобус без да добиваат пари за патни трошоци. Барањата остануваат исти – минималец од 600 евра и линерано покачување на сите останати плати од 100 евра. Пратениците во Собранието ќе бидат први кои ќе ги блокираме. Тие не блокираат цела година го чуваат законот во фиока и ...
Справувањето со аерозагадувањето и воспоставување на модерен регионален систем за управување со отпад се двата клучни приоритети на кои ќе се фоксуира Министерството за животна средина и просторно планирање. На денешниот брифинг со новинарите министерот за животна средина и просторно планирање Муамед Хоџа најави „нула толеранција“ за загадувачите и имплементација на новиот Закон за контрола на емисии. -Во справувањето со аерозагадувањето ...
Во организација на Министерството за здравство денеска се одржа конференција со наслов „Партнерство за здравство“, посветена на стратешките приоритети на здравствениот систем и идентификуваното портфолио на проекти за партнерска поддршка. На настанот присуствуваа претставници од бизнис-секторот, странски компании и меѓународни организации, како и амбасадори и претставници на дипломатскиот кор – се вели во соопштението од Министерството за ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во целост се искористени ваучерите од 15.000 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. – Вкупниот број е целосно искористен што особено нè радува, ова првпат се случува. Интересот беше навистина изненадувачки за нас, ние ветивме дека сите студенти, без разлика дали се од приватните или од државните универзитети, ќе бидат ...
Министерството за здравство соопшти дека е во постојана координација со Фондот за здравствено осигурување и стручните здруженија за унапредување на примарната гинеколошко-акушерска заштита откога Здружението на приватните гинеколози и акушери денеска предупреди за сериозни проблеми поради недефинирани стандарди и нејасни договорни обврски. Од ресорното министерство нагласуваат дека упатствата базирани на докази континуирано се ревидираат, а ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, денеска оствари средба со словенечкиот амбасадорот во земјава, Грегор Прескер, на која била реафирмирана континуираната поддршка од Република Словенија за Македонија во процесот на европска интеграција. Како што соопшти Министерството за европски прашања, амбасадорот Прескер ја истакнал подготвеноста на Амбасадата и на словенечката држава за продолжување на ...
Завршено е тестирањето, калибрацијата и верификацијата на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор во рамки на проектот „Безбеден град“ во Куманово, информираа на денешната прес-конференција од СВР Куманово. Оттаму наведуваат дека во иднина е предвидено надоградување на системот и поставување на нови камери и функционалност на камерите за детектирање на сообраќајни прекршоци. -Доколку граѓанинот смета дека не го сторил прекршокот има ...
Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините, изјави денеска денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по објавувањето на програмските приоритети за 2026 од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус+“ на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За набавка на автобуси ќе се користи кредит со рок на отплата ...
Бројот на пациети со ретки болести во Македонија се зголемува,дијагностицирањето бара време,а државата кубури со лекови чија набавка трае долго. Поради обемните бирократски процедури,пациентите со месеци остануваат без потребната терапија. Шокатна е информацијата дека повеќето од пациентите се деца,кои прерано го завршуваат животот. Докторите со предлог, дел од сретствата кои ќе се соберат од сообраќајните прекршоци и паричните казни, да одат ...
Наставниот и ненаставниот кадар од академската фела во земјава, кој веќе трета година е синдикално организиран, задоволен од досегашното синдикално делување. Неодамнешното формирање на синдикатите и потпишувањето на колективните договори, ги даваат првите резултати. Платите и условите за работа, сега се креираат транспарентно и во согласност со реалните можности во оваа сфера, со следење на европските принципи каде вработените се ...
Со донаторската вечер „Конци на светлината“ (Threads of Light), која се одржа синоќа, официјално беше одбележан почетокот на работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“ – иницијатива посветена на градење култура на грижа, правда и свесност и на системска поддршка за семејствата погодени од сообраќајни трагедии, се вели во соопштението од Фондацијата „Фросина Кулакова“. Настанот ги обедини уметноста, културата и јавната одговорност во една ...
Безбедноста на новинарите, за Министерството за внатрешни работи, е еден од врвните приоритети и е максимално посветено на ова поле. МВР информира дека во тек е постапката за формирање национален комитет за заштита на новинарите, кој ќе биде системско унапредување на медиумската слобода и нивната безбедност. Од МВР посочуваат дека целта на комитетот ќе биде: да обезбеди координација помеѓу институциите, медиумските организации и граѓанскиот ...
Европската комисија за следната недела закажа состанок со министрите од шесте земји од Западен Балкан за прашањата што ги иницираа камионџиите од регионот, кои изминатите денови ги блокираа граничните премини кон шенген-зоната, најави денеска портпаролот на ЕК за внатрешни работи, Маркус Ламерт. – Свесни за загриженоста што ја изразија транспортните оператори од Западен Балкан, внимателно ја следиме ситуацијата и во контакт сме со нашите ...
На денот на стапување во сила на законите, Алијансата за Албанците поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на законските решенија што се дел од пакетот „Safe City“. Абидин Абдули, адвокат ангажиран од Алијансата за Албанците, изјави: „Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот ‘Safe City’ ќе бидат оспорени пред Уставниот суд на денот на нивното стапување во сила. Овие иницијативи ги поднесовме ...
Поднесено е обвинение против 13 полициски службеници – четворица началници и девет полицајци, кои спроведувале акциска контрола во дискотеката „Пулс“ во Кочани вечерта на 16 март минатата година кога се случи пожарот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Тие, како што информираа денеска на брифинг во ОЈО ГОКК со предметната јавна обвинителка Ивана Алексова-Трајчева, се обвинети дека како соизвршители сториле кривично дело тешки ...
Со одлука на Советот на Општина Велес, донесена на вчерашната седница, од 1 февруари годинава се зголемува цената за престој на деца во Општинската јавна установа за деца – Детска градинка „Димче Мирчев“. Месечниот надоместок се зголемува од досегашните 1.490 на 1.990 денари. Со одлуката е предвидено висината на надоместокот во иднина да се усогласува еднаш годишно, согласно трошоците за живот и просечно исплатената плата на сите вработени во ...
Во организација на граѓански здруженија, вечер во Брисел ќе се одржи протестен собир насловен „600 дена – без влада“, на кој ќе се изрази незадоволство од неможноста на регионалните политичари да постигнат договор за формирање нова влада. Ова е седми протест во последните месеци, откако досегашниот посредник во напорите за формирање влада во вторникот го врати мандатот. Во организација на граѓански здруженија, вечер во Брисел ќе се одржи ...
Најмалку 85 луѓе загинаа во САД, од Тексас до Њу Џерси, поради снежната бура и екстремно ниските температури кои се спуштија до минус 40 степени. Половина од смртните случаи се пријавени во Тенеси, Мисисипи и Луизијана, дел поради хипотермија, а дел поради изложеност на јаглерод моноксид при користење на извори за топлина во области без струја. Повеќе од 230 илјади домови и претпријатија останаа без струја, а најголем број прекини се бележат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин се согласил Русија да не го напаѓа главниот град – Киев и другите градови во Украина, поради рекордно студеното време. Температурата во Киев е под нулата, а следната недела се очекува студен бран со температури до минус 20 степени. Американскиот претседател најави голем напредок во трилатералните мировни преговори, во кои учествуваат двете страни во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека датумот или местото на одржување на следната рунда преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, би можеле да бидат променети. „Според наше мислење, нешто се случува во ситуацијата меѓу Соединетите држави и Иран, и тој развој на настаните веројатно би можел да влијае на времето на состанокот“, рече Зеленски. Новата рунда преговори, според најавите, требаше да се одржи во Абу ...
Индустриското производство останува еден од носечките сегменти на македонската економија. Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во декември 2025 година е зголемено за 2,3 проценти во споредба со декември лани. На годишно ниво, во 2025, во однос на 2024 година, индустриското производство бележи раст од 1,9 проценти. Најголем придонес за декемврискиот раст има зголеменото производство на прехранбени производи, ...
Кавадаречкиот гигант, поранешниот комбинат „Фени“, повторно ќе се активира, најави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Компанијата „Голден Игл“ – поранешно „Фени“, во првата фаза ќе врати на работа 170 работници, по што следува втора фаза со вклучување на дополнителни 500 луѓе, напиша Јанчев во објава на Фејсбук. Градоначалникот подвлече дека во април бил планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе ...
Судијата Садула Изаири од Основниот суд во Тетово освои најмногу гласови на непосредните избори за член на Судскиот совет од редот на судиите – припадници на етничките заедници, кои се над 20 отсто во Македонија. За Изаири гласале 179 судии од вкупно 390 кои го искористиле правото на глас. Во трката за место во Судскиот совет беа уште петмина кандидати: Африм Јакупи од Апелацискиот суд – Гостивар; Улбер Хасани, судија во Основниот граѓански ...
Здружението на приватни гинеколози и акушери бара јасни и институционално уредени правила за тоа кои услуги и во кој обем се покриени преку државната квота. Реакцијата доаѓа по изјавата на директорот на Фондот за здравство, Клековски, дека кај половина од матичните гинеколози биле утврдени неправилности, односно наплата за услуги кои требало да бидат бесплатни. Од здружението посочуваат дека ваквите состојби се резултат на нејасни одредби во ...
По повеќе од две и пол децении под лупа, Македонија конечно излезе од постмониторингот на Советот на Европа. Парламентарното собрание во Стразбур со резолуција оцени дека државава направила напредок во демократијата, владеењето на правото и човековите права, а од сега ќе се следи како и другите земји-членки, преку редовен механизам. Во резолуцијата се нотира напредокот во клучните демократски стандарди и се признава политичката волја за ...
Дипломатската офанзива на македонската Влада кон Брисел дава резултати. По денови блокади на товарните премини, сообраќајот се нормализира, а премиерот Мицкоски најави дека државата е на чекор до изнаоѓање на трајно решение за проблемите на транспортерите. Заедно со вицепремиерот Николоски, изминатиот период правеа напори за изнаоѓање на решение за проблемот кој беше наследен од претходните влади, а преку средби со високи челници на ...
В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што нагласи Љутков, едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација. – Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза. Одлуката за избор ќе биде донесена в понеделник, информира министерот, одговорајќи на новинарски прашања ...
Извештајот за спас на Охридското езеро е пратен во УНЕСКО, потврди денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што изјави Љутков, одговор за тоа дали ќе бидеме ставени на Листата на светско наследство во опасност може да се очекува во јуни, кога треба да се одржи следната сесија на УНЕСКО во Јужна Кореја и на се мора да бидеме подготвени. Министерот оцени дека ситуацијата со Охрид и Охрдиското езеро не е ваква од сега, туку се ...