Во општина Делчево започна реализацијата на инфраструктурни проекти значајни за подобрување на условите за живот на граѓаните, информираше градоначалникот Иван Гоцевски. Тој изрази задоволство од динамиката и квалитетот на градежните активности во населбата „Пролет“, каде во тек е интензивна изградба на неколку улици. – Денес извршив увид на улицата „4в“, како и на делови од улиците „1“, „3“ и „5“, во вкупна должина од 420 метри. Очекувам со ...

Штип од утре до недела ќе биде домаќин на второто издание на „Shtip street food festival“. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ граѓаните ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма и да дегустираат храна од повеќе светски кујни. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека се очекува добра посетеност, одлична забава и фестивалот да продолжи да се развива како традиционална манифестација, која ќе ...

Овластени службени лица од Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), по наредби на судија на претходна постапка и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), денеска извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје. Како што соопштија од Управата за финансиска полиција, акцијата е резултат на ...

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ), Општина Лозово и Здружението на жени од Лозово денеска во Лозово организираа регионален настан како работна платформа за едукација и вмрежување на занаетчиите и граѓанските здруженија од целиот регион. Како што соопшти НАЕОПМ, настанот, организиран во соработка со здруженијата на жени од Велес, Свети Николе и Градско, на уникатен начин ги спои занаетчиството и ...

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на гостувањето на една од националните радиа, порача дека Македонија денес е побезбедна и економски постабилна држава сега, отколку пред две години. Тој се осврна на економските показатели, борбата против криминалот и корупцијата, евроинтегративниот процес и дипломатските активности на Владата, оценувајќи дека актуелната власт постигнува резултати во повеќе клучни области, се вели во ...

Партиски делегации предводени од лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски в сабота ќе имаат средба во врска со најавената реконструкција на Владата. Министерот за јавна администрација Горан Минчев, кадар на ЗНАМ, изјави дека на таа средба ќе сакаат да дознаат за каков опфат се работи со реконструкција на Владата, затоа што, рече, кога се разговара за реконструкција граѓаните мислат ...

Освен железничката и патната инфраструктура, врвен приоритет е и енергетиката. Тука работите се движат солидно, што отвора многу потенцијали. За плановите на Владата, проектите, но и последниот потег со заштитата на македонскиот рубин, во вестите ја вклучуваме Тања Попова, која ќе разговара со министерката Сања Божиновска. Освен железничката и патната инфраструктура, врвен приоритет е и енергетиката. Тука работите се движат солидно, што ...

Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Владата на презентацијата на националниот проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Тој информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог-измени на ...

Владата почнува со оптимизација на училишната мрежа, која е неопходна. Со помош на УНИЦЕФ се прави обид да се спроведе во изминатите седум години, но никој не ја почнал. Нема отпуштање наставници, туку само прераспределување на часовите за сите да имаат оптимален број. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на прашање на претничката Даниела Николова од СДСМ на собраниска седница. – Независниот ...

Јасна е посветеноста да се развива инфраструктурата во регионот и јасно се поставија принципите и правилата дека заеднички ќе вложуваме во изградбата на железничкиот Коридор 10 – порача заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при учеството на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што се одржува денеска во Солун. За таквата посветеност, како што рече, ...

Иако овие две години се вратени 4,6 милијарди евра стари долгови, државата, сепак, проектира економски развој, буџетот се полни со предвидената динамика, а долгот е намален како процент од БДП. Воедно, се справивме и со најголемата енергетска криза во поновата историја – вели премиерот Христијан Мицкоски. Во интервју за „Каде се парите“, Мицкоски нагласи дека Владата успешно се справи со најголемата енергетска криза во поновата историја на ...

Унапредувањето на регионалната соработка, со посебен акцент на реализацијата на заедничките инфраструктурни проекти, кои ќе придонесат за забрзан економски раст, подобра поврзаност и зголемена конкурентност на регионот, беа во фокусот на денешната средба помеѓу заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, со министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Република Србија, Александра Софрониевиќ, ...

Во Домот на културата во Македонска Каменица денеска се одржа првата презентација на проектот „Енергетско ефикасни домови“, што општината го реализира во партнерство со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“. Како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, со проектот започнува процес насочен кон подобрување на условите за домување, зголемување на енергетската ефикасност и намалување на трошоците за енергија за граѓаните. ...

Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информира дека поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат следниве патнички возови: На релација Скопје – Гевгелија: 611 (06.20) и 631 (16.55); На релација Гевгелија – Скопје: 630 (04.30) и 632 (17.02); На ...

Раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство се во обид да се формира меѓународен синдикат, односно синициран заем од неколку реномирани меѓународни финансиски институции, од што зависи иднината на проектот за градба на двете хидроцентрали „Чебрен“ и „Галиште“. Според досегашните информации, тие обиди се успешни – вели премиерот Христијан Мицкоски. – Сè уште немаме потврда, сè уште немаме почеток на ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на министерскиот самит во Солун оствари билатерална средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Косово, Димал Баша. Како што стои во соопштението на Министерството, на средбата било разговарано за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и за реализацијата на заеднички регионални инфраструктурни проекти од ...

Инвестициите не носат само нови поврзувања, тие го редефинираат начинот на кој Европа се гледа себеси и својата позиција во светот – порача Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница на отворањето на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што се одржува денеска во Солун. Како што посочи Закоњшек, транспортот не се состои само од инфраструктурата и не се ...

Од денеска до средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност, соопшти УХМР. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Утринските температури ќе се движат во интервал од 8 до 19 степени, а масималните дневни ...

Во услови кога се соочуваме со сериозни случаи на насилство, не треба да биде во фокус дали некој ќе остане министер, туку како институциите ќе придонесат за нивно спречување – изјави министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата. Тој нагласи дека сегашните општествени состојби бараат целосна посветеност од сите носители на јавни ...

Политичката посветеност на Грција за поддршка на ЕУ перспективата на Западен Балкан, но и практична поддршка преку експертиза за неопходните реформи, се главните цели на посетите на регионот на министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, како што информираше портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите. Шефот на грчката дипломатија, турнејата во регионот ја започна минатиот петок со ...

Петнаесет милиони евра е новата инвестиција на компанијата „Пурпласт“ во ТИРЗ 2 во Скопје со која ќе се отворат до 200 нови работни места. За оваа инвестиција денеска беше остварена средба меѓу директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Гоце Димовски и извршниот директор на Пурпласт, Мехмет Шишманоглу. Димовски оценил дека новата инвестиција претставува значаен чекор во понатамошниот развој на компанијата и дека таа е уште една потврда за довербата ...

Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. – Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел изјави дека државата со засилено темпо инвестира во развојот, модернизацијата и опремувањето на Армијата, со цел унапредување на националните одбранбени капацитети и исполнување на НАТО-стандардите. – Силно сме посветени на развојот на националните одбранбени капацитети, кои се составен дел од колективната одбрана на алијансата. Тоа е евидентно преку ...

Македонија ќе настапи со досега најбројна делегација од околу 130 учесници на претстојните XX Медитерански игри што ќе се одржат во Таранто, Италија, од 21 август до 3 септември, при што нашите спортистите ќе се натпреваруваат во повеќе екипни дисциплини. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, на денешната прес-конференција нагласи дека очекува силен настап и конкурентен резултат. – Мислам дека имаме до сега ...

Бројот на умрените лица во 2025 година е 20.287 лица, што претставува зголемување од 0,4 % во однос на 2024 година. Поголем број умрени лица, т.е. 10.498, се од машки пол наспроти 9.789 жени. Умрени доенчиња се 62, а нивното учество е 0,3 % на 100 умрени лица – покажуваат податоците за морталитетот на Државниот завод за статистика. Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2.002, се регистрирани во јануари, а најмалку – 1.506, во април. ...

Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива, посочи портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на ЕЕС системот и евентуалното исклучување на државјани на одредени трети земји од европската регулатива што предвидува биометриска регистрација. Зохиу објасни дека конкретната регулатива е на Европската Унија, а со тоа е и ...

Државната компанија АД ЕСМ веќе нема целосно да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Следната година, наместо досегашните 100 проценти, ќе обезбедува најмногу 70 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова, како што рече денеска министерката за енергетика, Сања Божиновска, е последната обврска од реформската агенда. Сите останати се исполнети. Според Божиновска, со оглед на ...

Панел-дискусијата „Крводарителството како стратешки сегмент на здравствениот систем“ беше одржана денска во Скопје, посветена на унапредувањето на крводарителството и неговото значење за стабилен и одржлив здравствен систем. Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити во обраќање пред присутните зборуваше за важноста на крводарителството, за спасувањето животи. Саити информираше дека во текот на 2025 година биле ...

Дебатата што се одржа во Европскиот парламент за Извештајот за Македонија и пораките што ги упатија европратениците претставуваат јасна потврда дека европската перспектива на нашата земја е жива, реална и остварлива – стои во соопштението од ВРЕДИ. Вреди го оценува како особено важна пораката на известувачот за Македонија, Томас Вајц, дека нашата земја има потенцијал и капацитет да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија. ...

Генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска, денес оствари средба со генералниот секретар на Парламентот на Република Литванија, Алгирдас Стончаитис, со делегација од Службата на парламентот, во рамките на нивната работна посета на Собранието. На средбата присуствуваше и амбасадорката во Канцеларијата за врски на Литванија во Скопје, Вилма Дамбраускиене. Беше изразено задоволство од традиционално добрите и пријателски односи меѓу ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.53
35%
1019
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
3.71
58%
1019
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.6
46%
1022
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
3.61
50%
1019
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
1.24
42%
1019
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 29ᴼ
1.03
54%
1022
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
7.15
35%
1016
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
3.61
34%
1018
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.13
34%
1018
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
4.47
55%
1019
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 30ᴼ
2.24
46%
1019
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
6.5
39%
1018
Currency

61.645

Currency

53.73

Currency

71.1667

Currency

37.6517

Currency

37.8978

Currency

66.5171

Currency

7.93737

Currency

0.7351

Currency

0.33273

Currency

0.52564

Currency

1.1566

Currency

0.56948

Злато

134937.98

Платина

53756.05

Сребро

2121.92

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Бакар

12.75

Алуминиум

3.39

Кобалт

45.39

Паладиум

40284.89

Калај

53.40

Родиум

257205.97