Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Три пациенти за кои се сомнева дека се заразени со хантавирус се евакуирани од крузер и се на пат кон Холандија, изјави денес генералниот директор на Светската здравствена организација. Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека здравствената агенција на ОН соработува со операторот на бродот за внимателно следење на здравјето на патниците и екипажот. „Во оваа фаза, вкупниот ризик за јавното здравје останува низок“, напиша тој на ...
Двајца шеснаесетгодишници се сомничат за кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“ поради тоа што физички нападнале врсник. Министерството за внатрешни работи информира дека еден од шеснаесетгодишниците му се заканувал на врсникот и со автоматска пушка. – СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од с.Шипковица, тетовско и 16-годишник од с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ...
Две дипломи на Славјанскиот универзитет се поништени, има многу нерегуларности – од полагање 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции на четири ЕКТ-системи, од еден предмет на четири ЕКТ-системи, признаени два по седум ЕКТ-кредити и диплома од 2016, на која има печат со Македонија. Вие знаете дека тогаш ние го имавме нашето омилено име. Името е променето во 2018 година – изјави денеска министерката за образование и ...
Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика. Во време кога секој мегават-час е важен, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем, кој ни ја носи потребната флексибилност. Тој им овозможува на нашите компании да реагираат во реално време – да ги коригираат своите енергетски потреби на само неколку часа пред испораката, да ги намалат трошоците за дебаланси и поефикасно да управуваат со своето производство и ...
Идејата на Фондот за здравство за продолжено породилно отсуство од 12 месеци предизвика бран позитивни реакции во јавноста.Граѓаните се погласно ја поздравуваат оваа мерка за која надлежните сериозно размислуваат, оценувајќи ја како историски чекор во поддршка на семејството и мајките. Mинистерот за социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани, вели дека на маса се сите опции на таа тема и се разгледува дали таква мерка ќе може да се ...
Во Средното општинско училиште „Миле Јаневски-Џингар“ денеска беше успешно реализирана тактичко-показна вежба на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица, посветена на евакуација, спасување и гасење пожар. Преку симулација на реална ситуација, припадниците на ТППЕ ја демонстрираа својата подготвеност, брза реакција и висок степен на координација, потврдувајќи ја професионалноста и посветеноста во заштитата на ...
Европската интеграција останува стратешки приоритет на државата. Нашата амбиција е јасна – полноправно членство во Европската Унија, истакна денеска министерот за европски прашања Беким Сали на конференцијата „30 Години на европскиот пат: Македонија – Европска унија – следни чекори“, што се одржа во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет на УКИМ. По завршувањето на скрининг процесот, тој нагласи дека фокусот е ставен ...
Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за шверцување медицински препарати штетни за здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде што се пронајдени шверцувани непроверени дермални филери и други медицински производи што се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела кај клиенти – соопшти Царинската ...
Куманово, по шести пат ќе биде дел од акцијата „Генералка викенд“, информираа денеска надлежните од општината. Како што наведуваат почетокот на акцијата е закажан за 8 мај, годинава (петок) со почеток во 10:00 часот на просторот пред градскиот базен, спортската сала и долниот дел на градскиот кеј. -Претставници на Одделението за животна средина при Општина Куманово, во соработка со организацијата „Man and mountagne LLC“ – Австрија и поддршка ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ денеска одржаа дискусија на високо ниво насловена како „Инвестирање во децата – унапредување на човечкиот капитал, вработувањето на жените и инклузивниот раст“. Во анализата на УНИЦЕФ се вели дека и покрај реформите во социјалната заштита, скоро една третина од децата во Македонија – околу 120.000 деца остануваат во ризик од сиромаштија, стапка што е значително повисока од ...
Американско-македонскиот клуб за културна размена, иницијатива на Општина Пехчево, го заокружи своето седуммесечно функционирање, оставајќи значаен белег во образовниот и културниот развој на младите во општината. Проектот, целосно финансиран од локалната самоуправа, се реализираше во рамки на ООУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево, со поддршка на партнери и волонтери од повеќе институции. -Неговата цел беше да го поттикне учењето на англискиот јазик ...
Со долг од над 1,5 милиони денари и секој месец работа со загуби јавното претпријатие за паркинзи „Еко Струга“ функционирало како приватна компанија на поранешното раководство, истакна на денешната прес-конференција директорот на институцијата Абдуљади Шазиманоски. Кога ја презел функцијата вршител на должност директор, истакна дека претпријатието било во многу тешка состојба. – Немаше систем и правилник за работа. Имаше вработени чии работни ...
Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблиску до таа цел отколку што мислиме. Сметам дека е потребно малку прагматизам и политичко обединување – изјави евроамбасадорот Михалис Рокас на конференцијата „30 години на европскиот пат: односите Македонија – ЕУ и патот напред“, во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. – Во изминатите 20-25 ...
Јасно ми е дека партиите се плашат од избори – но предвремени избори нема да има – ова го порача денеска премиерот Христијан Мицкоски по реакциите на дел од политичките партии дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува терен за предвремени избори. Според Мицкоски , оваа година Владата е посветена на реформи и консолидирање, изборите се предвидени за 2028 година, а неговата партија како што вели првиот човек на Владата е секогаш подготвена на избори. „Има ...
Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад, го селектираат и складираат во повеќе компостери во дворот на неготинската гимназија и од него ќе прават ѓубриво за ѓубрење на јавни зелени површини. За ова денеска информираа од тимот што го спроведува проектот „Еко-печурка компостери: Иднината на циркуларна економија“. Во проектот се вклучени над 40 средношколци. – Примерот со овие младинци од Неготино говори дека има млади кои не ...
Десет претстави во официјалната конкуренција и уште четири во придружната програма, тркалезни маси, автор во фокусот, работилници, театар за деца, изложби ќе понуди јубилејниот 60-ти македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува од 5 до 12 јуни во Прилеп под мотото „Храбриот нов театар“, беше соопштено на денешната прес-конференција за програмата на Фестивалот. Претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија ...
Ќе им се суди на четирите малолетнички кои се изживуваа и брутално го малтретираа 13 годишното девојче кај вовчето во скопската населба Ѓорче Петров. МВР им поднесе кривични пријави за основано сомнение дека сториле насилство, а од Обвинителство информираат дека јавен обвнител веќе постапува по пријавите. Малолетничките, од кои една на возраст од 17 и три на возраст од 14 години, во два одвоени настани, учествувале во дејствија на насилство ...
Возач на камион – државјанин на Македонија, загинал вчера во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Хрватска, во подрачјето на општина Доњи Андријевци, јавија хрватските медиуми. Несреќата се случила нешто по 14 часот, кога камион излетал од патот, ја пробил централната метална заштитна ограда, удрил во два столба за улично осветлување и преминал на спротивната лента. По судирот избувнал пожар, а камионот целосно изгорел, заедно со возачот, ...
ИНИ започна со иницијативата „Дијалог за историја и стратегија“. Во организација на Институтот за национална историја, започна иницијативата насловена „Дијалог за историја и стратегија“. Целта се разговори за клучни историски настани кои го оформуваат денешното живеење и тензиите со кои се соочува општеството. ИНИ започна со иницијативата „Дијалог за историја и стратегија“. Во организација на Институтот за национална историја, започна ...
Во 2024 година, 29,5 проценти од децата во Македонија биле изложени на ризик од сиромаштија. За да се намалат бројките, неопходно е да се направат промени во делот на паричната поддршка на семејствата, укажуваат од УНИЦЕФ. Зголемените трошоци за живот и недоволното усогласување на паричните надоместоци ја намалуваат нивната вредност. Министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, посочи дека секое трето дете во Македонија живее во ризик од ...
Сопственичка на салон за убавина со уште две лица се осомничени за криумчарење филери и други препарати за убавина. Царината препаратите ги открила во комбе на граничниот премин Табановце, завиткани во чаршав. Комбето кое ги превезувало 535те вијали, односно шишенца со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг. било под постојан надзор на мобилен царински тим. Од граница, комбето продолжило да се движи до местото ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска и утре, престојува во работна посета на Република Словачка на покана на министерот за финансии, Ладислав Каменицки. Во рамки на посетата, информираат од нејзиниот Кабинет, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата министри, како и билатерални состаноци на делегациите и средба на државните секретари во министерствата за финансии на двете земји Андриана Матлиоска од македонска ...
Со тропање на берзанското ѕвонче и официјално стартува тргувањето со струја во тековниот ден. Се работи за пазар на електрична енергија по принципот тргување во реално време, а не ден однапред како што беше пракса досега. Тоа значи дека во даден момент на оваа берза ќе се среќаваат продавачите и купувачите на струја од земјава и странство. Надлежните велат дека со ова се стабилизира системот на струја. Надлежните сметаат дека ова е само ...
И официјално почна пазарот за електична енергија. Директорот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, на настанот на официјалното почнување на пазарот ден однапред порача дека денеска не се отвара само нов пазар, туку се отвара нова енергетска перспектива за нашата држава. Перспектива што значи стабилност, што значи доверба и што значи развој. На отворањето на пазарот на електрична енергија во организација на МЕМО присуствуваат претседателот на Владата, ...
При увидот на Јавното обвинителство во опожарениот објект „Пулс“ во Кочани бил пронајден изгорен ресивер за активирање на пиротехнички уред, како и црн ранец марка „Најк Џордан“ во кој се наоѓале пластично куферче со два ресивера за активирање на пиротехнички средства, батерија од девет волти, марка Филипс и кеса со неискористено пиротехничко средство. Ова беше посочено денеска од страна на Јавното обвинителство при изведувањето на ...
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според најавите, во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски. Во ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска потпиша Меморандуми за соработка со шест високообразовни институции, со што се воспоставува нова рамка за институционална соработка меѓу Министерството и академската заедница. Кон крајот на минатата година, Министерството потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со чии професори и академски кадар веќе е воспоставена соработка. Меморандумите ...
Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. Во неа се запишани радоста и болката, копнежот и гордоста, истрајноста и вербата на многу генерации што создавале, чувале и оставале траен белег – истакнал министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчеравечер во своето обраќање пред концертот на Националниот џез-оркестар во Брисел во рамките на манифестацијата „Денови на ...
„Сејф сити“ ќе се става во функција град по град веднаш штом ќе бидат поставени камерите. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека статистиките покажуваат заштитени човечки животи откако се воведе„Сејф сити“, а и граѓаните го подджуваат. Камери веќе има имплементирано во Велес, сега се работи во Охрид и Струга каде до летната сезона треба да бидат поставени камерите. До крајот на годината целата тероторија на државата ќе ...
ДУИ повторно го пушти стариот филм на клевети бидејќи вистината премногу ги боли. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ им пречи Изет Меџити затоа што тој, заедно со народот, ги испрати во историјата и го скрши нивниот 20-годишен монопол на уцени, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцелариски сплетки и милувања од Али Ахмети. Тој го црпи својот легитимитет ...