Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Македонската репрезентација до 17 години одигра уште еден храбар натпревар во елитните квалификации за Европското првенство, но загуби од силната Франција со конечни 2-1 (1-1). Нашите надежи добро го отворија мечот и поведоа со прецизно изведениот пенал на Мартин Џангаровски во 22. минута, но „триколорите“ успеаја да возвратат само една минута подоцна, а стрелец на погодокот беше Ноа Луфунду. Во второто полувреме избраниците на селекторот ...
Искусниот кошаркар на Работнички, Роберт Рикиќ, зборуваше во пресрет на дерби-натпреварот од Суперлигата со МЗТ Скопје - меч кој е исклучително важен за сите во „црвено-белиот“ табор. МЗТ се соочува со проблеми со неколку повредени играчи, а Работнички бара победа која ќе го остави во игра за пласман во разигрувањето за шампионската титула. „Утре ни следува вечното дерби против МЗТ Скопје. Цела недела се подготувавме сериозно, нашиот тим е ...
Репрезентативката на Бразил, Катарина Макарио, премина од англискиот Челзи во американскиот Сан Диего, со што стана втора најплатена фудбалерка во светот. Бразилката Макарио ја изгради својата сениорска кариера во Европа, а сега првпат ќе игра во Соединетите Американски Држави, каде ќе добива плата од 1,6 милиони долари годишно. Што се однесува до примањата, рекордерка останува Тринити Родман, која потпиша тригодишен договор, вреден шест ...
Македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев зборуваше во пресрет на пријателскиот натпревар против Ирска, а воедно се осврна и на тешкиот пораз од Данска (4-0) во плеј-офот за Светското првенство. Дориев после подолго време доби повик во националниот тим и изјави дека поразот во Копенхаген останува во минатото, а сите репрезентативци се фокусирани на следниот меч против Ирска. „Одигравме солидно прво полувреме со Данска, но потоа, тој прв гол ...
Тренерот на кошаркарскиот клуб Работнички, Владимир Мирковски, пред дербито со МЗТ Скопје во Суперлигата најави голема борба против вечниот ривал, потенцирајќи дека ваквите натпревари се играат за чест и за историја. Работнички ќе има тешка мисија против актуелниот шампион на Македонија, но ќе се обиде да го искористи проблемот со повредени играчи кај „металците“ и ќе атакува на победа. „Ова не е само натпревар - ова е срце, страст и гордост. ...
Екипата на Шкендија Арачиново направи чекор назад во битката за промоција затоа што на домашен терен одигра без голови против Беласица во рамки на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Арачиновци пред својата публика имаа иницијатива и шанси, но не успеаја тоа да го материјализираат и да го претворат во гол. Од целата ситуација профитира Скопје, кој успеа со 2-0 да слави кај Вардар Неготино и да стане нов лидер на табелата. „Пиратите“ ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска на тренинг центарот “Петар Милошевски” ги продолжува подготовките за гостувањето во Даблин, каде на 31. март ќе се соочи со Република Ирска. Во пресрет на натпреварот, селекторот Гоце Седлоски се соочува со неколку предизвици, додека дел од одлуките околу почетниот состав од претходниот натпревар против Данска отворија и одредени реакции во тимот. Коњаспор и кинески Далиан, клубовите на Енис Барди ...
Селекторот Гоце Седлоски се осврна и на ситуацијата со Александар Трајковски и Бојан Миовски по натпреварот со Данска, потенцирајќи дека одлуките биле донесени исклучиво врз основа на натпреварувачката форма и тактичките барања. „Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за да одговори на барањата на ваков натпревар. Нашиот план беше, доколку има ...
Екипата на Еурофарм Пелистер до 18 години замина за Пореч, каде ќе го одигра турнирот од младинската Лига на шампиони. Битолчани како претставник на Македонија на европската сцена ќе играат полуфинале против дански Алборг. Натпреварот е закажан во понеделник со почеток од 12:00 часот во Спортската сала Затика во Пореч. Дел од играчите веќе имаат искуство од ова натпреварување од минатата сезона, кога генерацијата 2006 оствари пласман на Ф4 ...
Кошаркарот на битолски Пелистер, Андреј Митревски, го најави натпреварот од Суперлигата против Тиквеш, кој ќе се одигра на 29 март. Пелистерци сакаат победа на последниот домашен меч во регуларниот дел од сезоната, а тоа го потврдува и Митревски, кој очекува голема борба против незгодниот ривал од Кавадарци. „Тиквеш е квалитетен противник кој игра во особено добра форма на последните натпревари. Она што треба да сториме е да одиграме ...
Екипата на Маџари запиша ептен значајна победа во 21. коло од кошаркарската Суперлига, совладувајќи го Феникс 2010 со резултат 82-72, триумф со кој го потврдија местото во плеј-офот на шампионатот на Македонија. Иако формално беа гости, кошаркарите на Маџари практично настапија на познат терен во салата во Маџари, што очигледно им помогна полесно да се адаптираат и да ја контролираат играта во клучните моменти. Натпреварот започна во корист ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува меч против Ирска кој ќе биде од пријателски карактер, но селекторот Гоце Седлоски може да остане без повеќе опции. Клубовите од Европа овие дуели ги гледаат како безпотребни, па веќе испраќаат до ФФМ дописи за играчите да се вратат во клубовите назад, со цел да имаат подобра подготовка за обврските кои им следат. Еден од играчите кои се побараа назад во клубовите е Бојан Миовски. Ренџерс ...
Словенечката ѕвезда Лука Дончиќ продолжува со извонредни настапи во НБА лигата, но неговите индивидуални бројки очигледно не се доволни за врвот во трката за најкорисен играч на сезоната. Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс блесна во победата над Бруклин Нетс со 41 поен, осум скока, три асистенции и три украдени топки, но парадоксално, во исто време забележа пад на најновата МВП-листа. Иако до неодамна беше меѓу водечките кандидати, Дончиќ сега ...
Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се повлече од претстојниот мастерс турнир во Монте Карло, кој ќе се одржи следниот месец, пренесуваат светските медиуми. Ѓоковиќ веќе го пропушти и турнирот во Мајами, поради повреда на десното рамо, а очигледно дека сè уште не е подготвен за враќање на терените и продолжување со натпреварувачки ритам. Иако во последните години често прави селекција на настапите и знае да прескокне одредени мастерс турнири, ...
Кошаркарската јавност во Соединетите Американски Држави беше сведок на историски момент во НБА лигата, откако Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс заедно испишаа ново поглавје во најсилната кошаркарска лига на светот. Во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Бруклин Нетс со 116:99, дуото татко-син реализираше нешто што досега не било видено – прва асистенција меѓу татко и син во историјата на НБА. Во текот на втората четвртина, Леброн со ...
Крилниот напаѓач на Арсенал, Нони Мадуеке, се повреди на пријателскиот натпревар на Англија со Уругвај, додека Фил Фоден ќе биде подложен на медицински прегледи. Мадуеке мораше да го напушти теренот во првото полувреме кога беше заменет од Бовен, а по натпреварот беше виден како носи протези за коленото, што секако е загрижувачко за навивачите на Арсенал и Микел Артета. Покрај него, и Фил Фоден се повреди по остриот старт на Роналд Араухо. ...
Македонскиот фудбалер Леонард Жута доживеа сериозна повреда на последниот тренинг на Славен Белупо пред натпреварот против Осиек. Станува збор за повреда на предните вкрстени лигаменти, што претставува една од најтешките повреди во фудбалот. По направените медицински прегледи, потврдено е дека 33-годишниот лев бек ќе биде надвор од терените до крајот на актуелната сезона. Жута се повреди при еден од тренинзите во пресрет на домашниот дуел, по ...
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој во изминатите години се етаблираше како еден од најконстантните чувари на мрежата во Шпанија настапувајќи за Рајо Ваљекано, летото 2024 година направи трансфер во Валенсија како слободен играч. Во својата прва сезона на „Местаља“, Димитриевски беше во сенка на првиот голман Ѓорѓи Мамардашвили, а оваа натпреварувачка година ја започна како втор избор зад Хулен Агирезабала, кој ...
Ракометниот клуб Охрид се профилира како еден од најамбициозните проекти во македонскиот ракомет, откако минатото лето на клупата застана трофејниот српски стратег Борис Ројевиќ. Веќе во својата прва сезона, тимот познат како „гладијатори“ сериозно конкурира за врвот и се заканува да ја наруши доминацијата на традиционалната тројка составена од Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид. Клубот значително го засили ростерот со звучни имиња, меѓу ...
Аргентина ја победи Мавританија со 2-1, но главната приказна на натпреварот беше Лионел Меси. Навивачите и играчите на Мавританија сакаа фотка, автограм и дрес од легендарниот Аргентинец. Меси го одигра само второто полувреме и заработи овации по влегувањето во играта, а по крајот на средбата настана вистински хаос. Навивачите на Мавританија се упатија кон теренот околу фудбалскиот мајстор, кој мораше да биде опкружен со обезбедување за да го ...
Едните го измислија фудбалот, а другите беа првите светски шампиони во овој спорт. Дуелот меѓу Англија и Уругвај не е само обичен натпревар, туку судир на два народа кои живеат за фудбалот. Пријателскиот натпревар меѓу двете селекции на „Вембли“ повеќе личеше на финале, бидејќи Уругвајците отидоа предалеку со грубата игра, а по еден старт на Араухо, селекторот на Англија, Томас Тухел, збесна и се жалеше кај судиите, но и кај селекторот на ...
Еден од најдобрите германски ракометни клубови, Флензбург, зад сцената веќе работи на трансфер-пазарот и на доведување на нови ракометари за следната сезона. Познато е дека Симон Питлик од јуни 2027 година ќе се пресели во Фуксе Берлин, но според последните информации кои доаѓаат од Германија, овој трансфер може да биде реализиран уште по завршувањето на оваа сезона. Но, за тоа да се случи, треба да се поклопат неколку коцки. Наводно, ...
Светскиот шампион Аргентина славеше со 2-1 против Мавританија во пријателски натпревар одигран на „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес, но и покрај победата, домаќините оставија поделени впечатоци поради падот во играта во второто полувреме. Аргентинците доминираа во првиот дел и заслужено дојдоа до водство во 17. минута, кога Енцо Фернандез ја искористи одличната асистенција на Науел Молина и погоди за 1-0. Само петнаесетина минути подоцна, ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер по вторпат за две седмици триумфираше над Александар Зверев, сега во полуфиналето од Мастерсот во Мајами. Италијанецот победи со 6-3, 7-6/4 и со тоа го регистрираше својот единаесетти последователен триумф, но и 32 освоени сета по ред на мастерсите од 1.000 серијата. Вториот носител сега е на само едне триумф од тоа да стане првиот тенисер по Роџер Федерер во 2017 година што го комплетирал „Саншајн Дабл“. ...
На новиот стадион на клубот Интер Мајами беше откриена трибина која го носи името на легендарниот фудбалер Лионел Меси. Ова е ретка чест, особено бидејќи тој сè уште е активен играч, а клубот одлучи да му ја додели поради огромното влијание што го има врз тимот и успесите што ги донесе откако дојде во 2023 година. Меси стана најдобар стрелец на клубот со вкупно 82 гола, како и рекордер по асистенции (53), што само ја нагласува неговата ...
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ја освои пол-позицијата на денешните квалификации за Големата награда на Јапонија, третата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Италијанецот, кој пред две недели во Шангај стана најмладиот освојувач на пол-позиција во историјата, забележа уште еден триумф во квалификациите со време од 1:28,778 минути. Во борбата за пол-позицијата, Антонели беше подобар од својот клупски колега Џорџ Расел, кој ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс запишаа нова убедлива победа во НБА, и против Бруклин Нетс славеа со 116-99. Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ одново беше клучна фигура во редовите на „езерџиите“ постигнувајќи 41 поен со осум скока и три асистенции. По првото полувреме беше речиси изедначено, Лејкерс имаа водство од два поени (61-59), а Бруклин успеа да го следи темпото со тимот од Лос Анџелес во текот на третата четвртина (85-84). ...
Египетската фудбалска ѕвезда, Мохамед Салах, е на чекор да го промени клубот ова лето, откако најави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од актуелната сезона. По девет години во „црвениот“ дрес, Салах ќе стане слободен фудбалер, што значи дека ќе може да преговара со клубови без трансферна отштета. Ваквата ситуација веднаш ги „активираше“ шпекулациите околу неговата следна дестинација. Во Италија веќе кружат гласини дека италијанскиот ...
Властите во Монако решија да интервенираат со финансиска помош од 15 милиони евра за истоимениот кошаркарски клуб, кој се натпреварува во Евролигата. Оваа мерка беше преземена со цел да се обезбеди финансиска стабилност на клубот кој се соочува со големи финансиски проблеми. Средствата ќе помогнат за покривање на дел од трошоците и ќе ја олеснат финансиската ситуација на клубот, особено во период кога приходите од гледачи, спонзорства и ...
Додека трае војната во Иран, сè уште не е јасно што ќе се случи со фудбалската репрезентација и дали воопшто ќе учествува на Светското првенство, кое се организира во државата која изврши напад - САД. Иран избори учество на Мундијалот, но што ќе биде со тимот останува да се види, особено затоа што сите натпревари од групната фаза треба да се играат токму во Соединетите Американски Држави. Според моменталната состојба, репрезентацијата ќе ...