Најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, истакна дека тоа што ја држи водечката позиција на ВТА листата е резултат на напорната работа и добрите навики што ги гради во својата кариера. Таа вели дека високата позиција не е само статус, туку потврда дека „работи правилно“ и дека успешно се соочува со притисокот што го носи современиот професионален спорт. Белорусинката подолг период е меѓу најдобрите во светот, а оваа сезона ја минува ...

Во второто коло од групата А на Африканскиот Куп на нации, Мароко само ремизираше со Мали на стадионот „Принц Мулај Абдала“ во Рабат (1-1). И овој пат, Мароко се мачеше без Хакими (кого Килијан Мбапе дојде да го посети и да го гледа од трибите), напаѓаше повеќе, поведе, но пак не дојде до победата. Гасама ја допре топката со рака, откако ја погледна снимката судијата покажа на белата точка, а Брахим Диаз беше сигурен егзегутор за 1-0. Во 59. ...

Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд јавно изрази желба да ја продолжи кариерата во Барселона и по истекот на актуелната сезона, во која настапува како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед. Според неговите зборови, престојот во Каталонија му одговара и на спортски и на личен план. Рашфорд брзо се вклопи во системот на игра на шпанскиот гигант и со своите настапи покажа дека може да биде значаен фактор во офанзивата. Тој истакна дека амбиентот ...

Кошаркарот на Далас Маверикс, Ентони Дејвис, повторно се повреди и го очекува нова пауза, откако втора година по ред мораше да го напушти божиќниот натпревар поради повреда. Дејвис заработи повреда на препоните и од втората четвртина повеќе не влезе во игра, откако при еден контранапад се фати за ногата и со кривење се упати кон клупата. Таму му беше укажана лекарска помош, а потоа заедно со терапевтите замина во соблекувалната и не се врати ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа минимално во дербито на стартот на 18. коло во Премиер лигата против Њукасл Јунајтед (1-0). Средбата на „Олд Трафорд“ понуди добра и сигурна игра на домашните кои долго време диктираа темпо. Уште од стартот екипите тргнаа со отворен гард, а „ѓаволите“ беа поконкретни и се закануваа преку Доргу и Куња, додека на спротивната страна се обиде Марфи. Резултатот беше отворен во 24. минута, откако Патрик ...

Кошаркарите на Монако славеа во драматичниот натпревар против Реал Мадрид со 100-95 во 18. коло на Евролигата. Се одигра многу израмнет меч во кнежевството, а на крајот домашните стигнаа до основната цел, а тоа беа бодовите. Факундо Кампацо беше енигма за Монако, па тој со 28 поени го предводеше Реал низ натпреварот. Сепак, тоа не беше доволно за позитивен резултат. На спротивната страна се истакна Окобо со 22 поени, а 15 уфрли Мајк Џејмс, ...

Како дел од новогодишната традиција, претставници на Пелистер го посетија ЈУ Дом за Доенчиња и Мали Деца. Традиционално пелистерци донираа новогодишни пакетчиња за најмладите штитеници. Средбата помина во топла и празнична атмосфера, а насмевките на децата беа најголемата потврда за значењето на ваквите хуманитарни активности. Покрај донацијата, на средбата се разговараше и за унапредување на соработката меѓу двете институции во иднина. Како ...

Кошаркарките на Баскет Кам се пласираа на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски - Буштур“, откако славеа убедливо против екипата на Спорт Тим (89-47). Натпреварот во СРЦ „Кале“ во целост им припадна на фаворитките кои отворија одлично, ја добија првата четвртина со 28-9, а потоа до полувремето водеа со убедливи 54-21. Во продолжението предноста на Баскет Кам продолжи да расте, а во 25. минута достигна и огромни 40 разлика (69-29). До ...

Избегнат беше вистински хаос во „Штарк Арената“ во Белград по тешкиот пораз на Партизан од Макаби (87-112) во Еврлигата. Видно незадоволните навивачи довикуваа, навредуваа, па дури и фрлаа предмети кон теренот по натпреварот. Еден од оние кои беа на удар беше Тајрик Џонс. Американскиот играч кому еден од „Гробарите“ му довикуваа реши дека нема да премолчи и тргна кон трибината прескокнувајќи ја оградата. Потенцијалниот инцидент беше спречен ...

Рома направи голем и конкретен чекор кон изградба на нов стадион, откако клубот официјално ги достави документите за старт на еден од најамбициозните спортски проекти во Европа. Раководството на „волчицата“ потенцира дека станува збор за резултат на темелна и прецизна работа, со јасна визија да му се понуди на Рим модерен и одржлив објект достоен за историјата и страста на клубот. Според планот, новиот стадион ќе има капацитет од 56.000 ...

Искусниот германски голман и капитен на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, се најде под голем притисок откако и покрај опоравувањето од повредата не успева да го поврати статусот на прв избор на голот во својот клуб. По подолг период надвор од терените поради повреда, Тер Штеген се врати во составот, но тренерот на Барселона им дава предност на другите голмани, што создава сериозни дилеми околу неговата форма. Во последните две сезони тој ...

По историскиот срам во Каунас во минатото коло, постоеше надеж дека работите би можеле да се подобрат за белградски Партизан по доаѓањето на новиот тренер Жоан Пењароја и плејмејкерот од НБА лигата Камерон Пејн, но вечерва дури и таа надеж беше сурово разбиена. Во натпреварот од 18. коло na Евролигата, „црно-белите“ доживеаја уште еден дебакл во „Штарк Арена“, овој пат од Макаби со резултат од 87-112 и потврдија дека во овој дел од сезоната, ...

Во новата 2026 година македонскиот интернационалец Томе Китановски ќе влезе со нов клуб. Тој ја заврши својата втора епизода во Австрија и се раздели со Фаворитнер, Во зимскиот преоден рок ќе ја избере следната дестинација, а не е исклучено и враќање во Македонија. 33-годишниот дефанзивец беше дел од најдобрата и младата македонска репрезентација, а изгради и долга интернационална кариера. Битолчанецот во ПМФЛ настапуваше за Пелистер, ...

Бразилскиот дефанзивец Маркао е суспендиран на шест месеци по одлука на дисциплинската комисија на Примера, по серија инциденти и прекршоци кои се случиле во текот на последните натпревари. Одлуката значи дека искусниот бек нема да може да настапува за својата Севиља до крајот на сезoната, што претставува голем удар за тимот во критичен дел од шампионатот. Маркао, кој важи за еден од клучните играчи во одбраната, ќе мора да ги користи ...

Кошаркарите на Работнички славеа со 92-73 во нокаут сегментот на Купот „Благоја Георгиевски - Буштур“ против Тиквеш и се пласираа на завршниот турнир кој ќе се одржи напролет. Четвртфинален ривал ќе им биде оној најлутиот, МЗТ Скопје. Скопскиот тим одигра одлично второ полувреме во кое направи разлика, особено во последната четвртина кога кавадарчани енергетски паднаа. Уште од стартот Работнички се наметна, ама не успеа да се одлепи и тоа ...

Турскиот фудбал повторно е во центарот на вниманието по новиот бран апсења поврзани со местење натпревари и нелегално обложување. По налог на обвинителството, во петокот беа уапсени 29 лица, меѓу кои и 14 фудбалери, а 24 од нив завршија во притвор, објавија тамошните медиуми повикувајќи се на Истанбулското јавно обвинителство. Ова е втор масовен бран апсења, по оној од почетокот на ноември кога беа приведени шест судии и претседателот на ...

Легендата на шпанскиот фудбал, Сантијаго Кањизарес, истакна дека реално Винисиус Јуниор не заслужува висока плата каква што се споменува во преговорите со Реал Мадрид. Тој оцени дека сегашните резултати и игра на теренот на бразилскиот крилен напаѓач не ги оправдуваат бројките за кои се разговара во контекст на нов договор. Кањизарес појасни дека многу фудбалери во Реал Мадрид, вклучително и Винисиус, добиваат плати кои не се целосно во склад ...

Фудбалската репрезентација на Египет се пласира во нокаут фазата на Африканскиот Куп на нации, откако минимално слави против Јужна Африка (1-0) во Агадир. Во првиот дел нешто поконкретни беа Еѓипќаните, меѓутоа ривалот добро парираше до пред паузата. Тогаш беше досуден пенал врз Мохамед Салах, а токму египетскиот капитен ја презеде одговорноста и го изведе ударот од 11 метри реализирајќи за 1-0 во 45. минута. Пред паузата Египет остана со ...

Лоренцо Инсиње е на чекор до враќање во италијанскиот фудбал, откако по се изгледа ќе ја заврши авантурата во Канада и повторно ќе заигра во Серија А. Поранешниот капитен на Наполи е во напредни разговори со Лацио, каде треба повторно да соработува со тренерот Маурицио Сари. Планот е Италијанецот најпрво да пристигне во Рим на шестмесечна позајмица, со можност договорот да биде продолжен за уште една сезона. Инаку, претходно интерес за Инсиње ...

Ненад Бјелица за хрватските медиуми зборуваше за Динамо Загреб и неговиот пад низ годините. Тој доби прашање за своето време на клупата и подвизите на „модрите“ во Лигата на шампионите. Во тоа време за Динамо настапуваа Аријан Адеми и Стефан Ристовски за кои Бјелица смета дека биле круцијални за успесите. „Ако се анализира таа сезона, „сенаторите“ го одведоа Динамо во Лигата на шампионите и му заработија 40 милиони евра на клубот. Тие го ...

Арсенал и оваа година го пречекува Божиќ на врвот на табелата во Премиер лигата, но минатото јасно предупредува дека ништо не е готово. Додека навивачите на „топчиите“ сонуваат за прекин на постот долг речиси две децении, статистиката и сенката на Манчестер сити се постојан потсетник на тоа колку трката за титулата знае да биде сурова. Лондонскиот клуб празничниот период го дочека како лидер со 39 бодови, обезбедени по тешката, но ...

Францускиот фудбал денеска загуби едно од своите познати имиња, откако на 72 годишна возраст почина Жан Луј Гасе. Искусниот стручњак зад себе остави долга и препознатлива кариера и како фудбалер, но и како тренер, со децениско присуство на највисоката сцена. Гасе последниот ангажман го имаше во Монпелје, клуб со кој беше силно поврзан и во кој работеше во неколку различни периоди. Од тимот се повлече во април оваа година, со што заврши една ...

Светислав Пешиќ е синоним за долговечност, знаење и континуитет во европската кошарка. Својата тренерска кариера ја започна уште во 1982 година, што значи дека веќе 43 години непрекинато е присутен на највисокото ниво. Интересен податок е дека кога Пешиќ за првпат водеше екипа во Лигата на шампиони, ниту еден од актуелните играчи во Евролигата сè уште не бил роден. Истото важи и за неколкумина сегашни тренери во елитното натпреварување, меѓу ...

Најдобриот шутер на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, се повреди за време на натпреварот против Хјустон Рокетс, што дополнително ја влоши празничната вечер за тимот од Калифорнија. Хјустон славеше убедлива победа и на своите навивачи им приреди вистински божиќен подарок, додека Лејкерс заминаа од паркетот видно разочарани и поради резултатот и поради здравствените проблеми во тимот. Дополнителен удар беше повредата на Ривс, кој почувствувал ...

Екипата на Пелистер ја чека жежок втор дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), па клубот почнува да влече потези во преодниот рок и почнува да се (ре)екипира. Пристигнува првото заминување од Битола, тоа е еден од српските интернационалци. Десното крило Петар Ристиќ повеќе не е член на „зелените“, а заминува со 11 натпревари, еден гол и четири постигнати асистенции. Ристиќ во Пелистер дојде од Трајал Крушевац од Србија. ...

Македонскиот голман Дејан Илиев е многу блиску до разделба со УТА Арад, клуб во кој пристигна летото 2024 година. Причина за можното заминување е заладената релација што во последните два месеца ја има со тренерот Адријан Михалча, јавуваат од Романија. Расколот меѓу двајцата започнал по поразот на УТА од ФЦСБ, на тој натпревар Илиев имаше слаба партија, а во последната минута од првото полувреме беше исклучен поради игра со рака надвор од ...

Раководството на Реал Мадрид сериозно размислува на крајот од сезоната повторно да го врати во клубот младиот аргентински фудбалер Нико Паз, кој моментално настапува за италијанскиот Комо, објавуваат шпанските медиуми, меѓу кои и „Ас“. Офанзивниот играч за врска има само 21 година, а во Реал пристигна уште во 2016 година, минувајќи го целиот младински погон на „кралскиот клуб“. Иако важеше за голем талент, Паз доби ограничена шанса во првиот ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави интересна фотографија на социјалните медиуми, во пресрет на новогодишните празници кои ни следат. Веќе познато е дека нов селектор на Македонија е нашата фудбалска легенда Гоце Седлоски кој доби поддршка од повеќе страни за новата функција во кариерата. Тој имаше средба и со актуелниот капитен на тимот, Енис Барди. „Капитени. Легенди. Наследство.“, напиша ФФМ на фотографија на која заедно се ...

Оваа година, челниците во Премиер лигата ни приредија еден необичен Боксинг деј. Наместо фантастична празнична програма, исполнета со возбудливи натпревари, денот по големиот празник, поради густиот календар на натпревари во Европа и договорите со ТВ компаниите, тие одлучија да одиграат само еден натпревар, но само каков натпревар – на Театарот на соништата, каде што Манчестер Јунајтед го пречекува Њукасл Јунајтед од 21:00 часот. >>> ...

На традиционален собир организиран од страна на Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати на град Скопје, беа прогласени и најдобрите судии во изминатата календарска 2025 година. Главната награда, за најдобар судија во судиската организација на град Скопје за 2025 година ја доби Зоран Митровски. Додека својата прва индивидуална награда во судиската кариера, за најперспективен судија за годината која ја оставаме зад нас, ја доби Иван ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2460.50

Паладиум

546.56

Цинк

3.25

Родиум

336779.07

Платина

67162.91

Алуминиум

3.03

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Калај

46.91

Злато

159231.39

Бакар

11.69