Неколку дена по заминувањето на српскиот тренер Ален Тупајиќ, Работнички назначи нов тренер. Предводник на „херојот од Дебар маало“ ќе биде Муарем Муарем, кој во поголем дел од есенскиот дел на ПМФЛ го водеше Башкими. 36-годишниот тренер ќе има сериозен предизвик да оствари добри резултати со „давеникот“ во ПМФЛ. Се очекува Муарем да ги пренесе на тимот своите лидерски способности и фудбалски вештини. Работнички сезоната ја почна со Бојан ...

Утревечер стартуваат натпреварите кои треба да ги детерминираат четирите екипи кои ќе бидат дел од завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција. Следуваат четири натпревари кои треба да ги дадат полуфиналистите во ова натпреварување. Оваа фаза ќе биде отворена со натпреварот кој ќе се игра во петок навечер, од 19:00.часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје, во кој ќе играат екипите на Баскет кам и Спорт тим. Останатите ...

Новиот тренер на Партизан, Жоан Пењароја, изјави дека нема намера да се споредува со Жељко Обрадовиќ и планира да ги имплементира своите кошаркарски методи во екипата на белградските „црно-бели“. Шпанскиот стратег беше конкретен и не дозволи новинарите да го споредуваат со популарниот „Жоц“, кој неодамна го напушти клубот. „Мислам дека нема потреба да барате споредби на мојата работа со онаа на Обрадовиќ. Тој е вистинска легенда на кошарката, ...

Ливерпул влегува во празничниот дел од сезоната со фрустрација поради слабата реализација и големиот број примени голови од прекини, изјави менаџерот Арне Слот. Според него, токму тука лежи најголемиот проблем што „црвените“ не се повисоко на табелата во Премиер лигата. Тимот од „Енфилд“ од почетокот на сезонава постигна само три гола од прекини, додека прими дури единаесет, што го става во негативен биланс во споредба со другите екипи во ...

Кошаркарската федерација на Македонија денеска, во Скопје, го одржа редовното годишно Собрание. Верификациската комисија утврди дека на седницата на Собранието беа присутни 39. од 45. делегати, претставници од клубови и здруженија и асоцијации со право на глас. На седницата беа донесени одлуки за услогласување на регулативите и нормативите со ФИБА стандардите, како и регулација на актите на Олимпискиот комитет и правните норми на ...

Гоце Седлоски беше именуван за нов селектор на репрезентацијата на Македонија. По неговата официјална промоција се случи вистинска драма, односно „напад“ од страна на поранешниот предводник на националниот тим Игор Ангеловски кон ФФМ. Последен кој се огласи на таа тема беше и самиот Седлоски. Тој нагласи дека добил честитки од многу истакнати имиња, а меѓу нив и Хрватите Лука Модриќ, Јошко Гвардиол и Златко Далиќ. „За преземањето на ...

Лука Дончиќ се опорави од повредата и ќе биде на располагање на Лос Анџелес Лејкерси за претстојниот натпревар против Хјустон, објави ЕСПН. Добрата вест пристигнува по неколку дена неизвесност околу настапот на словенечкиот ас, кој беше надвор од терените поради повреда заработена на дуелот со ЛА Клиперс. Словенечкиот репрезентативец се повреди пред три дена, во првото полувреме од натпреварот против Клиперс, кој Лејкерс го загубија со ...

Несекојдневна сцена го одбележа натпреварот од 18 коло во албанското првенство, на кој главен актер беше францускиот голман Жереми Вашу. Чуварот на мрежата на Билис привлече внимание со потег што ретко се гледа на фудбалските терени. Во завршницата на првото полувреме, при водство на Вора од 2-0, Вашу ненадејно ги соблече ракавиците и самоволно се упати кон клупата, без претходен сигнал или одлука од тренерот. Сцената се случи во 42. минута, ...

Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Најдоски, реши да ја прокоментира ситуацијата околу преписката меѓу Масар Омерагиќ и Игор Ангеловски, кои деновиве влегоа во вербална „војна“ по изборот на Гоце Седлоски за селектор на националниот тим. Некогашниот столб во одбраната на Македонија смета дека Ангеловски бил фактор што прави раздор и ја нарушува атмосферата околу репрезентацијата, а според него, тоа трае подолг временски период - ...

Македонската фудбалска репрезентација во март следната година ќе се соочи со Данска во полуфиналниот бараж за Светското првенство, но нашите „рисови“ во меѓувреме ќе одиграат и еден пријателски натпревар. Засега е познато дека тимот ќе има барем една „контролка“, а ривалот ќе се бира помеѓу селекциите на Тунис и Мексико. Федерацијата веќе добила неколку конкретни понуди за пријателски мечеви, но изборот ќе биде познат во следниот период. Се ...

Фудбалот во Бурунди е завиен во црно по трагедијата што се случи на натпревар од втората лига, на кој животот го загуби Аиме Гуерик. Според првичните информации, фудбалерот починал за време на натпреварот, откако наводно проголтал метален предмет што го чувал во устата. Се верува дека станува збор за паричка која била дел од ритуал или амајлија поврзана со локални верувања и суеверија за среќа и заштита, односно против „црна магија“ Очевидци ...

Реакциите за „судирот“ помеѓу претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и поранешниот селектор Игор Ангеловски, не запираат и привлекуваат големо внимание во јавноста. Целата ситуација веројатно малку излезе надвор од границите на нормалата, а сега се огласи и легендата на нашиот национален тим, Николче Новески, кој упати искрена порака за помирување. „Мислам дека е времe за нови лица и создавање на нови стручни кадри во фудбалот. Секој треба да ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, повторно се огласи по повод „преписката“ со поранешниот селектор Игор Ангеловски. Омерагиќ во своето излагање пред новинарите беше дециден дека очекувал поддршка за новиот селектор Гоце Седлоски, па дури и од оние што биле во „игра“ за оваа функција, но не ја добиле. „Јас во ФФМ работам про боно и немам никакви лични придобивки, за разлика од Ангеловски. Коректно ќе беше ...

Македонската ракометна репрезентација остана без еден од играчите планирани за настап на Европското првенство. На тренинг се повреди Валентин Карасманакис, кој требаше да биде еден од столбовите на одбраната на репрезентацијата. Кружниот напаѓач на Алкалоид има скршеница на прстот и раката му е имобилизирана, па поради тоа го очекува спортска пауза. Селекторот Кирил Лазаров веднаш мораше да реагира, а на негово место од резервниот список ќе ...

Првиот човек на Фенербахче, Садетин Саран, се огласи во јавноста откако турските медиуми објавија дека бил приведен под сомнение за користење наркотични средства. По кратко задржување, тој бил пуштен на слобода со кауција, но му е изречена забрана за напуштање на земјата. Саран експресно ги негираше наводите и истакна дека станува збор за целосно неосновани обвинувања, кои имаат за цел да му наштетат и нему лично и на институциите со кои е ...

Продолжуваат препукувањата на релација претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ и поранешниот селектор Игор Ангеловски. Откако на вчерашната прес-конференција првиот човек на мак-фудбалот му одговори на првите прозивки, сега следуваше уште една реакција. Мрме реши пак јавно да се огласи и пак објави на социјалните мрежи информации од разговорите со Омерагиќ, но и за неговата про лиценда да биде тренер која беше ...

Кошаркарите на ТФТ Скопје ќе ја затворат 2025 година со гостување кај Борац Бања Лука во АБА-2 лигата. Во пресрет на натпреварот својот став го сподели тренерот Боро Смилковски. Тој повика на претпазливост и ги посочи главните работи на кои ќе мора да се внимава. „Ова е последен натпревар од една доста успешна година за нас на резултатски и организациски план. Со апсолутен респект за Борац кој има континуитет и искуство во АБА-2 лигата, сепак ...

Младата македонска тенисерка Сара Митевска не успеа да ги мине квалификациите на ИТФ турнирот што се игра во Анталија (награден фонд 15.000 долари). По многу неизвесности и откажувања мечот од второто коло од квалификациите денеска беше завршен и победа по голема борба постигна третата носителка од квалификациите Клара Ваја од Србија. Ваја победи со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Инаку, мечот стартуваше вчера и беше прекина во првиот сет при ...

Фудбалската федерација на Македонија одржа средба на новинарите со првиот човек Масар Омерагиќ на која тој одговараше на новинарските прашања. Се појавија повеќе теми, а една од нив беше и местењето натпревари во мак-фудбалот. Првиот човек на ФФМ не криеше дека имало спорни средби, а дури добивале и повици од УЕФА со сигнализација за сомнителни натпревари. „Веднаш по одигрувањето на одредени натпревари во Првата и Втората македонска фудбалска ...

Фудбалската репрезентација на Буркина Фасо го отвори Африканскиот Куп на нации со победа над Екваторијална Гвинеја од 2-1. Натпреварот од групата Е на континенталниот собир на Африка немаше да биде нешто посебен, ако не се знаеше кој беше еден од хероите кои ја донесе победата. Станува збор за Георги Миноунгу, фудбалер кој всушност гледа само со едното око. Миноунгу во 2023 година мина тежок период откако имаше инфекција на окото и му се ...

Контроверзниот Италијанец, Марио Балотели сè уште не се откажал од професионалниот фудбал и би можел да го облече дресот на Ал-Итифак од Обединетите Арапски Емирати. 35-годишниот Балотели е без клуб речиси една година, а неговиот последен ангажман беше во Џенова, клуб за кој потпиша на крајот на октомври минатата година. Сепак, неговиот престој во овој клуб беше многу краток, одигра само 56 минути во шест настапи, пред да го напушти клубот на ...

Масар Омерагиќ имаше новогодишно интервју и средба со новинарите на која одговараше на сите прашања. Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија доби и незгодно прашање за неговиот син, откако во јавноста проструи приказна за негови лични интереси поврзани со напаѓачот на Вардар, Азер Омерагиќ. „Уморен сум од такви прашања. Мојот син има право да игра фудбал. Луѓето сакаат водат битка со мене и да го користат Азер како оружје. Во ...

Поранешниот професионален покер играч Џејмс Борд е главен фаворит за преземање на англискиот фудбалски клуб Шефилд Венсдеј, објави „Би-Би-Си“. Шефилд Венздеј е во стечај од октомври, откако 10 години беше во сопственост на Дафон Чансири. Управниот одбор денес објави дека е постигнат договор со потенцијален купувач. Борд, кој е роден во Лондон, ја започнал својата кариера работејќи во компании за коцкање и заработил 4,3 милиони долари играјќи ...

Жозе Мурињо уште еднаш покажа дека не отстапува од својот препознатлив стил, бидејќи се судри со португалски новинар по новата победа на Бенфика и јасно стави до знаење дека нема да одговара на одредени прашања. По триумфот на Бенфика од 1-0 над Фамалика, вниманието на јавноста требаше да биде насочено кон теренот. Херој на вечерта беше Вангелис Павлидис, кој ја достигна бројката од 43 гола во 2025. Со тоа се изедначи со легендарниот Еузебио ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека е среќен и задоволен по пласманот на неговиот тим во полуфиналето на ЕФЛ Купот. „Топчиите“ го елиминираа Кристал Палас во пенал-рулетот, а шпанскиот стратег смета дека екипата покажала карактер, и покрај тоа што ривалот бил прилично незгоден. „Не калкулиравме, истрчавме со прилично силен тим на теренот. Некои играчи добија мал одмор, но знаевме дека мораме добро да се испотиме за да го минеме ...

Легендарниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ доби сосема нов изглед во пресрет на празниците, откако беше трансформиран во огромна зимска атракција што многумина ја нарекуваат најголемата „снежна топка“ во светот. Домот на Реал Мадрид овојпат не е во фокусот поради фудбал, туку поради уникатниот празничен спектакл кој привлекува илјадници посетители дневно. Модернизираниот Бернабеу е украсен со зимска сценографија, светлосни ефекти и содржини ...

Фудбалската селекција на Камерун со победа го започна својот настап на Африканскиот куп на нациите. „Лавовите“ во воведното коло од групата Ф ја оправдаа улогата на фаворити во соочувањето со Габон и со триумфот од 1-0 ги впишаа првите бодови на своето конто. Камерунците уште во раната фаза од натпреварот го отворија противникот. Се играше шестата минута кога Ејонг на додавање на Мбеумо ја затресе противничката мрежа. Ситуацијата се ...

Претседателот на спортскoто друштво Фенербахче, Садетин Саран, е приведен во Истанбул под обвинение дека користел дрога, објавија турските медиуми. Турците пишуваат дека Саран, кој има турско и американско државјанство, е приведен во Истанбул откако форензичките тестови пронајдоа траги од дрога во косата на претседателот на Фенербахче. Истанбулската полиција соопшти дека претседателот на Фенербахче моментално е во притвор под обвинение за ...

Maкедонскиот ракометен тренер Раде Стојановиќ и официјално е нов тренер на Ајдовшчина, клуб кој што се натпреварува во второто по ранг натпреварување во Словенија. Целта на клубот за оваа сезона е враќање во елитата, a токму на тој пат е по половина од шампионатот. Ајдовшчина бележи позитивни резултати сезонава и е на второто место на табелата, но неочекувано беше во потрага по нов тренер. Досегашниот, Дарко Тавриќ, поради лични причини се ...

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во новогодишната средба со новинарите зборуваше на многу теми поврзани со неговата досегашна работа во федерацијата, а меѓу другото откри и детали од разделбата со сега веќе поранешниот селектор на А-тимот Благоја Милевски. Според зборовите на Омерагиќ било разговарано за нов договор, но по резултатот во Кардиф и поразот од 7-1 работите се променија. „Не знам зошто ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.03

Иридиум

221848.72

Калај

46.91

Рутениум

45750.51

Злато

159231.39

Кобалт

64.04

Сребро

2460.50

Цинк

3.25

Паладиум

546.56

Родиум

336779.07

Платина

67162.91

Бакар

11.69