Американската професионална кошаркарска лига (НБА) објави дека на почетокот на сезоната 2025/26 ќе има рекордни 135 меѓународни играчи од вкупно 43 земји на шест континенти. Меѓу нив има рекордни 71 Европеец, вклучувајќи 19 играчи од Франција и четворица од Обединетото Кралство, како и 13 од Австралија, што го изедначува претходниот рекорд. НБА лигата со тоа ја започнува сезоната по петта сезона по ред со најмалку 120 странски кошаркари, а по ...

Тренерот на битолски Пелистер, Милан Стојановски, го искажа своето разочарување после поразот од Шкендија Арачиново во Купот на Македонија (1-0), упатувајќи и извинување до сите верни навивачи. Пелистерци беа поразени со минимални 1-0, а тренерот Стојановски ветува многу подобри игри и позабележителни резултати во иднина. Очекував многу повеќе од овој натпревар, бидејќи добро ја одигравме контролката против Динамо. Иако беше пријателска, ...

Вечерва стартуваат возбудувањата во најсилната кошаркарска лига на светот. Трофејот во тековната сезона ќе го брани екипата на Оклахома Сити Тандер, а и во новата влегува во новата како фаворит. Шеј Гилџус Александер и соиграчите ќе имаат сериозен предизвик, бидејќи конкуренцијата се засилуваше. Сепак, според букмејкерите Оклахома важи за апсолутен фаворит и им се дава коефициент 4 за да го одбранат тронот. Далеку зад нив котира Кливленд со 8,5, ...

Иако и на 40-годишна возраст игра со истата страст, Кристијано Роналдо ќе направи кратка пауза и ќе го пропушти следниот натпревар на својот клуб. Тренерот на Ал Наср реши да го изостави капитенот од составот за мечот против индискиот тим Гоа во рамките на азиската Лига на шампиони, кој ќе се одигра оваа среда. Одлуката е дел од стратегијата за ротација и одмор на најважните играчи, со цел тие да останат свежи за клучните дуели во домашното ...

Екипата на Шкупи нема да продолжи да се натпреварува во шампионатот на Македонија заради суспензија која ја доби од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ). Информацијата ја објавија од клубот, од каде истакнаа дека КФМ доделила суспензија на чаирчани заради неплатени 590.000 денари кон „куќата на кошарката“. Затоа, Шкупи нема да биде дел од Првата македонска лига - мажи на Македонија, а дали ќе остане дел и од останатите лиги, останува да ...

Екипата на Шкендија ќе го одигра првиот домашен натпревар во Конференциската лига на УЕФА, а веќе се делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите. Ирски Шелбурн доаѓа во Скопје, а за главен судија назначен е Стефан Ебнер од Австрија. Нему ќе му помагаат сонародниците Роберт Стеинахер, односно Мартин Хофлер, а четврти судија е Јулијан Вејнбергер. Во ВАР-собата на овој меч ќе бидат Алан Кијас и Жозеф Спарни, исто така од Австрија, ...

Селекторот на машката младинска селекција Наум Танески го објави списокот на повикани ракометари за претстојната ЕХФ Недела. Во рамки на ЕХФ Неделата нашите млади ракометари ќе одиграат две контролни пријателски средби против сениорската селекција на Словачка. Наптреварите се предвидени да се оддиграат на 30.11 (четврток) во спортската сала Јане Сандански со почеток во 18:00 часот и на 01.11 (петок) со почеток во 14:00 часот, натпреварот исто ...

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство за играчи до 18 години. Машката кадетска репрезентација е дел од групата Д заедно со репрезентациите на Грција, Финска и Луксембург, домаќин на групата за пласман на шампионатот е Луксембург. Распоред и термини на одигрување на натпреварите: 31.10 – ...

Кошаркарите на Пелистер ќе се судрат со Приевидза во рамките на второто коло од ФИБА Европа купот. Ова ќе биде прв европски натпревар кој ќе се одигра во Битола, а пред „зелено-белите“ е сериозен предизвик во името на словачкиот претставник. Пред средбата своите очекувања ги сподели македонскиот репрезентативец Лука Стојановски, кој кажа: „Прва работа што треба да ја смениме е индивидуалниот пристап, бидејќи од тоа почнува се. Мораме да покажеме ...

Македонската женска репрезентација на 24 и 27 октомври во Струмица ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Русија. Селекторот на нашата репрезентација, Александар Андов за контролните мечеви против Русија ќе смета на следните фудбалерки: Голмани: Кристина Павловска (Машинац, Србија), Викторија Пачурова (Тиверија Брера) Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија Брера), Ане Бошевска (Тиверија Брера), Павлинка Николовска (Тиверија ...

Фудбалерите на Струга Трим Лум се пласираа во четвртфиналето на Купот на Македонија, откако рутински и релативно лесно се справија со Македонија Ѓорче Петров во Скопје (0-5). Натпреварот во Ѓорче Петров во целост му припадна на гостинскиот тим, кој од стартот се наметна и покажа дека е поквалитетен. Тоа се исплатеше бидејќи по речиси половина час беше отворен резултатот со голот на Ѓорѓе Ивковиќ. Акцијата тргна на средината од противничкото ...

Екипата на Шкендија Арачиново успеа да исфрли прволигаш од Купот на Македонија. Амбициозниот второлигаш славеше над Пелистер (1-0) и дојде до место меѓу осумте најдобри во натпреварувањето. Дуелот кој се одигра на стадионот во скопски Синѓелиќ му припадна на домаќинот со еден постигнат гол. Во првото полувреме мрежите мируваа, додека во вториот дел, погодокот за победа на арачиновци падна во 51. минута. Тоа беше кога по еден корнер, највисок во ...

Екипите на Работнички и Брегалница одиграа регуларни 90 минути без победник во Купот на Македонија (1-1), а патникот во следната фаза го дадоа пеналите. Подобри изведувачи од белата точка беа „романтичарите“ кои славеа со 5-4 благодарение на добрата реакција на голманот Васко Василев. Голот за „романтичарите“ дојде од белата точка во 13 минута од средбата. Откако Коцев го фаулира Далеј, сигурен од 11 метри беше Џелил Асани. Израмнувањето за ...

Фудбалерите на Силекс го продолжуваат својот пат во Купот на Македонија, откако славеа на гостувањето кај Башкими со 1-2 (1-1) во осминафиналната фаза на натпреварувањето. Натпреварот на „Градскиот стадион“ во Куманово тргна доста отворено, а Силекс успеа рано да поведе. Течеше четвртата минута кога Дарко Додев постигна убав гол. Крилниот фудбалер откосо влезе во шеснаесетникот и со многу прецизен удар погоди во спротивниот агол од голот на ...

Кошаркарите на Пелистер се подготвени за првиот европски натпревар во Битола, а во рамките на второто коло на Европа купот на ФИБА ќе го дочекаат словачкиот ривал Приевидза. Натпреварот против Словаците ќе биде историски за кошаркарска Битола, па своите очекувања пред мечот ги сподели искусниот плејмејкер Бобан Стајиќ. „Нè очекува втор натпревар каде што победата е единствена опција за нас. Секако не би сакале да отвориме со два порази во ...

Башкими и Силекс се судрија во осминафиналната фаза на Купот на Македонија, а натпреварот на „Градскиот стадион“ во Куманово тргна со ефектен погодок. Крилниот напаѓач на кратовчани Дарко Додев уште во четвртата минута изведе мајсторија и даде убав гол. Тој повлече од левата напаѓачка страна и во шеснаесетникот биеше откосо од преку 15 метри. Топката имаше одлично дијагонално движење, го лобува домашниот голман и заврши во спротивниот агол. Во ...

По четиримесечна пауза, најдобрата кошаркарска лига во светот се враќа. Последната НБА сезона заврши во Оклахома, каде што Тандерси ја освоија шампионската титула за првпат во историјата под тоа име. Во големото финале, тие ги победија Индијана Пејсерс (4-3) и заслужено го добија шампионскиот прстен, со оглед на тоа што навистина доминираа од самиот почеток до самиот крај. Шеј Гилџис Александар беше „МВП“ пред Никола Јокиќ, тој беше најдобар ...

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, ги прокоментира своите очекувања за тешкиот предизвик во Лигата на шампионите, каде неговите избраници ќе се соочат со актуелниот европски шампион, Магдебург. Пелистерци одиграа добар меч во претходното коло против Барселона, но не успеаја да му откинат бодови на фаворитот, а тренерот смета дека екипата мора да биде уште подобра за да се надева на евентуална сензација во Германија. „Се надевам дека ...

Словенечкиот ракометар во дресот на Еурофарм Пелистер, Ник Хенигман, даде прилично оптимистичка изјава во пресрет на натпреварот со Магдебург во Лигата на шампионите, најавувајќи дека „зелено-белите“ на секој меч гледаат како прилика за два бода во елитното натпреварување. Битолчани досега победија само еднаш во групната фаза, но Хенигман верува дека тоа нема да биде единствен триумф на македонскиот шампион. „Да, точно е дека се подготвуваме ...

Ракометната репрезентација на Македонија се насочува кон настапот на Европското првенство во јануари. Среќата не беше баш на страната во извлекувањето, па добивме група во Хернинг со домаќинот Данска, Португалија и Романија. Како „загревање“ за континенталниот собир нашата најискусна селекција ќе одигра двомеч пријателски натпревари против репрезентацијата на Јапонија. За таа цел селекторот го објави списокот на повикани ракометари. По подолга ...

Мјалби АИФ, мал клуб од шведско село со едвај илјада жители, ја напиша една од најубавите спортски бајки на модерното време. Ја освои титулата шампион на Шведска, на три кола пред крајот на шампионатот, и тоа победувајќи го големиот Гетеборг со 2-0. Во 2016 година, клубот беше на работ на банкрот, талкајќи во третата дивизија и едвај избегнувајќи целосен колапс. Денес овој мал клуб е шведски фудбалски шампион. Првиот гол на натпреварот го ...

Со две победи против Баки од Азербејџан, македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп, Охрид на Борис Ројевиќ, се пласираше во третото коло од ова натпреварување, а денеска го доби следниот противник. „Гладијаторите“ поради високиот рејтинг ждрепката ја пречекаа како носители, па среќата посака да добијат балкански ривал. Охрид во третото коло на ЕХФ Купот ќе одигра двомеч против Слога Добој од Босна и Херцеговина. Првите натпревари од 3. коло ...

Без изненадувачки резултати, во првото првенствено коло од Првата женска кошаркарска лига. Одиграни се три натпревари во кои фаворитите ги однесоа победите. Вардар и Крива паланка делуваа убедливо, додека доста неизвесно се играше во Кавадарци, каде Бадел 1862 успеа да дојде до победата против силно мотивираниот состав на Пробаскет. Одличен почеток имаа кошаркарките на Вардар во дуелот со Спорт тим и извојуваа победа од 94-50. Комплетната ...

По натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Барселона, македонското крило Дејан Манасков се најде во центарот на вниманието на ракометната јавност во Европа. Асот на пелистерци во самиот финиш од натпреварот во Битола постигна спектакуларен гол од речиси мртов агол, а токму таа атракција се најде на врвот во листата најубави голови на колото во ЛШ. Сега, Европската ракометна федерација (ЕХФ) отиде подалеку. Одново го објави погодокот на Манасков и ...

Екипата на Мјалби испиша историја во шведскиот фудбал и за првпат во историјата стана шампион во домашното првенство. Клуб од село со 800 жители го оствари невозможното, а најзаслужен за тоа дефинитивно е тренерот Андерс Торстенсон. 59-годишниот Торстенсон е поранешен офицер на шведската армија, подоцна беше и директор на училиште - а фудбалот му беше само хоби. Од 2013 година, тој неколку пати се вклучи како „пожарникар“, спасувајќи го клубот ...

Шон Дајч и официјално е назначен за нов менаџер на Нотингем Форест. Ова ќе биде само четвртиот клуб во кариерата што Англичанецот ќе го води од клупата. Поголемиот дел од времето го помина во Барнли, каде што беше од 2012 до 2022 година. Пред тоа, беше во Вотфорд една година, а потоа во Евертон од 2023 до 2025 година. Интересно е што Дајч играше за Нотингем Форест во младинската академија. Договорот е потпишан до 2027 година. Останува да се види ...

Екипата на Вардар имаше успешен старт на новата сезона во Европската лига на ЕХФ. Нашиот најтрофеен ракометен колектив се врати на големата ракометна сцена и групата во второто по ранг натпреварување на ЕХФ ја отвори со убедлива победа над Сесвете во Скопје. Сега, пред момците на Иван Чупиќ е првиот гостински предизвик и соочување со Тулуз. Францускиот претставник веќе подолго време е при самиот врв во домашниот ракомет, но никако да го направи ...

Вечерва, екипата на Арсенал е домаќин на Атлетико Мадрид во едно од дерби натпреварите од третото коло на Лигата на шампионите, но пред натпреварот, според шпанските медиуми, избувнала афера. Атлетико тренираше на „Емирати“ еден ден пред натпреварот. По тренингот, играчите на гостите ги пречека непријатно изненадување. Во нивната соблекувална немало топла вода, како и во другите соблекувални на „Емирати“, па играчите на Атлетико, испотени и ...

Саудиска Арабија, не само што троши многу пари за да донесе врвни странски играчи и тренери во своите клубови, поради што во последните години има статус на фудбалска Мека, туку нејзините власти се и дарежливи кога станува збор за доделување награди на најдобрите репрезентативци. Таков e случајот со пласманот на Светското првенство следната година во Мексико, САД и Канада. Министерот за спорт, принцот Абдулазиз Бин Турки Ал Фајсал, одлучи да им ...

Дисциплинскиот комитет на УЕФА ја казни Хрватската фудбалска федерација со 48.500 швајцарски франци поради несоодветно однесување на некои навивачи за време на натпреварите против Чешка и Гибралтар во квалификациите за Светското првенство. Федерацијата беше казнета со 41.000 швајцарски франци за фрлање разни предмети и употреба на пиротехнички средства од страна на навивачите за време на натпреварот во Прага на 9 октомври. Исто така доби и казна ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
6.69
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
3.22
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
94%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
85%
1008
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1009
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
8.23
90%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
88%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Цинк

3.23

Рутениум

29192.88

Калај

40.48

Никел

473339.37

Бакар

10.95

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Злато

135056.24

Сребро

1878.05

Паладиум

46425.68