Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Во некомплетен состав додека се чекаат сите фудбалери, новиот селектор Гоце Седлоски го имаше првиот тренинг со фудбалерите пред баражот за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2026 година. Нашиот национален тим тргна на терените на ФФМ, а новиот селектор ги подели првите команди и ги насочи играчите кон своите тактички замисли за еден од најважните дуели во нашата фудбалска историја. Македонија ќе биде комплетна од утре, кога ќе се ...
Втора тренерска смена во битолски Пелистер сезонава, Поразот од 0-2 од Струга Трим Лум значеше оставка на Милан Стојановски. Клубот ја испочитува неговата волја и одлука и го прифати моралниот чин. „Како шеф на стручниот штаб, ја преземам целосната одговорност за резултати во пролетниот дел од сезоната и одлучив да поднесам оставка од функцијата. Сакам искрено да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба, на раководството за ...
Екипата на Мајнц 05 се избори за победа над Ајнтрахт Франкфурт и славеше со конечни 2-1 (1-1) во натпреварот од 27. коло во германската Бундеслига. Домашниот тим ги запечати трите бода со голот на Пол Небел, кој го постави конечниот резултат во 89. минута. Истиот играч го отвори резултатот уште во шестата минута, но Ајнтрахт се врати во игра со израмнувачкиот погодок на Натаниел Браун, кој стрелаше прецизно четиринаесет минути подоцна. Во ...
Фудбалерите на Монако остварија значајна победа на гостувањето кај Лион со 2-1, во рамките на 27. коло од Лига 1. Тимот предводен од Паоло Фонсека продолжува со слабите резултати, бидејќи не успева да дојде до победа во текот на овој месец, а овојпат беше поразен и покрај добриот старт на натпреварот. Лион поведе во 42. минута, кога Павел Шулц ја искористи асистенцијата од Ендрик и со прецизен удар ја затресе мрежата на голманот Храдецки. ...
Најголемо внимание привлече дуелот во Северен Лондон, каде Нотингем Форест одигра зрел и тактички дисциплиниран натпревар и сосема заслужено освои три исклучително важни бода во борбата за опстанок против очајниот Тотенхем (3-0). Од друга страна, кризата на „петлите“ на Тудор продолжува, а тимот веќе подолг период не знае за победа, што сериозно ја загрозува неговата позиција над опасната зона. Гостите ја неутрализираа офанзивата на ...
Екипата на Струга Трим Лум си ја заврши задачата, успеа да победи со 2-0 (1-0) на гостувањето кај Пелистер во Битола и остана во трка со најдобрите Вардар и Шкендија на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Стружани имаат 53 бода, пред нив се Вардар и Шкендија со по 58 бода, што најавува и тоа како жесток финиш на сезоната и третиот круг во мак-фудбалот. Екипата на Струга Трим Лум си ја заврши задачата, успеа да победи со 2-0 (1-0) ...
Фудбалерите на Лацио остварија значајна гостинска победа над Болоња со 2-0, продолжувајќи ја серијата позитивни резултати во Серија А. Избраниците на Маурицио Сари стигнаа до трет последователен триумф, и тоа против тим кој важеше за благ фаворит поради добрата форма и настапите на европската сцена. По мирното прво полувреме без многу возбудувања, домаќините имаа одлична можност да поведат на стартот од вториот дел, но Мота блесна со одлична ...
Македонската репрезентација денеска ги започна подготовките за претстојниот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, националниот тим одработи тренинг во тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во отсуство на неколкумина фудбалери кои се очекува да му се приклучат на тимот во текот на вечерта, своите први импресии ги сподели еден од новајлиите, Себастијан Херера од Борац ...
Екипата на Големо Коњари го одбрани домашниот терен и со 2-0 ја совлада Победа од Прилеп во рамки на натпреварот од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Тимот немаше победа пет месеци, последен пат триумифира во октомври, но дојде до три бода против прилепчани кои се наоѓаат во лоша позиција и финансиска криза. Првиот гол падна во 36. минута, кога погоди Беким Алимоски кој по додавање се најде осамен пред мрежата и реализира за предност, ...
Екипата на Струга Трим Лум си ја заврши задачата, успеа да победи со 2-0 (1-0) на гостувањето кај Пелистер во Битола и остана во трка со најдобрите Вардар и Шкендија на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Стартот на мечот во Битола доцнеше, а од почетокот нешто поактивни беа пелистерци. Капитенот Мирко Ивановски изнуди прекршок на околу 16 метри кој беше одлична шанса. Одговорноста ја презеде Милан Србијанац, меѓутоа не успеа да го ...
Фудбалерите на Барселона забележаа минимална, но исклучително важна победа над Рајо Ваљекано со 1-0 на „Камп Ноу“, со што ја задржаа предноста од седум бода во однос на Реал Мадрид пред големото дерби во Мадрид. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Роналд Араухо во 24. минута, но вистински херој на вечерта беше голманот Жоан Гарсија, кој со неколку извонредни интервенции ја сочува мрежата на домаќините. Натпреварот можеше да ...
Младиот српски репрезентативец Луис Зечевиќ Џон одигра необичен натпревар во дресот на Арсенал до 18 години, откако покрај постигнатиот гол против Фулам, се најде и во улога на голман. По период исполнет со повреди, Зечевиќ Џон повторно фати ритам и стана еден од клучните играчи во младинскиот состав. На дуелот со Фулам, кој заврши 2-2, тој се истакна со погодок и одлична игра во нападот. Сепак, вистинската драма следуваше во самиот финиш. По ...
Оклахома Сити Тандер славеше убедлива победа од 132-111 на гостувањето кај Вашингтон Визардс, но натпреварот го одбележа сериозен инцидент. На 27 секунди до крајот на првото полувреме, по кошот на Ентони Гил, дојде до физичка пресметка меѓу Џејлин Вилијамс и Џастин Шампани, која брзо прерасна во хаос на теренот. Во инцидентот се вклучија и Аџеј Мичел и Кејсон Волас, а дел од играчите влегоа од клупите. Мичел во метежот падна врз камерман и ...
Фудбалерите на Сандерленд се радуваа на голема победа на гостувањето кај Њукасл од 1-2 (1-0) во натпреварот од 31. коло на Премиер лигата. Средбата на „Сент Џејмс Парк“ тргна со подобра игра на домашната екипа, а тоа рано се исплати. Ентони Гордон уште во десеттата минута стрела за предност на Њукасл по асистенција од Волтемаде за 1-0. Овој резултат беше активен до полувремето, а по паузата на потег беа „црните мачки“. Сандерленд заигра ...
Комо и понатаму ја живее својата бајка оваа сезона во Серија А, откако славеше убедлива победа од 5-0 против Пиза во рамки на 30. коло. Тимот предводен од Цеск Фабрегас одигра доминантен натпревар и уште во првото полувреме практично ја реши дилемата околу победникот. Асане Диао го отвори резултатот, а потоа асистираше за Анастасиос Дувикас кој зголеми на 2-0. Во вториот дел Комо само ја потврди надмоќта. Мартин Батурина погоди за 3-0 веднаш ...
Ракометната репрезентација на Македонија го дозна противникот во баражот за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија. Селекцијата на Словачка го доби двомечот против Украина, иако загуби на реваншот дома со 31-32. Првиот натпревар Словаците го добија со 24-27 и имаа предност која ја искористија за пласман во главниот мундијалски бараж. Украинците покажаа добар перформанс и во еден момент дури водеа со шест ...
Легендарниот американски кошаркар Леброн Џејмс продолжува да испишува историја во НБА, откако постави уште еден импресивен рекорд. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс го одигра својот 1.612. натпревар во регуларниот дел од сезоната, со што се искачи на врвот на вечната листа. Со тоа, Џејмс го надмина легендарниот Роберт Периш и стана рекордер по бројот на одиграни натпревари во регуларниот дел од НБА. Congrats to @KingJames of the @Lakers on ...
Тешка семејна трагедија го потресе Косово, откако беше убиен Фарук Исуфи, а за убиството е осомничен неговиот брат, поранешниот фудбалер Џетмир Исуфи. Според информациите, до трагедијата дошло по расправија во семејната куќа во селото Бокшиќ, при што конфликтот наводно избувнал поради имотни недоразбирања. Се сомнева дека Џетмир пукал кон својот брат, нанесувајќи му тешки повреди од кои подоцна починал. Фарук Исуфи првично бил пренесен во ...
Фудбалската репрезентација на Македонија и официјално тргна во новата ера со Гоце Седлоски како селектор. Новиот кормилар на селекцијата го имаше првиот собир со репрезентативците кои беа достапни порано да пристигнат во кампот. Седлоски ги пречека дел од фудбалерите во хотелот „Хилтон“ во Скопје, каде што беше закажан првиот собир. Се очекува репрезентацијата да се комплетира во текот на утрешниот ден со останатите играчи кои имаат клупски ...
Натпреварот од хрватското првенство меѓу Истра и Вараждин, кој заврши со победа на домашниот тим од 2-1, донесе несекојдневен момент што брзо стана хит. Во центарот на вниманието беше Радошевиќ, кој шутираше по земја, но топката неочекувано отскокна непосредно пред голманот Зеленика и заврши во мрежата. Главен „виновник“ за ситуацијата беше нерамниот терен. Голот предизвика бројни реакции, а дел од навивачите на шега коментираа дека ...
Пелистер ја консолидираше играта и претставува тешка загатка за фаворитите, што се докажа и на гостувањето во Кратово, каде што одиграа нерешено со Силекс во мечот од претходното коло. Во ова 24. коло, во Битола доаѓа екипата Струга ТЛ, која во моментов е на третото место на табелата и ја има традицијата на своја страна. Пред натпреварот своите очекувања ги сподели тренерот на пелистерци Милан Стојановски. „Промена на среќата е нешто што го ...
Лос Анџелес Лејкерс славеше минимална победа од 105-104 против Орландо Меџик, но натпреварот го одбележа контроверзија околу Лука Дончиќ. Словенечкиот ас по мечот откри дека бил жестоко навреден од кошаркарот на Орландо, Гога Битадѕе, кој според него упатил лични навреди кон неговото семејство. Дончиќ призна дека поради тоа ги загубил нервите и добил техничка грешка. „При едно слободно фрлање ми кажа: „Ќе ја е*е цела твоја фамилија“. Во еден ...
Јаник Синер се пласира во третото коло на Мастерс турнирот во Мајами, откако славеше во дуелот против Дамир Ѕумхур со сигурни 2-0. Италијанецот во двата сета на Босанецот му дозволи по три гема, па по час и 12 минути го затвори мечот во своја корист (6-3, 6-3). Со овие два сета Синер стигна до бројката од 24 последователни добиени на Мастерс турнирите. Со тоа го израмни рекордот на Новак Ѓоковиќ, а веќе во следното коло ќе може да го ...
Вчера Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното годишно собрание, а по него на прес-конференција се обрати претседателот Масар Омерагиќ. Првиот човек на мак-фудбалот зборуваше за повеќе теми. Една од нив беше и следната натпреварувачка сезона (2026/27) во која во ПМФЛ ќе играат само десет екипи. Според Омерагиќ, ова ќе биде идеална шанса натпреварите од нашата елита да се играат само за викенд. „Наша тенденција е од следната ...
Струга Трим Лум по болната елиминација на пенали од Шкендија во четвртфиналето на Купот, се фокусира на првенството и се враќа во акција во 24. коло од домашната фудбалска елита, гостувајќи му на Пелистер во Битола. Стружани немаат пораз на гостување во Битола, а последниот натпревар заврши со реми 1-1, при што единствениот гол за Струга ТЛ го постигна Арби Воша. „Екипата е целосно фокусирана на денешниот натпревар, го оставивме за себе ...
Жозе Мурињо не успеа да ги задржи емоциите и пушти солзи за време на минутата молк пред мечот на неговата Бенфика против Виторија Гимараеш во португалскиот шампионат. Пред натпреварот му се оддаде почит на поранешниот соработник Силвини Лоуро. Станува збор за помошник тренер со кој Мурињо работеше дури 18 години од 2000 до 2018. O minuto de silêncio por Silvino. pic.twitter.com/N845kdB1n0 — SL Benfica (@SLBenfica) March 21, 2026 Лоуро беше ...
Третото коло од вториот дел од сезоната во женскиот кошаркарски шампионат на Македонија донесе и дефинитивна промена на челната позиција на табелата. Екипата која ја брани титулата, Баскет кам, загуби на гостувањето во Скопје во дуелот со Бадел 1862 со 54-48. Тоа го искористија кошаркарките на Крива Паланка кои со убедлив триумф над Спорт тим, ја преземаа лидерската позиција на табелата во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига. Дуелот кој беше означен ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа на гостувањето кај Орландо Меџик (104-105) во НБА лигата. До оваа победа „езерџиите“ стигнаа во драматична завршница, а херој беше Лук Кенард кој погоди тројка во последната секунда која беше за пресврт. Времето практично беше истечено, па Орландо само изведе од под својот кош пред сирената. Орландо Меџик - ЛА Лејкерс: Прво име во победата на Лејкерси беше Лука Дончиќ со 33 поени зад своето име, ...
Управата на Реал Мадрид се подготвува за голема „чистка“ во текот на летниот преоден рок. Информациите од Шпанија говорат дека „кралевите“ ќе се збогуваат со неколку искусни фудбалери, кои оставија голем печат на „Сантиаго Бернабеу“. Прв на списокот е Давид Алаба, кому летово му истекува договорот, а згора на тоа, веќе неколку сезони се мачи со сериозни повреди и имаше ограничена минутажа. Тука е и капитенот Даниел Кархвахал, а исто така ќе ...
Иранската фудбалска репрезентација би можела да остане без еден од своите најважни играчи пред Светското првенство, откако медиумите во земјата објавија дека Сардар Азмун е отстранет од националниот тим. Според информациите, причината за ваквиот потег е објава на напаѓачот на социјалните мрежи, каде што се појавил во друштво на владетелот на Дубаи, Мохамед бин Рашид Ал Мактум. Овој потег бил оценет како неприфатлив во актуелниот политички ...