Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави дека досега се продадени повеќе од еден милион влезни билети за натпреварите од Светското првенство кое ќе се одржи следната година. Најголема побарувачка имало од Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а билети купиле навивачи од дури 212 држави, иако сѐ уште не се познати сите земји-учеснички на Мундијалот. ФИФА соопшти дека првите 10 земји по број на купени билети се Англија, Германија, ...
Фудбалерите на Баер Леверкузен славеа во трилер натпревар на гости кај Мајнц 05 со 3-4 (1-3) во натпреварот од седмото коло на Бундеслигата. Поведоа гостите со голот на Алекс Грималдо од белата точка, а на 0-2 зголеми Кофане во 24. минута. Следуваше гол на Ле Јае Сунг за домашните да се вратат резултатски, меѓутоа Грималдо во финишот на полувремтео одново ја удвои позитивата (1-3). Амири го врати Мајнц пак на „минус еден“, по што следеше гол на ...
Данскиот тенисер Холгер Руне се повреди во полуфиналето на турнирот во Стокхолм, а првите информации велат дека веројатно е скината ахиловата тетива. Руне се сретна со Французинот Уго Умбер во полуфиналето во Стокхолм и го доби првиот сет со 6-4, се чинеше дека е на добар пат кон финалелто, но се повреди при резултат 2-2 во вториот сет. Not the ending anybody wanted Humbert progresses to the final as Rune retires due to injury at 6-4 ...
Ветеранот Аксел Витсел постигна ефектен гол на тешкото гостување кај шампионот Барселона за израмнување на неговата Џирона (1-1). Белгискиот фудбалер по еден корнер од втор план дочека топка, па атрактивно со „ножички“ ја испрати во подалечниот агол. Домашниот голман Војчех Шчесни се испружи колку што е долг, ама не успеа да го скроти ударот. За Витсел ова е дебитантски погодок во дресот на Џирона, откако летово пристигна по настапите за ...
Анге Постекоглу повеќе не е тренер на Нотингем Форест. Англискиот премиерлигаш му врачи отказ на Австралиецот веднаш по поразот од Челзи (0-3) на „Сити Граунд“, со што неговата авантура на клупата траеше само 39 дена. Постекоглу беше назначен на 9 септември, но не успеа да ја крене формата на тимот и зад себе остави најкраток мандат на еден менаџер во историјата на Премиерлигата. Поранешниот стратег на Тотенхем не славеше ниту на еден натпревар ...
Иако изгледа неспортски или нечисто, плукањето кај фудбалерите, а особено т.н. „плукање со бела пена“ или „spit out mucus" - има физиолошко објаснување. Кога играчите се под физички напор, лачат повеќе плунка и слуз како резултат на зголемено дишење низ устата, што ги суши устата и грлото, како и зголемено лачење на слуз од дишните патишта. Тука улога играат и адреналинот и стресот, кои исто така го зголемуваат лачењето на плунка. Плукањето е ...
Фудбалерите на Челзи ја продолжи серијата на гостувањето кај Нотингем Форест со убедливи 0-3 (0-0) во осмото коло на Премиер лигата. „Сините“ и покрај проблемите со повреди и неиграњето на Енцо Фернандез и Кол Палмер, во вториот дел рутински го скрши отпорот на домаќинот на „Сити Граунд“. На овој терен Челзи не знае за пораз во 21 век. Во првиот дел Нотингем солидно парираше, можеше и да поведе преку Гибс-Вајт, додека на спротивната страна се ...
Натпреварот од белгиското првенство помеѓу Стандард Лиеж и Антверпен не го дочека својот крај, а причината е навистина бизарна и несекојдневна. Имено, судиите во два наврата го прекинаа мечот поради предмети што „летаа“ од трибините, а последната „капка“ дојде во 88. минута, кога главниот арбитар беше погоден со пластична чаша во грбот. Standard Liege fans threw a cup at the referee in the 88th minute of their game today…. The referee abandoned ...
Фудбалерите на Шкендија в четврток ќе играат против Шелбурн во второто коло на Конференциската лига на УЕФА. Тетовчани ќе бидат домаќини на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, а за таа цел тревникот ќе се штеди и оваа седмица нема да се игра на него. Колото во ПМФЛ е одложено, а натпреварите од осминафиналето на Купот на Македонија скопските екипи Вардар и Работнички ќе ги одиграат на други терени. Вардарци ќе го дочекаат тимот на Новаци на ...
Италијанецот Јаник Синер зборуваше со пофални зборови за неговиот повозрасен колега и голем ривал, Новак Ѓоковиќ, за кого рече дека е неверојатен пример за младите што се занимаваат со тенис, но и општо со било каков друг спорт. Изјавата дојде после победата на Синер на „Слемот на шест кралеви“ во Ријад, каде рече дека Ѓоковиќ е уникатен човек со прекрасна харизма. „Новак има харизма која не се гледа секој ден. Вистински пример за младите ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер извојуваа победа над Еурофарм Пелистер 2 (27-34) во натпреварот од осмото коло на македонската Суперлига. Избраниците на Рубен Гарабаја го скршија „братскиот“ тим во второто полувреме, откако на паузата резултатот гласеше 18-18. Актуелниот шампион на Македонија настапи без Никола Митревски, Домен Тајник, Жарко Пешевски и Усама Хосни, но и со комбиниран состав успеа да се избори за триумф. Ривалот пружи добар ...
Екипата на ГРК Охрид гради тим за високи дострели, а во месец јануари тимот ќе цели да донесе нов голман. Веќе се преговара со едно звучно име за позицијата чувар на мрежата кое значително ќе го зголеми квалитетот доколку се дојде до финален договор. Како што дознава Gol.mk, Охрид е во преговори со хрватскиот чувар на мрежата Кристијан Пилиповиќ. Се работи за 30-годишен чувар на мрежата со богата биографија и настапи за репрезентацијата на ...
Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, останува фокусиран и смирен во борбата за нова, петта по ред титула, иако оваа сезона е нешто поразлична за него. Возачот на Ред Бул, кој во изминатите години доминираше во шампионатот, сега се наоѓа во улога на „ловец“, зад двојката на Мекларен – Оскар Пијастри и Ландо Норис. „Шансите за титула ми се „50-50“. Или ќе ја освојам, или нема. Но, искрено, не размислувам многу за пласманот ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го пријави својот следен настап и ќе игра на турнир од ВТА-фјучрс категоријата во Истанбул, Турција. Тетовчанката според ранкингот е прва од пријавените и ќе ја има улогата на главна носителка. Најзвучното име кое ќе биде дел од турнирот е Урсула Радванска, помалата сестра на некогашната ѕвезда Агнешка Радванска. Турнирот во Истанбул ќе се игра од 27 октомври до 2 ноември, а наградниот фонд е 30.000 ...
Екипата на ТФТ Скопје забележа победа на стартот во регионалната АБА-лига, совладувајќи ја екипата на Раднички Крагујевац на гостински терен со резултат 84-78. Тимот на Боро Смилковски имаше фуриозни десет минути по паузата во кои ја осигура посакуваната победа на враќањето во регионалното натпреварување по една година пауза. „Прво, морам да напоменам дека Раднички е многу организиран и сериозен тим од регионот кој го гледаме на телевизија со ...
Сагата околу англискиот дефанзивец Марк Геи повторно е во центарот на вниманието на фудбалската јавност. Иако минатото лето беше на чекор од трансфер во Ливерпул, капитенот на Кристал Палас остана во клубот, откако управата на „орлите“ во последен момент го стопираше договорот поради недостиг на адекватна замена. Но, Геи сега веќе изразил јасна желба да ја напушти лондонската екипа. Палас се наоѓа во деликатна позиција. Ако не успее да го ...
Некогашниот француски репрезентативец и светски првак од 2018 година, Самуел Умтити, одлучи да ги замени копачките со тренерска табла. По официјалното објавување на крајот на својата играчка кариера, Умтити веќе ја започна новата мисија, да стане тренер. Од почетокот на оваа недела, 30-годишниот поранешен дефанзивец започна практична работа во редовите на Париз, клуб од француската Лига 1. Активно учествува во секојдневниот тренажен процес, ...
Доколку Баерн не ја започна сезоната на ист начин, толку супериорно, би можеле да кажеме дека Борусија не го пречекала првиот Класик во последните десет години во порамноправна позиција; освен што е прв придружник на шампионите на табелата, се чини дека Нико Ковач доста добро ги намести некои работи, пред сè одбраната (Милионерите примија само четири гола во првите шест кола), но бидејќи Баварците изгледаат навистина моќно на почетокот од ...
Фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија и официјално избори пласман на Светското првенство што ќе се одржи следната година. Ова ќе биде нивно трето последователно учество на најголемиот фудбалски собир, со што селекцијата го потврди континуитетот и напредокот во последните неколку години. Според локалните медиуми, владата на Саудиска Арабија одлучила богато да ги награди фудбалерите за историскиот успех. Секој член на националниот тим ќе ...
Талант Душебаев повеќе од десет години го води полски Киелце, но по крајот на сезоната може да дојде до промена затоа што еден од најдобрите светски стратези може да се пресели во Бундеслигата. 57-годишниот Душебаев има договор со полскиот гигант до крајот на актуелната сезона. Засега нема договор меѓу двете страни, а целата ситуација ја прати бундеслигашот Кил кој ќе му понуди на легендарниот стратег да дојде во Германија. Словенечките медиуми ...
Драган Николиќ, човекот кој остави трага во македонската кошарка во тимовите на МЗТ Скопје и Карпош Соколи, се врати во татковината и ќе има трет мандат во тим. 53-годишникот ќе го води тимот на Младост Земун, кој по два порази во стартните два меча во српската КЛС-лига реши да менува тренер. Николиќ претходно ја водеше оваа екипа од 2005 до 2006 година, како и од 2014 до 2016 година. Во Карпош Соколи работеше од 2016 до 2017 година и го освои ...
Македонскиот фудбалски првак Шкендија со резултатите кои ги забележа во Европа забележа и голем скок на листата на најдобри 500 клубови во светот која ја прави Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Тетовчани забележаа нов голем скок и сега се на 240. место на најновата светска клупска листа. На неа има место и за уште еден клуб од Македонија, тоа е Вардар, кој исто така со резултатите во евро-куповите ова лето доби ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата за спринт трката во рамките на Големата награда на Соединетите Американски Држави, 19. рунда од актуелниот шампионат во Формула 1, што овој викенд се вози на патеката во Остин, главниот град на Тексас. Холанѓанецот уште еднаш го демонстрира своето возачко мајсторство и стабилност во квалификациските услови, осигурувајќи ја првата стартна позиција пред Ландо Норис од Мекларен, кој ќе ...
Второрангираниот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер, изјави дека сè уште не донел одлука дали ќе учествува во финалето на Дејвис Купот, кое ќе се одржи од 18 до 23 ноември во Болоња, каде што Италија ќе го брани трофејот освоен во 2023 и 2024 година. Италијанецот поради повреда се повлече од третото коло на турнирот во Шангај, каде играше против Холанѓанецот Талон Грикспор. „Се обидуваме да разбереме зошто ги имав тие грчеви, понекогаш ...
Тања Стојановска успешно го заврши курсот и се здоби со тренерска лиценца ИТФ ниво 3, кое е највисокото тренерско ниво во тенисот кое го издава Светската тениска федерација. Стојановска изминатиот период активно работеше особено што курсот имаше два дела теоретски (се следеше on-line) и практично со тренинзи, а овој дел се одржуваше и во Валенсија. Курсот подразбира во првиот дел планирање, био-механика, тактика, физички и психолошки тренинг, ...
Навивачите на фудбалскиот клуб Макаби Тел Авив нема да имаат дозвола да присуствуваат на натпреварот од Лига Европа против Астон Вила поради безбедносни причини, соопшти денес полицијата во градот Бирмингем. Органите на редот изразија загриженост дека нема да можат соодветно да одговорат на евентуалните протести за време на натпреварот, кој ќе се игра на „Вила парк“ на 6 ноември. Советодавната група за безбедност - телото одговорно за издавање ...
Англискиот репрезентативец и фудбалер на лондонскиот Челзи, Кол Палмер, ќе мора да паузира подолго од првичните предвидувања, а причината е повредата на препоните, која се покажа како посериозна од очекуваното. Првично беше најавено дека Палмер ќе отсуствува околу три недели, но сега ситуацијата наложува паузата да трае уште најмалку шест седмици, а исто така можна е и операција која ќе подразбира уште подолга пауза, но лекарскиот тим се труди ...
Фудбалерите на Овиедо доживеаја ново разочарување пред своите навивачи, откако беа поразени со 0-2 од тимот на Еспањол во натпревар од деветтото коло на шпанската Примера дивизија. Новајлијата во елитата не успеа да ја прекине негативната серија, и покрај тоа што натпреварот го одигра на свој терен и со нов тренер на клупата. По репрезентативната пауза, клубот од Астурија се раздели со српскиот стратег Вељко Пауновиќ, чиј резултатски биланс не ...
Екипата на Партизан во драматичен финиш ја совлада екипата на Басконија (91-79) и така во Евролигата по пет одиграни кола дојде на скор 3-2 со кој се израмни со големиот ривал Црвена Звезда. Иако тимот на Обрадовиќ имаше двоцифрено водство, се доведе до ситуација да има драматичен финиш. Свое шоу имаше Двејн Вашингтон, кој во финишот врза седум поени и сам ја победи Басконија. Шпанците се обидоа да се вратат, но тоа не донесе со паметен напад, ...
Фудбалерите на Унион Берлин конечно им се вратија на победите во Бундеслигата, совладувајќи ја екипата на Борусија Менхенгладбах на свој терен со резултат 3-1, во натпревар од седмото коло на германскиот шампионат. По два последователни натпревари без триумф, берлинскиот состав одигра одличен меч пред својата публика и го искористи кризното издание на „ждребињата“, кои продолжуваат со очајната серија резултати уште од стартот на сезоната. ...