Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Италијанската фудбалска репрезентација чекори кон нов бараж за Светското првенство. На „чизмата“ веќе стравуваат од повторување на претходните два Мундијали од кои не беа дел. Еднаш тие загубија во баражот од Шведска, а еднаш и од Македонија. Сепак, дека нема да има трет кикс јасно нагласи Џанлуиџи Донарума. Голманот на Манчестер Сити е дециден дека Италијанците нема повторно да се опуштат во еден бараж. „Европскита квалификации за Мундијалот ...
Кошаркарската репрезентација на Словенија добива ново големо засилување за следните предизвици. Според американските медиуми, нов играч на „змајчеки“ ќе биде центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс, кој ја прифатил поканата од својот соиграч, Лука Дончиќ. 25-годишниот Хејс веќе објави дека е започната процедурата за добивање словенечки пасош, по што ќе може да се појави на следниот репрезентативен повик. „Лука е мој човек, драго ми е што ќе ...
Трофејниот шпански стручњак, Рафаел Бенитез, треба да го преземе кормилото на грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, додека се дефинираат деталите за идната соработка. Грчките медиуми на големо пишуваат дека договорот е близу и Бенитез наскоро ќе стане тренер на „детелинките“ од Атина, кои не ја започнаа сезоната според очекуваното. По пет одиграни кола, ПАО има учинок од две победи, две ремија и еден пораз. Бенитез е еден од ...
Поранешниот шведски репрезентативец, Златан Ибрахимовиќ, ги посочи своите тројца фаворити кога се работи за најдобрите фудбалери на сите времиња. Иако неретко Ибрахимовиќ на шега се сместуваше себеси на врвот на оваа листа, сепак овој пат во скромен манир ги одбра тројцата најдобри, кои според него оставиле најголем печат во светот на овој спорт. На првото место е легендарниот бразилски напаѓач, Роналдо Луис Назарио да Лима, а потоа следуваат ...
Словенецот Јурица Големац го продолжи договорот со евролигашот Дубаи до 2028 година, ден откако со клубот од Обединетите Арапски Емирати извојува убедлива победа 69-93 на гостински терен против актуелниот шампион во Евролигата, Фенербахче. По четири одиграни кола, Дубаи има скор од две победи и два порази во својата прва сезона во Евролигата, со две убедливи победи против Партизан дома и на гостински терен кај Фенербахче, и со два убедливи ...
Кошаркарот на Црвена Звезда, Џордан Нвора, е избран за најкорисен играч (МВП) на четвртото коло од Евролигата, објави веб-страницата на натпреварувањето. Нвора постигна 24 поени, седум скока, пет украдени топки, три асистенции и две блокади, за вкупно 33 одиграни минути во победата на Црвена Звезда над Жалгирис од 88-79, со индекс на корисност од 34. Jordan Nwora takes the spotlight and the Round 4 MVP A career-best performance leading ...
Дел од италијанските медиуми веќе се зафатија со работа и прават „комбинаторики“ околу евентуалниот пласман на фудбалската репрезентација на Светското првенство кое се игра следната година. Како што стојат работите, многу веројатно е дека Италија ќе биде втора во својата квалификациска група и третпат по ред ќе игра бараж за учество на Мундијалот. „Аѕурите“ теоретски можат да ја стигнат Норвешка, која е лидер со 18 бода, но имаат далеку полоша ...
Холандската фудбалска легенда Патрик Клајверт повеќе не е селектор на индонезиската репрезентација. По серијата лоши резултати во квалификациите за Светското првенство, Индонезиската фудбалска федерација одлучи да ја прекине соработката со прославениот напаѓач. Клајверт го презеде индонезискиот тим во јануари оваа година, потпишувајќи двегодишен договор. Главната цел беше историска - да го води тимот до нивното прво Светско првенство откако ...
Плејмејкерот на Виртус, Лука Вилдоса, и неговата сопруга Милица наводно биле уапсени откако нападнале членови на службите за итни случаи во близина на салата „Паладока“ во Болоња. Инцидентот, според извештаите на италијанските медиуми, започнал кога Вилдоса блокирал амбулантно возило со својот автомобил кое било на пат кон интервенцијата. Потоа наводно физички нападнал еден од болничарите, фаќајќи го за вратот. И неговата сопруга Милица исто ...
Кругот на номинирани за наградата „Златно момче“ се стесни. Италијанскиот медиум „Тутоспорт“ ги објави дваесетмината кои што ќе се борат за оваа престижна фудбалска награда. Во конечната листа има неколку добропознати имиња во фудбалската јавност, како што се Дин Хујсен, Арда Ѓулер и Франко Мастантуоно од Реал Мадрид, Дезире Дуе од ПСЖ, Хато и Еставио од Челзи, Јоро од Манчестер Јунајтед... За многумина изненадување е што на овој список го нема ...
Откако беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, францускиот репрезентативец верува дека дојде време неговата заработка да го одрази тоа. Адвокатите веќе го контактирале раководството на ПСЖ со конкретно барање - зголемување на платата во согласност со новиот статус. Дембеле е под договор со парискиот тим до летото 2028 година, но во светот на модерниот фудбал, клубовите се стремат да се обезбедат на време. Продолжувањето на договорите или ...
Дали рекордот на Италија на Роберто Манчини од 39 натпревари без пораз е пред рушење? Шпанија ја продолжи својата серија без пораз на официјални натпревари на 29 натпревари. Шпанците пред два дена во Ваљадолид ја совладаа Бугарија со 4-0 во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Во овој период, Шпанија победи на 24 натпревари и одигра пет средби нерешено. „Црвената фурија“ постигна сличен подвиг помеѓу 2010 и 2013 година. Шпанија ...
Дејан Манасков полека влегува во својата форма по која беше претпознатлив во Европа кога го носеше дресот на гигантот Веспрем. Веќе неколку натпревари е најдобар стрелец во Еурофарм Пелистер, но за битолчани најмногу радува фактот што Манаков е секогаш на вистинското место кога на тимот му е најмногу потребно. Искусното крило тоа го докажа и на соочувањето со големата Барселона. Манасков на асистенција на Митревски го постигна најатрактивниот ...
Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, забележа пораз од Барселона, но доби две „засилувања“ во нападот. Во битолската сала шпанскиот гигант рутински ја заврши својата задача и дојде до третата овосезонска победа, додека „зелено-белите“ го впишаа четвртиот пораз. Но, овој пораз беше многу поразличен од претходните. Не само што беше од Барселона и не боли толку, туку и поради фактот што битолчани го видоа она што го очекуваа од двете ...
Селекциите на Аргентина и Мароко ќе се судрат во финалето на Светското првенство на ФИФА за играчи до 20 години, кое што се одржува во Чиле. Во полуфиналето, Аргентина ја победи Колумбија со минимални 1-0, додека Мароко славеше со вкупни 6-5 (1-1) по изведувањето на пенали против Франција. Мароко поведе против Франција во 32. минута, кога Забири стрелаше од најстрога казна. Африканскиот национален тим водеше до 59. минута, кога Мишал израмни на ...
Aргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси ги именуваше десетте најталентирани фудбалери во светот. Меси го изненади светот со тоа што не ги вклучи Ламин Јамал, кој се смета за негов наследник во Барселона, ниту Франко Мастантуоно, младиот ас на Реал Мадрид за кого се очекува да биде новиот лидер на Аргентина. Меси на врвот на листата стави свој сонародник, Нико Паз. Играчот, кој помина низ академијата на Реал Мадрид, моментално игра брилијантно ...
Локалните избори во Македонија го поместија и закажаното трето коло од новата сезона во кошаркарската Суперлига. Имено, суперлигашите викендов требаше да водат нови битки во домашниот шампионат, но поради изборите сабота и недела нема да гледаме кошарка. Третото коло од Суперлигата ќе се одигра наредната седмица, поточно на 21, 22 и 24 октомври. За во вторник закажани се три среди – Чаир – ТФТ, Кожув – Гостивар и Работнички – Тиквеш, ден подоцна ...
Шпанија ја декласира репрезентацијата на Бугарија со 4-0, а Барселона повторно е лута на селекторот Луис де ла Фуенте. Имено, иако беше најавено дека Педри ќе добие заслужен одмор, бидејќи играше на секој натпревар и за Барса и за Шпанија од почетокот на сезоната, тој повторно беше меѓу стартерите. Каталонските медиуми пишуваат дека Де ла Фуенте покажал дополнително непочитување кон Барселона со тоа што го задржал Педри во игра речиси 70 минути, ...
Италија, предводена од Џенаро Гатузо, го победи Израел со 3-0. Тоа беше важна победа за „аѕурите“, кои на тој начин ги задржаа своите теоретски шанси да ја стигнат Норвешка на врвот во квалификациската група за Светското првенство. На тој начин Гатузо ги забележа сите победи на клупата и го има најдобриот почеток во историјата на италијанската репрезентација. Размислувајќи за можниот исход од квалификациите, Гатузо даде јасна изјава: „Ќе си ги ...
Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, беше среќен после обезбедениот пласман на Светското фудбалско првенство, упатувајќи големи пофалби за навивачите кои го бодреа тимот на гостувањето кај Летонија во квалификацискиот натпревар (0-5). Тухел деновиве влезе во мала „вербална војна“ со навивачите, но по натпреварот рече дека ја прифаќа нивната смисла за хумор и им се заблагодари за тоа што го насмеале во текот на мечот. „Пред ...
Првата ѕвезда на грчката кошаркарска репрезентација, Јанис Адетокумбо, повторно ја „разбранува“ домашната јавност со една изјава поврзана околу крајот на неговата богата кариера. Асот на Милвоки Бакс неколку пати изјавуваше дека сака да се пензионира во некој од грчките клубови, а сега „долеа уште масло на огнот“ и ги разбуди надежите кај навивачите на гигантите од неговата родна земја. „Имам 30 години, знам дека можам да играм уште неколку ...
Никола Митревски на голманската позиција имаше перфектна партија и двоцифрен учинок, но не успеа да му донесе позитивен резултат на Еурофарм Пелистер во дербито на денот со Барселона (30-34). По мечот во Битола, искусниот чувар на мрежата потенцира дека сите се бореле до крај, но не успеале со најтрофејниот европски клуб. „Секогаш е задоволство кога имаме полна сала и ваков противник да се игра против него. Благодарност до публиката и што кога ...
Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, немаше „влакна на јазикот“ после тешкиот пораз од Дубаи во Евролигата, потенцирајќи дека неговиот тим одиграл катастрофален натпревар. Литванскиот стратег ги замоли навивачите да не скандираат „Евролига, мафија“, затоа што смета дека натпреварувањето нема никаква врска со нивната лоша форма. „Никој не е виновен, ниту судиите, ниту Евролигата. Виновни сме само ние. Ова издание е недозволиво, на ...
Во четвртото коло од кошаркарската Евролига, белградски Партизан доживеа пораз од Реал Мадрид со резултат 93-86 во „Мовистар арената“. И покрај високото двоцифрено водство на кралскиот клуб, Партизан се врати во мечот од -21 и дојде на -4, но домаќинот не дозволи сензација. Најефикасен во редовите на Реал беше Таварес, кој блесна со 19 поени и 9 скока, додека Лајлс додаде 17 поени и 5 скока, а Маледон имаше 16 поени. Свој придонес дадоа и Океки ...
По донесената одлука да нема фудбал овој викенд во Македонија заради Локалните избори, објавени се и новите термини за одложените средби, кои ќе се одиграат во текот на следната недела. Најголемо внимание привлекува големото дерби од Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Вардар, кое ќе се одигра на „Градскиот стадион“ во Тетово, во понеделник, 27 октомври, со почеток од 13:30 часот. Десеттото коло од Првата македонска фудбалска лига ...
Екипата на Еурофарм Пелистер доживеа нов пораз во Лигата на шампионите откако на домашен терен „зелените“ влегоа во машинеријата на Барселона (30-34). По дуелот, тренерот Рубен Гарабаја направи анализа на изданието против еден од најдобрите тимови во светот. „Игравме против можеби најдобриот тим во светот. Да ја победиш Барселона мора да си перфектен, ние имавме добар меч, но не и перфектен. Правевме некои лесни грешки, не најдовме решение да ги ...
Францускиот тенисер Гаел Монфилс ја заврши сезоната откако не успеа целосно да се опорави од повредата на глуждот, која го мачи во последниов месец. Монфилс го објави ова на платформата „Twitch“ и рече дека би сакал да ја заврши кариерата на Мастерсот во Париз следната година. Тој го повреди десниот глужд на 18 септември и мораше да се повлече од првото коло на АТП турнирот во Ченгду. 39-годишниот француски тенисер на први октомври изјави дека ...
Домен Макуц ја одигра најдобрата европска партија за Барселона и го водеше својот тим до победа кај Еурофарм Пелистер (30-34) во рамки на Лигата на шампионите. По мечот, Словенецот ја пофали атмосферата и порача дека секој ривал кој ќе гостува во Битола, ќе му биде многу тешко. „Убаво беше да се игра во оваа фантастична атмосфера од прва до последна минута. Задоволен сум што победивме, не беше така лесно како што изгледаше. На крајот мечот ...
Карлос Ортега и неговата Барселона си ја остварија целта и забележаа победа кај Еурофарм Пелистер (30-34) во Лигата на шампионите со која се вратија при врвот кај најдобрите екипи во групата. По мечот, стратегот од Шпанија му честиташе на својот тим за изданието, а посебно ја пофали публиката која во текот на целиот натпревар го креваше тимот на Пелистер во најтешките моменти. „Беше задоволство да се игра на ваков терен пред овие навивачи, ми ...
Ако го пропуштивте мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Барселона, тогаш сигурно го пропушивте и голот на колото во Лигата на шампионите! Македонскиот првак загуби од шпанскиот гигант, но Дејан Манасков даде гол за кој долго ќе се зборува. По едно промашување на Барселона, Никола Митревски го пронајде крилото во нападот, а тој погоди атрактивно во мрежата на најдобриот светски голман. Сигурно е дека ЕХФ ќе го награди голот на Манасков, може да биде и ...