Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Екипата на Севиља без никакви проблеми го совлада Овиедо со убедливи 4-0 (2-0) во натпреварот од шеснаесеттото коло во шпанската Примера. Домаќините одиграа одличен меч и заслужено ги освоија трите бода, а стрелци беа Акор Адамс, Џибрил Соу и Французинот Батиста Менди. Конечните 4-0 ги постави Чиндера Еџуке, кој стрелаше во 89. минута. За Севиља ова е шести сезонски триумф, со кој се искачи на осмото место на табелата, додека Овиедо го впиша ...
Италијанскиот гигант Јувентус одби спектакуларна понуда вредна околу две милијарди евра за преземање на клубот. Понудата пристигнала од криптовалутна компанија која веќе поседува малцински пакет акции, но раководството на клубот јасно ставило до знаење дека Јувентус не е на продажба. Според информациите, потенцијалниот купувач понудил повеќе од една милијарда евра за мнозинскиот пакет акции, како и дополнителни значителни инвестиции во ...
Иднината на Јанис Адетокумбо во дресот на Милвоки Бакс изгледа сè понесигурна, а во јавноста веќе се појавуваат информации за клубови кои внимателно ја следат неговата ситуација и се подготвени да реагираат доколку дојде до разделба. Грчкиот кошаркар наводно е незадоволен од моменталната состојба во екипата, бидејќи Бакс во овој момент немаат реална можност за борба за шампионската титула. Токму тоа го наведува Јанис сериозно да размислува за ...
Само неколку часа откако во неделата Ландо Норис го симна Макс Верстапен од тронот и стана нов светски шампион во Формула 1, Британецот заедно со својата девојка и пријателите организираше грандиозна забава во Абу Даби. Според британскиот весник The Sun, друштвото посетило неколку луксузни локали, а самиот Норис подоцна признал дека сериозно се напил. На социјалните мрежи брзо се појавија и неколку видеа од славјето. Набргу потоа излезе и ...
Екипата на Милан не ја оправда фаворитската улога и одигра нерешено (2-2) против Сасуоло во натпреварот од петнаесеттото коло во италијанската Серија А. Гостите поведоа со голот на Исмаел Коне во 13. минута, но „росонерите“ возвратија пред крајот на првото полувреме преку Давиде Бартезаги, кој го постави резултатот на паузата (1-1). Одлично започнаа миланезите во вториот дел, Бартезаги повторно стрелаше по само две минути игра, а потоа имаа и ...
Меѓународната агенција за интегритет во тенисот соопшти дека францускиот тенисер Квентин Фолио е суспендиран од спортот на дури 20 години, по една од најсериозните пресуди поврзани со корупција во поновата историја на тенисот. Покрај долгогодишната забрана, Фолио доби и парична казна од 70.000 американски долари, како и обврска да врати повеќе од 44.000 долари добиени преку коруптивни активности. Агенцијата утврди дека 26-годишниот Французин ...
Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, поднесе оставка од функцијата главен тренер на кипарскиот прволигаш, Етникос Акна. Заедно со Ангеловски заминува и неговиот стручен штаб, односно асистентот Милан Илиевски. Причината за оставката се лошите резултати на тимот кој забележа шест последователни порази во првенството. Ангеловски им се заблагодари на сите навивачи, како и на клупската управа, ...
Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ја задржа првата позиција во најновиот пресек на трката за наградата за најкорисен играч (МВП) во НБА лигата. Центарот и натаму важи за главен фаворит за признанието што му се доделува на најдобриот играч во регуларниот дел од сезоната, иако конкуренцијата од недела во недела станува сè посилна. Според НБА, овогодишната МВП-трка јасно се подели во две групи, а на самиот врв се издвојува триото ...
Екипата на МЗТ Скопје како фаворит влегува во „вечното дерби“ со Работнички кое е во фокусот во актуелното коло на Суперлигата. Дуелот го најави тренерот Васко Атанасов, кој истакна дека нема фаворити во овој меч и мора да се биде максимално внимателен. „Вечното дерби секогаш е предизвик сам по себе, без разлика на односот на силите и моменталната форма на двете страни. Историјата нѐ учи дека нема правила, дека нема фаворити и дека победата ...
Екипата на Вардар 1961 може да добие капитално засилување за следната сезона во бековската линија, затоа што има интерес за Алекс Душебаев кој си заминува од Киелце по крајот на актуелната сезона. Вардар гради шампионски тим, целта е враќање во Лигата на шампионите со респектабилна екипа, подготвена да се надигрува со сите учесници во елитното друштво. Шпанецот е еден од милениците на публиката заради деновите во шампионскиот тим на ...
Втората македонска фудбалска лига е комплетирана, а на половина од шампионатот, четири играчи кај најдобри стрелци во лигата се „двоцифрени“ и трката за топ-стрелец во ВМФЛ ќе биде голема. Најдобри стрелци на полусезоната во ВМФЛ: 1. Виктор Ангелов (Скопје) - 12 гола 2. Иван Глигоров (ГФК Охрид) - 12 гола 3. Андреј Симевски (Саса) - 11 гола 4. Бојан Спиркоски (Беласица) - 10 гола Есенски шампион во ВМФЛ е ГФК Охрид, а директен пласман во ПМФЛ ...
Лигите полека ги ослободуваат африканските ѕвезди за настапот на Африканскиот Куп на нации, а еден од најдобрите играчи од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе биде дел од настанот. Вардар ќе го даде единствениот играч од мак-фудбалот на престижниот настан на африканскиот континент. Роџерс Мато, најдобриот стрелец за полусезоната во нашиот шампионат, ќе игра за Уганда. Напаѓачот се рехабилитира од повредата на стапалото и ќе биде дел од ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, тренира да се врати во ритам и според она што го објавува на социјалните мрежи, се подготвува за првиот престижен турнир во новата сезона. Тетовчанката на „Инстаграм“ објави тренинг со топчиња од првиот Грен Слем турнир во новата сезона, Австралијан Опен, со што индиректно го најави настапот во квалификациите каде игра секоја сезона. viber_image_2025-12-14_00-46-28-472.jpg Ѓорческа досега ...
По вкупно 106 одиграни натпревари во пет градови-домаќини, светската круна во женскиот ракомет ќе биде доделена во „Ахоj арената“ во Ротердам, каде што на теренот ќе излезат двете единствени непоразени селекции Германија и Норвешка. Прашањето е јасно: дали ко-домаќинот Германија може да одигра уште еден спектакуларен натпревар, да ја изненади фаворизираната Норвешка и да го освои трофејот по пауза од 32 години, или пак Норвешка ќе продолжи да ...
По серијата слаби резултати, позицијата на тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, станува сè понеизвесна, а сценариото за предвремена разделба изгледа пореално од кога било. Иако беше донесен како стратег кој треба да ја започне новата ера на „кралскиот клуб“, Алонсо по само 28 натпревари на клупата се соочува со сериозна закана од отказ. Незадоволството во раководството на Реал ескалираше по поразите од Манчестер Сити и Селта, резултати што ...
Кошаркарите на Сан Антонио приредија вистинска сензација во досегашниот тек од сезоната, откако во Лас Вегас ја совладаа моќната Оклахома и ја прекинаа нивната импресивна серија од 16 последователни победи. Ова беше само втор пораз за актуелниот НБА-шампион сезонава, но и триумф со огромна тежина за Спарс, кој им обезбеди пласман во финалето на НБА купот. Таму, тимот од Тексас ќе се бори за трофејот против Њујорк Никс. Натпреварот заврши со ...
Македонскиот фудбалски првак Шкендија се наоѓа пред историски успех за македонскиот фудбал и пласман во нокаут-рундата на Конференциската лига на УЕФА, а до крајот на групната фаза ја чека уште еден натпревар. Низ досегашните настапи во евро-куповите, тетовчани инкасираа 5,7 милиони евра. Победите над Шелбурн, Слован Братислава и ремито со Јагјелонија од Полска донесоа 533.000 евра во касата на македонскиот шампион. Во последното коло, ...
Заврши есенската полусезоната во македонскиот фудбал, Вардар е есенски шампион и е без пораз, а навивачите го избраа најдобриот играч. Во анкета спроведена на социјалната мрежа „Инстаграм“, првото место го освои напаѓачот Азер Омерагиќ. Центарфорот во битката за најдобар играч на полусезоната заврши пред Матиќ, Најдовски, Босанчиќ, Мато... Напаѓачот кој е капитен на црвено-црните во натпреварите оваа сезона постигна единаесет гола во сите ...
Домаќинот на следното Светско првенство веќе ја планира својата иднина и по Мундијалот. Фудбалската репрезентација на Мексико на големиот собир од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, пред да се пензионира. По Светското првенство Мексико ќе добие нов селектор, а тоа ќе биде легендарниот Рафа Маркез. „По Светското првенство Маркез ќе ја заврши својата ...
Фудбалската репрезентација на Иран обезбеди пласман на претстојното Светско првенство, но настапот може да мине без нивната најголема ѕвезда Мехди Тареми. Американските рестрикции за влез на државјани од одредени земји, меѓу кои е и Иран, создаваат сериозна неизвесност околу неговото патување, со оглед на тоа што дел од турнирот ќе се игра во САД. Дополнителен проблем претставува минатото на 33-годишниот напаѓач. Тој има отслужено воен рок во ...
Манчестер Јунајтед продолжува да се соочува со сериозни финансиски предизвици. Според најновите финансиски извештаи, вкупниот долг на клубот се искачи на рекордни 1,29 милијарди фунти, што е највисоко ниво во историјата на клубот. Иако извршниот директор Омар Берада ги истакнува „робусните финансиски перформанси“ и позитивните ефекти од неодамнешните мерки за штедење, вкупните обврски на клубот продолжуваат да растат. Зголемувањето се случи ...
Екипата на Арсенал со голема мака го одбрани домашниот терен и ги освои трите бода во натпреварот против Вулверхемптон (2-1) кој важи за најлош тим во англиската Премиер лига и со едната нога е во понизок ранг. Два автогола им пресудија на „волците“ на гостувањето во Лондон. Сите три погодока на мечот паднаа во второто полувреме, а два од нив беа во екстра-времето. Арсенал едвај победи, а овие бодови може да бидат од голема важност во борбата ...
Фудбалерите на Аталанта повторно фатија приклучок со победничкиот ритам во Серија А, откако во рамки на 15. коло на домашен терен го совладаа Каљари со 2-1. Апсолутен херој на натпреварот беше Џанлука Скамака, кој со два погодоци го предводеше тимот до значајни три бода. По големиот европски успех и триумфот над Челзи во Лигата на шампионите, со кој ја завршија календарската година на одличното петто место на табелата, играчите се вратија на ...
Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и во иднина ќе има ист претседател. Поранешниот рели возач од Обединетите Арапски Емирати, 64-годишниот Мохамед Бин Сулајем е реизбран за претседател на водечкото автомобилско тело, на генералното собрание во Ташкент. „Им се заблагодарувам на членовите на ФИА за одличната посетеност и довербата што ми ја покажаа повторно. Надминавме многу пречки и денес сме посилни од кога било“, рече Бин Сулајем. ...
Јужноамериканскиот шампион Фламенго обезбеди пласман во финалето на годинашното издание на Интерконтиненталниот куп, откако во полуфиналниот дуел одигран во Катар славеше со 2-0 против африканскиот првак Пирамидс. Со оваа победа, бразилскиот гигант направи уште еден чекор кон глобалниот трофеј, а воедно беше награден и со пехарот „Челинџер куп“, кој му го врачи лично претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Двата погодоци беа постигнати по ...
Кошаркарите на Чаир 2030 ја запишаа и четвртата победа во последните четири кола во Суперлигата, откако во салата „Шабан Трстена“, заслужено го совладаа тимот на Ангели и по десет одиграни кола се искачија на скор 4-6, што ги оддалечи од „црвената зона“ во елитното натпреварување. Иако првата четвртина понуди целосна неизвесност, со висок ритам и расположени напади на двете страни, домашниот тим уште тогаш навести дека има јасна намера да ја ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен повторно се искачија на врвот на табелата во Лига 1, откако на гостински терен го совладаа Мец со 3-2 во рамки на 16. коло. Иако трите бода беа доволни за враќање на лидерската позиција, поголемо внимание привлече историскиот податок дека тимот на Луис Енрике постави нов клупски рекорд по бројот на постигнати голови во една календарска година. Со головите на овој натпревар, „светците“ стигнаа до бројката од 173 ...
Фудбалерите на Баер Леверкузен се вратија на победничкиот пат откако на домашен терен славеа со 2-0 против големиот ривал Келн во рамките на 14. коло од германската Бундеслига. Охрабрени од ремито против Њукасл во Лигата на шампионите, избраниците на Каспер Јулман со јасна намера влегоа во еден од најзначајните дуели во Северна Рајна-Вестфалија. Дополнителен мотив за „фармацевтите“ беше и поразот од Аугсбург во претходното коло, па победата ...
Фудбалерите на Барселона запишаа важна победа во 18. коло од шпанската Ла Лига, откако на „Камп Ноу“ ја совладаа Осасуна со 2-0, а апсолутен херој на натпреварот беше Рафиња. Иако каталонскиот гигант доминираше од првата минута, отпорот на гостите беше скршен дури во завршницата, кога бразилскиот репрезентативец со два погодоци во 70. и 86. минута ја реши средбата со најслабиот гостин во лигата. Тренерот Ханси Флик на теренот ја изведе ...
Екипата на ТФТ Скопје успеа да слави на гостувањето кај Гостивар (93-83) и така повторно се врати на првото место на табелата по десет одиграни кола во машката кошаркарска Суперлига. Тимот на Боро Смилковски имаше израмнет старт со ривалот (21-21), а потоа по блесок на Гостивар пред паузата, почна да гради предност во своја полза која константно ја одржуваше. Клучна за победата на ТФТ беше второто полувреме, поентерски одиграно далеку подобро ...