Немања Радоњиќ, фудбалерот на Црвена Звезда, реагираше на заминувањето на Драган Стојковиќ од позицијата селектор на репрезентацијата на Србија, со објава на Инстаграм. Иако не објави фотографија од Пикси, јапонското знаме беше јасен знак дека му се обраќа нему, како и песната што ја придружуваше објавата. Радоњиќ испрати „посвета“ до Пикси со текст од песна од Индира Радиќ: „Никогаш не си бил херој, ти простувам за тоа, бидејќи предавниците се ...

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, одби да ја коментира својата физичка форма после поразот од Валентин Вашеро во Шангај, но упати пофални зборови за својот ривал и му честиташе за големата победа - можеби најголема во досегашната кариера. Ѓоковиќ беше изненаден од тенисерот кој само двапати досега победил ривали од Топ-50 ранкингот, упатувајќи пофални зборови за неговиот перформанс во Кина. „Сакам да му честитм на Валентин за неговото прво ...

Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, Охрид денска го игра реванш натпреварот од второто коло против екипата на Баки. „Гладијаторите“ веќе ја завршија својата задача, затоа што синоќа извојуваа убедлива победа од 44-11, па така тренерот Борис Ројевиќ се реши да одмори неколку првотимци и на денешната средба да им даде шанса на неколку младинци. Градимир Чаневски, Анте Иванковиќ и Гоце Ојлески од трибините ќе го следат натпреварот, а свое деби ...

Глазгов Ренџерс се мачи да најде нов менаџер. Клубот од „Ајброкс“ се раздели со Расел Мартин по лошиот почеток на сезоната, но сè уште не го пронашле неговиот наследник. Последниот што го одби Ренџерс е Стивен Џерард. Поранешниот играч на Англија и Ливерпул изјави дека не е време да се врати во Глазгов, откако веќе беше шеф на тренерскиот штаб на шкотскиот тим од 2018 до 2021 година. Џерард седна да разговара со раководството на Ренџерс, но не ...

Управата на белградска Црвена Звезда бргу ја пронајде замената за оптуштениот Јанис Сферопулос, кој замина од клубот после очајниот старт на сезоната. На неговото место експресно пристигна клупската легенда и поранешен тренер на тимот, Саша Обрадовиќ, кој седеше на клупта на „црвено-белите“ во 2020 година. Тогашната етапа не мина премногу славно за стратегот кој беше отпуштен после само шест месеци, но сега се очекува неговиот учинок да биде ...

Раководството на Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифатија оставката на селекторот Драган Стојковиќ по поразот од Албанија во квалификациите за Светското првенство следната година. Пикси по натпреварот во Лесковац изјави и дека нема да патува со тимот во Андора, но рече дека неговиот помошник Горан Ѓоровиќ ќе го предводи тимот, што, сепак, нема да биде случај. „Орлите“ во Андора ќе ги предводи Зоран Мирковиќ, селекторот на младата фудбалска ...

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, повторно удри по ВАР системот, оценувајќи дека технологијата никогаш не требало да биде дел од фудбалот. Легендарниот Французин уште еднаш ја истакна својата позиција дека ВАР технологијата во судиските одлуки го уништи духот на играта. „Да бев претседател на ФИФА, ВАР немаше да постои. ВАР не е и никогаш нема да биде дел од фудбалската филозофија. Би користел видео технологија само за да се види ...

Селекцијата на Норвешка сигурно чекори кон пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Скандинавците синоќа го декласираа Израел со 5-0, а „хет-трик“ забележа гол-машината Ерлинг Халанд. Но, асот на Манчестер Сити не го започна добро натпреварот пред својата публика и докажа дека и тој е само човек. Во период од само две минути Халанд двапати не реализира пенал. Првиот пат Даниел го прочита ударот на норвешката ѕвезда, но бранеше ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, го повика Бенџамин Павар во репрезентацијата како замена за повредениот Ибрахимовиќ Конате, објави Француската фудбалска федерација (ФФФ). Фудбалската федерација на Франција во соопштението наведува дека Конате, кој игра за Ливерпул, го повредил бутниот мускул на 4 октомври во натпревар од Премиер лигата против Челзи. Конате ќе го пропушти и квалификацискиот дуел за Светското првенство 2026 против Исланд. ...

Фудбалерите на Интер Мајами убедливо славеа против Атланта со резултат од 4-0, со што запиша многу важна победа. Останува само уште еден натпревар oд регуларната сезона во МЛС лигата, а Интер има ист број на бодови со Синсинати и го делат второто место во Истокот. Главна ѕвезда на вечерта повторно беше Лионел Меси. Аргентинецот беше под знак прашалник пред почетокот на натпреварот поради мали проблеми со повреда, но сепак се најде во почетниот ...

Фудбалската селекција на Албанија извојува огромен триумф над Србија во Лесковац во квалификациите за Светското првенство во 2026 година (0-1). Херој на гостинскиот тим беше Реј Манај, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во судиското продолжение од првото полувреме. По натпреварот, селекторот Силвињо се обиде да одржи говор во соблекувалната, но среќните играчи едвај чекаа да заврши и го прекинаа славејќија голема победа. Sylvinho ...

Хрватската фудбалска репрезентација е пред уште еден настап на Светските првенства. „Коцкестите“ на Златко Далиќ со ремито во Чешка (0-0) го задржаа лидерскиот статус во групата, но и покрај тоа што двете селекции имаат по 13 бода, сите параметри одат во корист на поранешната југословенска држава. Финалистот на Мундијалот во 2018 година пред себе има две лесни мисии (против Гибралтар и Фарски Острови), што значи дека треба само да ги „наполнат“ ...

Албанија оствари голема победа на гостувањето во Лесковац против Србија со 0-1, приближувајќи се до второто место во групата, кое води во баражите за Светското првенство. Единствениот гол на натпреварот го постигна Манај во судиското продолжение од првиот дел, обезбедувајќи три важни бода за „орлите“. Србија одигра подпросечно и не успеа да се врати во играта. Она што можеше да се предвиди, се случи на прес-конференцијата по натпреварот - ...

Фудбалската селекција на Турција ја забележа најубедливата победа од вечерашната програма во квалификациите за следното Светско првенство. Избраниците на Винченцо Монтела ја посрамотија Бугарија среде Софија со 1-6, и тоа со пет гола во второто полувреме. На полувреме беше 1-1, откако Арда Ѓулер и Кирилов ја погодија целта, а во второто полувреме следуваше канонада за домашниот состав. Турција во водство ја врати Попов со автогол, а потоа два ...

Битолски Пелистер утре слави голем јубилеј – 80 години постоење. По тој повод во Битола се спрема вистински спектакл и пријателски натпревар со романскиот гигант Динамо Букурешт. Во пресрет на утрешната средба новиот тренер на „зелено-белите“ Милан Стојановски кажа дека овој дуел ќе биде вистински тест за неговите момци и одлична можност што подобро да ги запознае своите нови фудбалери. „Прво сакам да ги поздравам гостите кои што ја прифатија ...

Место славје, какво што се очекуваше – „Пикси оди си“. Ова е епилогот од вечерашниот натпревар во Лесковац, на кој Србија одново ја разочара нацијата и го загуби можеби најважниот дуел во групата К од квалификациите за Светското првенство. „Орлите“ загубија од Албанија со 0-1 и се оддалечија од втората позиција на табелата, која носи бараж. Таму сега е Албанија со 11 бода, четири повеќе од Србија, но нашиот северен сосед има еден натпревар ...

Се одеше во насока дека Србија ќе биде таа која што прва ќе постигне гол на средбата во Лесковац, но на полувреме со водство замина Албанија. Се играше судиското надополнување од првото полувреме, во кое Maнај одлично се снајде во мешаницата пред домашниот гол и со силен удар го матира Петровиќ за огромна радост на гостите и молк на трибините. Србите протестираа, барајќи игра со рака на капитенот Џимсити, но главниот судија Коваш не ја промени ...

На покана на Мирко Ивановски, романскиот фудбалски гигант Динамо Букурешт веќе е во Битола и в недела ќе биде специјален гостин на јубилејот на „зелено-белите“. Утре, Пелистер го слави својот 80. роденден, а капитенот Ивановски истакна дека постојат големи емоции кај него и посака фер и коректен натпревар против гостинот од Романија. „Емоции секогаш постојат, кога сакаш некој клуб, кога ти е во срцето, кога ќе играш за него со голем респект. ...

Македонскиот ракометен клуб, Алкалоид, пред нешто повеќе од еден месец го подигна шампионскиот пехар од ЕХФ Купот, а еден ракометар дури денес го доби медалот на своите гради. Алкалоид без многу проблеми славеше на соочувањето со Бутел Скопје, во седмото коло од Суперлигата (32-25), а пред стартот на натпреварот раководството на Алкалоид направи потег за почит. Спортскиот директор на тимот од Автокоманда, Милош Милошевски му го врачи медалот од ...

Екипата на Беласица го има најдобриот старт на една сезона во последните неколку години во Втората македонска фудбалска лига, но на изненадување на сите во Струмица, „сините“ остатокот од сезоната ќе го доиграат со нов тренер. Архитектот на оваа Беласица, Александар Стојанов, се реши да се повлече од функцијата шеф на стручниот штаб, по двата врзани порази на тимот во последните две кола. „Во спортот успехот и неуспехот се рамо до рамо,некогаш ...

Хрватскиот стратег на клупата на Динамо Букурешт, Жељко Копиќ, изрази благодарност за поканата и можноста неговиот тим да одигра пријателски натпревар против прволигашот Пелистер, кој слави 80 години од своето постоење. Копиќ изјави дека му е голема чест што е дел од јубилејот кој го слават, како што рече - неговите пријатели и добри соработници. „Убаво е кога човек има пријатели и луѓе со кои е во добра соработка. Јас се познавам со Мирко ...

Репрезентацијата на Норвешка е веќе сигурен патник на Светското фудбалско првенство, откако ја забележа и шестата чиста победа во квалификациите, овој пат над Израел со убедливи 5-0 (3-0). Домаќините тргнаа силно и со опасно темпо, имаа повеќе шанси на стартот, а потоа добија и пенал во шестата минута, но не го реализираше напаѓачот Ерлинг Халанд. Сепак, ѕвездата на Манчестер Сити ја затресе мрежата во 27. минута, а во меѓувреме Израел си ...

Фудбалерите на Брегалница ја запишаа досега најважната победа во новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако во дербито на осмото коло со сигурни 2-0 го совлада директниот конкурент за највисок пласман – Скопје. Со денешните три бода „сините“ од Штип се вратија на лидерската позиција со идентичен скор како Шкендија Арачиново (шест победи, две ремија и нула порази), но со подобра гол-разлика. На денешниот натпревар беше „сефтосана“ ...

Екипата на Алкалоид продолжи победнички во Суперлигата. Тимот на домашен терен славеше над Бутел Скопје со резултат 32-25 (18-13) и продолжи да биде непоразен во најдобриот шампионат на Македонија. Тимот на Кирил Лазаров водеше од почетокот до крајот на средбата, а триумфот можеше да биде поубедлив, но опуштањето во вториот дел ја направи разликата помала на контото на сините од Автокоманда. Уште од почетокот беше јасно дека Алкалоид ќе слави ...

Ракометарите на Струга се изборија за триумф над Куманово (26-25) во натпреварот од седмото коло на Суперлигата, но за да ги впишат бодовите, мораа да работат напорно буквално до последната секунда. Видовме тврд и неизвесен меч, на паузата домаќинот имаше само гол позитива (16-15), а во второто понеефикасно полувреме бевме сведоци на голема борба до самиот крај. Стружани се изборија за победа со брз противнапад во последната секунда, кој го ...

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го извојува третиот триумф во македонската Суперлига, откако славеше над Пролет 62 на гостувањето во Скопје со конечен резултат 24-26. Бевме сведоци на возбудлив меч, публиката во Скопје им даде голема поддршка на милениците, но тие не успеаја да извлечат позитивен резултат против ривалот од Битола. На паузата Пролет водеше со 14-13, но во второто полувреме дозволи добра серија на гостите, кои имаа и највисоки +4 ...

Екипата на ГРК Охрид само формалности ја делат од следната фаза во Европскиот Куп на ЕХФ, затоа што славеше над азербејџански Баки повеќе од убедливо (44-11) во првиот дуел од второто коло. Првиот од двата меча кои ќе се играат во градот крај езерото заврши со сигурен триумф на македонскиот првак. Избраниците на Борис Ројевиќ доминираа од првата до последната секунда, а илустрација на силата е разликата уште по првото полувреме која беше 24-7. ...

Екипите на Тиквеш и Кожув одиграа навистина интересен натпревар во рамките на второто коло од Првата македонска лига, а победата на крајот замина кај гостинскиот тим, кој славеше со конечен резултат 70-72. Првото полувреме понуди прилично израмнета игра на двете страни, на паузата домаќинот имаше два поени предност, (38-36), но во вториот дел видовме поникаков пристап и поголема неизвесност. Гостите од Гевгелија одиграа одличен трет период и за ...

Дебитантот во Првата лига, екипата на Маџари, доживеа пораз на гостувањето кај МКК Куманово (82-76) и така го запиша вториот меч без бодови во најдобриот шампионат на Македонија. Маџари имаше уште еден одличен дуел во кој беше конкурентен со поискусен ривал до финишот, ама го испушти скалпот на кумановчани. Клучна за победата на тимот на Марин Докузовски беше последната четвртина, која Куманово ја доби со 28-14. Во следното коло од Првата лига, ...

Екипата на Гостивар преку новајлијата Ангели (91-86) ја запиша првата победа во Првата кошаркарска лига оваа сезона, со поени во самиот финиш. Дуелот беше израмнет, двата тима беа резултатски близу, се до влезот во последните десет секунди. Во таа акција, Младеновиќ постигна тројка за гостите, а откако Стојанов промаши за три на спротивната страна, следеше фаул врз Абрам и две слободни фрлања за победа на гостиварчани. Најдобар поентер на мечот ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
6.17
74%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
92%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.82
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.45
96%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
87%
1008
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.69
90%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
7.2
94%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Никел

473258.99

Злато

134976.58

Родиум

255598.44

Платина

52864.82

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Цинк

3.22

Иридиум

145787.60

Бакар

10.96

Паладиум

46361.38

Сребро

1876.20

Рутениум

29192.88