Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, изјави дека неговиот тим е целосно подготвен и уверен дека може да стигне до победа против Манчестер Сити во дербито на шестото коло од Лигата на шампионите. Реал Мадрид ќе има задача значително да го поправи впечатокот после поразот од Селта Виго во Примера (0-2), а тренерот Алонсо смета дека овој меч е веќе во минатото. „Тимот е обединет и подготвен. Играчите знаат каква битка нè чека утре. Ова е голема ...

Фудбалерите на Олимпијакос забележаа минимална победа на гостувањето кај Каират во Алмати (0-1) во Лигата на шампионите. Домашната екипа во Казахстан одново парираше и беше на високо дефанзивно ниво, меѓутоа не успеа да издржи и да освои голем бод. Долго време на „Астана Арена“ се играше без голови, а грчкиот клуб пред финишот успеа да го скрши домашниот отпор за прва победа во елитата. Херој на победата на Олимпијакос беше човекот за кој ...

Пари Сен Жермен ќе биде ослабен на гостувањето кај Атлетик Билбао во шестото коло од Лигата на шампионите. Пристигна потврда дека Усман Дембеле нема да настапи поради болест. Француските медиуми јавуваат дека „Златната топка“ го пропуштил тренингот во понеделник, а медицинскиот тим проценил дека нема да може да игра во среда. Луис Енрике ќе има дополнителни проблеми со составот, бидејќи повредениот голман Лукас Шевалие исто така отпадна од ...

Лукас Подолски, поранешниот германски репрезентативец, стана ко-сопственик на својот омилен клуб Горник Забрзе, за кој и понатаму настапува во финалната етапа од кариетата. Тој купи околу 8,3% од акциите на клубот, што го прави втор најголем акционер по градот Забрзе, кој и понатаму е најголем сопственик. Подолски истакна дека овој чекор е почеток на нешто големо за клубот и неговите навивачи, нагласувајќи дека процесот на приватизација е во ...

Амбициозниот македонски второлигаш, Шкендија Арачиново, се пофали со ново засилување за остатокот од сезоната, во кој ќе се обиде да се избори за пласман во елитното фудбалско друштво. Нов играч на арачиновци е искусниот Владимир Жоглев, кој досега ги бранеше боите на Осогово, а претходно во кариерата настапуваше за Скопје, Вардар, Тетекс, Беса 1976, Борец и Победа. Се работи за искусен 27-годишен напаѓач, од кого сигурно се очекуваат добри ...

Екипата на Баерн Минхен потешко од очекуваното го совлада тимот на Спортинг од Лисабон со конечни 3-1 (0-0) во натпреварот од шестото коло во групната фаза на Лигата на шампионите. Првите 45 минути не понудија погодоци и покрај тринаесетте шутеви на домаќинот кон голот, затоа што португалскиот тим успеа да го запре налетот на Баварците. Фрустрацијата на Баерн се зголеми откако Џошуа Кимих си постигна автогол во 54. минута, но потоа тимот на ...

Светското фудбалско првенство е далеку од почетокот, а веќе се појавуваат контроверзии околу еден од натпреварите. Дуелот меѓу Иран и Египет во Сиетл е планиран да биде промовиран како „натпревар на гордоста“, дел од локална иницијатива за поддршка на ЛГБТ заедницата. Меѓутоа, иранската и египетската фудбалска федерација изразија незадоволство и не го прифаќаат таквото означување на нивниот меѓусебен дуел. Тие сметаат дека настанот не ги ...

Светското првенство во ракомет за дами стигна до највозбудливата фаза, а тоа се нокаут рундите. Веќе e сè познато и подготвено за четвртфиналните пресметки кои ќе се одиграат денес и утре. Со пласманот во главната фаза селекциите си го „одбраа“ патот до финалето и трофејот. 9 декември Германија - Бразил (17:15 часот) Норвешка - Црна Гора (20:30 часот) 10 декември Холандија - Унгарија (18:00 часот) Данска - Франција (21:00 часот) ...

Македонската фудбалска селекција до 18 години ќе одигра два натпревари од пријателски карактер против соодветната репрезентација на Црна Гора. За овие настапи селекторот Димитар Капинковски го објави списокот на играчи. На него се најдоа 26 имиња на играчи кои ќе конкурираат за настап. Александар Трајков (АП Брера), Јохан Жижајковски (USA Academy), Блендион Тоска (Арсими), Стефан Бранковски (Марибор), Иван Танчев (АП Брера), Јован Мрмачовски ...

Потенцијалното враќање на Серена Вилијамс во светскиот тенис повторно ја раздвижи спортската јавност, а реакција имаше од ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон, кој одамна е познат како голем љубител на тенисот. Британецот ѝ испрати искрена порака на својата блиска пријателка, која повеќе наликуваше на писмо со длабока почит кон една од најголемите спортистки во историјата. „Секогаш ѝ велам да се врати. Јас сум нејзин огромен фан. Таа е ...

Полскиот судија Дамијан Силвестшак ќе ја дели правдата на дуелот од 6. коло во Лига Европа помеѓу Штурм и Црвена звезда, објави УЕФА. За судијата од Вроцлав ова ќе биде уште еден значаен чекор напред, бидејќи минатиот месец судеше и на натпреварот меѓу Бодо/Глимт и Монако во Лигата на шампионите, што е потврда дека Европската куќа на фудбалот му дава сè поголема доверба. Силвестшак важи за дел од најперспективната судиска генерација во Полска ...

Во рамките на 16. коло на ракометната Суперлига се игра второто сезонско „вечно“ дерби, овојпат во Битола. Шампионот Еурофарм Пелистер ќе го дочека Вардар 1961 во натпревар кој многу веројатно не смее да го загуби. Ракометната федерација на Македонија ги делегира официјалните лица за натпреварите од оваа рунда. За дербито во Битола се одбрани Ненад Николовски и Исмаил Металари кои ќе бидат задолжени за арбитражата. На записничката маса ќе има ...

Барселона се соочува со голем проблем во одбраната по последните сознанија од Шпанија дека психолошката состојба на Роналд Араухо е многу посериозна отколку што се претпоставуваше на почетокот. По серијата грешки и исклучувањето против Челзи на „Стемфорд Бриџ“, Уругваецот стана цел на силни критики, што, според шпанските медиуми, силно влијаело врз неговото секојдневие и стабилност. Според информациите, дефанзивецот неодамна побарал дозвола ...

Кошаркарскиот клуб Кожув ќе продолжи со нов тренер во следниот период. Ново име за клупата на тимот од Гевгелија е Љупчо Малинков, кој ќе го преземе кормилото од Апостоли Апостолов. Досегашниот предводник на Кожув ќе остане во клубот, но ќе работи во младинските категории. Малинков во својата тренерска кариера работеше Еуро Никел, ФМП Академија и последно во Гостивар, а имаше и ангажмани во Косово. Оваа сезона Кожув има солиден скор од пет ...

Светската ракометна федерација (ИХФ) ќе бира нов претседател на редовните избори во Каиро на 19 декември. Најавени се промени во светската ракометна централа, а кандидатите се и повеќе од легитимни. Имено, актуелниот претседателот, Египќанецот Хасан Мустафа, најави нова кандидатура, но ќе има сериозна конкуренција во три противкандидати. Фаворит е кандидатот од Германија, Герд Буцек, кој во петнаесет точки и со посебна програма и веб страница ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) официјално потврди дека на Светското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, ќе бидат воведени троминутни паузи за хидратација во секое полувреме, без исклучок и независно од временските услови. За разлика од досегашната пракса, прекините нема да зависат од високите температури или влажноста на воздухот – паузите ќе се одржуваат систематски, во 22. минута од двете полувремиња. ...

Бразилецот Игор Тијаго (24) е хит во Премиер лигата. Блеска во дресот на Брентфорд, а е второ име на листата на стрелци веднаш зад ѕвездата Ерлинг Халанд. Неговата приказна денес изгледа како инспиративна, но неговиот пат до професионалниот спорт бил сè освен едноставен. Роден во скромни услови во Бразил, Тијаго го загубил својот татко на само 13-годишна возраст и од тој момент бил принуден да заработува за да ја издржува својата семејна ...

УЕФА ги одреди судиите за европските купови, а таму има неколку наши репрезенти, како и Шкендија како клуб која ја очекува домашен дуел со Слован Братислава во Конференциската лига на УЕФА. На центарот на Арената „Тодор Проески“ ќе бидат судии од Исланд. Ивар Ори Кристјансон ќе биде главен судија, асистенти се Биркир Сигурдарсон и Гилфи Мар Сигурдсон. Четврти суидја е Вилхјалмур Тораринсон, додека во ВАР-собата се Кевин Кленси и Грент Ирвин ...

Ситуацијата околу Мохамед Салах во Ливерпул добива сè посериозна димензија, откако менаџерот Арне Слот донесе изненадувачка, но јасна одлука – египетската звезда да не биде дел од тимот за пресметката со Интер во Лигата на шампионите. „Црвените“ патуваат на „Џузепе Меаца“ без својот најпознат фудбалер, а тоа неминовно го отвори прашањето: дали е ова почеток на крајот на Салах во Ливерпул? Слот потврди дека комуникацијата пред мечот против ...

Навивачите на Ливерпул гледаат и не можат да поверуваат. Нивните миленици играат слабо и имаат резултати далеку под очекувањата во Премиер лигата, каде што по 15 кола се наоѓаат на десеттото место. По секој кикс се шпекулира за можен отказ на Арне Слот, но впечаток е дека на Енфилд немаат подготвена замена и дека тоа е единственото што Холанѓанецот уште го држи на клупата на актуелниот англиски шампион. Интер од друга страна во последните ...

Крајот на фудбалската година треба да разреши само уште една дилема - кој ќе биде новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација? Откако истече договорот на Благоја Милевски, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му се заблагодари за сработеното и најави дека Управниот одбор најдоцна до 25 декември ќе го избере наследникот. Со оглед на осетливоста на ситуацијата и бараж натпреварите во март, веројатно преовладува опцијата за ...

Ракометнииот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш. Матлиески пристигна во клубот на почетокот од 2025 година, во исклучително тежок момент по трагичната смрт на Александар Јовиќ, и максимално одговорно и професионално ја извршуваше тренерската улога. За жал, резултатите во досегашниот дел од сезоната не се посакуваното ниво, а по последниот пораз од Прилеп на ...

Босанскиот интернационалец Горан Закариќ, веќе втора сезона го носи дресот на есенскиот првак Вардар. Во разговор за „MeridianSportBH“ тој откри дека минатото лето бил многу блиску до тоа повторно да се врати во БиХ, но на крајот сепак решил да остане во редовите на македонскиот великан. Закариќ зад себе има богата кариера, а во својата биографија ги запиша и 11 настапи за репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Во Вардар пристигна во период ...

Феникс Санс приреди голема сензација на гостувањето кај Минесота (108-105), и тоа без дел од клучните играчи. „Сонцата“ успеаја да го издржат налетот на неверојатниот Ентони Едвардс, кој уфрли дури 40 поени, и со одличен тимски настап заминаа дома со вредна победа. Феникс го предводеше Марк Вилијамс со 22 поени, Колин Гилеспи додаде 19, а Дилон Брукс реализираше 18 поени. Санси уште еднаш покажаа дека имаат рецепт за „Волците“, потсетувајќи ...

Поранешниот голман на Валенсија и шпанската репрезентација, Сантијаго Кањисарес, се осврна на ситуацијата на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, кој оваа сезона ретко добива минутажа во дресот на „лилјаците“. Според него, клубот неправилно управува со голманската позиција и со тоа прави штета и на себе и на играчот. Кањисарес смета дека Валенсија пропушта можност да развива голман кој може да стане клучен за клубот на подолг рок, ...

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс впиша важна победа над Филаделфија со 108-112, а мечот донесе и историски момент за Леброн Џејмс. Супер-ѕвездата се искачи на второто место на вечната листа по број на победи во регуларниот дел од сезоната, надминувајќи ја легендата на Бостон, Роберт Периш. Џејмс стигна до 1.015 победи во кариерата и сега пред него останува само Карим Абдул-Џабар, кој е на врвот со предност од 59 победи. Теоретски, Леброн може ...

Турскиот гигант Анадолу Ефес ќе се обиде да го ангажира на клупата Пабло Ласо, откако преговорите со Јанис Сферопулос не се одвиваат според планираното. Според турските медиумите, грчкиот тренер поставил услов да има промени во спортскиот дел но, засега нема најава дека тој ќе биде ангажиран. Пабло Ласо кој има бројни трофеи освоени со екипата на Реал Мадрид, може изненaдувачки да се пресели во турската кошарка. Пред неколку недели српскиот ...

Хари Кејн продолжува да сее страв во Бундеслигата. Асот на Баерн влезе во игра во 61. минута против Штутгарт и постигна уште еден хет-трик (5-0), со што го зголеми својот број на 17 гола во Бундеслигата на 17 натпревари (со три асистенции), или 28 гола на 22 натпревари оваа сезона! Кејн стигна до „стотката“ кога станува збор за асистенции и голови во дресот на Баерн, бидејќи веќе постигна 79 гола и асистираше на 21 во Бундеслигата. На пример, ...

Екипата на Осасуна без никакви проблеми го надигра „фенерџијата“ Леванте и славеше победа со конечни 2-0 (2-0) во натпреварот од петнаесеттото коло на шпанската Примера. Головите за домашниот тим ги постигнаа Виктор Муњоз и Рубен Гарсија, кои ја завршија работата и обезбедија нови три бода за својот тим, со кој привремено се искачува на 15. позиција на табелата. За Леванте ова беше десетти пораз и останува на последното место со само девет ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед извојуваа сигурна победа на гостувањето кај последнопласираниот Вулверхемптон и славеа со конечни 1-3 (1-1) во натпреварот од 15. коло на англиската Премиер лига. Одлично започна мечот за играчите на Рубен Аморим, се гледаше нивната намера бргу да покажат кој е фаворит, а тоа се потврди со голот на Бруно Фернандеш во 25. минута. Иако додавањето од Матеус Куња беше малку несмасно, капитенот успеа со малку ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
100%
1004
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1005
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1004
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.52
98%
1005
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.41
98%
1005
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
6.26
66%
1007
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1007
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.24
92%
1003
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
4.02
87%
1004
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
100%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.69

Кобалт

64.04

Цинк

3.25

Платина

67162.91

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Злато

159231.39

Сребро

2460.50

Паладиум

546.56

Алуминиум

3.03

Рутениум

45750.51

Калај

46.91