Белград
6ᴼ /
6ᴼ
Германските медиуми објавија дека управата на Баерн Минхен работи на нова мисија за доведување на одличниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек. Централниот дефанзивец не може да се договори со „милионерите“ околу новиот договор (бара плата од 10 милиони евра), а оваа ситуација најдобро може да ја искористи токму Баерн, кој и во минатото често ги „крадеше“ талентите на најголемиот ривал во Бундеслигата. Шлотербек е во Дортмунд од ...
Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс повторно е во центарот на вниманието, откако беше уапсен во Лос Анџелес под сомнение дека управувал автомобил под дејство на алкохол. Според полицискиот извештај, 47-годишниот Пирс бил затекнат како спие на возачкото седиште во својот „Рејнџ Ровер“ на автопат. Полицијата реагирала по пријава за сообраќајна несреќа што не била поврзана со него, но по увидот забележала дека поранешниот кошаркар делува како да е во ...
НБА шампионот Оклахома Сити Тандер извојува победа над Шарлот Хорнетс во претсезонскои натпревар со 122-116. Исаија Џо постигна 19 поени и ја предводеше Оклахома до втората предсезонска победа, а за Хорнетси плејмејкерот Тре Ман беше најдобар стрелец со 18 поени. Најинтересниот момент од натпреварот се случи на почетокот на третата четвртина, кога крилниот играч на Тандерси, Карсон Волис, постигна ретко виден кош. Со звукот на сирената, тој ...
Македонија остана непоразена и по шест одиграни натпревари во квалификациската група Ј на патот кон Светското првенство. Нашата репрезентација ремизира без голови (0-0) на најтешкото гостување во Белгија и остана во игра за првите две позиции. По второто реми против најголемиот фаворит во групата, свој коментар за одиграното даде капитенот на репрезентацијата Енис Барди. „Ова беше многу тежок натпревар, мислам дека еден од најтешките досега. ...
Македонската фудбалска непобедливост трае во квалификациите за Светското првенство. По вторпат Белгија на Руди Гарсија не најде начин да ги победи момците на Благоја Милевски. По атрактивното реми во Сколје со по еден постигнат погодок, вечерва Македонија се потпре на дефанзивата и расположениот Димитриевски да остане непоразена во Гент. Руди Гарсија по натпреварот го изнесе разочарувањето и фрустрацијата на белгискиот национален тим. „Ова не ...
Македонија не блескаше офанзивно во Гент, но затоа беше перфектна на дефанзивен план и одолеа на моќната Белгија (0-0) иако ривалот кон нашиот гол имаше преку 25 шутеви. Селекторот Благоја Милевски се најде во проблем, дел од дефанзивците не се редовни во своите клубови, голманот Столе Димитриевски не брани за Валенсија, но и тоа не беше проблем да се блеска во дресот со државниот грб. „Проблемот со неиграњето на фудбалерите е актуелен единаесет ...
Висар Муслиу одигра перфектен меч со Белгија, иако предвреме го заврши заради болки во ногата и можна повреда. Стоперот по ремито во Гент (0-0) им честита на сите за прикажаното издание, кажа дека тимот го освоил овој многу важен бод, а за мечот со Казахстан, ќе се чекаат лекарските прегледи. „Почувствував болка во задната ложа како да имам истегнување, но имам додатни прегледи и се надевам дека не е ништо лошо. Мечот со Казахстан е близу и не ...
Македонската фудбалска репрезентација се избори за херојско реми во Белгија и остана непоразена во квалификациската група за Светското првенство на две кола до крајот, Момците на Благоја Милевски се соочија со жесток притисок, но ги одбранија почетните 0-0 во Гент. По второто реми против „ѓаволите“ на Руди Гарсија, нашиот селектор на средбата со новинарите рече: „Можам да бидам задоволен од дефанзивата, но не сум задоволен како изгледавме во ...
Столе Димитриевски одново имаше фантастичен настап во репрезентативниот дрес. Голманот на Валенсија правеше чуда меѓу стативите во Гент и беше најзаслужен за ремито на Македонија против моќната Белгија (0-0). По натпреварот Димитриевски истакна дека беше многу тешко да се игра против ваков противник, но напомена дека одбраната беше перфектна. „Доста тежок натпревар на белгиски терен. Тие беа навистина одлични, особено во офанзивата. Но, ние ...
Фудбалската репрезентација на Македонија извлече реми на гостувањето во Белгија (0-0) во рамките на квалификациите за Светското првенство. Грчевито се бранеше нашиот нациоанален тим и ја исполни првичната цел - да се одбрани голот на Столе Димитриевски. По тринаесеттиот официјален натпревар во низа на кој сме непоразени, свој коментар даде столбот на нашата одбрана Ѓоко Зајков. „Одигравме храбро и дисциплинирано во одбрана. Се разбира дека со ...
Фудбалската репрезентација на Македонија и по шест натпревари останува непоразена и гледа од врвот на табелата во квалификациската група за Светското првенство. Дванаесеттиот бод нашите момци го освоија на најтешкото гостување во Белгија, откако во Гент одиграа без голови. Ханс Ванакен го анализираше мечот со Македонија и жали што од толкуте шанси, ниту една не заврши таму каде што посакуваа. „Штета, ни фалеше тој последен пас. Во ваков ...
Фудбалската репрезентација на Македонија одолеа против Белгија (0-0) и ја продолжи импресивната низа на официјалните натпревари, на кои нашиот национален тим долго време е без пораз. Скоро две години немаме пораз во официјалните дуели. Последниот ни е во 2023 година, во квалификациите за Европското првенство против Италија, од која нашиот национален тим загуби со 2-5 во Торино. Оттогаш, имаме серија од осум победи и пет нерешени средби. Дуелите ...
Фудбалската репрезентација на Македонија одолеа против Белгија (0-0) и ја продолжи импресивната низа на официјалните натпревари, на кои нашиот национален тим долго време е без пораз. По мечот, честитки пристигнаа од сите страни, а се огласи и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ. Пораката беше кратка, но јасна, директно испратена од Гент. „Браво, браво, момци. Со цело срце, за вас“, напиша првиот човек на ...
Македонија и понатаму го живее мундијалскиот сон. Нашата најдобар фудбалска селекција останува на лидерската позиција на табелата во групата Ј, откако приреди изненадување во Гент и за дома се врати со бод голем како планина. Белгија притискаше, создаваше шанси, но не го најде патот до голот на Македонија (0-0). Најголем „виновник“ за тоа е Столе Димитриевски. Македонскиот голман вечерва ја имаше една од најдобрите партии во репрезентативниот ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари целта, остана непоразена во Белгија откако одигра реми со фаворизираниот ривал (0-0) и го сочува првото место во групата од квалификациите за Светското првенство (СП) кое во 2026 година се игра во САД, Канада и Мексико. Дуелот беше вистинско „катанаџо“ за нашиот национален тим, налик оној со Италија во Палермо. Ривалот доминираше цела средба, играше тотален фудбал, имаше над 25 шута кон нашиот ...
Фудбалерите на Франција ја забележаа третата победа во квалификациите за Светското првенство, откако дома на „Паркот на принцовите“ во Париз славеше против Азербејџан (3-0). „Триколорите“ стигнаа до триумф со по гол во двете полувремиња. Долго време Азербејџанците парираа во главниот град на Франција, а тогаш пред паузата следуваше една мајсторија на Килиан Мбапе. Францускиот капитен буквално се прошета низ одбраната на гостите, а со мала помош ...
Дали ова е почеток на подобрите денови за кошаркарскиот клуб Црвена Звезда? Откако пред неколку дена остана без тренерот Сферопулоса, српскиот гигант приреди сензација во Истанбул и го тресна европскиот шампион Фенербахче со 81-86. „Црвено-белите“ фуриозно го започнаа натпреварот и уште по првите десет минути се одлепија на осум поени (17-25). Домаќинот беше уште понемоќен во втората четвртина и постигна само 13 поени, а Црвена Звезда замина на ...
Прво полувреме со организирана игра во одбрана и сочувана мрежа на македонскиот национален тим во Гент. Белгија беше супериорна, но во отсуство на класична деветка не успеа да го пробие македонскиот блок. Руди Гарсија започна со „лажна деветка“ и без Опенда и Батчуаји во стартниот тим, а Милевски одговори со систем 3-5-2 и со Атанасов и Костадинов краја капитенот Барди во средниот ред. Во шестата минута Салемекерс се обиде да изнуди пенал, но ...
Фудбалската репрезентација на Македонија на теренот во „Планет Груп Арената“ излезе со јасна цел, прво да го одбрани голот на Столе Димитриевски од опасните Белгијци, а потоа да размислува за напад. И така се одвиваа работите во првиот дел од квалификацискиот меч за Светското првенство. Благоја Милевски буквално постави „бункер“ пред голот на Македонија. На моменти кога Белгијците подолго напаѓаа во шеснаесетникот беа и сите десет играчи од ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во квалификациите за Европското првенство во 2027 година. Младите момци на Горан Станиќ го скршија „мразот“ во битолскиот стадион и по пресврт ја совладаа соодветната селекција на Ерменија (2-1). Напаѓачот на Работнички, Димитар Трајков беше херојот со два постигнати гола, откако претходно гостите поведоа со 1-0. Стадионот во Битола по третпат беше домаќин на еден официјален ...
Кошаркарите на Пелистер останаа перфектни во шампионатот и славеа над Чаир 2030 (104-74) во рамки на второто коло од најдоброто првенство во Македонија. „Зелените“ во Битола се мачеа едно полувреме, а потоа работите си дојдоа на своето место за фаворитот. Гостинот од Скопје имаше плус од еден поен на паузата (47-48), а потоа шутерите на пелистерци, меѓу нив и македонскиот репрезентативец Андреј Митревски, влегоа во ритам и се дојде до убедлива ...
Фудбалската репрезентација на Габон извојува возбудлива победа од 4-3 на гостувањето кај Гамбија, во натпревар преполн со пресврти и неизвесност до последниот свиреж на судијата. Главен херој на мечот беше искусниот Пјер-Емерик Обамејанг, кој постигна сите четири погодоци за својата селекција, притоа целосно надигрувајќи го голманот на македонскиот клуб Шкендија, Бабукар Гаје. Обамејанг, кој во својата кариера има настапи за врвни европски ...
Францускиот тенисер Валентен Вашеро направи вистинска спортска сензација на Мастерс турнирот во Шангај, откако како 204. на АТП листата успеа да стигне до полуфиналето, еден од најголемите успеси во неговата кариера и воопшто во модерната тениска ера. Играчот од Монако, кој својата тениска приказна ја започна на помалите ИТФ и Челенџер турнири, успеа да запише пет последователни победи во главниот дел на натпреварувањето, при што во ...
Фудбалската репрезентација на Казахстан забележа висока победа од 4-0 над Лихтенштајн во рамките на шестото коло од квалификациите за Светското првенство 2026, потврдувајќи ја својата надмоќ против истиот противник, кого го совлада и во првиот меѓусебен дуел. Ова е втора победа на Казахстанците во текот на квалификацискиот циклус, со што сега имаат вкупно шест бода во групата J, додека Лихтенштајн останува единствен без освоен бод. Домашниот тим ...
И по седмото коло во машката Супер лига, Вардар останува единствениот тим со максимален учинок, потврдувајќи ја својата доминација на домашната сцена. „Црвено-црните“ без поголем отпор го совладаа Прилеп на домашен терен, остварувајќи нова висока победа од 39-22 (19-9). Од самиот почеток немаше дилеми околу победникот. Вардар поведе рано и ја одржуваше контролата во целосен ритам, а во 28. минута резултатот гласеше 19-7, највисока предност во ...
Без Бојан Илиевски, кој е казнет заради акумулација на жолти картони, и без Чурлинов, кој е повреден,македонската фудбалска репрезентација ќе се обиде да ја изненади Белгија на Руди Гарсија во Гент. Милевски се одлучи за систем 3-5-2 и засилена одбрана за „црвените ѓаволи“. Белгија: Куртоа, Кастањ, Дебаст, Теате, Де Кујпер, Ванакен, Раскин, Де Брујне, Саламакерс, Тросар, Доку Македонија: Димитриевски, Ашковски, Стојчевски, Зајков, Муслиу, ...
Фудбалската селекција на Македонија до 21 година по пресврт ја совлада Ерменија во Битола и ги запиша првите бодови во квалификациската група за Европското првенство во 2027 година. На битолскиот терен нашите надежи бркаа негатива по првото полувреме, а херојот на Македонија е Димитар Трајков кој беше автор на двата гола. Особено за издвојување е вториот погодок, кој слободно може да си најде свое место во рубриката „Најсмешни видео инсерти“. ...
Фудбалската селекција на Македонија до 21 година ја забележа првата победа во квалификациите за следното Европско првенство, откако по пресврт славеше во соочувањето со Ерменија со 2-1 (0-1). За нашата млада селекција ова е прва победа во групата Е по стартните порази од Полска и Италија. Селекторот Горан Станиќ се реши за нова формација за овој натпревар. Наместо тројца дефанзивци, каков што беше случајот со Италија минатиот месец, сега ...
Младата селекција на Македонија во вистински момент стигна до израмнување на квалификацискиот натпревар против Ерменија во Битола. По резултатската негатива по првото полувреме, нашите надежи во игра се вратија во 54. минута, кога Трајков со небески скок ја смести топката во мрежата на гостите. Асистент на голот беше Хамза, кој прецизно проигра од корнер. Инаку, за Трајков ова беше трета среќа, откако во првиот дел не реализира две шанси. ...
Селекцијата на Ерменија прва се радуваше на погодок во квалификацискиот натпревар против Македонија, откако во Битола поведоа со 0-1. Се играше 38. минута кога гостинските фудбалери со неколку брзи додавања ја надмудрија пасивната одбрана на нашата селекција, а Ховханисјан со сигурен удар на втора статива го матира Џеков за водство на Ерменците. За Ерменија ова беше и прв гол во овие квалификации, откако во првите натпревари не ги затресе ...