Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, искажа пофални зборови за неговиот колега од Реал Мадрид, Алваро Арбелоа. Реал синоќа го победи Сити на гостински терен со 2:1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. – Дадовме сè од себе во овој натпревар. Имаме неверојатен тим, неверојатна група играчи. Сепак, нивниот голман Тибо Куртоа бранеше фантастично, тој беше во најдобра форма и во првиот натпревар. Ми се допаѓа Алваро ...

Сенегалската фудбалска федерација има намера да се жали до Арбитражниот суд за спорт (CAS) на одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) за доделување на Африканскиот куп на нации во 2025 година на Мароко. – Сенегалската фудбалска федерација ја осудува оваа неправедна, без преседан и неприфатлива одлука, која носи срам за африканскиот фудбал. За да ги заштити своите права и интересите на сенегалскиот фудбал, федерацијата ќе ...

Реал Мадрид славеше и на гостувањето кај Манчестер Сити на ренашот со 2:1, па со вкупни 5:1 обезбеди пласман во четвртфиналето. Клучен момент е оној во првиот дел кога Силва играше со рака на гол линијата, доби директен црвен картон, а Винисиус од пенал погоди за 0:1. Халанд потоа израмни на 1:1, а во вториот дел, поточно во самиот финиш Винисиус погоди за 2:1. Спортинг Лисабон направи чудо и ја заврши бајката на Бодо/Глимт славејќи на ...

Вечерва се враќаат возбудувањата во осминафиналето во ЛШ. Домаќините на првите мечеви обезбедија убедливи победи, па се очекува на реваншите само да го потврдат пласманот во четвртфиналето. Дербито на вечерта се игра во Манчестер, каде Сити го пречекува Реал Мадрид. Првиот меч заврши со победа на „Кралевите“ од 3:0, па тешко може да се очекува англискиот тим да ја надокнади таа негатиава. Реал се соочува со неколку повредени, како и на првиот ...

Поранешните клубови на трагично загинатиот Андреј Лазаров во несреќата во дискотеката во Кочани, Работнички и Тиквеш ќе одиграат натпревар во негова чест. Двата клуба потврдија дека ќе одиграат пријателски дуел, кој е закажан за 29.март во Кавадарци, со почеток во 13 часот. Натпреварот ќе има симболично значење и ќе биде посветен на споменот на Лазаров, кој остави белег во македонскиот фудбал. Во моментот на трагедијата Лазаров беше фудбалер ...

Шпанската фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Србија на 27 март, објави прес-службата на тамошната федерација. Првично беше закажано тимот да се соочи во Катар со победникот на Копа Америка и освојувачот на Светското првенство, Аргентина, во мечот познат како Финалисима. Сепак, натпреварот беше откажан поради неможноста да се гарантира безбедноста на учесниците поради конфликтот на Блискиот Исток. Сите обиди ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, неодамна реизбран за трет мандат до 2031 година, зборуваше за можното враќање на напаѓачот Лионел Меси во клубот. – Меси секогаш ќе биде поврзан со Барселона, во која било форма што ќе ја избере. Нашите врати му се отворени доколку одлучи да продолжи да помага во зајакнувањето и подобрувањето на величината на нашиот тим, изјави Лапорта за шпанската „ТВ3“. Меси играше за Барселона од 2000 до 2021 ...

Фудбалерот на Сантос, Нејмар, е разочаран поради неговото изоставување од репрезентацијата на Бразил за пријателските натпревари против Франција и Хрватска. -Разочаран сум и тажен што не добив повик за настап во националниот тим. Но мојот фокус останува на репрезентацијата. Ќе ја постигнам мојата цел. Сонот продолжува, изјави Нејмар за „OneFootball“. Анчелоти не го повика 34-годишниот за претстојните натпревари за репрезентацијата. Најдобриот ...

Ракометарите на Вардар вечерва остварија победа во последниот натпревар од групата совладувајќи го бундеслигашот Мелсунген со 34:25 и со тоа го освоија првото место во групата и директен пласман во четвртфиналето од Лига Европа. Пласманот во четвртфиналето значи дека „црвено-црните“ ќе бидат слободни во следната фаза. Избраниците на Иван Чупиќ од почетокот покажаа дека се подготвени за триумф и поведоа со 6:1. Но, домаќинот успеа да изедначи ...

Иранската фудбалска федерација побара од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да ги премести натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2026 година од САД во Мексико. – Бидејќи Трамп јасно стави до знаење дека не може да ја гарантира безбедноста на иранската репрезентација, дефинитивно нема да патуваме во САД. Во преговори сме со ФИФА за домаќинство на натпреварите од Светското првенство во Мексико, изјави претседателот на ...

Екипата на Манчестер Сити се наоѓа пред невозможна мисија во Лигата на шампионите да го надополни недостатокот од првиот дуел со Реал Мадрид (0:3). Дополнителен проблем за менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола е нерешениот дуел од Премиер лигата со Вест Хем. Гвардиола реши да го откаже тренингот предвиден за вечерва и на тој начин да им даде одмор на играчите. На тој начин сака да даде шанса да бидат со семејствата и пријателите и на тој ...

Жоан Лапорта повторно победи на изборите за претседател на ФК Барселона, објави прес-службата на каталонскиот тим. Гласањето се одржа на 15 март. Конечните резултати беа објавени синоќа. Лапорта доби 68,18 проценти од гласовите (32.934), лесно победувајќи го својот единствен ривал, Виктор Фонт, кој доби 29,78 проценти (14.385). Шеесет и тригодишниот Лапорта е претседател на ФК Барселона од 2021 година. Претходно го водеше клубот од 2003 до ...

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, го коментираше поразот од 1:0 од Лацио на синоќешното гостување во натпреварот од 29-тото коло од италијанското првенство. – Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок, бидејќи домаќините имаа голема поддршка од навивачите. Тие одиграа многу силно прво полувреме. Требаше да бидеме малку поорганизирани и да правиме помалку грешки. Трчаа многу, а потоа забавија по паузата. Имавме многу поголем интензитет во ...

Ракометарите на Вардар утревечер ја пречекуваат Бенфика во натпревар од Главната фаза во ракометната Лига Европа. „Црвено-црните“ посакуваат со победа да му се реваншираат на португалскиот тим за поразот (35:40) во Лисабон пред две недели. Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ верува дека неговиот тим може да ги освои двата бода и со тоа да ја исполни првичната цел – пласман во осминафиналето. – Бенфика е многу тежок противник и затоа ги повикувам ...

Барселона и главниот тренер Ханс-Дитер Флик се согласија за продолжување на договорот, објави Diario Sport. Новиот договор на 61-годишниот Германец ќе трае до 2028 година. Се забележува дека преговорите предводени од спортскиот директор на клубот, Деко, започнале кон крајот на минатата година, но клучен услов за договорот на Флик бил реизборот на Жоан Лапорта за претседател на Барселона. Лапорта победи на изборите вчера, добивајќи 68% од ...

Македонската скијачка Јана Атанасовска остана без пласман во денешниот слалом на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Атанасовска не успеа да стигне ниту до првата мерна станица. Претходно единствената Македонка во алпските дисциплини на Олимпијадата 2026 не ја заврши ниту првата трка во велеслалом. По првото возење води Американката Микаела Шифрин со време 47,13 секунди, пред Лена Дир од Германија која патеката ја помина за 47,95 ...

Фудбалската федерација на Иран му одговори на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со неговата изјава дека друга држава треба да биде на местото на Иран на Светското првенство од безбедносни причини. „Светското првенство е историски меѓународен настан во организација на ФИФА, а не на некој поединец или држава. Иранската репрезентација меѓу првите благодарение на силата и серијата победи на храбрите синови на Иран, се квалификуваше ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги искажа своите очекувања за претстојното учество во плејофот за пласман на Светското првенство 2026. – Треба да излеземе на теренот и да одиграме храбро против еден доста сериозен противник. Данска е фаворит на хартија, но теренот ќе покаже како ќе биде на крајот. Ние нема од што да се плашиме. Психолошкиот притисок да се добие натпреварот е поголем кај Данците. Респект за ...

Актуелниот првак на Македонија тетовска Шкендија го совлада лидерот на табелата на шампионатот Вардар со 1:0. Ова беше прв пораз на „вардарци“ во шампионатот, а тетовчани со новите бодови ја намалија разликата на табелата. Шкендија единствениот гол го постигна во 66.минута, а стрелец беше Лиридон Љатифи, на асистенција на Бесарт Ибраими. До крајот на натпреварот Вардар имаше неколку удари, но гостинската мрежа не се затресе. На натпреварот ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш покажаа дека немаат конкурент во македонската кошарка. Тие во финалето на купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово го совладаа истоимениот домашен тим со 96:70. Аеродромци ја освоија својата 14-та куп-титула и четврта по ред, додека Куманово остана без трофеј и по своето второ финале. Најдобар играч на натпреварот беше Меквин Смит со 23 поени. Воедно тој го доби признанието МВП. Во ...

Македонскиот претставник во ракометната Лига Европа, тимот на Вардар го очекува натпревар со Мелсунген во четвртата рудна од Главната фаза. „Црвено-црните“ дуелот со германскиот претставник го дочекуваат со зголемена самодоверба по победата над Алкалоид во саботата во дербито на колото на македонскиот шампионат. Тренерот Иван Чупиќ верува дека со две победи на домашен терен ќе се обезбеди осминафинале. – По поразот од Бенфика, знаевме дека ...

Привремениот тренер Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, собра 23 бодови од девет натпревари во Премиер лигата. Под водство на Карик, „Црвените ѓаволи“ имаат седум победи и два нерешени резултата. Ова е најдобриот резултат од девет натпревари во историјата на натпреварувањето. Претходно таков биланс имаше Анџе Постекоглу, кој го предводеше Тотенхем. Манчестер јунајтед е четврти на табелата во англиската Премиер лига со 51 поен по 28 натпревари. ...

Македонската ракометна репрезентација напредуваше четири места на најновото рангирање на Европската ракометна федерација. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 15. Место. Прогресот се должи на добрите настапи на ЕХФ Еуро 2026 во јануари. Водечки на ранг-листата на ЕХФ се Данска, Франција и Германија. Во ТОП 10 се и селекциите на: Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија. Пред македонската репрезентација се и: ...

Во завршниот натпревар од 20 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Шкендија попладнево во Тетово го совлада Пелистер со 2-1. Актуелниот шампион до триумфот дојде со пресврт предводен од двојниот стрелец Бесарт Ибраими. Капитенот на Шкендија беше прецизен во 21 и 64 минута, откако претходно Стефан Спировски во 7 минута му донесе водство на гостинот од Битола. Со денешниот триумф, второпласираната Шкендија сега заостанува четири ...

Легендата на Арсенал и поранешен француски репрезентативец Тиери Анри оцени дека Комо го игра најдобриот фудбал во италијанската лига. „Долго време зборувам за ова. Тимот што во моментов игра најдобар фудбал во Италија е Комо“, изјави Анри за CBS Sports Golazo. „Можеме да разговараме за буџетот и квалитетот на тимот, но ова е моменталната ситуација. Минатата недела веќе ме прашавте каде се италијанските тимови и за жал ситуацијата е јасна“, ...

Поранешната македонска ракометарка, која беше дел од најуспешните моменти на македонскиот женски ракомет, Валентина Радуловиќ е едно од четирите лица против кои МВР поднесе кривична пријава поради злоупотреба при вадење на лични документи. Таа од 2008-а година е пензионирана ракометарка, а во моментов работи како наставничка. Како што соопшти МВР, Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до Обвинителството за организиран ...

Дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити е најатрактивната двојка од осминафиналето од денешното извлекување во Лигата на шампионите што се одржа во седиштето на УЕФА во Нион. Бранителот на трофејот ПСЖ за противник го доби премиерлигашот Челзи, додека Барселона за ривал го доби тимот од Премиер лигата Њукасл. Изненадувањето норвешкиот првак Бодо/Глимит за ривал го доби Спортинг, додека Галатасарај по триумфот над Јувентус ќе игра против уште ...

На англискиот клуб Манчестер Сити му се заканува одземање на дури 60 поени доколку биде прогласен за виновен по 115 точки од обвинението за кршење на финансискиот фер-плеј, пишува Goal.com. Оваа сага трае веќе неколку години, конечната пресуда сè уште се чека, а во јавноста се шпекулира за различни можни исходи бидејќи Премиер лигата не може да го исфрли Сити во пониска лига. Обвиненијата за финансиски манипулации беа покренати на почетокот ...

Ланскиот освојувач на фудбалскиот куп екипата на Вардар е елиминирана во четвртфиналето на ова натпреварување откако по изведување на пенали како домаќини загубија со второлигашот Охрид во регуларниот дел резултатот беше 1:1, а на пенали 3:2 за Охрид. Ова воедно беше дуели на лидерите во Првата лига (Вардар) и Втората лига (Охрид). Вардар поведе во 60.минута со голот на Бобан Николов по асистенција на Азер Омерагиќ, додека гостите изедначија ...

Првиот човек на судиската комисија на УЕФА, Роберто Росети, испрати охрабрувачки пораки за развојот на македонските фудбалски судии. Тој беше во посетата на Фудбалска федерација на Македонија, и истакна дека напредокот е очигледен, како во физичката подготвеност, така и во професионалниот пристап и користењето на ВАР-технологијата. Росети потенцираше дека УЕФА внимателно следи неколку македонски судии и дека можноста за делегирање на големи ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
79%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.45
65%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
69%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
81%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
54%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Паладиум

44753.84

Бакар

10.65

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Кобалт

3.86

Родиум

353658.21

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Калај

43.91