Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Ракометарите на Вардар утревечер ги очекува реванш четвртфиналето од Лига Европа против францускиот Монпелје. Противникот го доби првиот дуел со 33:23, што значи дека „црвено-црните“ ќе имаат исклучително тешка задача за да изборат пласман на Ф4 турнирот. Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, кој е прва сезона на клупата на Вардар, на прес конференцијата изјави: – На првиот натпревар имавме и добри и лоши моменти. Бевме дисциплинирани во првиот ...
Фудбалската федерација на Македонија информира дека Ванче Шиков повеќе не е дел од стручниот штаб на А репрезентацијата на Македонија. Селекторот Гоце Седлоски во наредниот период дополнително ќе одреди замена на неговата позиција. Му благодариме на Ванче Шиков за досегашниот ангажман и придонесот во работата со националниот тим и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера. Фудбалската федерација на Македонија информира дека Ванче ...
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на играчи за претстојниот бараж натпревар за светското првенство 2027, против репрезентацијата на Словачка. На списокот на Лазаров се наоѓаат: голмани: 1. МАРТИН ТОМОВСКИ SG BBM BIETIGHEIM(GER) 2. НИКОЛА МИТРЕВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 3. ВАСИЛ ГОГОВ РК ВАРДАР 1961 4. ИВАН ГАЛЕВСКИ РК АЛКАЛОИД 5. МАРКО КИЗИЌ РК АЛКАЛОИД леви крила: 6. ...
Машката македонска ракометна селекција успеа да го освои златниот медал на Светското училишно првенство што изминативе денови се одржуваше во Скопје. Македонските кадети во финалето попладнево ја совладаа репрезентацијата на Израел со 38:32. Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14. Во вториот дел противникот намали на два негатива, но македонските кадети ...
Шпанскиот нисколигашки фудбал испиша несекојдневна страница од историјата откако голманот Анхел Матеос Гонзалес стана најстариот играч што некогаш настапил на официјален натпревар во Шпанија. Овој 70-годишен чувар на мрежата настапи за клубот ЦД Колунга во натпревар од петтиот ранг, со што го собори рекордот и покажа дека годините не се пречка за спорт. 🥅 Pasión sin edad en la portería del CD Colunga. 🧤 A sus 70 años, Ángel Mateos vuelve a ...
Иранската фудбалска репрезентација ќе учествува на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада, потврди уште еднаш претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во говорот на 76. редовен Конгрес во Ванкувер. „Секако, иранската репрезентација ќе учествува на Светското првенство. Морам да го кажам тоа, потврдувајќи уште еднаш за оние кои можеби сакаат да слушнат нешто друго, да напишат нешто друго. Секако, Иран ќе учествува на Светското ...
Сопственикот на хотелот „Хотел Шумарице“ во Крагујевац, Миленко Марјановиќ, раскажа анегдота за престојот на тогаш релативно непознатиот, а денес еден од најдобрите фудбалери во светот Килијан Мбапе, кога имал 17 години. View this post on Instagram A post shared by KG PULS (@puls_kragujevca) Тој вели дека необичен инцидент со глушец во хотелската соба довел до тоа Француската фудбалска федерација да го стави хотелот на „црна листа“. Според ...
Екипата на Интер ја освои титулата во италијанското првенство откако синоќа во дуелот од 35.коло на домашен терен ја совладаа Парма со 2:0. На тој начин стигнаа имаат 12 бода повеќе од второпласираниот Наполи на три кола до крајот на шампионатот. Водечкиот гол за Интер во 45+1.минута го постигна Маркус Турам на асистенција на Пјотр Зелински, додека конечните 2:0 ги постави Хенрик Мхитарјан во 80.минута. Интер има 82 бода, пред Наполи со 70 и ...
Женската македонска кадетска репрезентација го освои второто место и сребрениот медал на Светското училишно првенство, откако попладнево во финалето загубија од Хрватска со 28:26. Македонските ракометарки имаа одличен старт и водство од 5:1, но противничките брзо се вратија до средината на првиот дел и поведоа со 8:6. Нашиот тим успеа да изедначи на 11:11, но на полувреме беше 15:12 за Хрватска. Ривалките во вториот дел се одлепија на +5 ...
Висока делегација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), предводена од претседателот Масар Омерагиќ учествуваше на 76. редовен Конгрес на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во канадскиот град Ванкувер. Омерагиќ посочи дека македонската делегација, во чиј состав се и генералниот секретар Леонид Јандреоски и спортскиот директор Горан Пандев, активно учествува во носењето одлуки кои директно влијаат врз иднината на светскиот фудбал. ...
Светската фудбалска федерација ФИФА вчера го одржа својот конгрес во Ванкувер, каде што се собраа водечките луѓе на фудбалските асоцијации од бројни земји низ светот. 🇵🇸 🇮🇱 The president of the Palestine Football Association, Jibril Rajoub, refused to shake hands with the president of the Israel Football Association and pose for a photo, despite all the insistence of Gianni Infantino, president of FIFA. pic.twitter.com/I9naiN8Fqr — ...
Фудбалската федерација на Македонија го претстави новиот дрес на македонската репрезентација, изработен од ADIDAS во рамките на програмата UEFA Kit Assistance Scheme. Новиот дизајн е специјално персонализиран за нашиот национален тим, во тесна соработка помеѓу ФФМ и ADIDAS. Дресовите на македонската репрезентација комбинираат современ изглед и врвни материјали, обезбедувајќи максимална удобност и функционалност на теренот. Со новиот изглед, ...
Македонски фудбалски стратег Игор Ангеловски е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан. Тој ќе ја подготвува селекцијата за завршниот турнир на Азиски куп 2027, кој ќе се одржи во Саудиска Арабија. Ангеловски е поранешен селектор на Македонија со кој е постигнат најголемиот успех во историјата, пласман и настап на Европско првенство. Македонски фудбалски стратег Игор Ангеловски е назначен за нов селектор на ...
Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Арсенал синоќа ремизираа во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а резултатот беше 1:1. Ремито на стадионот „Ванда Метрополитано“ остави сè отворено пред реваншот во Лондон, а натпреварот го одбележаа пеналите. Досудени беа дури три пенали, од кои еден беше поништен по интервенција од ВАР собата, што ги разлути сите во Арсенал. Actually fair choice from ref not to award second penalty to ...
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, физички го нападнал дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт, откако овој поминал преку грбот на мадридскиот клуб на теренот на стадионот „Ванда Метрополитано“. Овој инцидент се случил по синоќешниот напнат прв натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој завршил со резултат 1:1. Симеоне одел зад Вајт кон тунелот и, заедно со еден свој играч, се налутил кога забележале дека дефанзивецот не го заобиколил ...
ПСЖ го совлада Баерн Минхен со 5:4 во можеби највозбудливиот меч во историјата на ЛШ. По натпреварот тренерите Енрике и Компани се сретнаа во микс зоната каде што се даваа изјави. Енрике: Го гледаше мечот од трибините, дали уживаше! Компани: Не, воопшто! Двајцата се насмевнаа, се ракуваа, разменија пријателски гестови и си посакаа среќа во реваншот! На терен – ривалство, а надвор од него – ПОЧИТ! Реваншот се игра следната среда. 🗣️ Luis ...
Додека очите на фудбалскиот свет беа насочени кон Париз и неверојатниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн, тоа воопшто не го интересираше Пеп Гвардиола, кој ја изненади јавноста кога беше снимен на трибините на „Edgeley Park“. Why is Pep Guardiola at Stockport v Port Vale? 😲 pic.twitter.com/x0x4ZpHri4 — Football Away Days (@FBAwayDays) April 28, 2026 ПСЖ во еден од најдобрите натпревари во историјата на Лигата ...
Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ неочекувано се соочи со големи проблеми пред денешниот прв четвртфинален натпревар од ЕХФ Лига Европа на гости против француската екипа Монпелје. Во составот ќе ги нема Дмитро Горига и Јака Малус, поради здравствени проблеми. Во таква ситуација Чупиќ на вечерашниот натпревар ќе ги има на располагање: Валах, Гогов (голмани); Стојановски, Воркапиќ, Боно, Георгиевски, Кеита, Митровиќ, Танкоски, Лазаревски, ...
Голема контроверза предизвика пеналот кој беше досуден за ПСЖ против Баерн Минхен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, по што повторно се доведува во прашање субјективното толкување на одлуките при игра со рака. Фудбалските навивачи се прилично уверени дека Bayern е оштетен. По центаршутот на Осман Дембеле, топката најпрво го погоди во телото Алфонсо Дејвис, а потоа во раката. Сите овие години тоа значеше дека нема ...
Шпанската фудбалска суперѕвезда Ламине Јамал ќе ги пропушти првите два натпревари на Светското првенство, објави каталонски „Спорт“. Јамал неодамна се повреди на натпреварот против Селта Виго, при што заработи повреда на мускул на ногата, а се покажува дека повредата е посериозна отколку што првично се мислело. Барселона соопшти дека тој ќе ја пропушти и целата преостаната сезона во Ла Лига, односно шест натпревари, во кои клубот има голема ...
Естебан Андрада, голман на шпанскиот клуб Реал Сарагоса, изјави дека многу се кае за скандалот што го предизвикал на натпреварот против Уеска. Аргентинецот беше исклучен откако со тупаница го удри Хорхе Пулидо, капитенот на противничката екипа. Андрада упати јавно извинување, оправдувајќи го својот неспортски потег со „моментално помрачување на умот“ и вети дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори. Во видео-порака објавена на ...
Норвежанецот Ерлинг Халанд денес е прототип на модерен напаѓач – брз, немилосрден пред голот и неверојатно физички силен. Но зад таквата форма стои посебен животен режим. За разлика од просечен човек, Халанд дневно внесува и до 6.000 калории. Неговата исхрана вклучува намирници кои не се баш секојдневни, како говедско срце и црн дроб. „Вие ова не го јадете, но јас се грижам за своето тело“, изјави тој во еден документарец. Сепак, не е сè ...
РК Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“. Фадуил има 23 години, настапува на позицијата среден бек, а во Вардар доаѓа од француски Трембле, клуб во кој игра од 2022 година. Во целата досегашна кариера Матео во Франција. Во своите помлади години беше дел од системот на Нант, каде се развиваше како еден од интересните млади ракометари, а претходно во ...
Кадетската македонска ракометна репрезентација избори финале на Светското првенство што се игра во Скопје. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски попладнево забележаа убедлива победа над Србија со 30:19 во првото полуфинале на машкиот турнир. Противник на „Црвено-жолтите“ утре во натпреварот за златниот медал ќе биде поуспешниот од дуелот Израел – Хрватска кој ќе се одигра попладнево. Претходно во текот на денот пласман во големото ...
Голманот Никола Митревски и следната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. – Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмислена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за ...
Лука Модриќ натпреварот против Јувентус мораше да го напушти во 80. минута поради повреда на главата. Играчот од средниот ред на Милан извлече подебел крај во синоќешното дерби со Јувентус (0:0), кога при крајот на натпреварот со глава се судри со капитенот на „Старата дама“, Мануел Локатели. Luka Modrić não parecia bem depois do jogo, após ter tido um choque de cabeça… Locatelli foi até ele e pediu desculpas 👏♥️ pic.twitter.com/pXS9pwlyiZ — ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, веројатно ќе ги пропушти преостанатите натпревари на тимот во сезоната 2025/2026 поради повреда, објави телевизијата „Ел Чирингито“. Повредата е посериозна отколку што првично се очекуваше. Официјалното соопштение на клубот за состојбата на играчот се очекува да биде објавено во текот на денов. Претходно беше соопштено дека на Французинот му е дијагностицирано истегнување на тетивата на левата нога. ...
Реал Мадрид ќе ја заврши сезоната без своите фудбалери Арда Гулер и Едер Милитао, кои се повредени, објави денеска шпанскиот весник „Марка“. Гулер има проблем со десната тетива, додека Милитао со левата нога, а двајцата играчи се повредија на натпреварот против Алавес во вторникот. Според весникот, повредата на Милитао е „позагрижувачка“ и неговиот настап на претстојното Светско првенство во дресот на Бразил засега е „неизвесен“. „Случајот на ...
Стевче Алушовски и актуелниот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја прекина соработката. – РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифати и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа, објавија битолчани попладнево на социјалните мрежи. До крајот на сезоната ...
На социјалните мрежи кружи снимка од поздравувањето на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, со најголемите ѕвезди на „кралевите“. Како што се гледа на снимката, Бразилецот Винисисус поминал покрај него без некоја посебна реакција, додека Французинот Мбапе срдечно се поздравил и го прегрнал првиот човек на клубот. El saludo entre Florentino Pérez y Vinícius 🤣🤍pic.twitter.com/JKmOxTfEAU — (fan) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) April ...