Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, ќе ја напушти својата функција, објави инсајдерот Фабрицио Романо. На 31 март, Италијанците загубија од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година. Италијанската репрезентација ќе го пропушти Светското првенство трет пат по ред. Претседателот на тамошната федерација, Габриеле Гравина, изјави дека го замолил Гатузо да остане на ...
Легендарниот голман на Италија Џанлуиџи Буфон потврди дека поднесе оставка на позицијата шеф на националниот тим, а пред него замина и претседателот на федерацијата Габриеле Гравина. Серијата откази доаѓа по непријатниот пораз и елиминацијата од БиХ во баражот, односно неучество на Светското првенство. Италија загуби на пенали и третпат не успеа да избори пласман на Мундијалот. Буфон веднаш по натпреварот во Зеница реши да поднесе оставка, но ...
Македонската фудбалска репрезентација не успеа да избори финале бараж за Светското првенство по поразот од Данска, а потоа одигра нерешено во дуелот со Република Ирска. Двата натпревара нашиот тим ги играше на гости. Претседателот на ФФМ нагласи дека репрезентацијата не е само резултат, туку има и поголеми вредности. „Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик. Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на АТП 1000 турнирот во Мајами. Натпреварувањето ќе се одржи од 17 до 29 март. Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ се откажа поради повреда на десното рамо. Во 2025 година, тој стигна до финалето на Мастерсот, каде што загуби од Чехот Јакуб Меншик. Претходно на турнирот во Индијан Велс, Србинот загуби во четвртото коло од Британецот Џек Дрејпер (6:4, 4:6, 6:7 (5:7)). Ѓоковиќ е 24-кратен шампион на ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров за пријателскиот дуел со Австрија повика нов играч. Пикерот на Вардар Кристијан Атанасовски доби прв повик за настап во сениорската репрезентација. Тој треба да го пополни испразнетото место на Марко Стојковиќ. За оваа акција во рамки на ЕХФ неделата селекторот Лазаров уште претходно објави дека нема да смета на искусните: Маркоски, Митревски, Пешевски како и повредениот ...
Познатата австралиска репортерка Даника Мејсон се најде во центарот на вниманието откако пред камерите се појави во видно алкохолизирана состојба. Нејзиното јавување од Зимските олимписки игри стана вирален хит. Расположената Даника се вклучи во живо од Италија за австралискиот Канал9 и ги изненади гледачите. Таа заплеткуваше со зборовите, зборуваше за цената на кафето, за игуаните, а потоа дури и се валкаше по снегот. „Цената на кафето овде ...
Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот: Македонија-Луксембург, кој е дел од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката ќе можат да си обезбедат влезен билет, преку онлајн сервисот на „МКТикетс“. Еден влезен билет за овој натпревар, чини 150 денари (во делот од салата, односно трибината зад кошевите во салата „Градски парк“), а 200 денари ...
Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година. – Италијанскиот тим не го заслужи ова. Покажавме страст, игравме со десет играчи од 40. минута… тажни сме, но тоа е фудбалот. Горд сум на мојот тим. Но, во моментов е болно, изјави Гатузо по мечот во Зеница. Италијанскиот тим ќе го пропушти своето трето Светско првенство по ред. „Азурите“ ...
Со одигрувањето на финалните средби од баражите, познати се сите учесници на фудбалскиот Мундијал 2026. Ирак стана последен учесник на Светското првенство, откако рано утрово во Монтереј (Мексико) ја совлада Боливија со 2:1. Синоќа преку европските баражи, пласман на планетарниот собир изборија, Босна и Херцеговина по победата над Италија на пенали (4:1), Турција по триумфот над Косово (1:0), Чешка над Данска (на пенали 3:1) и Шведска над ...
Дерби натпреварот од 2. коло од плеј офот од Супер лигата во ракомет меѓу првакот Еурофарм Пелистер и лидерот Вардар ќе се игра пред полна сала во Битола. Домаќинот на натпреварот објави дека салата „Боро Чурлевски“ е распродадена, а најавено е присуство на гостински навивачи. Почетокот на дуелот што се игра во недела е во 19 часот, а натпреварот ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегати се Марјан Начевски и Лери ...
Фудбалерите на Босна и Херцеговина и Италија одиграа бараж финале за СП кое заврши 1:1. Победникот беше решен на пенали, а БиХ избори пласман на Мундијалот. „Змаевите“ во полуфиналето го победија Велс, а Италија Северна Ирска. Италија поведе во 14. минута преку Кин по грешка во одбраната. До крајот на полувремето БиХ напаѓаше, но безуспешнп. Потоа Италија остана со играч помалку, Бастони заработи директен црвен, по што следуваше целосна ...
Македонската фудбалска репрезентација утревечер, со почеток во 20:45 часот, ќе се соочи со Република Ирска во натпревар меѓу двете селекции кои не успеаја да се пласираат во финалето на плејофот за Светското првенство. Средбата ќе се одигра на стадионот „Авива“ во Даблин. Селекторот Гоце Седлоски потенцира дека, и покрај разочарувањето, тимот мора да ја задржи највисоката можна мотивација, бидејќи настапот за националниот дрес секогаш носи ...
РЕПУБЛИКА ИРСКА – МАКЕДОНИЈА 0-0 Стадион „Авива“. Гледачи: 39.560. Судија: Иван Грифит (Велс). Жолт картон: Столе Димитриевски (Македонија). Ирска: Келехер, Еган, Колинс, Оши, Колман, Најт, Молумби, Скејлс, Огбене, Азаз; Парот. Македонија: Димитриевски; Зајков, Фетаи (65′ Муслиу), Велковски (46′ Серафимов), Херера, Алими (60′ Дориев), Костадинов (60′ Николов), Барди (46′ Мусовски), Чурлинов (60′ Рамадани – 71′ Бејтулаи), Елмас (60′ ...
Секој натпревар во државниот дрес е важен, истакна голманот Столе Димитриевски на официјалната прес конференција во Даблин пред утрешниот натпревар на македонската репрезентација против Ирска во пресметка на двете поразени селекции во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство. Димитриевски наведе дека по поразот од Данска (4:0) во четвртокот во Копенхаген, за избраниците на селекторот Гоце Седлоски следи нов предизвик во кој ...
Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер е сè повеќе разочаран од статусот во тимот од Лондон и е подготвен за трансфер во Манчестер јунајтед. Според „The Sun“, 23-годишниот Англичанец, производ на академијата на Манчестер сити, е незадоволен од промените во тактиката на „сините“ и се шпекулира дека ќе му недостига играње покрај Николас Џексон, кој моментално е на позајмица во Баерн Минхен. Елиминацијата на Челзи од нокаут фазата во Лигата на ...
Ивана Кметовска е најкорисната кошаркарка на финалниот турнир на женскиот кошаркарски куп одржан викендот во Македонска Каменица. Актуелната македонска репрезентативка одигра два одлични натпревара и апсолутно заслужено ја доби главната индивидуална награда на турнирот. Во финалниот меч, вчеравечер против Крива Паланка, Кметовска постигна 24 поени со висок процент на реализација во обидите за два поена (10/13 односно 76% на реализација, и 4/7 ...
Македонската А репрезентација е пред нов предизвик, гостувањето кај Република Ирска на 31 март во Даблин. По поразот од Данска, фокусот во националниот тим е насочен кон анализа на противникот и подобрување на формата пред новиот дуел. Дефанзивецот Ѓоко Зајков потенцира дека тимот извлекол поуки од претходниот натпревар и дека клучот ќе биде во менталната стабилност во текот на целиот меч -Данска е навистина квалитетен противник. Се боревме ...
Иранската фудбалска федерација ја информираше Светската фудбалска асоцијација за уништувањето на спортската инфраструктура во земјата. – Со длабоко жалење и тага ве известуваме дека како резултат на нелегалната воена агресија врз светата земја на Исламската Република Иран, е предизвикана сериозна штета на спортската инфраструктура, особено на иранскиот фудбал, стои во писмото на федерацијата до ФИФА, објави Иранската новинска агенција ISNA. ...
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски се повлече од националниот дрес. Ова доаѓа откако на мечот со Данска целиот натпревар го преседе на клупата за резервни играчи. Во објава на социјалните мрежи, како причина го наведе тоа дека во изминатиот период неговиот труд не се вреднувал доволно. -Имаше и тешки моменти, порази кои болеа, но и победи кои не учеа што значи вистинска радост. Во сите тие моменти едно нешто не се промени, ...
Фудбалската федерација на Македонија се обрати до сите македонски навивачите кои даваат поддршка на репрезентација. Околу 2.000 македонски навивачи беа и дел од публиката на Паркен стадионот во Копенхаген на полуфиналниот дуел против Данска од баражот за пласман на СП 2026. Противникот победи со 4:0. На социјалните мрежи од ФФМ објавија: „Искрена благодарност до сите навивачи на македонската репрезентација, вашата поддршка е мотив да станеме ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска на тренинг центарот “Петар Милошевски” ги продолжува подготовките за гостувањето во Даблин, каде на 31. март ќе се соочи со Република Ирска. Во пресрет на натпреварот, селекторот Гоце Седлоски се соочува со неколку предизвици, додека дел од одлуките околу почетниот состав од претходниот натпревар против Данска отворија и одредени реакции во тимот. Коњаспор и кинески Далиан, клубовите на Енис Барди ...
Селекцијата на Италија беше подобра од Северна Ирска со 2:0 во полуфиналето од плејофот за пласман на СП. Овој меч беше решен во регуларните 90 минути, па со оглед на тоа дека на мечот Велс-БиХ се играа продолженија, па потоа имаше и пенали, „Аѕурите“ имаа можност да ги гледаат пенал рулетот. Токму на овој меч се решаваше кој ќе биде противникот на Италија. На видеото се гледаат неколку фудбалер, меѓу кои Димарко и Еспозито, па откако Босна ...
Фудбалската репрезентација на Данска е на чекор до ново учество на Светско првенство откако синоќа со сигурна игра пред сè во вториот дел го совлада македонскиот национален тим со 4:0. Селекторот на Данска Брајан Ример, сепак ја смирува атмосферата во неговиот тим. – Во моментов, ништо не сме победиле. Одигравме еден натпревар и го постигнавме резултатот што ни беше потребен за да го „заработиме“ учеството во финалето на баражот. Сега е време ...
Селекторот на Македонија, Гоце Седловски имаше катастрофално деби на клупата. Пораз од 4:0 од Данска во полуфиналето во плејофот за СП, во нстпревар во кој нашата селекција не покажа речиси ништо. За десет минути во вториот дел примивме 3 голови, со што, како и што самиот изјави по мечот, се распаднаме. -Честитки за противникот. Од она што најмногу се плашев тоа се оствари. Примивме голови од тие странични позиции, бековски… Не треба да губиш ...
Босна и Херцеговина во драматичен меч го совлада Велс на пенали со 4:2 и обезбеди финале против Италија за пласман на СП. Регуларните 90 минути завршија без победник, 1:1. Џејмс во 51-ва минута донесе предност на Велс, која во 86-та минута ја анулираше Џеко. Во продолженијата немаше голови, иако на двете страни имаше по некоја добра шанса. Во пенал серијата, прва почна Босна, не го реализираше ударот, но по два погодени пенали, Велс не ...
Селекцијата на нашиот сосед Косово направи историски подвиг со пласман во финалето во плеј офот за СП, каде во вторнил ќе игра против Турција. Како гости вечерва славеа со 4:3 против селекцијата на Словачка. Два пати Косово се враќаше од негатива, губеше со 1:0, па со 2:1, а потоа направи пресврт и поведе со 4:2, па до крајот Словачка само успеа да го ублажи поразот на 4:3. Селекцијата на нашиот сосед Косово направи историски подвиг со ...
Македонските фудбалери не успеаја да изборат финале во баражот за СП 2026 откако вечерва во Копенхаген беа убедливо совладани од домаќинот Данска со 4:0. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски беа конкурентни само во првиот дел од првото полувреме, а тоа што го најавија во завршницата на првото полувреме данските фудбалери го реализираа во вториот дел. Првата посериозна шанса во 14.минута ја имаше домаќинот кога ударот на Хојлунд, Зајков го ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток во 20:45 часот игра против Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство. Овие две селекции во досегашната историја имале три меѓусебни пресметки, а вечерашнава ќе биде четврта. Двамеча се одиграни во рамките од квалификациите за пласман на ЕП во 1996-та година. Тогаш Данска на домашен терен победи 1:0, а на „Градски“ во Скопје беше 1:1. Уште еден меч е одигран во ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Паркен стадионот во Копенхаген играат бараж дуел со Данска за настап на Светското првенство 2026. Како и на сите гостувања така и на ова македонските фудбалери ќе ја имаат поддршката од македонските фанови, кои веќе се во главниот град на Данска. За таа цел организиран е и фан зона за македонските навивачи, од каде заеднички сите ќе се упатат кон стадионот. Бројката на македонски навивачи се ...
Легендарниот фудбалер на Ливерпул и поранешен селектор на македонската репрезентација, Џон Тошак (77), боледува од деменција, јавија денеска британските медиуми, пренесувајќи изјава на неговиот син Камерон. „Тоа е ужасна болест. Сега станува збор за краткорочна меморија, разговарам со него речиси секој ден и ако разговараме попладне, можеби нема да се сети дека разговаравме наутро. Но, ако го прашам за деновите во Ливерпул, (Реал) Сосиедад и ...