Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Екипата на Милан успеа со голем пресврт да го совлада Торино и славеше победа со конечни 2-3 (2-1) во натпреварот од четиринаесеттото коло на италијанската Серија А. Гостите од Милано имаа двојна негатива по само 17 минути игра, за Торино стрелаа Никола Влашиќ и Дуван Запата, но потоа на теренот како да постоеше само еден тим - оној што традиционално игра во црвено-црни бои. До крајот на полувремето Милан се врати во игра со прекрасниот гол ...
Репрезентацијата на Холандија ја совлада Франција во дербито на третата група од главната фаза на Светското првенство (26-23) и се пласираше во четвртфиналето како првопласирана во оваа конкуренција. Холанѓанките имаа само гол позитива на паузата (13-14), но во второто полувреме одиграа многу подобро и сосема заслужено славеа над „триколорите“, кои досега исто така имаа максимален ефект. Клучната разлика Холандија ја создаде во последните 15 ...
Белгискиот гигант Клуб Бриж денес го именуваше Хрватот Иван Леко за нов тренер, и тоа на само два дена пред важниот дуел во Лигата на шампионите против лондонски Арсенал. Леко на клупата го замени Ники Хејен, кому клубот му се заблагодари за трудот и вложениот напор во претходниот период. Хрватскиот стратег се враќа во Бриж, со кој во својот прв двегодишен мандат ја освои титулата во 2018 година. Тој како фудбалер играше за клубот од 2005 до ...
Адриен Рабио уште еднаш потврди дека располага со феноменален удар, а тоа се случи на гостувањето кај Торино, каде неговиот Милан е во потрага по добар резултат и задржување на врвот на табелата во Серија А. „Росонерите“ имаа двојна негатива по само 17 минути игра, но Французинот ги врати во игра со спектакуларен погодок од триесетина метри, не оставајќи му никакви шанси на голманот Франко Израел. Торино и Милан се среќаваат во натпревар кој ...
Хрватскиот напаѓач Бруно Петковиќ повторно е во центарот на вниманието откако во турскиот Кочаелиспор се појавија сериозни финансиски проблеми. Фудбалерот кој летоска се пресели во Турција како големо засилување, наводно побарал исплата на заостанати обврски од клубот, а доколку тоа не се случи во предвидениот рок, има можност да го раскине договорот. Ситуацијата дополнително ги засили шпекулациите дека Петковиќ е на чекор до заминување од ...
Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, ја испрати својата порака до фудбалерите пред важниот европски дуел со Аталанта во Лигата на шампионите. Италијанскиот стратег потенцира дека тимот мора да остане фокусиран и да го продолжи својот напредок чекор по чекор, без оглед на притисокот и густиот распоред на натпреварите. „Ова е важна недела за нашиот тим, игравме меч во Премиер лигата, а сега имаме и европски предизвик во Бергамо. Аталанта можеби не ...
Во извлекувањето за третото коло во ФА Купот, актуелниот победник Кристал Палас ќе започне со одбрана на титулата против шестолигашот Маклсфилд. Ова е класичен „Давид против Голијат“ дуел, кој секогаш може да донесе возбуда и можност за големо изненадување. Маклсфилд, кој обезбеди место во третото коло со победа над Слоу Таун, ќе има можност да го пречека премиерлигашот на свој терен, што претставува голема шанса за клубот и празник за ...
Ракометната полусезона е пред самиот крај, а шлагот на досега возбудливиот шампионат ќе го стават „вечните“ ривали. Вардар ќе гостува кај шампионот Еурофарм Пелистер во салата „Боро Чурлевски“, која и овој пат ќе биде исполнета до последно место. Но, на трибините во битолската сала ќе има навивачи на Вардар, што секако ќе му даде додадена вредност на и онака долгоочекуваното дерби на најтрофејните. Обезбеден е сектор за „Комитите“, а од ...
Екипата на Удинезе им приреди шок на своите навивачи и загуби на домашен терен од Џенова со конечни 1-2 (1-1) во натпреварот од четиринаесеттото коло во италијанската Серија А. Руслан Малиновски донесе водство за гостите откако прецизно изведе пенал во 34. минута, а во второто полувреме домаќинот возврати преку Полјакот Јакуб Пјотровски, кој донесе израмнување во 65. минута. Џенова имаше повеќе од играта во продолжение, создаде неколку ...
Ракометната селекција на Полска со победа ја заврши главната фаза од Светското ракометно првенство, но не успеа да ја оствари посакуваната цел – пласман во четвртфиналето. Полските ракометарки во последното коло (петто) славеа во соочувањето со Австрија со резултат 35-30, на полувреме 17-18. Австрија, која што во главната фаза влезе со само една победа, на стартот против Аргентина, вечерва подобро го отвори натпреварот во Ротердам. Во неколку ...
Со натпреварот помеѓу Арсими и Пелистер денеска заврши фудбалската година во Македонија. Завесата од есенскиот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига е спуштена, и фудбалерите ќе бидат на „одмор“ до средината на февруари следната година. Есенски шампион е Вардар, а токму од редовите на „црвено-црните“ доаѓа и најдобриот стрелец оваа полусезона. Роџерс Мато одигра фантастично есенва во мак-елитата и противничката мрежа ја ...
Календарската година завршува, а време е за последното коло од Лигата на шампионите во 2025 година. Иако сè уште ништо не е одлучено, еден од најголемите дуели што ќе го затворат овој период ќе биде помеѓу Интер и Ливерпул, кој ќе се одигра во Милано. Англичаните, секако, имаат повеќе проблеми, бидејќи им е сè потешко да ги оправдаат половина милијарда евра потрошени во текот на летото. Сега им претстои тешко патување до Милано, каде што ќе ...
Сагата околу Мохамед Салах и Ливерпул доби драматичен пресврт пред дуелот со Интер во Лигата на шампионите. Иако египетскиот фудбалер тренираше со тимот попладнево, тој не се најде во авионот за летот за Милано. Според „Скај Спортс“, тренерот Арне Слот и Салах одржале состанок во текот на денот, а епилогот е – да остане дома!. Причината лежи во бурните изјави што Салах ги даде по ремито против Лидс пред неколку дена. Незадоволен од фактот што ...
Поранешниот словенечки репрезентативец Дејан Бомбач и официјално има нов клуб, откако замина на можеби најтешката мисија во најсилната ракометна лига на светот – Бундеслигата. Искусниот среден бек е нов ракометар на тимот на Лајпциг, кој сезонава бележи резултати далеку под очекувањата и се наоѓа во многу тешка ситуација. 36-годишниот ракометар, откако спогодбено го раскина договорот со Ѓер, беше поврзуван со многу клубови, но на крај се реши ...
Пласманот во главната групна фаза очигледно беше краен домет на туниската женска ракометна репрезентација. Во дуелот против Аргентина, натпревар на две од ретките селекции надвор од Европа кои останаа на турнирит, Тунижанките загубија со 29-30 (10-17) и веќе немаат шанси за полуфинале. Иако во првиот дел имаа убедлива предност, Аргентинките до победа стигнаа дури во последната секунда, со гол по убава акција. Од самиот почеток на мечот во ...
Поранешниот клуб на македонскиот репрезентативец, Николче Новески, бундеслигашот Мајнц го назначи искусниот стручњак Урс Фишер за нов тренер, потпишувајќи договор до лето 2028 година. 59-годишниот Фишер ќе дебитира во вторник во натпреварот против Лех Познањ во Конференциската лига. Фишер во Мајнц доаѓа на местото на Бо Хенриксен, кому во средата му беше врачен отказ по серија слаби резултати. Мајнц 05 нема победа во германското првенство од ...
Во првиот од трете натпревари, со кои се затвора 13. коло на Серија А, Парма славеше на гостувањето кај Пиза со 0-1 (0-1) и ја запиша својата втора гостинска победа сезонава, по онаа на теренот на Верона. Моментот на одлука се случи во 41. минута, кога судијата оправдата покажа на белата точка, а Адриан Бенедичак успешно ја трансформира во водство за гостите од Парма (0-1). Момците на Џилардино силно го притиснаа противникот на почетокот од ...
Две очекувани победи за фаворитските екипи во последните два меча од седмото коло на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени. Баскет Кам запиша гостинска победа на теренот на Пробаскет со 50-69. Цветанка Димова се врати во составот на Баскет Кам, и тоа веднаш беше „видливо“ во играта на бранителот на титулата на гостувањето во кавадаречки „Јасмин“. Кметовска заврши со 18 поени (пет скока и четири асистенции), Димова додаде 16 поени (и осум сока и ...
Пионерско–младинската школа на ФК Пелистер преку селективни натпревари ги отвори вратите за сите талентирани деца кои сакаат да станат дел од зелено-белото семејство. Повикот важи за сите заинтересирани деца: од Битола, од околните општини, како и од подалечни средини кои се родени во периодот од 01.01.2007 – 31.12.2010. ▪️Термини за селекции: Сабота – 13.12.2025 Недела – 14.12.2025 Почеток: 10:00 часот Ќумурно игралиште – Павел Шатев ...
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, во интервју за ЕСПН откри кои репрезентации ги смета за најсериозни ривали на неговата селекција во обидот да ја одбрани светската титула на Мундијалот во 2026 година. Меси ги издвоил Шпанија, Франција, Англија и Бразил како национални тимови кои, според него, ќе бидат најголем предизвик за „гаучосите“ на Светското првенство што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Тој ја спомна и Германија како ...
Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ги заврши натпреварите со дуелот меѓу Арсими и Пелистер. Мечот заврши 3-3, а вистински евро-гол постигна Шпенд Асани. Играчот на Арсими во вториот дел влезе од клупата и реализира. Офанзивецот прими една топка пред шеснаесетникот, си создаде простор и испрати вистинска бомба во мрежата на Јовчевски кој бранеше одлично. Овој погодок на Асани ќе конкурира за еден од најубавите оваа сезона во Првата лига. ...
Екипата на Пелистер имаше сигурно водство во два наврати, но не успеа да го победи Арсими на гостински терен. Мечот во Гостивар заврши со резултат 3-3, а изобилуваше со убави потези и голови. Овој резултат најавува жестока битка за опстанок напролет, затоа што сите екипи долу на табелата се бодовно израмнети. Дуелот меѓу двете екипи почна активно, а тоа донесе прв гол уште во 15. минута, во мрежата на домаќините. Пелистер поведе преку Вилдан ...
Фудбалската репрезентација на Македонија го започнува својот најважен предизвик во новата година – баражот за пласман на Светското првенство 2026. УЕФА ја потврди официјалната саатница за полуфиналниот меч против Данска, кој ќе се одигра во март на „Паркен“ во Копенхаген. Почетниот удар е закажан за 20:45 часот. Фудбалерите ќе се обидат да го повторaт подвигот од баражот за СП 2022, кога со сензационална победа над Италија го привлекоа ...
Во едно од изданијата на италијанското спортско шоу „Ромпипалоне“, на Диего Армандо Марадона Јуниор, синот на легендарниот аргентински фудбалер, му беше поставено едноставно, но провокативно прашање: „Почни да зборуваш ако чуеш фудбалско име поголемо од Диего Армандо Марадона“. Марадона Јуниор го прифати предизвикот, но веднаш постави свој услов, нагласувајќи колку високо го цени татко му. Тој јaсно стави до знаење дека според него никој не ...
Македонскиот репрезентативен плејмејкер и член на руски Зенит, Ненад Димитријевиќ, отворено проговори за својата долгогодишна симпатија кон белградски Партизан, откривајќи дека, и покрај бројните медиумски шпекулации, реална можност за трансфер никогаш не постоела. Во разговор за „Basketball Sphere“, 26-годишниот Македонец посочи дека по заминувањето од Валенсија видел идеален момент за преселба во белградскиот гигант, но конкретна понуда не ...
Легендарниот напаѓач на Црвена Звезда и македонската репрезентација, Дарко Панчев, денес потсети на еден од најсветлите моменти во историјата на белградскиот клуб – освојувањето на Интерконтиненталниот куп во Токио пред точно 34 години. Тој истакна дека успесите на тогашната генерација ги впишале црвено-белите во редот на најголемите европски и светски клубови. „Беше прекрасно да се биде дел од таа генерација. Уште поубаво беше да се биде ...
Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат мега-дербито во актуелното коло од Лигата на шампионите, а Македонец ќе ја има главната улога на оваа средба. Филип Поповски, човек кој ја вршеше улогата генерален секретар на ФФМ и зад себе има богато фудбалско искуство, ќе биде делегат на натпреварот меѓу двата гиганти и некогашни европски шампиони. Главен судија на натпреварот е Французинот Клемен Турпан, а ќе му помагаат Николас Данос, Бенџамин ...
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус покажува сериозен и сосема конкретен интерес за едно од највозбудливите млади имиња што се појавиле во балканскиот фудбал последниве години – македонската фудбалерка Меланија Грозданова. Иако има само 16 години, Грозданова веќе е стандарден првотимец во сениорската репрезентација на Македонија, а неодамна одигра клучна улога во историскиот успех на женската У19 селекција, која се пласираше во ...
Бразилската ѕвезда Хулк покажа дека и на 39 години сè уште има вистински „топ“ во своите нозе. Ветеранот беше стрелец на погодок во победата на неговиот Атлетико над Васко да Гама (5-0) за крај на сезоната во бразилската Серија А. Погодокот на Хулк беше вистинска мајсторија, можеби и кандидат за наградата „Ференц Пушкаш“. Бразилецот погоди од околу 35 метри во голманската страна директно од слободен удар. За Хулк ова беше осми сезонски ...
Ељиф Елмас одново настапи на нова позиција за Наполи, бидејќи во победата над Јувентус (2-1) во калчо-дербито заигра како последен играч за врска. Македонскиот фудбалер со својата поливалентност низ кариерата настапувал на многу позиции, а тоа добро го знае и Антонио Конте. Во дербито со „старата дама“ Елмас фигурираше како централен играч за врска, но всушност беше задолжен за дефанзивниот дел и покривање на Скот Мектоминеј кој имаше ...