Според генералниот директор на МОБ, Оливер Арсовски, за љубителите на оперската уметност, за 54. издание на „Мајските оперски вечери“ е подготвен репертоар што внимателно ја спојува традицијата со новата енергија. По отворањето на 9 мај во 20:00 часот и двете оперски претстави „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, до 31 мај следуваат и „Риголето“, „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, балетот „Лебедово езеро“, „Травијата“, а програмата завршува со моќното ...

Со премиера на оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини под диригентство на Џанлука Мартиненги од Италија, на 9 мај во Националната опера и балет свечено ќе се отвори 54. издание на Мајските оперски вечери. „Секоја од претставите на програмата носи различна емоција и заедно создаваат едно целосно искуство што посакуваме публиката да го памети. „Мајките оперски вечери“ се и огледало на институцијата, кое покажува колку сме ...