Екипата на Шкупи се подготвува за соочувањето со Струга Трим Лум, која е во потрага по нова победа за да ја продолжи трката за врвот на табелата и шампионската титула. Тимот од Чаир покажа солидна игра на последниот натпревар против Башкими. Иако двата гола беа примени во второто полувреме, младите фудбалери на Шкупи пружија силен отпор во првиот дел од мечот во Куманово. Со ист фокус и максимален ангажман, младинскиот состав на Шкупи сега ...

По три одиграни кола во квалификациите за следното Европско првенство женската ракометна селекција на Македонија сè уште е без освоен бод. Пред неколку дена испуштивме голема шанса за тоа и несреќно загубивме на гостувањето во Белгија. Денеска нашите ракометарки ќе имаат можност да се реваншираат за тоа и пред својата публика во Куманово ќе ја пречекаат третопласираната селекција на табелата. Во пресрет на дуелот со Белгија своите очекувања ...

Струга Трим Лум пролетниот дел од сезоната го започна под очекувањата, но се чини дека денеска ќе ја има идеалната шанса за прв победа. На крајбрежјето гостува Шкупи, последнопласираниот тим на табелата кој бележи само порази и во вториот дел од првенството и има само еден освоен бод во шампионатот. „Секако дека сме подготвени за првата победа во пролетниот дел од сезоната. Се наоѓаме во мала криза и мислам дека натпреварот против Шкупи доаѓа ...

Ељиф Елмас синоќа го одигра еден од најдобрите натпревари по враќањето во дресот на Наполи. Македонскиот ас одново беше стартер и го имаше насекаде на теренот, а одличната партија ја круниса со гол за победа на шампионот против Торино. По средбата тренерот Антонио Конте испрати пофални зборови за македонскиот ас за кого вели дека треба да му се подигне споменик. „За денешната партија Свети Елмас заслужува споменик. Тој многу го разбира ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, утрово ја освои пол-позицијата за првата трка во новата сезона во Формула 1, која ќе се одржи во Австралија. Расел до својата осма пол-позиција во својата кариера на патеката Алберт Парк стигна со време од 1:18,518 минути. Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, беше втор, со заостанување од 0,293 секунди, додека Исак Хаџар од Ред Бул заврши трет, со заостанување од 0,785 секунди. Членот на Ферари, Шарл Леклер, се ...

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс извојуваа победа над Индијана Пејсерс со128-117, во натпревар во кој Лука Дончиќ одново доминираше на паркетот. Словенечкиот ас го заврши натпреварот во „градот на ангелите“ со 44 поени на своето конто, заедно со девет скока и пет асистенции. Тој постигна дури 22 поени во првата четвртина, погодувајќи пет последователни тројки на почетокот, што јасно го насочи овој натпревар во правец на „езерџиите“. Покрај ...

Уште од натпреварувачката 1989/90 година, правилото е четирите екипи од Чемпионшип, пласирани на позиции од трето до шесто место по завршувањето на лигашкиот дел од сезоната, да се борат за пласман во елитниот ранг на англискиот фудбал преку дополнителни плејоф натпревари. Сепак, ова правило наскоро ќе замине во историјата. Имено, клубовите се изјаснија дека ги поддржуваат промените во второто ниво на фудбалското натпреварување, а по 37 ...

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Ерон Гордон, е блиску до враќање на терените по повредата на задната ложа која го оддалечи од тимот подолг период. Според последните информации од клубот, Гордон се наоѓа во завршна фаза од рехабилитацијата и се очекува наскоро повторно да се приклучи на тимот. Американскиот крилен кошаркар пропушти значителен дел од сезоната поради повредата која во еден момент дополнително се влоши. Во таборот на Денвер Нагетс ...

Австриската фудбалска репрезентација доби големо засилување пред Светското првенство. Талентираниот Пол Ванер официјално го објави својот избор за оваа селекција. Напаѓачот на ПСВ Ајндховен реши да го промени националниот дрес и во иднина ќе настапува за Австрија наместо за Германија. Иако ги помина сите младински селекции на Германија, 20-годишникот призна дека сè уште се чувствува повеќе како Австриец. Тој ја прифати поканата од Фудбалската ...

Џеси Лингард е нов играч на Коринтијанс, објави клубот од Сао Паоло. Поранешниот репрезентативец на Англија потпиша договор до крајот на годината, со опција за продолжување на соработката до 2027 година. Лингард пристигнува во Бразил по двегодишен престој во Сеул, каде што остави многу добар впечаток. Во текот на 2025 година, тој постигна 13 гола и регистрираше седум асистенции во 41 натпревар во сите натпреварувања. Англискиот фудбалер не го ...

Екипата на Реал Мадрид стигна до драматична победа на гостувањето кај Селта Виго, откако во натпревар од Примера славеше со 1-2, благодарение на погодокот на Федерико Валверде во судиското продолжение. Натпреварот во Виго започна со иницијатива на гостите од Мадрид, кои повеќе ја контролираа топката и создаваа опасни ситуации пред голот на домаќинот. Притисокот на „кралевите“ вроди со плод во 11. минута, кога Чуамени со прецизен удар донесе ...

Екипата на Ливерпул обезбеди пласман во следната фаза од ФА Купот, откако на гостувањето кај Вулверхемптон славеше убедлива победа од 1-3 на „Молину“. Првото полувреме не донесе премногу возбудувања и двете екипи тешко создаваа чисти шанси, па на паузата мрежите мируваа. Сепак, по одморот натпреварот доби сосема поинаков тек, а гостите од „Енфилд“ први го скршија отпорот на домаќинот. Енди Робертсон во 51. минута ја отвори серијата голови, ...

Екипата на Наполи го одбрани домашниот терен и во првиот натпревар од 28 коло во Серија А славеше заслужена победа над составот на Торино, а прв овосезонски погодок во италијанскиот шампионат постигна македонскиот ас Ељиф Елмас. Наполитанците уште од стартот на натпреварот наметнаа свој стил на игра и со висок посед на топка се обидуваа да ја пробијат одбраната на гостите. Првиот погодок пристигна рано, уште во седмата минута, кога Алисон ...

Екипата на ПСЖ претрпе неочекуван пораз на домашен терен, откако во дербито од Лига 1 загуби од Монако со убедливи 1-3. Гостите од Кнежевството одиграа одличен натпревар на „Паркот на принцовите“ и уште во првото полувреме успеаја да ја наметнат својата игра. Монако поведе во 27 минута кога Магнес Аклиоче ја стресе домашната мрежа и донесе молк на парискиот стадион. ПСЖ се обиде да возврати со поголем посед на топка и неколку опасни напади, ...

Фудбалерите на Баерн Минхен го продолжуваат походот кон нова шампионска титула во Бундеслигата. Баварците немаа проблеми ниту во 25. коло во кое славеа убедлива победа над Борусија Менхенгладбах со 4-1 (2-0). Фаворитот имаше сигурна предност уште по првите 45 минути, откако на пауза заминаа со водство од 2-0. Домаќинот од самиот почеток ја презеде иницијативата и ја контролираше играта, а првата посериозна шанса се случи во средината на ...

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас конечно го „скрши мразот“ и во 25 натпревар го постигна својот прв гол во Серија А по враќањето во редовите на Наполи. На натпреварот против Торино на „Диего Марадона“, Елмас гостинската мрежа ја затресе во 68. минута, кога на додавање на Политано со атрактивен волеј ја смести топката во посакуваната цел. | GOAL: ELJIF ELMAS DOUBLES THE LEAD FOR NAPOLI! Napoli 2-0 Torino. pic.twitter.com/d1JNJo35Xh — ...

Екипата на Баерн Минхен извојува голема победа во Евролигата, откако од гостувањето во Белград се враќа славенички – совладувајќи го тимот на Црвена Звезда со 80-85. Германскиот тим ја преживеа пеколната атмосфера во „Арена“, а меѓу најдобрите поединци во тимот на Светислав Пешиќ беше нашиот ас Ненад Димитријевиќ. Популарниот Нено имаше важна улога во ова славје на баварците, постигнувајќи единаесет поени со по четири скока и асистенции. Прв ...

Тренерот на Ал-Наср, Хорхе Жесус, вели дека повредата на Кристијано Роналдо е посериозна отколку што се мислеше претходно. Португалецот е надвор од теренот неколку недели поради проблем со коленото. „Повредата на Кристијано е посериозна отколку што се мислеше претходно. Тој ќе патува во Шпанија на лекување кај личен терапевт“, рече Жесус. Роналдо постигна 21 гол на 22 натпревари оваа сезона и е блиску до бројката од 1.000 голови во својата ...

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, остро реагираше на критиките кои во последниот период ги добива Мајкл Керик од страна на поранешни легенди на клубот. Керик пред неколку дена го доживеа првиот пораз како предводник на „црвените ѓаволи“, а тоа беше повод за нови коментари од аналитичарите и поранешните фудбалери на клубот. Меѓу најгласните беа Рој Кин, Гери Невил и Пол Сколс, кои сметаат дека клубот треба да размислува ...

Екипата на Охрид го направи првиот чекор кон пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија. Во полуфиналето од четвртфиналниот турнир „гладијаторите“ пред својата публика имаа лесна задача против Тиквеш, совладувајќи го со убедливи 42-25. Охрид тргна фуриозно и уште во првите пет минути ја најави убедливата победа. Во тој период постигна дури шест гола, а не прими ниту еден. Домаќинот во исто темпо го продолжи полувремето и на одмор ...

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени следните одлуки: – У.О. на ФФМ го усвои предлог Деловникот за работа на Редовното Генерално собрание на ФФМ, кое ќе се одржи на 21 март 2026 година. – У.О. на ФФМ ги усвои извештаите од постојаните комисии и одбори на ФФМ. – У.О. на ФФМ го усвои Извештајот од Надзорниот одбор на ФФМ. – У.О. на ФФМ ги усвои извештаите за работата на правните ...

Битолската навивачка група „Чкембари“ јавно го искажа своето незадоволство од резултатите на фудбалскиот клуб во последниот период. Пелистерци и во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ играат под очекувањата, а гневот кај навивачите стана уште поголем по вчерашното празно реми против Силекс во Битола. „Чкембарите“ поставија неколку прашања до управата на клубот, а на крај истакнаа дека ова е последното предупредување, пред исклучување. ...

Koшаркарскиот клуб Гостивар продолжува со максимална посветеност во борбата до крајот на сезоната и го засилува својот ростер со две имиња кои ќе помогнат во борбата за опстанок во лигата. Нов член на гостиварскиот тим е американскиот центар Кам Грегори, атлетски и енергичен кошаркар кој носи квалитет, агресивност и стабилност на двете страни од теренот. Грегори ќе биде важен дел од тимот во предизвиците што следуваат до крајот на сезоната. ...

Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со ФИФА започнува со имплементација на проектот Женска Фудбалска Кампања. ФФМ одлучи првиот од десетте вакви настани да го организира во општина Битола. Настанот се организираше на игралиштето „Павел Шатев“, а на него учествуваат 50-тина девојчиња на возраст од 8 до 10 години, од основните училишта во рамки на општината, како и од женските фудбалски клубови од општина Битола. Сите девојчиња ...

Македонскиот кошаркар и член на Баерн Минхен, Ненад Димитријевиќ, во пресрет на натпреварот од 30. коло од Евролигата против Црвена Звезда во Белград објасни како изгледало неговото доаѓање од Зенит во тимот на Светислав Пешиќ. „Бев на краток божиќен одмор од Зенит, во Дубаи, кога Мишко Ражнатовиќ ми се јави и ми рече дека има опција за Баерн. Кога се вратив во Санкт Петербург, ми се јави Кари Пешиќ. Разговаравме доста долго и веднаш ...

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години во решавачкиот дуел за првото место во групата е совладана од Северна Ирска со 3-0. Серијата погодоци ја отвори Еби Смит во 12. минута. Во 26. Емили Ликок зголеми на 2-0, а конечниот резултат го постави Ана Робинсон во четвртата минута од судиското надополнување во второто полувреме. Составот предводен од Катерина Милеска на крајот го освои второто место на турнирот што се одржа во ...

Екипата на Еурофарм Пелистер е првиот учесник во завршницата од ракометниот Куп на Македонија. Шампионот и сезонава ќе има шанса да го освои толку-посакуваниот трофеј во ова натпреварување, а меѓу најдобрите четири влезе откако попладнево славеше победа над Прилеп, во финалето од четвртфиналниот турнир. Дуелот во битолската сала „Боро Чурлевски“ заврши со резултат 30-28, а на полувреме беше 14-14. Прилепчани, кои вчера беа убедливи против ...

ПАОК би можел да стане трет грчки претставник во кошаркарската Евролига од сезоната 2026/27. Според информациите на „СДНА“, неизвесноста околу иднината на Асвел во натпреварувањето, како и финансиските проблеми со кои се соочува Монако, би можеле да отворат простор за нов учесник. Токму тука се споменува ПАОК како сериозен кандидат за специјална покана. Наводно, солунскиот клуб би можел да добие вајлд-карта за настап во елитното европско ...

Сеид Хеидарирад, иранскиот чувар на мрежата на Еурофарм Пелистер беше еден од главните „виновници“ за големиот бод на македонскиот шампион против ПСЖ во претпоследното коло во Лигата на шампионите. Популарниот „Нинџа“ во самата завршница на чудесен начин му одбрани зицер на Омар Јахија, а потоа Дејан Манасков го матира Грин за голема радост на трибините и реми на битолчани. Токму оваа одбрана на Хеидарирад му донесе место меѓу најатрактивните ...

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, одигра фантастичен натпревар и со десет гола беше предводник на битолскиот тим во ремито против ПСЖ. Македонскиот репрезентативец не беше само најпрецизен во таборот на „зелено-белите“, туку со својата пожртвуваност уште еднаш покажа како изгледа вистински капитен на теренот. Она што дополнително ја прави неговата партија импресивна е фактот што Кузмановски настапил со висока температура. И ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
64%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
44%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.46
45%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
50%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
43%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
49%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9669

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Калај

54.78

Алуминиум

3.50

Рутениум

51376.89

Злато

151875.00

Цинк

0.00

Сребро

2583.47

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Платина

66101.93

Бакар

12.64

Родиум

319899.93

Паладиум

48065.37