Белград
5ᴼ /
4ᴼ
Ракометарите на Вардар продолжија да победуваат во Суперлигата и во рамките на шестото коло славеа на гости кај Радовиш со 27-33 (14-18). Скопскиот тим без потешкотии и со комбиниран состав триумфира на гостувањето кај овој ривал. Домаќините отворија добро и имаа предност на почетокот. Радовиш успеваше да се одржи во позитива до 5-4, а потоа парираше и во следните минути. Вардарци се мачеа да се одлепат, а така беше до втората половина на ...
Ракометарките на Куманово успеаја да слават со 32-31 против шампионот на Литванија, Каскада Гарлијава, но оваа победа нема да има натамошно значење бидејќи гостинките имаа капитална предност од седум голови од првиот натпревар и со тоа обезбедија пласман во следната рунда од Европскиот Куп на ЕХФ. И покрај големата желба и борбеност на домашниот состав, поразот во Литванија се покажа како непремостлива пречка. Најголема хероина на Куманово беше ...
Екипата на Баерн Минхен ја оправда фаворитската улога и забележа триумф над Ајнтрахт Франкфурт со 3-0, во меч кој се играше во рамки на шестата рунда на германската Бундеслига. „Баварците“ лесно го победија ривалот, а на овој дуел имаше два моменти за одбележување и за фудбалска историја во Германија и Европа. Првиот е голот на Луис Диаз, кој даде гол по 15 секунди игра и стана третиот најбрз стрелец во историјата на германската елита, по ...
Во дербито од седмото коло на англиската Премиерлига, Челзи на „Стемфорд Бриџ“ славеше против Ливерпул со 2-1, благодарение на драматичен погодок во судиското продолжение. Домаќините рано ја презедоа иницијативата и поведоа уште во 14. минута кога Мало Густо му асистираше на Каиседо, кој со прекрасен удар ја затресе мрежата на „црвените“. Пет минути подоцна Соболсај се најде во добра позиција, но неговиот обид беше блокиран. До крајот на првото ...
Екипата на Тиквеш според планот ја отвори новата сезона. Кавадарчани славеа на гостувањето кај Гостивар со резултат 81-67 во меч во кој водеа од самиот почеток па се до крајот. Евидентно беше дека Гостивар во оваа сезона влегува со нов тим, затоа што домаќинот заостануваше уште од првата четвртина. По десет минути игра Тиквеш имаше 23-16, благодарение на серијата пред финишот на кварталот. Во вториот период од мечот, тимот на Манев замина и на ...
Екипата на Интер забележа сигурна победа, на домашен терен го совлада Кремонезе (4-4) и се израмни со водечките екипи во калчото кои на своето конто имаат и еден натпревар помалку. Играч на натпреварот беше Анге-Јоан Бони, младиот напаѓач кој настапува за „нераѕурите“. 21-годишниот Французин имаше хет-трик асистенции, а исто така и еднаш се запиша во листата на стрелците. Првиот погодок на мечот го постигна капитенот Лаутаро Мартинез во 6. ...
Ракометарките на Тиквеш со победа ја напуштаат Битола, откако на гостувањето против Еурофарм Пелистер 2 извојуваа сигурен триумф од 16-24 (8-13), во шестото коло од новата сезона во Суперлигата. Младите пелистерци мотивирано го отворија натпреварот пред својата публика. Први поведоа со два гола разлика (4-2), но Тиквеш набрзина искористи три грешки на домаќинот, направи комплетен пресврт и за првпат стигна до водство (4-5). Подобрата игра на ...
Фудбалерите на Олимпик Марсеј ја продолжија својата позитивна серија, откако го победија и Мец со 3-0 во седмото коло од Лига 1. Тимот на Роберто Де Зерби на тој начин се проби и го дели првото место на табелата, заедно уште со ПСЖ и Лион, но Марсеј има еден натпревар повеќе. Триумфот во Мец не беше лесен, како што сугерира резултатот, бидејќи Марсеј ги постигна сите голови во второто полувреме, по изедначено прво полувреме во кое Мец, кон ...
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ја почнува новата авантура на Јадранот. И оваа сезона „штрковите“ ќе бидат дел од АБА-2 лигата каде ќе ја претставуваат Македонија заедно со ТФТ Скопје. Првиот меч аеродромци го играат на домашен терен. Во вторник во СЦ „Јане Сандански“ гостува тимот на Вршац, а дуелот започнува од 20:00 часот. Со цел да добијат максимална поддршка, управата ги отвори вратите за сите љубители на кошарката. Имено, влезот ...
Ракометарките на Есбјерг извојуваа гостинска победа кај екипата на ДВСЦ Шефлер (29-32) во натпреварот од четвртото коло во женската Лига на шампиони. Мечот од групата А донесе прилично неизвесен ракомет, а гостинскиот тим ја завери победата со подобра игра во второто полувреме, кога имаше и највисоки +5 голови предност. На паузата Есјбјерг водеше со резултат 14-15, а потоа одигра одлично и заслужено ги освои бодовите. Најефикасна ракометарка во ...
Мојсес Каиседо минатото лето беше пред портите на „Енфилд Роуд“, но наместо да се пресели во Ливерпул, отпатува за Лондон, од каде доби повик од клубот за кого навивал од дете. За сума од над сто милиони евра, еден од најдобрите играчи за врска го облече дресот на Челзи, за кого денеска постигна атрактивен гол – и тоа токму против Ливерпул. Во дербито на колото во Премиер лигата, Челзи поведе со 1-0, откако Каиседо со удар од далечина постигна ...
Возачите на Вилијамс во Формула 1, Алекс Албон и Карлос Саинц, се соочуваат со можност да бидат дисквалификувани од квалификациите за Големата награда на Сингапур. Двајцата ја завршија квалификациската сесија на 12. и 13. позиција, но отворена е истрага поради можно прекршување на правилата веднаш по завршувањето на квалификациите. Предмет на спор е задното крило, односно неговиот подвижен хоризонтален дел, кој е клучен елемент во ...
Екипите на Брера Струмица и Башкими одиграа нерешени 1-1 во натпревар од деветтото коло на ПМФЛ. Средбата на стадионот „Младост“ ја одбележа една спорна ситуација која се случи во судиското надополнување и доведе до израмнувачкиот погодок за домашните. Во еден дуел во шеснаесетникот на Башкими при висока топка, Борјан Пановски скокна со раширени лакти. Во скокот налета на Хаџи Драме кој веднаш падна, а судијата Пларент Салихи со помош на ВАР ...
Екипата на Џирона конечно го „скрши мразот“ оваа сезона и ја запиша првата победа во Примера, дури во осмото коло од шампионатот. Пред својата публика поранешната екипа на Бојан Миовски ја совлада Валенсија со минимални 2-1 и конечно ги израдува своите фанови. На полувреме резултатот беше 1-0 за домаќинот, откако Ванат во осумнаесеттата минута ја затресе мрежата на Валенсија, за која одново на голот не беше нашиот репрезентативец Столе ...
Манчестер Јунајтед конечно извојува победа без поголеми проблеми во Премиер лигата. На „Олд Трафорд“ со 2-0 совладан беше тимот на Сандерленд, а свое деби на голот на „црвените ѓаволи“ имаше последното летно засилување – Сем Ламенс. Белгискиот чувар на мрежата успеа да ја сочува мрежата незатресена, но малку фалеше да имаше кошмарно деби. Кон средината на второто полувреме Ламенс лошо процени една долга топка и се „заби“ во Бруно Фернандез. За ...
Манчестер Јунајтед конечно одигра одличен натпревар на својот „Олд Трафорд“ и со сигурни 2-0 (2-0) славеше над Сандерленд во рамки на седмото премиерлигашко коло. Избраниците на Рубен Аморим од самиот старт покажаа дека се расположени за игра и создадоа неколку добри шанси, а првиот погодок пристигна во осмата минута, кога мрежата ја затресе Мејсон Маунт. Продолжија „ѓаволите“ со големата иницијатива, сакаа бргу да ја удвојат предноста, и тоа им ...
Екипата на Скопје со високата победа над Вардар Неготино од 4-1 во Автокоманда се приклучи кон врвот во Втората македонска фудбалска лига. Виктор Ангелов, Мердиан Рамадани, Горјан Цветков и Армир Иса беа стрелци за „пиратите“, додека единствениот гол за Вардар Неготино е вистинска реткост во мак-фудбалот. Имено, во самиот финиш од средбата Ристе Лембовски доби топка на шеснаесет метри, се реши да бие со глава и не погреши и го постигна можеби ...
Фудбалерите на Лацио и Торино одиграа нерешени 3-3 во натпревар од шестото коло на Серија А. Средбата понуди шест погодоци и навистина луда завршница со гол за израмнување во 103. минута за ерупција на „Олимпико“. Гостинската екипа успеа да поведе со голот на Џовани Симеоне во 16. минута од средбата. До полувремето лацијалите беа подобра екипа и со двата погодоци на Матео Канчелиери поведе домаќинот (2-1). Во продолжението Че Адамс донесе ...
Екипата на Баер Леверкузен го совлада Унион Берлин со конечни 2-0 (1-0) во натпреварот од шестото бундеслигашко коло и барем за момент се искачи во најдобрите четири екипи на табелата. „Фармацевтите“ беа многу подобар ривал и заслужено ги освоија бодовите, кои ги донесоа Ернест Поку и Кристијан Кофане. Погодоците дојдоа во 33. и 49. минута, залиха која се покажа како повеќе од доволна на крајот. Унион не беше слаб противник, имаше свои шанси за ...
Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) може да добие нов лидер по седмото коло, затоа што лидерот Брегалница киксна на гостувањето кај ГФК Охрид, па сега се чекаат Беласица и Шкендија Арачиново да го одигра својот дуел во Струмица. Дербито на денот во градот крај езерото заврши 0-0. Овој резултат не им одговара и на двете екипи, затоа што конкурентите освоија бодови. Голем шок доживеа Кожуф, кој загуби на гостувањето кај Големо Коњари (1-0). ...
Екипата на Работнички испушти шанса за втор сезонски триумф и ремизираше на гостувањето кај Шкупи (1-1) во натпреварот од деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот започна со солидно темпо, Работнички беше тимот што повеќе напаѓаше и се закани неколку пати по голот на Шкупи, но не видовме гол во воведните минути. Шкупи повеќе мислеше на дефанзивата и само повремено истрчуваше во напад, но не делуваше дека е во подредена ...
Екипата на Брера Струмица на домашен терен го пречека Башкими и освои важен бод (1-1) во битката за опстанок во најдобриот македонски шампионат - Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Кумановчани беа многу близу до победата, но едно невнимание во финишот им пресуди да го поделат пленот со струмичани на стадионот „Благој Истатов“. Дуелот не беше многу допадлив, но понуди активна игра со доста борба, на крајот ремито можеби е и реален исход. ...
Екипата на Металург Автокоманда одигра моќно, убедливо славеше над Ред Бојс Диферданж од Луксембург (40-25) и гледа кон пласман во следната фаза на Европскиот Куп на ЕХФ кај дамите. Тимот од Автокоманда пред својата публика одигра според планот и запиша висок триумф. Уште по првото полувреме беше јасно дека македонскиот претставник ќе забележи висок триумф, затоа што имаше 17-11 позитива над ривалот кој важеше за аутсајдер. Како што одминуваше ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, успеа да ја обезбеди пол-позицијата за утрешната трка на Големата награда на Сингапур во Формула 1. Британецот уште при првиот обид постави конкурентно време од 1:29.165, со кое веднаш се искачи на врвот. Но, не застана тука. во својот финален летечки круг го подобри резултатот за уште седум илјадити делови од секундата и со 1:29.158 го потврди првото место. Со тоа Расел го остави зад себе актуелниот светски ...
Екипата на Леванте славеше победа на гостувањето кај Овиедо (0-2) во натпреварот од осмото коло во шпанската Примера. Гостите од Валенсија ги освоија бодовите со по еден гол во двете полувремиња, а стрелци беа Карлос Алварез и Ета Ејонг. Овиедо ја имаше теренската иницијатива, но не успеа да дојде ниту до почесен погодок. За Леванте ова е втора победа сезонава, а во следното коло ќе се соочи со Рајо Ваљекано на домашен терен, додека Овиедо ...
Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Лидс Јунајтед со конечни 1-2 (1-1) во седмото премиерлигашко коло и ја забележаа четвртата победа во новата сезона, со која привремено избиваат на втората позиција на табелата. Гостите од Лондон беа подобар противник, создадоа повеќе шанси, и сосема заслужено ги освоија трите бода на стадионот „Еланд Роуд“. Матијс Тел го отвори резултатот во 23. минута, но Лидс возврати со голот на Швајцарецот Ноа Окафор, кој ...
Македонската репрезентација до 17 години од 8 до 14 октомври во Струмица ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за место на ЕП. Нашата селекција е во група со Унгарија, Чешка и Гибралтар. Селекторот на репрезентацијата до 17 години, Влатко Колев, им ја предаде фаворитската улога на Унгарија и Чешка, но потенцира дека екипата нема да се предаде и ќе се бори за место во следната фаза. “Не очекува ...
Италијанецот Јаник Синер го совлада Даниел Алтмајер од Германија со конечни 2-0 (6-3, 6-3) и се пласираше во третото коло на АТП Мастерсот кој се игра во Шангај. Вториот светски рекет ја заокружи мисијата за еден час и 38 минути, не оставајќи му на ривалот никакви шанси за било какво изненадување. Во следното коло Синер ќе се сретне со Талон Гриекспор од Холандија, кој претходно со 2-1 во сетови го елиминираше Американецот Џенсон Бруксби. ...
Чешката тенисерка Линда Носкова се пласираше во финалето на ВТА турнирот во Пекинг, откако ја победи Американката Џесика Пегула со 6-3, 1-6, 7-6/6 за два часа и 29 минути. Пегула е рангирана на седмото место во светот, додека Носкова е рангирана на 27. позиција на ВТА листата. Носкова утре во финалето ќе игра против Аманда Анисимова, која претходно денес ја победи Коко Гоф со убедливи 6-1 и 6-2. За Носкова ова е огромен успех, затоа што за ...
Македонската репрезентација до 17 години од 8. до 14. октомври во Струмица ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за место на ЕП. Нашата селекција е во група со Унгарија, Чешка и Гибралтар. Селекторот на репрезентацијата до 17 години, Влатко Колев за квалификациските натпревари ќе смета на следните фудбалери: Голмани: Лука Грчевски (ФК Црвена Звезда, Србија), Амин Суловиќ (Скопје) Одбрана: Филип ...