Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, присуствуваше на состанок на „HatTrick“ комисијата на УЕФА, каде имаше разговори за тековните активности и идните приоритети оваа програма. „HatTrick" програмата е една од најважните развојни иницијативи на УЕФА, преку која повеќе од половина од нето приходите од Европските првенства се реинвестираат во развој на фудбалот во националните асоцијации. Омерагиќ истакна дека е ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ашковски, гостуваше во подкастот на Фудбалската федерација на Македонија, каде отворено зборуваше за голготата низ која минал додека се обидувал да го напушти Иран, веднаш откако започнаа ракетните напади врз Техеран. Ашковски имал огромен проблем да излезе од државата, каде настапуваше за екипата на Мес Расфањан, но на крајот успеа да стигне до турската граница, од каде потоа пристигна во ...

Организаторите на Формула 1 донесоа непопуларна одлука, која треба и официјално да се потврди. Поради состојбата на Блискиот Исток и новонастанатата ситуација со војната, трките во Бахреин и Саудиска Арабија речиси сигурно нема да се одржат. Ситуацијата можеби и ќе се подобри, ама тешко дека ќе има доволно време за организација на настаните. Иако фановите очекуваа трките да бидат заменети две други, челниците на ФИА немаат во план да одредат ...

Поранешниот македонски кошаркар, Перо Антиќ, во интервју за Евролигата ги изнесе своите фаворити за пласман на овогодишниот завршен турнир во елитното наптреварување. Антиќ не ги криеше симпатиите за клубовите во кои настапуваше во текот на кариерата, истакнувајќи дека има желба на фајнал-фор турнирот да ги види Олимпијакос, Црвена Звезда и Фенербахче. Исто така, посака последното место да му припадне на тимот на Монако, каде тренер е ...

Тренерот на Лидс Јунајтед, Даниел Фарке, доби суспензија од еден натпревар поради инцидентот со судиите по завршувањето на премиерлигашкиот меч против Манчестер Сити. По последниот судиски свиреж, Фарке влезе на теренот и се упати кон судијата Питер Бенкс за да протестира поради неколку негови одлуки. Поради тоа веднаш доби црвен картон, а дисциплинските органи му изрекоа и казна - суспензија од еден натпревар и парична казна. Тренерот ја ...

Фудбалерките на Иран се најдоа во центарот на огромен скандал откако на натпревар од Азискиот куп во Австралија одбија да ја пеат националната химна на својата земја. Нивниот потег пред дуелот против Јужна Кореја предизвика жестоки реакции во Иран, каде што на државната телевизија беа наречени „воени предавници“. Во една од емисиите водителот порача дека фудбалерките треба строго да се казнат. Фудбалерките заедно со селекторката Марзие Џафари ...

Европската фудбалска унија (УЕФА) донесе одлука да го казни Реал Мадрид поради инциденти на трибините и расистички извици за време на натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите. Инцидентите се случија на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, каде што дел од навивачите на шпанскиот клуб користеле пиротехника и упатувале расистички навреди кон дел од играчите на гостинскиот тим. Интересно е што токму на овој натпревар клубот испрати ...

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ по поразот на Лос Анџелес Лејкерс од Денвер нагетс со 120-113 зборуваше за одличната партија на Никола Јокиќ, кој повторно беше клучен човек во победата на својот тим. Токму српскиот центар го постигна решавачкиот кош во финишот од натпреварот по продор, и тоа преку Дончиќ. „Постои причина зошто тој е МВП. Многу е тешко да се запре. Едноставно мораш да се обидеш да му ја отежнеш работата. Се обидував воопшто ...

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, подготви изненадување пред почетокот на Мастерс турнирот во Индијан Велс, откако одлучи да настапи и во конкуренција на двојки. Покрај настапот во сингл, српскиот ас ќе игра и во дубл, каде што ќе настапи во тандем со грчкиот тенисер Стефанос Циципас. Одлуката предизвика големо внимание кај тениската јавност, бидејќи Ѓоковиќ ретко настапува во двојки на големите турнири. Интересно е што во ...

Новиот предводник на Тотенхем, Игор Тудор, го прокоментира поразот од Кристал Палас во Премиер лигата (1-3), со кој неговиот тим уште повеќе ја продлабочи ужасната резултатска криза. „Петлите“ не знаат за победа веќе десет натпревари, но Тудор оптимистички изјави дека видел позитивни работи во играта, и покрај убедливиот пораз пред своите навивачи. „Можеби ќе звучи чудно, но сега верувам во тимот уште повеќе отколку на почетокот. Видов нешто ...

Еурофарм Пелистер ремизира со ПСЖ (34-34) во последниот домашен меч од Лигата на шампионите. На крајот херој беше Дејан Манасков кој го реализира последниот гол во контра со звукот на сирената. Голманот Саид Хаидаридад одбрани зицер, а топката бргу беше префрлена на противничко поле каде што крилото реализира за реми. Овој гол на Манасков се најде меѓу најдобрите во 13. коло на елитното натпреварување. TOP GOALS – round 13 Powered by Gorenje ...

Натпреварот меѓу Фенербахче и Монако во Евролига донесе голема тензија и сериозен инцидент во редовите на гостинскиот тим. Минатогодишниот финалист на Евролигата доживеа тежок пораз на гостувањето во Истанбул со резултат 88-70, во натпревар кој беше реприза на ланското финале По последните поени на домашниот тим, Монако требаше да го одигра својот завршен напад, но Ели Окобо остана пред својата клупа. Францускиот кошаркар беше видно ...

Тренерот на битолски Пелистер, Борче Даскаловски, зборуваше во пресрет на натпреварот против МЗТ Скопје во домашната Суперлига, најавувајќи голема борба против актуелниот кошаркарски шампион. „Пелистерци“ играат одлична кошарка од стартот на оваа календарска година, имаат пет победи на пет одиграни натпреври во Супер-лигата, но на сите во зелено-белиот табор им е јасно дека предизвикот против „металците“ нема да биде воопшто лесен. ...

Мартин Манасков кариерата ќе ја продолжи во Австрија, каде што го договори својот прв интернационален предизвик. 31-годишниот среден бек потпиша договор со Алпла Хард, тим кој се натпреварува во австриската елита и моментално е лидер. Манасков со новиот клуб потпиша договор до лето, а по потписот не го криеше задоволството. „Спонтано се отвори трансфер можност и завршив во Хард. Процесот беше брз, но ефикасен и немаше компликации. Благодарен ...

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, се најде на чекор до суспензија откако ја заработи својата 15 техничка грешка оваа сезона. Инцидентот се случи на натпреварот против Денвер Нагетс, кој заврши со победа на домашниот тим од 120-113. По мечот, судијата Ед Малои објасни зошто словенечкиот кошаркар бил санкциониран. „Дончиќ доби техничка грешка поради пцуење кон судијата. Научени сме да не ја прекинуваме офанзивната транзиција кога ...

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе остане прв избор на голот на Валенсија до крајот на сезоната, откако неговиот конкурент Хулен Агирезабала мораше на операција. Шпанскиот чувар на мрежата беше подложен на хируршки зафат поради повреда на менискусот и според првичните прогнози ќе паузира неколку месеци. Дел од медиумите во Шпанија дури најавуваат дека за Агирезабала сезоната е завршена и дека неговата мисија во ...

Дојде време за стартот на новата сезона во Формула 1, а во неа се влегува во уште една нова ера. Освен што целосно се изменети болидите и нивното функционирање, на гридот од оваа сезона ќе имаме 11 тима, а два возачи повеќе ќе значат и повеќе шанси за возбудувања. Со влегувањето на Кадилак во спортот, тимот одбра искуство и ги ангажира Серхио Перез и Валтери Ботас за свои возачи. Покрај тоа, новитет е и Ауди кој го презеде Заубер и тргнува во ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа во дербито со Лос Анџелес Лејкерс (120-113) во НБА лигата. Пресметката во „Бол Центарот“ во Колорадо понуди голема борба, а домашниот тим имаше повеќе нерви и енергија во завршницата да го одбрани рано стекнатото водство. Клучен исчекор кон победата Денвер направи уште во првиот период кој единствено го доби убедливо, а потоа до крајот сите три беа израмнети. Денвер Нагетс - ЛА Лејкерс: Подобро ...

Видео-платформата „Јутуб“ станува сè позначајна за тенисерите, кои започнаа да ја користат за промоција на нивниот бизнис и бренд. Сè повеќе професионални играчи се одлучуваат да започнат сопствени канали на „Јутуб“ на кои објавуваат содржини како тренинзи, патувања и други видеа што им овозможуваат поголема блискост со навивачите и дополнителни приходи. Прв „повлече нога“ Американецот Бен Шелтон, а од неодамна му се придружи и Италијанецот ...

Манчестер сити повторно разочара во Премиер лигата, откако одигра 2-2 на домашен терен против Нотингем форест и дополнително се оддалечи од трката за титулата во Премиер лигата. Тимот предводен од Пеп Гвардиола имаше целосна контрола на натпреварот, со околу 70 проценти посед на топката и дури 21 удар кон противничкиот гол, но и покрај тоа не успеа да стигне до победа. Ремито дојде во момент кога Сити веќе имаше водство, што е проблем кој се ...

Руки кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Кон Кнупел, продолжува да блеска во својата дебитантска сезона во НБА и успеа да израмни еден рекорд на легендарниот Мајкл Џордан. Младиот бек го достигна учинокот на Џордан по бројот на натпревари во кои како дебитант постигнал најмалку 20 поени, со што се израмни со еден од најголемите кошаркари во историјата. Кнупел оваа сезона игра одлично во дресот на Шарлот и е еден од најдобрите новајлии во лигата. ...

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) му одобри на фудбалерот на Унион Берлин, Рани Кедира, во иднина да настапува за репрезентацијата на Тунис. Кедира претходно настапуваше за младинските селекции на Германија, но сега доби дозвола да го промени своето државјанство и да го носи дресот на африканската селекција. Со тоа, тој ќе може да биде во конкуренција за настап на претстојните натпреварувања со националниот тим, вклучително и на ...

На олимпискиот стадион „Асим Ферхатович Хасe“ во Сараево, при рутинска контрола пред натпревар од Купот на Босна и Херцеговина, полицијата пронајде рачна бомба во ВИП-ложата на трибините. Експлозивната направа е откриена за време на безбедносниот преглед што беше извршен пред првата четвртфинална пресметка меѓу Сараево и Вележ Мостар, каде што гостите забележаа победа со минимални 0-1. Во првиот состав кај домашниот тим беа и нашите ...

Екипата на Ленс избори пласман во полуфиналето на Купот на Франција по драматичната победа над Лион, откако подобро ги изведе пеналите по нерешените 2-2 во регуларниот дел од натпреварот. Во пенал серијата Ленс славеше со 5-4 и така обезбеди следна пресметка против Тулуз во борбата за место во финалето. Дуелот меѓу двата француски прволигаши понуди исклучително возбудлив фудбал и голема неизвесност до самиот крај. Гостите од Ленс имаа одличен ...

Фудбалерите на Кристал Палас остварија значајна победа на гостински терен против Тотенхем со резултат 3-1 во натпревар од 29. коло на Премиер лигата, со што дополнително ја продлабочија кризата во редовите на лондонскиот клуб. Натпреварот на стадионот на Тотенхем уште од самиот почеток навести дека гостите ќе имаат сериозна шанса да дојдат до позитивен резултат. Играчите на Палас беа поагресивни и поорганизирани, а првата закана ја создаде ...

Во рамките на 30. коло од Евролигата беа одиграни неколку натпревари кои дополнително ја заострија борбата за висок пласман пред завршницата на регуларниот дел од сезоната. Особено се истакна шпанска Валенсија, која ја продолжи серијата позитивни резултати и со новата победа се зацврсти на втората позиција на табелата. Тимот предводен од тренерот Педро Мартинез пред својата публика успеа да го совлада литванскиот Жалгирис со резултат 91-87. ...

Екипата на Барселона во дербито на денот славеше над бундеслигашот Магдебург (36-29) и така на ривалот му го нанесе првиот пораз во Лигата на шампионите оваа сезона. Каталонците со овој резултат се нови лидери во групата Б со 24 бода, еден повеќе од Магдебург. Во последното коло, Барселона ќе го брани врвот против Еурофарм Пелистер на домашен терен. Најефикасен играч на теренот беше Алекс Гомез постигна со седум гола за Барселона, а по пет ...

Неверојатен резултат доаѓа од младинската лига на Македонија, каде тимот на Мулти Есенс со убедливи 86-17 го победи Вардар Неготино, што е веројатно и меч со рекорден број постигнати голови од еден тим на натпревар. Гостинот немаше никаква шанса на овој меч, а дека го чека ваков епилог се покажа уште по првото полувреме кога Мулти Есенс имаше висока предност од 42-8. mladinci-rk-multi-essence-vardar-negotino-2026-14.jpg Играч на натпреварот ...

Екипата на Прилеп е вториот финалист во групата во Битола на турнирот во Купот на Македонија, откако во ефикасен меч славеше над второлигашот Драчево (41-34). Натпреварот очекувано го доби фаворитот, но се играше без голем притисок и без одбрани, што доволно говори бројот на голови. Натпреварот во „Боро Чурлевски“ понуди 75 гола. На полувреме, резултатот гласеше 20-20. Во финалето екипата на Прилеп ќе игра со Еурофарм Пелистер, кој претходно ...

Тениската легенда Андре Агаси повторно се врати во тренерските води, најверојатно само на кратко, но изборот на неговиот нов пулен е прилично необичен од тениски аспект. Станува збор за Маркос Гирон, кој не е ниту млад талент ниту врвен играч на листата. Тој има 32 години и моментално се наоѓа околу 69-тото место на светската ранг-листа. Исто така, не спаѓа ниту меѓу тенисерите кои би можеле лесно да си дозволат совет од поранешниот светски ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
64%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
44%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.46
45%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
50%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
43%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
49%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9669

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Паладиум

48065.37

Злато

151875.00

Бакар

12.64

Сребро

2583.47

Платина

66101.93

Родиум

319899.93

Калај

54.78

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.50

Иридиум

253540.09