Кошаркарите на Пелистер на одличен начин ја започнаа новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига и славеа победа на гостувањето кај Работнички со огромни 75-115. Битолчани доминантно го започнаа мечот, ја добија првата делница со 27-13, а потоа Работнички одигра подобро и малку го ублажи првичниот удар, но сепак, на паузата имаше негатива од дванаесет поени (40-52). Пелистер продолжи со „торпедирање“ и во второто полувреме, шутерите се ...

Ракометарките на Металург Автокоманда вторпат го победија тимот на Диферданж (24-31) и само го потврдија пласманот во второто коло на Европскиот куп на ЕХФ. Скопскиот фаворит и вториот натпревар го играше пред својата публика, во салата „Автокоманда“, а во реваншот немаше потреба за премногу да се троши. Во вкупниот резултат македонскиот тим беше подобар со 71-49. Металург отвори одлично, поведе со 0-4 и најави дека одново гледа кон победата. ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, славеше победа на трката за Големата награда на Сингапур, 18. етапа од сезоната во Формула 1, каде што тимот на Мекларен веќе ја обезбеди титулата кај конструкторите. На патеката „Марина Беј“, Британецот ја оствари својата втора победа во сезоната, а вкупно петта во кариерата. Доминираше во текот на трката и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот. Најблиску до Расел беше Макс Верстапен од Ред ...

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето на Мастерс турнирот во Шангај, откако во третото коло, по голема борба, го совлада Германецот Јаник Ханфман со пресврт од 4-6, 7-5, 6-3. Искусниот српски тенисер, кој важи за еден од најуспешните учесници во историјата на овој турнир, повторно покажа зошто е меѓу најдобрите во светот. Ханфман го изненади Ѓоковиќ со агресивна игра во првиот сет, во кој успеа да направи клучен брејк и да ...

Финишот на средбата меѓу Брера и Башкими во Струмица (1-1) крена огромна прашина. Натпреварот од деветтото коло на ПМФЛ беше решен со спорен пенал кој струмичани го искористија за да освојат бод. Следуваа соопштенија, Башкими се пожали дека е оштетен, а ФФМ и Судиската комисија имаа брза реакција и потврдија дека судијата Пларент Салихи погрешил. Сега од кумановскиот клуб го поздравија тој потег на ФФМ. „Башкими ја поздравува брзата реакција на ...

Екипите на Удинезе и Каљари ремизираа со конечни 1-1 во натпреварот од шестото коло на Серија А. Домашниот тим имаше неколку „трагичари“ во својот состав, а најмногу се „истакна“ Никлоло Заниоло, кој успеа да го промаши невозможното. Гостите од Сардинија поведоа со голот на Џенаро Борели во 25. минута, а Удинезе успеа да возврати преку Кристијан Кабаселе, кој израмни на 1-1 во 58. минута од мечот. Во продолжение домаќините имаа уште 4-5 ...

Офанзивниот фудбалер на Удинезе, Николо Заниоло, промаши нешто што навистина е тешко да се промаши. На натпреварот против Каљари во Серија А, Заниоло доби една топка после грешката на гостинскиот голман, но наместо да ја смести во мрежата, шутна силно над пречката, по што и самиот остана во неверување. Удинезе и Каљари ги поделија бодовите во ремито со конечни 1-1, а може да се каже дека токму Заниоло е виновникот што домашниот тим не ги освои ...

Шампионот во Мото ГП, Марк Маркез, се огласи после судирот и падот на трката за Големата награда на Индонезија, каде несреќно го заврши настапот уште во првиот круг. Шпанецот се судри со Италијанецот Марко Бецеки и веднаш беше пренесен во болница, каде медиумите успеаја да извлечат кратка изјава. „Не можам да кажам дека се чувствувам добро во моментов. Има фрактура на рамото, но во целата оваа несреќа, веројатно можев да минам и многу полошо. ...

Интер Мајами по два меча се врати на победите во МЛС лигата, откако славеше убедливо против Њу Ингланд со високи 4-1. Овој натпревар го одбележа Лионел Меси кој не постигна погодок, ама беше дури троен асистент. Исто така одлични беа и Аленде и Алба кои ги постигнаа четирите погодоци (по два). Меси ги намести двата гола на Аленде во 32. и 60. минута, а во меѓувреме му асистира и на Алба во финишот на првиот дел. Гостите во еден момент успеаја ...

Американецот Тејлор Фриц доживеа непријатна и сензационална елиминација во третото коло на Мастерсот во Шангај, откако со 2-0 загуби од Французинот Џовани Перикард, по сетови 4-6 и 5-7. Перикард покажа дека е мотивиран и расположен за игра, не грешеше во клучните моменти и го заокружи триумфот после брејкот во единаесеттиот гем од вториот сет. Мечот траеше вкупно ден час и 26 минути. Фриц беше изненаден од одличната игра на ривалот и мораше да ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека поразот од Челзи (2-1) е разочарувачки за навивачите, но најави дека колективот бргу ќе закрепне и ќе се фокусира на следните предизвици. „Црвените“ загубија во Лондон по голот на Бразилецот Естевао, кој стрелаше во 95. минута и донесе огромна радост на „Стемфорд Бриџ“. "Разочарани сме од резултатот, но и горди на начинот на кој тимот се бореше. Знаевме дека Челзи ќе биде тежок противник, особено на ...

Фудбалерот на Струга Трим Лум, Христијан Малески, зборуваше пред дерби натпреварот со Вардар во Првата македонска лига, најавувајќи голема борба за бодовите и продолжување на одличните резултати. Стружани и вардарци се водечки екипи во елитното друштво, па токму затоа Малески очекува жестока битка, но посакува среќен епилог за неговиот тим. „Одлично трениравме оваа недела. Мислам дека тимот е 100% подготвен за максимален ефект на теренот во овој ...

Рубен Аморим и Манчестер Јунајтед конечно донесоа малку радост за навивачите и успеаја да го победат Сандерленд (2-0), со што „ѓаволите“ барем за момент ја смирија тензијата после поразот од Брентфорд во минатото коло. Јунајтед ќе замине на репрезентативната пауза со победничка атмосфера, нешто што го радува и португалскиот стратег, кој ги пофали своите избраници за пристапот кон мечот. „Не игравме добро во текот на сите 90 минути, но најважно е ...

Кошаркарот на битолски Пелистер, Никола Малешевиќ, го најави претстојниот натпревар против Работнички во воведното коло од Првата македонска лига. „Зелено-белите“ ќе допатуваат кај екипата со најмногу шампионски титули во државата, но посакуваат добро издание и победа со која успешно ќе се отвори новата сезона. „Пред нас е тежок натпревар на гостински терен против еден од фаворитите за висок пласман на табелата. Напорно работевме и се ...

Александер Зверев даде интересна изјава во Шангај. Германскиот тенисер ги обвини организаторите на турнирите дека ги прават сите подлоги за играње слични, а смета дека тоа е за да им помогнат на Јаник Синер и Карлос Алкараз. „Мразам кога сите подлоги се слични. Знам дека директорите на турнирите одат во таа насока, бидејќи сакаат Јаник и Карлос да бидат успешни и да стигнат до финалето“, прокоментира Зверев. Според него, организаторите намерно ...

Jа освои Италија со овој тим во неколку наврати, а сега се враќа да ја расипе забавата. Масимилијано Алегри ќе се врати во Торино за да се соочи со Јувентус во дербито од шестото коло од Серија А со Милан, со намера да ја потврди својата кандидатура за титулата. Кандидатура што ја потпиша минатиот викенд со победа над актуелниот шампион Наполи на Сан Сиро. Ако имаше сомнежи по победите што ги постигна против релативно помали тимови, Милан ги ...

Фудбалерите на Силекс ќе бркаат крај на кризата во која западнаа во ПМФЛ, а шанса за такво нешто ќе биде натпреварот против Тиквеш од деветтата рунда. Кратовчани врзаа три порази, ама и покрај тоа голманот Љупче Џеков нагласи дека атмосферата во тимот е одлична. Младинскиот репрезентативец порача дека Силекс оди на трите бода, ама повика и на претпазливост. „На дуелот со Тиквеш одиме на три бода, сакаме да излеземе од мини кризата. Ќе се обидеме ...

Фермин Алдегер запиша прва историска победа во Мото ГП, откако беше најбрз на трката за Големата награда на Индонезија. Младиот шпански возач победи на својата 18. трка во кариерата, користејќи го хаосот на великаните. По крајот на трката Алдегер не успеа да ги задржи емоциите и заплака. Beautiful scenes @aldeguer54#IndonesianGP pic.twitter.com/VCeFlOM5uL — MotoGP (@MotoGP) October 5, 2025 Второпласиран на трката во Индонезија беше Педро Акоста ...

Фудбалерите на Комо одиграа нерешени 1-1 на гостувањето кај Аталанта во Бергамо во рамките на шестото коло на Серија А. Единствениот гол за гостите го постигна Максимо Пероне во 19. минута, а истиот беше чиста случајност. Играчот на Комо сакаше да нафрли на другата страна од шеснаесетникот, ама ја закачи топката погрешно и таа заврши во голот. Пероне ја погоди стативата, а топката леташе паралелно со гол-линијата и на крај ја мина иако голманот ...

Ракометарите на Охрид имаа тежок старт на сезоната во Суперлигата, а на двете гостувања во Скопје против Алкалоид и Вардар 1961 освоија само бод во „Автокоманда“. И покрај тоа избраниците на Борис Ројевиќ покажаа борбеност и огромен потенцијал за напредок. Токму тоа го нагласи и искусниот Предраг Вејин кој го најави дуелот со Еурофарм Пелистер кој следува во Битола. „Општо е познато дека овој почеток ни понуди тежок распоред. Отворивме со ...

Младиот бисер на Барселона, Ламин Јамал, се повреди на натпреварот против ПСЖ и нема да конкурира за составот на дуелот со Севиља во Примера, како и за репрезентативните предизвици со Шпанија. Она што најмногу ги загрижува навивачите на каталонскиот клуб е неизвесноста околу неговиот настап на големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид, кое е закажано за 26 октомври. Тренерот Ханси Флик ја потврди веста на прес-конференцијата пред мечот со Севиља. ...

Легендарниот шпански тенисер, Рафаел Надал, доби признание од Универзитетот во Саламанка, кој го прогласи за „Доктор Онорис Кауза“, станувајќи првиот спортист кој добил ваква чест од престижната образовна институција. Es un inmenso honor haber sido el primer deportista investido como Doctor Honoris Causa por esta universidad que ha dejado una huella tan profunda en la cultura, la en la sociedad y en el pensamiento de España. Gracias a… ...

Тренерот Рубен Гарабаја доби добри вести од медицинскиот тим околу ситуацијата на голманот Давид Брестовац, кој се здоби со повреда на дуелот меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер во Скопје. Во финишот од првото полувреме вардарци со цепелин сакаа да ја измамат гостинската одбрана, но Брестовац одлично се отвори и го спречи ударот на Јака Малус. Но, вардаровиот бек по ударот падна врз ногата на младиот македонски голман, кој веднаш се фати за ...

Нотингем Форест немал толку лош почеток на сезоната 100 години. Анже Постекоглу, кој ја освои Лигата на Европа со Тотенхем во мај, сега се соочува со огромен притисок од навивачите по серијата лоши резултати на „шумарите“. Неговиот прв натпревар како тренер на Форест беше гостувањето против Арсенал на 13 септември, кое заврши со пораз од 0-3, но не привлече многу критики. Сепак, Нотингем беше елиминиран во Лига купот од Свонси (2-3), откако ...

Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи со соопштение по повод досудениот пенал во финишот на мечот меѓу Брера Струмица и Башкими, по кој гостите останаа без победа. Судијата Салихи Пларент од Тетово доби негативна оценка од контролорот на судењето заради погрешната проценка. „На денешниот натпревар од деветтото коло на ПМФЛ, помеѓу екипите на АП Брера и Башкими, во 85. минута главниот судија досуди казнен удар ...

Фудбалерите на Реал Мадрид во второто полувреме го скршија отпорот на Виљареал и забележаа победа од 3-1 (0-0) во натпреварот од осмото коло на шпанската Примера. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ не понуди погодоци во првото полувреме во кое Реал доминираше. Шанси имаа Чуамени и Мастантуоно, ама мрежите мируваа на паузата. Веднаш на стартот на продолжението „кралевите“ го скршија отпорот на противникот. Винициус Жуниор по една долга топка ...

Аталанта и Комо ремизираа во натпреварот од шестото коло на Серија А (1-1). Средбата во Бергамо понуди два гола во воведните дваесетина минути, а потоа мрежите мируваа до крајот. По само шест минути игра Лазар Самарџиќ го отвори резултатот и донесе предност за Аталанта (1-0). Имаше домашниот тим уште неколку шанси набрзина, а потоа Максимо Пероне погоди за израмнување. Течеше 19. минута кога играчот на Комо искористи одбиена топка за да стрела ...

Фудбалскиот клуб Башкими не остана нем и објави соопштение насочено кон судијата Пларент Салихи во однос на завршницата од натпреварот против Брера во Струмица (1-1). Оваа прволигашка средба заврши без победник, а на крајот струмичани се извлекоа од пораз со гол од спорен пенал. <<< - ПОВРЗАНО - Спорна одлука во Струмица: Имаше ли пенал за Брера против Башкими? (ВИДЕО) Поради одлуката на судиите на теренот и во ВАР собата да се досуди ...

Илија Несторовски имаше интересен настап против Славен Белупо во победата над Осијек (2-1) во деветтото коло на ХНЛ. Македонскиот интернационалец прво беше асистент за вториот гол кој го даде Шуто, меѓутоа потоа направи глупост. Несторовски „пожолте“ во 69. минута по прекршок над Мкртчиан. Веднаш во следната акција Ерменецот намерно му врати на нашиот фудбалер, а потоа изнуди и фаул за кој Несторовски беше исклучен. Situacija za almanahe ...

Ракометарките на Чаир загубија и во вториот натпревар од двомечот против Ајдовшчина (27-33) во рамките на првото коло на Европскиот куп на ЕХФ за дами. Македонскиот претставник го заврши настапот во натпреварувањето откако двапати загуби од словенечкиот ривал. На гостувањето Чаир загуби со три разлика, ама дома претрпе повисок пораз. Чаирчанки поведоа двапати на почетокот, а потоа ривалот се наметна. Водеше словенечкиот тим со еден и два гола ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
5.66
82%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.18
91%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.65
96%
1016
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
89%
1008
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.13
84%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.79
94%
1016
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
100%
1007
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Калај

40.49

Цинк

3.22

Бакар

10.96

Злато

134976.58

Никел

473258.99

Рутениум

29192.88

Паладиум

46361.38

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Платина

52864.82

Иридиум

145787.60

Сребро

1876.20