Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Аргентинските правосудни органи спроведуваат обемна истрага за можни финансиски неправилности во рамките на Фудбалската федерација на Аргентина, при што во фокусот се претседателот Клаудио Тапија и неговиот близок соработник, благајникот Пабло Товигино. Во текот на декември 2025 година биле извршени бројни претреси во седиштето на Федерацијата, канцелариите на Лигата, како и во повеќе од 17 аргентински клубови. Паралелно со тоа, по налог на ...
Екипата на Вардар 1961 им се врати на победите во Суперлигата. Црвено-црните на домашен терен не виде мака со фенерџијата Радовиш (40-26), во меч во кој тимот доминираше од почетокот па до крајот на средбата. Уште од почетокот на мечот Вардар тргна во силно темпо, даде три гола во низа, а потоа разликата само се зголемуваше. Првиот удар кон победата тимот на Иван Чупиќ го зададе пред полувремето, кога од 18-13, со четири гола во низа замина ...
Францускиот ракометен клуб Брест официјално потврди дека десното крило Ана Вјахирева ќе го напушти тимот по завршувањето на актуелната сезона. Русинката пристигна во Брест пред почетокот на минатата сезона од норвешкиот Кристијансанд, а веќе подолго време во европските ракометни кругови се шпекулира дека нејзината следна дестинација би можела да биде данскиот гигант Оденсе. Во изминатите месеци се појавија информации за можно незадоволство и ...
Кошаркарите на Пелистер им се вратија на победите во домашниот шампионат. По двата врзани порази, „зелено-белите“ доминантно го освоија Кавадарци и над Тиквеш извојуваа убедлив триумф од 76-99. Двете екипи мотивирано го отворија натпреварот во салата „Јасмин“. Се постигнуваа поени од сите позиции, а водството се менуваше наизменично, за на крај на првата мала пауза да се замине со минимална предност на домаќинот од еден поен (29-28). Во ...
Македонската репрезентација до 15 години славеше победа од 3-2 против врсниците на Турција. На тренинг центарот “Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа одличен меч и заслужено се радуваа на триумф против силната Турција. Димоски во 93. минута даде гол за победа, откако испуштивме 2-0 на полувреме. Драган Петков веќе во 2. минута го отвори резултатот. Предноста ја удвоиме по 23. минути игра преку Стефан ...
Сензационален гол од шеесет метри во Чемпионшип! Играчот на Лестер, Абдул Фатаву Ишахаку, постигна неверојатен погодок во втората по ранг лига во Англија. Откако на 25 метри од својот гол ја освои топката, Ишахаку влезе во дриблинг и помина двајца противнички играчи, а кога здогледа дека противничкиот голман е далеку од својот гол се реши да шутира и не погреши за огромна радост на трибините во „Кинг Пауер“. На крај Лестер извојува триумф од ...
Екипата на Мајорка извојува победа над Елче со конечни 3-1 (1-1) во натпреварот од шеснаесеттото коло на шпанската Примера. Резултатот по првите 45 минути беше 1-1, но во вториот дел домаќините одиграа многу подобро и сосема заслужено го освоија целиот плен. Омар Маскарел и Ведат Муричи беа стрелци за Мајорка, која со овој триумф стигна до 17 бодови и се искачи на четиринаесеттата позиција на табелата. Елче, пак, има само два бода повеќе од ...
Екипата на Хофенхајм продолжува со добрите изданија во Бундеслигата и го победи Хамбургер со убедливи 4-1 во натпреварот од четиринаесеттото коло. Домаќините бргу го заборавија поразот од Борусија Дортмунд во претходното коло и стигнаа до повеќе од заслужен триумф, постигнувајќи по два гола во двете полувремиња. Сите четири погодоци дојдоа од различни стрелци, а почесниот погодок за гостите беше дело на Французинот Рајан Филип. Хофенхајм сега ...
Фудбалерите на Челзи и Ливерпул ги потврдија фаворитските улоги во 16. коло од Премиер лигата и во своите домови запишаа нови три бода на своите конта. Шампионот славеше со 2-0 (1-0) во соочувањето со Брајтон, додека со идентичен резултат заврши и натпреварот меѓу Челзи и Евертон. „Црвените“, осоколени од победата над Интер во Лигата на шампионите, го пречекаа секогаш незгодниот Брајтон, и го отворија по само шеесет секунди игра. Екитике се ...
Екипата на Торино извојува нова победа во Серија А, овој пат над мотивираниот Кремонезе со минимални 1-0 во натпреварот кој се играше во рамки на петнаесеттото коло. „Биковите“ одиграа солиден меч и заслужено ги освоија трите бода, а стрелец на единствениот погодок беше Никола Влашиќ, кој биеше прецизно во 27. минута. Кремонезе забележа пораз по двете последователни победи во елитата, додека Торино со овој триумф се искачи на дванаесеттата ...
Легендарниот напаѓач на Вардар и Црвена Звезда, Дарко Панчев, смета дека настапите во Лига Европа се пореална и покорисна опција за клубовите од Балканот, отколку учеството во Лигата на шампионите. Според него, квалитетната разлика и силната конкуренција во елитното натпреварување често ги ставаат регионалните екипи во подредена позиција. Панчев истакна дека Лига Европа нуди поизедначени дуели, поголеми шанси за освојување бодови и можност ...
Во првиот натпревар од осмото коло од Шпаркасе Лајф Првата женска лига, кошаркарките на Пробаскет, со одлично одиграна последна четвртина, излегоа како победници против Бадел 1862 (75-76). На почетокот на последниот дел, Пробаскет се доближи на минус од шест поени (55-61). На 2:06 минути пред крајот, гостинската екипа со поените на Јовановиќ, премина во водство (71-70). Бадел 1862 најде одговор, преку мини-серија од 5-0 на Чолакоска и Клири, ...
Ракометарите на Бутел Скопје ја запишаа можеби клучната победа во трката за плеј-оф. По ремито со Еурофарм Пелистер 2 во претходното коло, бутелци немаа друга опција освен да триумфираат над Пролет попладнево, а токму тоа и се случи во салата „Македонско Сонце“. Дуелот на директните конкуренти за плеј-офот, заврши со победа на избраниците на Горан Кузманоски со 23-26 (8-11). Со овие бодови Бутел им побегна на младите пелистерци на три бода, а ...
Доволна беше половина година за челниците на бразилскиот фудбал да констатираат дека донеле правилна одлука со ангажманот на Карло Анчелоти. Бразилската фудбалска конфедерација е во преговори со селекторот на репрезентацијата, за потпишување на нов договор до 2030 година. Италијанскиот стручњак ја презеде бразилската репрезентација во мај 2025 година. Моменталната плата на Анчелоти е околу десет милиони евра годишно, што е највисока меѓу ...
Екипата на Атлетико Мадрид ја совлада Валенсија со конечни 2-1 (1-0) во натпреварот од 16. коло во шпанската Примера и ја прекина низата од два последователни порази. Гостинскиот тим не беше воопшто за потценување, имаше свои шанси и за нешто повеќе на „Ванда Метрополитано“, но домаќините не дозволија нов неуспех пред своите гледачи. Головите за „јорганџиите“ ги постигнаа Коке и Антоан Гризман, кои стрелаа по еднаш во двете полувремиња. ...
Лони Вокер и Вил Клајбурн ја поделија МВП наградата за 15. коло од Евролигата, откако двајцата остварија идентичен индекс на корисност – 33, највисок во ова коло. Вокер одигра натпревар за паметење во победата на Макаби над АСВЕЛ со 92-84. Американецот постигна 29 поени, имаше девет скока и една асистенција, покажувајќи лидерска улога и голема ефикасност во нападот. Од другата страна, Клајбурн беше клучна фигура во триумфот на Барселона ...
Во текот на вчерашниот ден, Арне Слот и Мохамед Салах одржаа состанок со спортскиот оддел на Ливерпул со цел да најдат заедничка јазик. Тензиите малку се смирија и Мохамед Салах е во составот на Ливерпул за денешниот натпревар со Брајтон на „Енфилд“ откако не патуваше со тимот во Милано. Сепак, беше за очекување - тој започнува од клупата. Ливерпул: Алисон - Гомез, Конате, Ван Дајк, Керкез - Гравенберх, Мекалистер, Џонс - Собослеј, Вирц, ...
Сè е договорено помеѓу Ендрик, Реал и Лион. Младиот бразилски напаѓач во зимскиот преоден рок оди во Франција на позајмица најмалку до крајот на сезоната. Мадридски „АС“, пишува дека Ендрик одлучил привремено да го напушти Реал за три недели, дури и ако Чаби Алонсо биде отпуштен во тој период. Тренерот на Реал е на еден неуспех од отпуштање. Оваа сезона, Ендрик беше искористен само во два натпревари, со вкупно 22 минути. Тоа се неспоредливо ...
Анадолу Ефес официјално доби нов тренер, откако клубот го ангажираше искусниот шпански стручњак Пабло Ласо. Поранешниот тренер на Реал Мадрид потпиша договор со турскиот евролигаш до јуни 2027 година и на клупата го наследи Игор Кокошков, кој беше разрешен поради слабиот старт на сезоната. View this post on Instagram A post shared by EuroLeague (@euroleague) Ефес моментално има скор 5-10 во Евролигата и се наоѓа далеку од позициите кои водат ...
Кошаркарите на Пелистер се решени да ја оправдаат фаворитската улога на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш. Сепак, падот во формата и поразите од ТФТ и од Гостивар во претходните две кола се причина за претпазливост во таборот на „пелистерци“, кои се свесни дека ќе мора да го кренат нивото на игра доколку сакаат да стигнат до победата. „Нема да ни биде лесно бидејќи играме против квалитетен противник. Одбраната беше нашиот проблем на ...
Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена беше на мини-подготовки во Струмица каде одигра два контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора. Составот предводен од селекторот Димитар Капинковски на двата меча забележа победи од 2-1 и најави дека следната година можеме да очекуваме добри вести од квалификацискиот турнир за пласман на континенталниот шампионат. „Овие натпревари ги искористивме за воигрување на ...
Компанијата „Тетер Инвестментс“ достави понуда до „Ексор“ за откуп на нивниот мнозински пакет акции во Јувентус. Компанијата, која веќе поседува 11,527% од акциите на клубот, понуди 2,66 евра по акција за целосно преземање на Јувентус, со вкупна вредност на друштвото од околу 1,1 милијарда евра, а понудата важи до 22 декември. Во соопштението од Тетер се наведува дека, доколку трансакцијата биде реализирана, компанијата е подготвена да ...
Виктор Вембањама даде изјава со која ги налути фановите на Никола Јокиќ. Според францускиот „џин“, Србинот не е најдобар играч во НБА лигата. Тој го образложи својот став, кажа дека Јокиќ веројатно е најдобар офанзивец, ама не и „ол-араунд“ играч. Вембањама одбра и двајца за кои смета дека се најдобри. „Сметам дека Јокиќ е најдобриот играч офанзивно, ама не и најдобар генерално. Тешко е да се одбере, а според мене во таа категорија се ...
Аргентинската супер-ѕвезда Лионел Меси беше на посебно патување како гостин во Индија. Во чест на Аргентинецот во Колката вчера беше промовирана дваесетметарска статуа со ликот на Меси и трофејот од Мундијалот во Катар. Поради тоа Меси допатува во Индија и имаше огромен дочек. Вистинска „Меси-манија“ се случи по улиците на Колката, а и на стадионот каде што беше организиран ревијален круг околу него. На трибините имаше преку 80.000 навивачи, ...
Пролет пред крајот на годината остана без тренерот Никола Матлиевски, а улогата на привремено решение ја презеде Игор Илиевски. Тој ќе го води скопскиот тим барем до крајот на календарската година, а на своето деби загуби по драма на гости во Куманово. „Чест ми е што сум тука како дел од првиот тим, по работата во младинската школа на Тинекс Пролет. Задоволен сум од она што го видов од екипата во Куманово, момците покажаа дека можат, знаат и ...
Реал Мадрид одново има проблеми со повреди, но и суспензии во пресрет на дуелот со Алавес во Примера. По претходното коло и поразот од Селта „кралевите“ останаа без два бека, Фран Гарсија и Алваро Карерас кои добија црвени картони. На тоа кога ќе се додадат и повредите, буквално цел тим од 11 играчи се недостапни за следниот дуел. Освен Гарсија и Карерас за мечот со Алавес тренерот Алонсо не може да смета и на Милитао, Арнолд, Карвахал, ...
Како што веќе беше најавено, септемврискиот и октомврискиот репрезентативен прозорец на ФИФА ќе се спојат од 2026 година. Тоа стапува на сила и следното издание на Лигата на нациите ќе биде првото во Европа кое ќе се игра по новиот формат. Шесте кола од групната фаза ќе бидат поделени на два дела, односно првите четири ќе се одиграат од 24 септември до 6 октомври во двата споени прозорци, а потоа петтото и шестото ќе се играат од 12 до 17 ...
Двократниот европски шампион Вардар 1961 договори ново име за голманската позиција за следната сезона. Станува збор за српскиот репрезентативен голман Милан Бомаштар, дознава Gol.mk. 26-годишникот од 2023 година го брани голот на француски Шартр, а сега се договори со „црвено-црните“ за да пристигне по крајот на тековната сезона. Бомаштар во својата кариера пред трансферот во Франција бранеше во Шведска и Шпанија за екипите на ИФК Сковде и ...
Десеттото коло од МТЕЛ Суперлигата и дефинитивно ќе мине во знакот на дуелот кој важи како синоним за македонската клупска кошарка. Дуелот во кој на едната страна ќе бидат кошаркарите на Работнички, а на другата, оние на МЗТ Скопје Аеродром. По 169-ти пат низ историјата „вечните ривали“ во македонската кошарка ќе треба да покажат кој е подобриот од нив. Барем засега, преку страниците на историјата, како доста подобар е оној од „Градски парк“, ...
Фудбалската репрезентација на Русија и официјално нема да учествува ниту во наредниот циклус на Лигата на нации, откако УЕФА ја изостави од списокот на учесници за следното издание на натпреварувањето. На официјалната интернет страница на Европската фудбалска федерација е објавена листа од 54 репрезентации кои ќе настапат во Лигата на нации, како и нивниот распоред по групи, а меѓу нив повторно го нема името на Русија. Таа е издвоена од ...