Центарот на Детроит Пистонс, Џејлен Дурен, влезе во историјата на НБА лигата со неверојатна серија на настапи во последниот период. На последните шест натпревари тој имаше просек од над 25 поени, постигнувајќи го тоа со фантастичен процент реализирани шутеви - околу 80% прецизност од игра. Никој во модерната историја на лигата не успеал да направи сличен подвиг со таква ефикасност и континуитет, што го прави Дурен уникатен играч во модерната ...

Детроит Пистонс (51:19) синоќа ги победија Голден Стејт Вориорс со 115:101 и станаа првиот тим од Источната конференција што обезбеди место во плејофот. До победата ги предводеше Џејлен Дурен, кој го заврши натпреварот со 23 поени и шест скока во отсуство на Кејд Канингем, на кого му беше дијагностициран колапс на белите дробови. Денис Џенкинс додаде 22 поени, осум асистенции и седум скока за Пистонс. Брендин Подзиемски ги предводеше ...