Ракометарките на Македонија претрпеа втор пораз во квалификациите за Европското првенство, откако загубија на првиот домашен меч во Битола од Словенија со убедливи 20-28 (11-12). Средбата во „Боро Чурлевски“ беше слична како онаа во Гумерсбах пред неколку денови, бидејќи париравме и се држевме до 45. минута, а потоа се распаднавме и ривалот тоа знаеше да го казни. Стартот на средбата им припадна на гостинките кои преку Фегиќ и Абина поведоа со ...

Екипата на Манчестер Јунајтед се избори за важна победа кај вечниот ривал и актуелен шампион, Ливерпул (1-2),освојувајќи го целиот плен во вечното англиско дерби кое се играше во рамки на осмото премиерлигашко коло. „Ѓаволите“ пеколно го отворија натпреварот и поведоа по само две минути игра, откако Амад Диало прекрасно асистираше за Брајан Мбеумо, кој откосо од пет метри го совлада Мамардашвили и донесе огромна радост кај гостинските навивачи. ...

Фудбалерите на Лориент и Брест одиграа спектакуларен натпревар во рамките на осмото коло од француската Лига 1, а на крајот ривалите се задоволија со поделба на пленот и конечен резултат 3-3 (1-2). Гостите двапати беа во водство, но Лориент успеа да се избори за бод со голот на Самбу Сумано во 90. минута. Дина Ебимбе и Дел Кастиљо стрелаа за Брест, а автогол си постигна и домашниот играч Жан-Виктор Макенго. За Брест ова е трето реми сезонава и ...

Норвешкиот тенисер Каспер Руд ја освои титулата на АТП турнирот во Стокхолм, откако во финалето беше подобар од Французинот Уго Умбер со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-3. Руд ја оправда фаворитската улога и го заокружи мечот за само еден час и осум минути, не оставајќи му на ривалот никакви шанси за подобар резултат. Се очекуваше поголем отпор од Умбер, кој вчера малку ги сочува силите по откажувањето на Данецот Холгер Руне, но Руд покажа ...

Ракометната репрезентација на Македонија ја дочека Словенија во второто коло од квалификацискиот циклус за Европското првенство за дами. По стартниот пораз од Германија во Гумерсбах, сега девојките во Битола првпат беа и домаќин. Пред стартот на натпреварот Ракометната федерација на Македонија реши да им подари врамен дрес на три поранешни репрезентативки. Станува збор за поранешната капитенка Елена Ѓорѓиевска која имаше преку 100 настапи за ...

Екипата на Манчестер Јунајтед по само една минута дојде до гол на „Енфилд Роуд“ и до предност во дербито со Ливерпул. Нешто повеќе од 60 секунди му беа потребни на гостинот да поведе. Брајан Мбеумбо погоди во мрежата на „црвените“ по асистенција на Диало. Goal “Liverpool 0 - 1 Manchester United” 2' Bryan Mbeumo pic.twitter.com/KT2u0EpelL — FutDball (@FutDball) October 19, 2025 Ова е изненадувачки старт, ако се земе предвид дека Ливерпул важи за ...

Во рамките на седмото коло од германската Бундеслига, дуелот меѓу Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт заврши без победник, 2-2 (1-2), во натпревар одигран на „Европа Парк“ во Фрајбург. Натпреварот започна лошо за гостите од Франкфурт. Само по две минути игра, Ајнтрахт прими гол по груба грешка на стоперот Кох на средината на теренот. Противничката контра заврши со асистенција на Манзанби, а Шерхант сигурно го реализира водечкиот гол за Фрајбург. ...

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги делегира судиите за младинската Лига на шампиони, а како никогаш досега оваа сезона, три македонски тројки ќе бидат дел од натпреварите од елитното друштво кај младите. Игор Стојчевски заедно со Ристо Ѓорѓиев и Вјолца Изеири ќе ја судат средбата меѓу Баник Острава од Чешка и Црвена Звезда од Србија. Потоа, Јован Качевски како главен судија, заедно со Даниел Василевски и Давор Цветаноски како асистенти ќе ...

Фудбалерите на Астон Вила продолжија со одличната форма во Премиер лигата, остварувајќи ја третата последователна победа, откако во дербито од осмото коло славеа со пресврт на гостувањето кај Тотенхем со 2-1. Херој на натпреварот беше аргентинскиот офанзивец Емилијано Буендија, кој во самата завршница го постигна победничкиот гол. Тимот од Бирмингем дојде во Лондон со желба да се реваншира за минатогодишниот пораз, но рано се соочи со притисокот ...

Во рамките на седмото коло од италијанската Серија А, екипата на Каљари доживеа нов пораз, овојпат на домашен терен против тимот на Болоња, кој славеше со 0-2 (0-1). Гостите одиграа тактички зрело и заслужено ги освоија трите бода, додека домаќините повторно покажаа недоволна креативност и слабост во дефанзивната линија. Болоња го отвори резултатот во 31. минута по изведен корнер од десната страна. Највисок во скокот беше Одегард, кој ја ...

Францускиот кошаркарски клуб Асвел, предводен од поранешниот НБА ас Тони Паркер, според француските медиуми, сериозно размислува да ја напушти Евролигата по завршувањето на тековната сезона и да премине во Лигата на шампионите под покровителство на ФИБА. Главната причина за ваквата одлука наводно лежи во финансиските проблеми и незадоволството од моделот на работење на Евролигата, која во последните години се соочува со критики поради ...

Рускиот тенисер Данил Медведев го освои турнирот во Алмати, каде во финалето го совлада Французинот Корентан Муте со резултат 7-5, 4-6, 6-3. Финалниот дуел, кој траеше два часа и 37 минути, понуди извонреден тенис, но на крајот квалитетот и искуството на Медведев пресудија. Ова беше нивен трет меѓусебен натпревар, а Русинот стигна до втора победа против Французинот, кој иако се наоѓа на 41. место на АТП-листата, покажа одлична игра и голема ...

Во рамките на руското првенство се одигра големиот московски дуел меѓу ЦСКА и Локомотив, натпревар кој го понуди еден од најневеројатните моменти во сезоната. Локомотив славеше со убедливи 3-0, а еден од погодоците постигнат во судиското продолжение на првото полувреме, стана главна тема во спортската јавност. Стрелец на погодокот беше Дмитриј Воробеј, кој успеа да постигне гол на начин што тешко може да се опише со зборови. Ударот со ...

Женската ракометна репрезентација на Германија одигра уште една сигурна партија и славеше над Белгија (40-21) во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2026 година. По високиот триумф над Македонија, Германките покажаа дека се надмоќни и во вториот дуел од циклусот. Тимот водеше во текот на целата средба, а прашањето околу победникот беше јасно уште по првото полувреме по кое фаворитот имаше 19-7. Најдобра кај ...

Тренерот на Мајами Хит и новиот селектор на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, Ерик Сполстра, заедно со претседателот на клубот Пет Рајли, веќе ја подготвуваат долгорочната стратегија со една јасна цел, да го доведат Никола Јокиќ меѓу „жешките“ од 2027 година. Според американските медиуми, во планот на екипата од Флорида клучна улога ќе има неговиот репрезентативен соиграч, Никола Јовиќ. Младиот српски кошаркар неодамна потпиша ...

Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам повторно би можел да се врати во Манчестер Јунајтед, но овојпат во поинаква улога. Според пишувањата на британските медиуми, постои можност славниот фудбалер да стане дел од група инвеститори од Обединетите Арапски Емирати кои подготвуваат понуда за преземање на мнозинскиот удел од семејството Глејзер. Конзорциумот, кој веќе работи на деталите околу понудата, наводно сака Бекам да биде амбасадор ...

Екипата на Комо пет кола по ред не знае за пораз во калчото. Тимот на домашен терен го совлада Јувентус (2-0), му го нанесе првиот пораз во Серија А сезонава по седум одиграни меча и го прескокна на табелата. Екипата предводена од Шпанецот Дани Хуиндос изгледа дека ќе биде хит во најдобриот италијански шампионат оваа сезона. Домаќинот во градот крај езерото му одржа лекција на некогашниот првак на Италија, а посебно се истакна големиот фудбалски ...

Англискиот четвртолигаш Салфорд Сити направи интересен потег со ангажманот на поранешниот италијански репрезентативец Фабио Борини. Искусниот 34-годишен напаѓач, кој беше слободен агент по заминувањето од Сампдорија, потпиша краткорочен договор со клубот од Манчестер и ќе се обиде да помогне на тимот во борбата во Лига 2. Одлуката за негов ангажман дојде по повредата на првиот напаѓач Џеј Бирд, кој ќе отсуствува од терените подолг период. ...

Јаник Синер ја одбрани титулата на турнирот „Сикс Кингс Слем“ во Ријад со доминантна победа во финалето над Карлос Алкараз. Полесно од очекуваното, во два сета со 6-2, 6-4, Италијанецот заслужено однесе дома вреден трофеј. Станува збор за рекет излиен од чисто злато, кој му го подарија организаторите и главните финансиери на овој луксузен турнир. Jannik Sinner gets awarded The Golden Racket after his win against Carlos Alcaraz ...

Фудбалерите на Шибеник успеаја да забележат важна победа во деветтото коло од третата хрватска лига, победувајќи го Задар со 1-0. Со овој триумф, играчите на Шибеник се израмнија со домаќините по бодови, и сега двата тима имаат по 18 и го делат второто место на табелата. Но, натпреварот беше обележан и со инциденти. Поради потенцијални судири меѓу навивачките групи, натпреварот беше прогласен за високоризичен, а присуството на полицијата и ...

Поранешниот англиски фудбалер и легенда на Лестер Сити, Дејвид Наџент, реши да ја прекине својата спортска пензија и се враќа на терените на 40-годишна возраст. Наџент во кариерата играше за повеќе клубови, меѓу кои се Портсмут, Престон Норт Енд, Мидлсброу, Дерби Каунти и Транмере Роверс. Најголем печат остави во Лестер Сити, каде одигра 159 лигашки натпревари и постигна 54 голови. David Nugent joins Anstey Nomads! The former Leicester City and ...

Барселона успеа да ја победи Џирона во судиското надополнување (2-2), но ќе мора да игра на „Ел Класико“ против Реал Мадрид без тренерот Ханси Флик. Германецот во судиското продолжение, поради протест прво доби жолт картон, а потоа и втор поради гестикулирање по голот на Араухо, што судијата Жил Манзано го сметаше за прекумерен и навредлив. Ова ќе го чини скапо бидејќи ќе мора да оди на трибините на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, ...

Во среде криза каква што Арне Слот досега не видел, најжестокиот ривал на „црвените“ пристигнува на „Енфилд“, желен да ја продлабочи уште повеќе. По враќањето од репрезентативната пауза, нè очекува вистинско уживање во осмото коло од Премиер лигата, најголемото дерби во англискиот фудбал, во кое Ливерпул ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед. Звучи чудно знаејќи ја ситуацијата што владее на „Олд Трафорд“ со години, но натпреварот во недела доаѓа ...

Ракометната кадетска селекција на Македонија го одигра и последниот натпревар на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија. Во последното коло нашите надежи прокоцкаа голема можност за втора победа и на крај ремизираа во драматичниот натпревар со соседите од Србија. Натпреварот заврши со резултат 28-28, иако избраниците на Горан Кузмановски во неколку наврати имаа водство од шест гола разлика. Со оваа поделба на бодовите Македонија ...

Кошаркарите на Пелистер веќе почнаа со тренинзи во Битола по враќањето од Загреб, решени да го остават зад себе разочарувачкиот пораз од Цедевита Олимпија и да се вратат експресно на победнички патеки. Битолчани влегуваат во пеколен ритам на натпревари ако се знае дека веќе в среда ќе ја пречекаат Словачка Превидза во второто коло од ФИБА Европа купот, по што в петок ќе се сретнат со Маџари во третото коло од Супер-лигата, за веќе в недела да го ...

Европската ракометна федерација ги објави составите за првиот домашен натпревар на женската селекција на Македонија во квалификациите за ЕП 2026. Во Битола ќе гостува селекцијата на Словенија, која за разлика од нас извојува триумф во воведното коло и во подобро расположение ќе го започне овој дуел. Во составот на Македонија одново ја нема нашата најдобра ракометарка Сара Ристовска, која поради повреда не му се стави на располагање на селекторот ...

Женската селекција на Словенија квалификацискиот циклус за Европското првенство 2026 во Чешка, Полска, Словачка, Романија и Турција го отвори со сигурна победа над Белгија од 29-22. Денеска словенечките ракометарки се соочуваат со посериозен предизвик и гостување во Битола против нашата најдобра селекција. Македонија со пораз ги започна квалификациите, откако беше немоќна во Германија, па денеска ракометарките на Грчевски ќе бидат дополнително ...

По убедливата победа на Ал-Наср од 5-1 над Ал-Фатех, главна атракција повторно беше Кристијано Роналдо. Португалецот не само што постигна еден спектакуларен гол, туку по натпреварот приреди и интересен момент кој стана хит на социјалните мрежи. Роналдо по последниот свиреж се упати кон трибината со најстрасните навивачи на Ал-Наср, каде што се најде популарниот јутубер „iShowSpeed“, познат по својата опсесија со Португалецот. Американецот се ...

Фудбалерите на Интер Мајами како гости запишаа триумф над Нешвил (5-2) во последното коло од регуларната сезона на МЛС и лигашкиот дел го завршија на третото место во Источната конференција. Натпреварот беше целосно обележан од Лионел Меси, кој постигна три гола и ја заврши сезоната како најдобар стрелец во лигата со 29 гола на 28 одиграни натпревари. Ова е деветти пат во кариерата на еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња да ја ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе ја започне трката за Големата награда на САД во Формула 1 од пол-позицијата, откако беше најбрз во квалификациите. Актуелниот светски шампион забележа време од 1:32.510 во квалификациите на патеката Остин. Ландо Норис од Мекларен беше втор, со заостанување од 0,291 секунди, додека Чарлс Леклер од Ферари беше трет, со заостанување од 0,297 секунди. Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше четврти, Луис Хамилтон ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
6.17
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.43
93%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
86%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
7.72
90%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
88%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
82%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Родиум

255598.44

Калај

40.48

Кобалт

58.42

Бакар

10.95

Рутениум

29192.88

Сребро

1878.05

Алуминиум

2.91

Цинк

3.23

Платина

52952.77

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37

Паладиум

46425.68