Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Како и секоја година, така и оваа, „војната“ меѓу Реал Мадрид и Барселона беснее. Сè започна кога Реал Мадрид го запали огнот на вербалниот конфликт, откако претседателот на клубот Флорентино Перез посвети многу време на судењето во својот новогодишен говор. Потоа Барселона, поточно претседателот на клубот Жоан Лапорта, одговори велејќи дека Реал Мадрид „страда од акутен барселонитис“. На сè се надополни првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, ...
Лука Дончиќ нема да биде во составот на Лос Анџелес Лејкерс за натпреварот против Феникс Санс вечерва. Словенечкиот интернационалец чувствува болки во левата потколеница откако беше удрен од Богдан Богдановиќ во градското дерби помеѓу Лејкерс и Клиперс. Тој го напушти натпреварот кон крајот на втората четвртина и не се врати на теренот. Се очекува еден од најдобрите играчи на Лејкерс да биде подготвен да игра на божиќниот натпревар против ...
Ливерпул потврди дека Александар Исак претрпел фрактура на левата нога и дека е успешно опериран, што ќе го остави надвор од игра најмалку три месеци. Шведскиот напаѓач се повреди против Тотенхем во саботата, по стартот од страна на Мики ван де Вен, кратко по постигнувањето на голот. Тој не можеше да го продолжи натпреварот поради силна болка и со помош на медицинскиот тим го напушти теренот. Клубот од „Енфилд“ соопшти дека Исак бил опериран ...
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов прикажува одлична форма во дресот на Кочаелиспор, за кој постигна два гола на натпреварот против Ерзурумспор во Купот на Турција. Чурлинов донесе двојна предност за својот тим уште во првото полувреме. Најпрво биеше во 18. минута, а потоа зголеми на 2-0 во последната минута од првиот дел. За Чурлинов ова се први два гола во Кочаелиспор. Досега одигра 11 првенствени натпревари, со просечна оценка од ...
Македонскиот фудбалер од редовите на српскиот ТСЦ, Андреј Тодороски, го прокоментира последниот натпревар во Суперлигата против ОФК Београд, каде токму тој беше најзаслужен за трите бода на авојот тим. Тодороски го постигна единствениот гол на натпреварот, а по мечот изјави дека овој погодок веројатно му е најубав во досегашната фудбалска кариера. „Тежок и борбен натпревар, ОФК не ни даде многу простор за надигрување. Ние одевме на победа и ...
Фудбалската репрезентација на Македонија започнува нова ера. Благоја Милевски по четири години доби наследник, а тоа е Гоце Седлоски, тренерот кој го водеше Вардар до есенска титула без пораз. Изборот падна на домашен селектор, а Седлоски едногласно беше потврден на последната седница на Управниот одбор. Македонската фудбалска легенда седнува на селекторското столче и ќе го има најголемиот предизвик во кариерата. На прес-конференцијата на ...
Доаѓањето на Гоце Седлоски за селектор на Македонија се очекува да донесе промени во националниот тим. Какви се плановите на новиот предводник за изгледот на тимот и дали е подготвен да повикува играчи кои не играа во минатиот циклус? „Ги гледам, следам и познавам играчите кои играа за Македонија. Секако дека ќе има освежување во селекцијата, секој кој заслужува и кој игра добро во клубот, ќе бидат повикани. Што се однесува до мечот со Данска ...
Гоце Седлоски и официјално е нов селектор на фудбалската селекција на Македонија. Поранешниот капитен на „рисовите“ се враќа на добро познатото место, но овој пат во поинаква улога и со многу потешка задача. Некогашниот негов соиграч, а сегашен функционер во Фудбалската федерација на Македонија, Горан Пандев му честиташе на Седлоски за новата функција и истакна дека токму тој е вистинскиот избор за селекторската клупа на Македонија. „Најпрво, ...
Гоце Седлоски ќе го има најголемиот предизвик во тренерската кариера. Легендата со 100 настапи за националниот тим седнува на жешката клупа на Македонија, каде доаѓа како наследник на Благоја Милевски. Некогашниот стопер на Македонија ќе ја има втората авантура како селектор, прва како главен тренер. Во претходниот мандат, Седлоски беше в.д. селектор, има една победа на еден меч против Литванија. „За мене ова е голема чест и најголема ...
По потврдата за Гоце Седлоски за нов селектор на Македонија, одредени се и луѓето со кои прилепчанецот ќе соработува во најдобрата фудбалска селекција. Вкупно пет луѓе ќе бидат дел од стручниот штаб на легендата, а тројца се веќе избрани. • Борче Христов – прв асистент • Ерхан Селими – втор асистент • Гого Јовчев – тренер на голмани Седлоски најави уште двајца тренери како дел од тимот, кондициски и логистика, кои допрва ќе ги одбере. Дебито ...
Масар Омерагиќ ја мина првата година како претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а во неговиот мандат го назначи првиот селектор на сениорите. Гоце Седлоски ја доби одговорноста да го води А-тимот, откако истече договорот на Благоја Милевски и не беше продоложен. Првиот човек на ФФМ ја коментира одлуката изборот да падне на Гоце Седлоски, кој го водеше тимот на Вардар до есенската титула во ПМФЛ. „Јавно да се заблагодарам ...
По тренерот Џоан Пењароха, Партизан официјално потврди и засилување во играчкиот кадар. Камерон Пејн, долгогодишен НБА играч, кој веќе е во Белград, ќе игра за „црно-белите“ до крајот на сезоната. 14-тиот избор на НБА драфтот во 2015 година минатата сезона играше за Њујорк Никс. Пред тоа, Пејн во најсилната лига во светот настапуваше уште за Филаделфија, Милвоки, Чикаго, Кливленд и Оклахома. Американскиот бек летово подготовките ги започна со ...
Словенечката ракометна репрезентација ќе влезе во последните недели од подготовките за Европското првенство дополнително ослабена: Митја Јанц и Јака Малуш отпаднаа поради повреди, па селекторот Урош Зорман дополнително го повика Андраж Макуц од Целје. Вардарецот има мускулна повреда и нема навреме да стигне да настапи на шампионатот. Веќе некое време е познато дека важните столбови на одбраната, Блаж Благотиншек и Борут Мачковшек нема да ...
Потпретседателот на Партизан; Предраг Мијатовиќ откри информации кои досега вешто беа криени од јавноста. За време на гостувањето во подкастот „Супер индиректно“, легендарниот фудбалер изјави дека „црно-белите“ се договориле еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на фудбалот; Кларенс Сидорф да го преземе кормилото на тимот. „Минатата година се договоривме со Кларенс Сидорф, пред Срѓан. Потоа помислив, не сме ние за странец. ...
Во изминатиот период се одржа работен состанок помеѓу раководните претставници на ФИБА Европа и претставници на Кошаркарската федерација на Македонија, на кој од страна на нашата федерација учествуваа потпретседателот Младен Ѓуроски и генералниот секретар Томче Стојчевски. На состанокот беше истакната високата оценка за досегашната соработка помеѓу ФИБА Европа и Кошаркарската федерација на Македонија, која беше оценета како успешна и ...
Милан го реши прашањето на напаѓач за остатокот од сезоната, бидејќи Никлас Фулкруг пристигна во Италија на медицински прегледи и договор до крајот на сезоната. Германскиот интернационалец се пресели од Борусија Дортмунд во Вест Хем за 27 милиони евра во мај минатата година. Неговата прва сезона не беше толку лоша, но во оваа не успеа да постигне гол на девет натпревари и Милан лесно го доби на позајмицата до крајот на сезоната. Niclas ...
Жоан Пењароjа и официјално е нов тренер на Партизан Моцарт Бет. Поранешниот предводник на Барселона синоќа пристигна во Белград и денес ќе ја преземе функцијата главен тренер на „црно-белите“. Шпанскиот тренер, роден на 20 април 1969 година, претходно ги водеше екипите на Барселона, Басконија, Валенсија, Манреза, Бургос и Андора. Со тимот на Бургос, Пењароја двапати ја освои Лигата на шампионите на ФИБА (2020 и 2021 година), како и ...
Италијанскиот гигант Милан конечно успеа да го раскине договорот со напаѓачот Дивок Ориги, кој подолг период беше надвор од тимот но, добиваше плата од околу 300.000 евра месечно. Белгиецот пристигна од Ливерпул во јули во 2022 година и запиша само 27 настапи, на кои постигна два гола. Потоа беше испратен на позајмица во Нотингем Форест. Клубот од Милано во обид да го принуди да си замине, го испрати во младинскиот тим, но 30-годишниот ...
Женските национални тимови на Македонија во младинска конкуренција, забележаа напредок од шест позиции на најновата рејтинг листа која ја креираше ФИБА за крај на календарската 2025 година. Македонија е една од петте земји кои забележале и најголем напредок на листата во онаа европска зона на ФИБА. Крајот на оваа 2025 година, Македонија го дочекува на 37. место во европскиот рејтинг на Светската кошаркарска организација со вкупно 118.8 ...
Календарската 2025 година, Македонија, односно машките младински селекции ќе ја завршат за четири позиции погоре на оној официјален ФИБА ранкинг. Според последното рангирање на Светската кошаркарска федерација за овој младински сегмент, Македонија е една од земјите кои забележале најголем скок на листата. Во овој момент, Македонија има збир од 306.7 бодови со кои е класифицирана на 23. позиција во европската зона на ФИБА, односно на 49. место ...
Исто како и шпанскиот, така и италијанскиот обид да пренесе натпревар од домашното првенство на друг континент не успеа! Плановите за одигрување на натпреварот од италијанската фудбалска лига меѓу Милан и Комо во Австралија се откажани. Италијанската лига и локалните организатори објавија дека два клуба нема да играат во Перт, Австралија. Азиската фудбалска конфедерација неодамна издала неприфатливи барања што го оневозможиле организирањето ...
На повидок е уште едно големо засилување на Ливерпул оваа сезона. Имено, клубот од „Енфилд роуд“ веќе најавил дека е спремен да ја плати откупната клаузула на најдобриот фудбалер на Борнмут. Британски „Гардијан“ пишува дека Ливерпул ги договорил личните услови со Семењо и ќе ја активира откупната клаузула во јануари. Оваа вест доаѓа непосредно после шок веста дека Исак се здобил со скршеница на ногата и ќе отсуствува од терените неколку ...
Ноќта во НБА лигата донесе низа убедливи победи, рекорди и индивидуални блесоци, а најмногу внимание привлече доминацијата на Денвер Нагетс и победата над Јута Џез (135-112), предводени од Никола Јокиќ. Денвер буквално ја прегази Јута, отворајќи го натпреварот со неверојатна серија од 19-0. Нагетси одиграа историска партија, израмнувајќи го клупскиот рекорд со 24 погодени тројки, додека во првата четвртина шутираа речиси 70 проценти од поле. ...
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас одигра уште еден одличен натпревар за својот Наполи, а неговиот тим успеа да се закити со трофејот во Суперкупот по победата над Болоња (2-0). „Дијамантот“ шести пат по ред беше во почетниот состав на Антонио Конте, остави солиден впечаток на теренот, а исто така имаше и одлична шанса во десеттата минута. За Елмас ова беше последната „алка“ од трофеите во италијанскиот фудбал, откако претходно го освои ...
Фудбалерите на Фулам освоија нови и важни три бода во Премиер лигата, откако вечерва беа подобри од екипата на Нотингем Форест со минимални 1-0 (1-0). Единствениот погодок беше дело на Раул Хименез, кој прецизно изведе удар од белата точка во 50. минута, но од првото полувреме. Во продолжение бевме сведоци на прилично неинтересен меч, каде ривалите вкупно упатија три скромни удари во рамките на голот. За лондонскиот тим ова е седма сезонска ...
НБА лигата и Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) официјално најавија заеднички проект за создавање нова професионална европска кошаркарска лига. Во неа ќе учествуваат избрани клубови со загарантирани места, а ќе постои и можност за пласман преку квалификации за екипите од националните првенства. „Покрај постојаните места, новата лига ќе му понуди на секој клуб од домашните лиги во Европа кои се дел од ФИБА системот пат заснован на ...
Репрезентацијата на Египет потешко од очекуваното запиша победа над Зимбабве (2-1) во натпреварот од првото коло од Африканскиот Куп на нации. Дуелот од групата Б го отворија играчите на Зимбабве, стигнаа до предност од 0-1 во 20. минута преку Принс Дубе, но „фараоните“ се вратија во второто полувреме со „бомбата“ на Омар Мармуш. Израмнувањето дојде во 64.. минута, а потоа на сцената стапи Мохамед Салах, кој повторно беше расположен во ...
Екипата на Еспањол одигра уште еден одличен натпревар и се избори за голема победа кај Атлетик Билбао (1-2) во седумнаесеттото коло од шпанската Примера. Гостите од Каталонија има негатива по голот на Алекс Беренгуер, но потоа дојдоа до егал ситуација пред паузата, откако прецизно биеше Карлос Ромеро во 44. минута. Еспањол не престана да се надева и тргна по целиот плен, а наградата пристигна по само седум минути игра, кога мрежата ја затресе ...
Екипата на Наполи извојува сигурен и рутински триумф над Болоња во финалето на италијанскиот Суперкуп (2-0) и го освои првиот сезонски трофеј, носејќи огромна радост за своите навивачи. Тимот на Антонио Конте покажа доминација на теренот и одигра одличен натпревар, а вистински херој беше Давид Нерес, кој ги постигна двата гола, од кои посебен впечаток остави првиот во 39. минута. На паузата „партенопеите“ ја задржаа минималната предност, а во ...
Селекторката на женската фудбалска репрезентација на Англија, Сарина Вигман, беше прогласена за најдобар холандски тренер за 2025 година на годишната гала-вечера на Олимпискиот комитет на Холандија. Ова признаниего добива по фантастичниот успех со англиските „Лавици“ на Европското првенство, каде што ја одбранија титулата и покажаа доминација на највисоко ниво. Вигман е првата жена која ја освои оваа престижна награда во Холандија, а пред неа ...