Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Во Мароко започнува Африканскиот куп на нации 2025, најголемото фудбалско натпреварување на „Црниот континент“, кое се враќа во оваа земја првпат по 1988 година. По историскиот пласман во полуфиналето на Светското првенство во Катар, притисокот врз домашната селекција е огромен, а конкуренцијата за трофејот е исклучително силна. Бранител на тронот на ова издание ќе биде селекцијата на Брегот на Слоновата Коска која направи сензација пред две ...
Вардар по неколку години резултатски пост, сезонава е оној вистинскиот. Под водство на тренерот Гоце Седлоски, есенската титула повторно е во рацете на нашиот најтрофеен клуб. Вардар одигра на потребното ниво , а притисокот што се створи околу тимот и очекувањата како од навивачите така и од јавноста на екипата очигледно дека беа дополнителен мотив и на крајот до посакуваната цел се дојде без загубен натпревар. „Можам да кажам дека сум ...
Паника владее во редовите на Лос Анџелес Лејкерс откако најдобриот играч на тимот Лука Дончиќ заработи нова повреда за време на натпреварот против Лос Анџелес Клиперси. Тоа веднаш предизвика загриженост кај стручниот штаб и навивачите. Словенечкиот кошаркар се повреди во втората четвртина и не се врати на паркетот во второто полувреме, а во моментов не е познато колку време ќе отсуствува, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу ...
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје со очекувана победа над Чаир 2030 (76-48) ја заврши годината во македонската кошаркарска Суперлига. Тимот на Атанасов по поразот во АБА-2 лигата на гостински терен, им се вратија на обврските и ги освоија посакуваните бодови. За МЗТ Скопје ова беше десетта победа по 11 одиграни кола. Единствениот пораз беше административен, во дуелот со Ангели, откако „штрковите“ направија грешка во записникот со ...
Швајцарскиот фудбалски стручњак Лусиен Фавр објави дека ја завршува тренерската кариера и на 68 години реши да стави крај на долгогодишната работа на клупата. Toj порачува дека веќе го дал максимумот во фудбалот и дека чувствува дека е вистинскиот момент за повлекување. „Одлуката ја донесов пред извесно време, бидејќи направив сè што можев и мислам дека е доволно, тоа е тоа“, изјави Фавр во интервју за швајцарскиот весник Блик, со што и ...
Фудбалскиот клуб Башкими подготвува зимска реконструкција на тимот со единствена цел, опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Кумановци им се заблагодарија на деветмина фудбалери кои во есенската полусезона беа дел од тимот. Најмногу промени ќе има во нападот, бидејќи клубот се раздели со дури петмина офанзивци и тоа Марко Симоновски, Огузан Ајдоган, Фламур Џелили, Абдулхади Јахја и Недим Хаџиќ. Од средниот ред на Башкими заминаа Иса ...
Ливерпул со многу нервоза и неизвесност успеа да стигне до победа против Тотенхем во Лондон со резултат 1-2 во натпреварот од 17. коло на Премиер лигата. Иако во финишот од натпреварот имаше дури два играчи повеќе на теренот, мораше да стравува до самиот крај за освојување на трите бода. „Искрено, мислев дека против деветмина веројатно ќе успееме да ги држиме подалеку од нашиот гол. Сепак, изгледаше како ние да игравме со девет, а тие со ...
Африканскиот Куп на нации од 2028 година ќе се одржува на секои четири години, наместо досегашниот ритам на две, одлучи Африканската фудбалска конфедерација на состанокот одржан во саботата. Со оваа промена значително ќе се растоварат фудбалерите од „Црниот континент“, а воедно ќе се подобри и усогласувањето на глобалниот натпреварувачки календар, особено поради појавата на нови и подолготрајни турнири како Светското клупско првенство. Според ...
Поранешниот шампион на Португалија, Боависта, минува низ најтешките моменти во својата историја и се соочува со реална опасност од целосно згаснување. Откако клубот беше исфрлен во аматерски ранг, судот донесе одлука според која Боависта до крајот на следната седмица мора да уплати 55.000 евра кон даночните власти, во спротивно следува трајно затворање. Соочени со црното сценарио, навивачите решија да реагираат и клубот започна јавна кампања ...
Тренерот на Тотенхем, Томас Френк, не го криеше незадоволството од судењето по натпреварот со Ливерпул (1-2) во рамките на 17. коло од Премиер лигата. Данецот потенцира дека клучните одлуки директно влијаеле на конечниот исход. Смета дека неговиот тим бил оштетен со престроги црвени картони, како и со признавањето на спорниот погодок на Екитике со кој гостите поведоа со 0-2. „Пред се, јас сум искучително горд на играчите и целиот тим. Мислам ...
Ерлинг Халанд во многу наврати освен со фудбалските партии, вниманието на јавноста го привлекуваше и со нефудбалски ситуации. Норвежанецот постигна два гола и подели асистенција во победата на Манчестер Сити против Вест Хем (3-0). Веднаш по натпреварот тој во соблекувалната се почести со квалитетен оброк. Халанд објави видео како ужива јадејќи јагнешки котлети, а тоа стана хит на социјалните мрежи. Со двата гола Халанд стигна до бројката од ...
Фудбалерите на Арсенал славеа минимално на гостувањето на „Хил Дикинсон“ кај Евертон (0-1) во 17. коло на Премиер лигата. „Топчиите“ славеа со голот на Виктор Ѓокереш од белата точка, но Англија е поделена поради спорна ситуација на спротивната страна. Во вториот дел во обид да расчисти топка Вилијам Салиба го удри напаѓачот на домашните Тиерно Бери. Ситуацијата се проверуваше во ВАР собата, но арбитрите одредија дека нема доволен контакт за ...
Елмин Растодер стрела на два натпревари во низа за швајцарски Тун. Македонскиот репрезентативец погоди во победата против Цирих (4-2). Гостинската екипа водеше со 0-2 по првиот дел, а потоа Растодер беше стрелец на првиот гол за неговата екипа. Напаѓачот искористи дефанзивна грешка, излета сам пред гостинскиот гол, а потоа погоди низ нозете на противничкиот голман за 1-2 во 53. минута. Ова беше четвртиот сезонски погодок на Елмин Растодер за ...
Ник Кирјиос доби вајлд-карта за камбек на професионалните терени, девет месеци по неговиот последен настап. Поранешниот финалист на Вимблдон во текот на 2025 година одигра само четири турнири, а во последните три сезони има вкупно пет настапи на АТП турнејата, период обележан со бројни повреди и долги паузи. Австралиецот, кој има 30 години, помина низ серија операции во 2023 и 2024 година и речиси две години траеше неговото закрепнување, во ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперси славеа во дербито на Калифорнија со 103-88 против Лос Анџелес Лејкерси во НБА лигата. Локалното дерби кое се одигра во „Интуит Доме“ во целост му припадна на домашниот тим. Иако најдобар поентер беше Леброн Џејмс со 36, Клиперси до победата ги водеа првите ѕвезди кои имаа по „дабл-дабл“. Кавај Ленард го заврши мечот со 32 поени и 12 скока, додека Џејмс Харден уфрли 21 поени и подели 10 асистенции, а ...
Поранешниот француски репрезентативец и освојувач на светската и европската титула, Кристијан Карембe, направи нов чекор во својата фудбалска кариера, овојпат надвор од теренот. Актуелниот директор на Олимпијакос влезе во сопственичката структура на италијанскиот клуб Санремезе, кој моментално се натпреварува во Серија Д, четвртото ниво на фудбалот во Италија. Според информациите на „Газета дело Спорт“, Карембe стекнал 37,5 отсто од акциите ...
Фудбалерите на Арсенал запишаа исклучително важна гостинска победа над Евертон, совладувајќи го домаќинот со минимални 0-1 на „Хил Дикинсон Стадион“ во рамки на 17. коло од Премиер лигата. Иако резултатот беше тесен, „топџиите“ беа доминантниот тим и сосема заслужено си заминаа со трите бода. Тимот на Микел Артета од самиот старт ја презеде контролата врз играта. Шпанскиот стратег по третпат по ред му укажа доверба на Виктор Ѓекереш како ...
Фудбалерите на Реал Мадрид ја продолжија победничката серија во шпанската Примера, откако на „Сантијаго Бернабеу“ ја совладаа Севиља со 2-0 во рамки на 17. коло. Херои на мадридскиот тим беа Џуд Белингем и Килијан Мбапе, кои со по еден погодок му донесоа вредни три бода на тимот на Чаби Алонсо. Иако конечниот резултат сугерира сигурна победа, Севиља се покажа како рамноправен ривал во добар дел од натпреварот. Андалузијците имаа свои моменти ...
Фудбалерите на Јувентус забележаа голема победа во дербито од 16. коло на италијанската Серија А, откако на „Алијанц стадионот“ во Торино ја совладаа Рома со 2-1 и ја продолжија добрата серија во шампионатот. „Старата дама“ го врза вториот значаен триумф, по славјето во Болоња, а во двата натпревари покажа јасно подигнато ниво на игра. Со освоените три бода, тимот на Лучано Спалети сега има 29 бодови и се наоѓа на петтата позиција, само еден ...
Новокрунисаниот светски шампион во МотоГП, Марк Маркес, би можел наскоро да се соочи со една од најтешките одлуки во својата кариера, тоа е дали да се врати во тимот со кој ги оствари најголемите успеси или да ја продолжи доминацијата со Дукати. Според најновите информации од трансфер-пазарот во кралската мото-категорија, Хонда вложува „сериозни напори“ за да го убеди шпанскиот ас повторно да го облече нивниот комбинезон од сезоната 2027. ...
Кошаркарките на Вардар дојдоа до свој клупски рекорд според бројот на постигнати поени на еден првенствен натпревар од сениорска конкуренција. Реализираа дури 136. поени во дуелот со младинскиот состав на екипата од Делчево (136-35). Шест домашни кошаркарки завршија со двоен број на поени. Но, вториот момент за паметење, е тројниот ефект на капитенот Елена Тасевска. Репрезентативниот бек на Вардар дојде до учинок од 20 поени, на кои придодаде ...
Фудбалерите на Баер Леверкузен остварија голема победа на гостувањето кај Лајпциг, совладувајќи го домашниот тим со 3-1 во дербито од 15. коло на германската Бундеслига. Со овој триумф, „фармацевтите“ се израмнија со вечерашниот ривал на табелата, двата тима имаат по 29 бодови и идентична гол-разлика, но Бајер сега е трет поради поголем број постигнати голови. Лајпциг подобро го отвори натпреварот и во првите триесет минути имаше повеќе од ...
Фудбалерите на Ливерпул стигнаа до тесна, но драгоцена победа на гостувањето кај Тотенхем со 2-1, во рамки на 17. коло на Премиер лигата. Мечот го одбележаа два црвени картони за „петлите“, но и повредата на Александар Исак кој погоди, но неславно го заврши дуелот. Иако мечот почна прилично мирно и без сериозни шанси во првите 20-25 минути, драмата се разви во финишот. Ливерпул го имаше поседот на топката, но ретко успеваше да ја загрози ...
Екипата на Кожув направи подвиг и славеше на гостувањето кај Пелистер во Битола (76-83) во рамки на 11-тото коло од Суперлигата последно за оваа година. Гевгеличани одиграа дуел во егал со противникот кој има поголемо искуство зад себе во актуелната сезона и успеаја да освојат многу важни бодови во борбата за плеј-офот во домашното првенство. Клучен момент за победата на Кожув беше отворањето на последниот период, во кој Пелистер не постигна ...
Првиот човек на македонскиот фудбал, Масар Омерагиќ, во „Куќата на фудбалот“ го пречека Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот, Џани Инфантино. „Посетата на Елкан Мамадов е силна потврда за одличната соработка што ја имаме со ФИФА. Поддршката што ја добиваме е клучна за реализација на нашите стратешки цели, особено во делот на инфраструктурата и зајакнувањето на нашите ...
МКК Куманово запиша значајна победа во домашниот шампионат, откако во возбудлив и до самиот крај неизвесен натпревар го совлада Работнички со 82-77, во рамки на 11. коло од Првата кошаркарска лига на Македонија. Домашниот тим имаше контрола на резултатот речиси во текот на целиот меч и заслужено ги доби првите три четвртини, создавајќи солидна предност. Во последниот период Куманово влезе со плус осум поени, но финишот донесе вистинска драма ...
На денешниот седми конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка. Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро. Македонија досега имаше статус на придружна членка. Наредната година во февруари, на Медитерански шампионат во Приштина ќе играат ракометните ...
Бразилската фудбалска ѕвезда Тиаго Силва официјално се враќа на европската фудбалска сцена и е нов фудбалер на Порто, потврди реномираниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо. Искусниот стопер ќе го облече дресот на португалскиот великан по потпишувањето договор што важи до јуни 2026 година, со вклучена опција за продолжување на соработката до летото 2027. Силва пристигнува како голема желба на новиот тренер Франческо Фариоли, но и како проект ...
Дејан Станковиќ повторно се враќа на клупата на Црвена звезда и ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на белградскиот гигант, најави „Спорт клуб“. Раководството на Црвена Звезда одамна постигнало договор со Станковиќ, а формализацијата ќе следи со потпишување договор до летото во 2028 година. Така, по кратката пауза и авантурата во Русија, легендарниот поранешен фудбалер и тренер повторно се враќа на „Маракана“ со јасна мисија, тоа е да ја ...
Екипата на Феникс 2010 на најдобар можен начин ја заврши годината, со победа над Гостивар (75-56) кој важи за еден од конкурентите во долниот дел на табелата во машката кошаркарска Суперлига. Екипата на Денис Дервишевиќ имаше бавен старт, по една неефикасна прва четвртина резултатот гласеше 13-13, а потоа проработи нападот на скопскиот тим. Со 27 постигнати поени, Феникс на паузата имаше двоцифрен плус (40-30), кој се потврди со перфектната ...