Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Репрезентативецот на Гамбија и прв голман на Шкендија, Бабукар Гај, би можел да го напушти тетовскиот клуб по само шест месеци престој, откако за него пристигнал сериозен интерес од странство. Според информациите на реномираниот фудбалски инсајдер Руди Галети на адресата на Шкендија веќе се испратени неколку понуди за 27-годишниот чувар на мрежата, а заинтересирани клубови доаѓаат од Турција, Јапонија и Полска. Засега не се откриваат имињата ...
Првакот на Германија нбема да биде премногу активен оваа зима. Баерн ја разгледува можноста да го продаде Саша Бое и во моментов за него бара до 20 милиони евра. Бое одби бројни понуди и е спремен да се пресели само во клуб со перспективи за настап. Баерн сака најмалку позајмица со опција за откуп, што денес изгледа како пореална опција на пазарот. Кристал Палас изрази интерес, но преговорите со менаџерот Гласнер не напредуваат. Бое не ...
Дмитро Хориха веќе втора сезона е ударна игла на Вардар 1961. Украинскиот бек, кој неодамна доби и македонско државјанство, ги игра последните шест месеци од договорот со лидерот во Суперлигата. А што понатаму? Уште пред еден месец раководството на Вардар 1961 започна преговори со одличниот бек, во еден момент се чинеше дека сè е договорено, но во игра влегоа неколку европски гиганти. Според пишувањата на „Rthandballgermany“, Хориха би можел ...
Антоан Семењо многу веројатно ќе го напушти Борнмут во јануарскиот преоден рок и ќе му се приклучи на Манчестер Сити или Манчестер Јунајтед. Моментално во предност се „граѓаните“, но не се откажува ниту соседот од црвениот дел од Манчестер. За него интерес има и од Ливерпул и Челзи, но моментално тие заостануваат во трката. Семењо ги покрива двете крилни позиции, а оваа сезона во Премиер лигата постигна осум гола и имаше три асистенции во ...
Шпанецот Марк Маркез изјави дека сезоната 2025, во која целосно доминираше во Мото ГП шампионатот, ќе биде исклучително тешко да се повтори во иднина. Шпанскиот возач призна дека ни самиот не очекувал толкава надмоќ и резултати какви што оствари изминатата година. Маркез нагласи дека комбинацијата од спринт-трки и главни трки, како и големиот број бодови што ги освои, ја прави сезоната уникатна. Титулата ја обезбеди неколку трки пред крајот, ...
Поранешниот тренер на Карлос Алкараз, Карлос Сантос, изјави дека Рафаел Надал би бил одличен избор доколку некогаш реши да влезе во тренерска улога и да соработува со младиот шпански ас. Според Сантос, Надал ги поседува сите квалитети што еден врвен тренер треба да ги има – знаење, карактер, победнички менталитет, работна етика и вистински вредности. Сантос истакна дека влијанието на Надал не би било само техничко, туку и човечко. Неговото ...
Кошаркарите на Феникс Санс извојуваа убедлива победа над фаворизираниот Лос Анџелес Лејкерс со 132-108. Причината за овој дебакл на тимот од Лос Анџелес, меѓу другото, лежи во фактот што Лука Дончиќ поради ситна повреда остана на трибините, што значеше дека офанзивната моќ на „езерџиите“ беше значително послаба. Вистина е дека Остин Ривс се врати, по пауза од три натпревари, и натпреварот го започна од клупата и повторно беше еден од ...
Тренерот Арне Слот изрази жалење поради повредата на напаѓачот Александер Исак, истакнувајќи дека фудбалерот имал голема желба да придонесе повеќе за тимот, но физичката состојба не му го дозволила тоа. Исак се здоби со сериозна повреда на зглобот и скршеница на фибулата, по што мораше да биде опериран. Пред него е подолг период на рехабилитација, а отсуството од терените ќе трае неколку месеци. „Навистина ми е жал за Исак. Сакаше да покаже ...
Арсенал избори пласман во полуфиналето на ЕФЛ купот откако на „Емирејтс“ го елиминираше Кристал Палас по подобро изведување на пенали, во натпревар од четвртфиналната фаза на натпреварувањето (1-1 регуларен дел, 8-7 пенали). „Топчиите“ беа поактивниот и поофанзивниот тим во поголемиот дел од средбата, но долго време не успеваа да ја скршат цврстата одбрана на гостите. Првата посериозна закана Арсенал ја упати во 22. минута, кога Мадуеке ...
Фудбалската репрезентација на Тунис на убедлив начин го отвори настапот на Африканскиот куп на нации во Мароко, откако во натпреварот од првото коло во групата Ц славеше над Уганда со 3-1. По разочарувачките настапи на претходните две континентални првенства, на кои сензационално не успеа да ја мине групната фаза, една од најквалитетните африкански селекции овојпат јасно стави до знаење дека нема намера ништо да препушта на случајот. ...
Кошаркарите на Црвена Звезда доживеаја пораз на гостувањето во Париз, откако беа совладани со 102-92 во „Акор арената“, во рамки на 18. коло од Евролигата. Лошите вечери се составен дел од секоја долга и напорна сезона, но овој натпревар отвори многу подлабоки прашања кај „црвено-белите“. Имаше јасни индикации што треба да се направи на паркетот, но тимот како да одби да ги следи тие насоки. Индивидуалните грешки беа очигледни, а неколку ...
Младиот бразилски напаѓач Ендрик повеќе не е дел од првиот тим на Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во францускиот Олимпик Лион. Кралскиот клуб одлучи да го испрати талентираниот фудбалер на позајмица, со цел тој да добие поголема минутажа и простор за развој. Ендрик не успеа да се избори за значајна улога во силната конкуренција во нападот на Реал, па раководството процени дека настапите во Лига 1 ќе бидат од големо значење за неговиот ...
Голманот на Порто, Диого Маркес Рема, сигурно нема да настапи за репрезентацијата на Португалија на претстојното Европско првенство. Искусниот чувар на мрежата доживеа тешка повреда на натпреварот против Спортинг, каде што ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено. Тој веќе е успешно опериран, но сезоната за него е предвреме завршена, а со тоа и сонот за настап на континенталниот собир. Овој хендикеп сериозно ги наруши плановите ...
Македонската фудбалска легенда Васил Рингов почина на 70-годишна возраст по кратко боледување, а семејството го закажа погребот на нашето големо спортско име. Васил Рингов ќе биде испратен во вечноста утре (среда). Погребот на спортската легенда ќе се оддржи на гробиштата во Ѓорче Петров со почеток од 13:00 часот. Васил Рингов е еден од најдобрите вардарци во историјата. Рингов во „црвено-црниот“ дрес одигра преку 200 натпревари, а постигна ...
Кошаркарите на Фенербахче и Барселона одиграа возбудлив евролигашки натпревар во 18. коло, а победата на крајот замина кај домашниот тим (72-71), кој подобро се снајде во драматичниот финиш. Видовме прилично неефикасно прво полувреме, на паузата резултатот гласеше 35-33, а потоа бевме сведоци на уште две израмнети четвртини, но со среќен крај за тимот на Шарунас Јасикевичиус. Имаше Барса напад за победа, но Кевин Пантер беше изблокиран во ...
Фудбалската репрезентација на Нигерија, по разочарувачкиот неуспех да избори пласман на Светското првенство втор циклус по ред, целосно го насочи фокусот кон Африканскиот куп на нации, каде што пристигна со јасна цел, борба за трофејот. Актуелниот вицешампион на Африка успешно го отвори турнирот во Мароко, откако во првото коло од групата Ц, одиграно во Фес, славеше над Танзанија со 2-1. Иако резултатот беше минимален, случувањата на теренот ...
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер пред неколку денови откри дека за крај на 2025 година организира ревијален натпревар на ветераните по повод седумдесеттиот роденден на клубот. Битолскиот клуб потврди само дел од имињата кои ќе продефилираат во салата „Боро Чурлевски“ в сабота. Тука се легендарни ракометари од славните времиња на пелистерци како: Абдула Јусуфовски, Стевче Стефановски, Душан Новокмет, Александар Мирзамамедов, Слободан ...
Македонија загуби голема фудбалска легенда. Васил Рингов по кратко боледување почина на 70-годишна возраст. Меѓу оние кои објавија порака или сеќавање за големиот фудбалски ас, беа и навивачката група „Комити“. „Толку тешко ви паѓа за Вардар? – Многу!“ Со огромна тага се збогуваме со една од најголемите легенди на клубот, од човекот со кој израснаа генерации, дел гледајќи го, дел растејќи со приказните за него, од човекот кој имаше став ...
Тренерот на Кочаелиспор, Селчук Инан, со пофални зборови зборуваше за настапот на Дарко Чурлинов по одличната партија против Ерзурумспор, во која македонскиот репрезентативец беше еден од клучните играчи на теренот. Чурлинов одигра извонреден натпревар и постигна два погодоци, со што директно придонесе за успехот на својот тим. Неговите настапи покажуваат дека сè подобро се вклопува во турскиот шампионат, а токму тоа го истакна и Инан во ...
Македонската фудбалска легенда Васил Рингов почина на 70-годишна возраст по кратко боледување. Нашата земја загуби голема икона, полна со приказни и големи резултати зад своето име. Ерата која го одбележа Рингов како фудбалер беше онаа во Вардар, а посебно тандемот со Дарко Панчев. Страшното дуо во поранешната југословенска лига беше трепет за секој противник. Дарко Панчев во емотивна порака се прости од големиот Васил Рингов. „Васе, не е ...
Србите изненадија откако во изборот за најдобар тренер за 2025 година признанието за првпат заврши кај жена. Признанието заврши во рацете на Лидија Стојкановиќ која е актуелна селекторка на репрезентацијата на Србија. Таа е прогласена за најдобар стратег благодарение на исклучителните резултати во Лигата на нациите и пласманот во А-дивизијата. Поради тој успех Фудбалскиот сојуз на Србија ја награди и со нов договор. Во изборот за ова ...
Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски сериозно ги критикуваше Фудбалската федерација на Македонија, но и комисијата за избор на нов предводник која го предложи Гоце Седлоски. Во оваа комисија беше и поранешниот македонски капитен, а сегашен спортски директор на репрезентациите Горан Пандев. <<< - ПОВРЗАНО - Ангеловски: Изборот на селектор е несериозен, вие колеги од комисијата – не ми се јавувајте! Струмичанецот реши ...
Македонскиот фудбал денес загуби еден од најголемите. Неговото име е синоним за Вардар и ефектните голови, за Беласица и Партизан, за загрепски Динамо и германски Ајнтрахт. Но, сите добро ја знаеја неговата уникатност и како личност, заради која што загубата е уште поголема. Васил Рингов, еден од најдобрите играчи во историјата на македонскиот фудбал. Дебитирал во Беласица со неполни 17 години во пролетта 1972 година и имал таа пролет 12 меча ...
Васил Рингов почина на 70-годишна возраст. Легендарниот фудбалер на Македонија имаше период на кратко боледување и срцеви проблеми во минатите неколку месеци. Фудбалската федерација на Македонија со емотивна порака се прости од легендата. Тие напишаа неколку реченици полни со емоции, нагласувајќи ја величината на Рингов не само како фудбалер, туку и како човек. „Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство. ...
Легендарниот поранешен фудбалер Васил Рингов почина на 70-годишна возраст. По кратко боледување и срцеви проблеми екс-напаѓачот ја загуби најважната битка во животот. Оваа информација меѓу другите ја потврди и првиот човек на мак-фудбалот, Масар Омерагиќ. Тој со објава на социјалните мрежи го испрати легендарниот Рингов. „Тивко замина, ама засекогаш ќе бидеш во “играта”. Почивај во мир. Трагата останува“, напиша првиот човек на Фудбалската ...
Младиот кошаркар на Шарлот Хорнетс, Кон Кнупел, влезе во историјата на НБА лигата како најбрзиот играч кој успеал да постигне 100 тројки во својата кариера. Кнупел до оваа бројка стигна по само 29 одиграни натпревари, со што постави нов рекорд во најсилната кошаркарска лига на светот. Со тоа ги надмина досегашните рекорди на познати имиња како Лаури Марканен, Киган Мари, Лука Дончиќ и Брендон Милер. Рекордната тројка ја постигна на ...
Фудбалската федерација на Македонија го одбра Гоце Седлоски како наследник на Благоја Милевски за клупата на А-тимот. Денес се одржа и официјалната промоција на новиот македонски селектор во Скопје, а тој ќе дебитира на клупата во март. И покрај изборот на ФФМ, има и такви кои не се сложуваат со ангажманот на вардаровиот тренер за националната клупа. Еден од таквите е поранешниот селектор Игор Ангеловски, кој по промоцијата реши јавно да се ...
Согласно системот за натпреварување во Купот „Благоја Георгиевски - Буштур“, почнувајќи од среда, ќе се играат првите елиминациски натпревари. Во првата фаза кај мажите ќе разигруваат екипите кои се пласираа од петтата до дванаесеттата позиција во Суперлигата по првиот круг. Победниците од четирите натпревари одат на мегдан со четирите лидери во мак-баскетот ТФТ, МЗТ, Кожув и Пелистер. Првото осминафинале ќе се одигра в среда во 19:00 часот, ...
Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, повторно минал низ мала операција поради проблеми со коленото. Тој бил подложен на артроскопска операција за лекување на повреда на менискусот, а процедурата поминала успешно. По интервенцијата, фудбалерот се чувствува добро и наскоро започнува со процесот на рехабилитација. Нејмар ќе биде надвор од теренот најмалку неколку недели, а очекувањата се дека повторно ќе се врати во полна форма најдоцна до ...
Тренерот на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, уште еднаш истакна колку е посебен и важен за тимот центарот Никола Јокиќ, по убедливата победа над Јута Џез со резултат 135-112. На прес-конференцијата по натпреварот, Аделман зборуваше за доминацијата на Нагетс и улогата на Јокиќ во тимската игра. Тој посочи дека Јокиќ не само што постигнува поени и скокови, туку и ја организира играта и „ја гледа целата слика“ на теренот, што го прави еден од ...