Дали се наѕира првата победа на Шкупи во Првата фудбалска лига? По неполн час игра Шкупи води против Башкими со 0-2 и тоа со два прекрасни гола. Само што започна вториот дел, Шкупи изненадувачки поведе. 19-годишниот Зибери распали од голема далечина со левата нога и топката отседна во мрежата на кумановчани. Само две минути подоцна Чајани со десната нога биеше од работ на казнениот простор, топката заврши во левиот голманот агол, па ...
Се очекуваше лесна и убедлива победа на Башкими во дуелот со испаднатиот Шкупи. Но, наместо тоа кумановскиот тим мораше да се спасува со пресврт и тоа од два гола негатива. Шкупи стигна до предност од 2-0, а потоа доби и предност на теренот – играч повеќе по црвен картон на Башкими, но не издржа. Во последните 12 минути, кумановскиот тим постигна три гола, и дојде до огромен пресврт и триумф од овој натпревар. Зибери прв ги шокираше кумановци ...
Во последниот меч од 24.коло во ПМФЛ, поладнево во Куманово, Шкупи со 2:3 како домаќин, беше поразен од составот на Башкими. Ова беше уште еден пораз за чаирчани, ама денеска беа најблиску до второ реми во шампионатот и до прва победа ако се знае дека водеа со 2:0. Сепак не успеаја во тоа, па така Шкупи и натаму останува единствен тим кој нема победа во Европа. Досега тоа беше и Енозис Паралими на Бојан Марковски, ама овој тим од Кшар победи ...
Екипата на Башкими прокнижи планирани три бода против „фенерџијата“ Шкупи, но до победата дојде многу потешко од очекуваното. Откако првото полувреме заврши без голови, следуваше шок во Куманово и водство од 2:0 за Шкупи со головите на Зибери во 49-тата и на Чајани во 51-вата минута. Во 72-рата минута следуваше и директен црвен картон за Никел Ор, а тоа како да ги освести кумановци, па направија комплетен пресврт за десет минути со играч ...

