Репрезентацијата на Данска оствари убедлива победа од 4-0 против Македонија на стадионот „Паркен“, а еден од најзаслужните за триумфот беше Густав Исаксен кој беше прогласен за играч на натпреварот. Крилниот напаѓач блесна со два гола во краток временски интервал од само две минути, со што практично го реши натпреварот и ја потврди доминацијата на домашната селекција. По завршувањето на мечот, Исаксен не го криеше задоволството, но и призна ...

Данска во фуриозни десет минути го скрши отпорот на Македонија и го реши прашањето околу патникот во бараж финалето за пласман на Светско првенство, а во раната фаза на вториот дел, во јунак на скандинавците прерасна Густав Исаксен. Крилниот фудбалер покажа дека незалудно е еден од најопасните играчи на Лацио оваа сезона, па со своите два гола нанесе голема штета на македонскиот состав во чувствителен дел од мечот. Исаксен прерасна во МВП со ...

Густав Исаксен беше најдобриот фудбалер на синоќешниот дуел во Копенхаген, во кој данскиот крилен офанзивец со два погодоци го трасираше патот на домаќинот до финалето од баражот во кое Данците ќе водат битка со Чешка за мундијалски билет за СП 2026. Исаксен не го криеше задоволството од убедливата победа, обелоденувајќи и дека долго размислувал за овој натпревар во изминатите месеци, по извршената ждрепка. „Ова беше тежок период за нас ...