Олимпијакос го потврди трансферот на швајцарскиот репрезентативец Ремо Фројлер, кој по три сезони во Италија реши да ја продолжи кариерата во грчкиот гигант. Со грчкиот клуб Швајцарецот парафира соработка до 2028 година. Фројлер во изминатите три сезони беше дел од Болоња, за која минатата сезона одигра 40 натпревари во сите конкуренции. Пред италијанскиот клуб, искусниот фудбалер настапуваше и за Нотингем Форест, Аталанта, Луцерн, Винтертур ...

Екипата на Лацио доживеа вистински шок на стартот на новата сезона. Римскиот клуб пред своите навивачи загуби со 0-2 од второлигашот Мантова и на тој начин уште во првиот натпревар го заврши настапот во Купот на Италија. По неочекуваниот пораз, тренерот Џенаро Гатузо не бараше оправдувања и целосно ја презеде одговорноста за резултатот. „Ова беше тежок удар за нас и јас сум одговорен за тоа. Мораме да продолжиме да работиме, бидејќи сезоната ...

Управата на Милан е пред реализација на голем трансфер од француската Лига 1. „Росонерите“ постигнале договор со Стразбур за ангажман на Диего Мореира, 22-годишниот белгиски офанзивец кој може да игра на двете страни, но и како крилен бек. Договорот, според последните информации, е вреден околу 50 милиони евра, а во пакетот се вклучени и бонуси и процент за Стразбур од евентуална идна продажба. Мореира веќе ги договорил личните услови со ...

Реал Мадрид го совлада Шалке со 3-0 во подготвителен натпревар во Гелзенкирхен, но победата на „кралевите“ остана во сенка на инцидентот меѓу Килијан Мбапе и босанскиот репрезентативец Никола Катиќ. Во еден дуел Мбапе му ја протна топката низ нозе на Катиќ, но дефанзивецот успеа да ја задржи и да го продолжи нападот на својот тим. Неколку моменти подоцна двајцата повторно се најдоа еден покрај друг, по што Французинот ги загуби нервите. Мбапе ...

Ракометарите на Вардар 1961 ја извојуваа првата победа во новосоздадената Регионална лига, славејќи над екипата на Војводина со конечен резултат 36-30. Натпреварот требаше да биде одигран во рамки на осмото коло, но по меѓусебниот договор беше решено да се одигра денес, пред да започне меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Вардарци беа подобар противник скоро во текот на целиот меч, па така, освен почетното мало водство на ...

Тренерот на европскиот шампион, ПСЖ, Луис Енрике, не го криеше незадоволството по поразот од Ленс со 0-1 во францускиот Суперкуп. Сепак, причината за неговата нервоза не беа само резултатот и играта на тимот, туку и постојаните прашања за иднината на Бредли Баркола и Ибрахима Мбаје. Двајцата офанзивци не беа во составот за натпреварот, што дополнително ги засили шпекулациите дека би можеле да го напуштат Париз. Во последните денови и двајцата ...

Фудбалскиот клуб Шкупи минува низ тежок финансиски период, а новото раководство јавно побара поддршка од бизнисмените и компаниите од Скопје. Од клубот посочија дека по преземањето од претходните сопственици наследиле големи долгови и наталожени проблеми, но веќе започнал процес за финансиска стабилизација и враќање на Шкупи на здрави основи. „За иднината на ФК Шкупи потребни ни се луѓе од бизнис секторот кои веруваат во овој клуб и се ...

Новата сезона во англиската Премиер лига ќе донесе неколку значајни измени во фудбалските правила. Најголемиот фокус е ставен на забрзување на играта и намалување на губењето време. Една од новините се однесува на повредите. Доколку фудбалерот добие медицинска помош на теренот, по враќањето ќе мора да остане надвор од играта најмалку една минута. Идејата е да се спречат симулирани повреди и намерното задржување на играта. Промени има и при ...

Манчестер Сити сериозно работи на ангажманот на Ајуб Буади, 18-годишниот фудбалер на Лил, кој во последниот период го привлече вниманието на голем број европски клубови. Преговорите меѓу двата клуба се во тек, но Французите поставиле висока цена од 100 милиони евра. Во Сити сакаат трансферот да биде реализиран што е можно побрзо, особено по заминувањето на Родри во Барселона. Англискиот клуб во Буади гледа фудбалер кој во иднина би можел да ...

Големо изненадување се случи во Србија. Никола Калиниќ повеќе нема да игра професионална кошарка. Искусниот репрезентативец реши да се повлече на скоро 35-годишна возраст, но веднаш ќе преземе нова улога во својата Црвена Звезда. Калиниќ ќе остане во клубот, каде што ќе биде дел од тренерскиот штаб како асистент. Одлуката ја потврди на социјалните мрежи. „Луѓе, завршувам со кариерата. Станувам помошник-тренер во Звезда. Поради ситуацијата во ...

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со формирањето на тимот и во своите редови го доведе Давид Димевски, младиот бек кој пристигнува од Куманово. Димевски зад себе има значително суперлигашко искуство, а посебно се истакна во 2025 година, кога со 237 постигнати гола беше најдобар стрелец во Суперлигата. Станува збор за ракометар кој примарно настапува на позицијата лев бек, но може да одговори и на останатите бековски позиции. Димевски има ...

Кристијан Фабијани повеќе не е тренер на Вардар. Аргентинскиот стратег се прости од „црвено-црните“ со емотивна порака во која им се заблагодари на фудбалерите, стручниот штаб, раководството и навивачите за периодот минат во најтрофејниот македонски клуб. Фабијани порача дека од Вардар заминува со мирна совест, убеден дека во секој момент го давал максимумот, а на клубот му посака многу успеси во иднина. „Драго семејство на Вардар, Денес ...

Тејлор Фриц имаше необичен почеток на дуелот против сонародникот Алекс Микелсен. Американецот кој е деветти рекет во светот, го загуби сервисот уште во првиот гем, а по само три минути и 32 секунди игра во бес го скрши рекетот. „Играв многу лошо на почетокот. Целата фрустрација излезе уште во првиот гем, но на крајот тоа ми помогна да исфрлам сè од себе и да продолжам понатаму“, изјави Фриц. ¡NO HABÍAN PASADO NI CUATRO MINUTOS! Alex Michelsen ...

Струга Трим Љум забележа голема победа над актуелниот шампион Вардар, а тренерот Бледи Шкемби беше среќен од освоените три бода, но не во целост и од играта на својата екипа. „Знаевме дека ќе биде многу тежок натпревар поради квалитетот на противникот. Вардар во Струга дојде како актуелен шампион. Мислам дека не одигравме премногу добро, и покрај победата. Се подготвувавме да одиграме подобар натпревар, но момците заслужуваат честитки, ...

Барселона ова лето доведе неколку звучни засилувања, но во сенка на големите трансфери на „Камп Ноу“ пристигна и 18-годишниот Џеси Бисиву од Клуб Бриж за околу девет милиони евра. Младиот крилен напаѓач веднаш покажа зошто каталонскиот гигант решил да инвестира во него. Во пријателската победа над Базел од 5-2, Бисиву влезе во игра во 79. минута и до крајот постигна два гола. Првиот погодок го запиша десет минути по влегувањето на теренот, и ...

Џејми Варди би можел да ја продолжи кариерата во Бразил, откако Сао Пауло покажал сериозен интерес за англискиот напаѓач. Бразилскиот гигант веќе воспоставил првичен контакт, но конкретни преговори сè уште нема. Варди моментално е слободен агент по разделбата со Кремонезе, а во Сао Пауло сметаат дека неговото искуство и победничкиот менталитет би биле голем плус. Сепак, возраста и финансиските услови се главните причини поради кои клубот сè ...

Новото засилување на Струга Трим Љум, Ќендрим Исмајли, имаше успешно деби во дресот на стружани и беше дел од големата победа над актуелниот шампион Вардар. Исмајли пристигна во Струга на 10 август, а тренерот Бледи Шкемби веднаш му укажа доверба и го постави во стартниот состав. Тој мина 86 минути на теренот и остави позитивен впечаток, посебно во офанзивниот дел од играта и со пробивите по левата страна. „Задоволен сум од она што го покажа ...

Во периодот од 15 до 17 август во организација на ТК Адвантико во Охрид се одржа турнир во зелен тенис, на кој до трофеите стигнаа Меланија Митевски и Симеон Мицковски. Во финалето кај девојчињата, Митевски од ТК Адвантико беше подобра од Ема Ангеловска од ТК Битола со 1-4, 4-1, 4-2. Кај момчињата, Симеон Мицковски (МТП) по голема борба го совлада Марко Донев од ТК Адвантико со 4-0, 1-4, 4-2 и го освои првото место. Во периодот од 15 до 17 ...

Младиот фудбалер на Каљари, Жаел Трепи, се наоѓа на одделение за интензивна нега по тешката несреќа која се случи во базен на Сардинија. Дваесетгодишниот француски напаѓач бил пронајден во длабокиот дел од базенот во вилата во која престојувал за време на слободните денови. Според наводите на италијанските медиуми, Трепи не знаел да плива. По укажаната прва помош, тој итно бил пренесен со хеликоптер во Сасари, а Каљари официјално потврди дека ...

Новак Ѓоковиќ постепено го намалува бројот на турнири на кои настапува, но неговата мотивација за тенисот сè уште е силна. Србинот веќе има идеја како би сакал да изгледа завршницата на неговата богата кариера - со настап на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година и збогување со тенисот под српското знаме. Ѓоковиќ призна дека учеството на Олимпијадата во Лос Анџелес е нешто што многу го посакува. Сепак, свесен е дека остварувањето на ...

Изминатиот викенд во ТК Поинтер се одржа Отвореното првенство за јуниори и јуниорки до 16 години, на кое до трофеите стигнаа Надица Блажевска и Алексеј Стојановски. Во женското финале Блажевска, членка на ТК Црна Река, беше подобра од Јоана Милкова од ТК Мондано со 6-2, 6-2. Кај јуниорите се водеше клупска битка меѓу двајца тенисери на ТК Тумба. Алексеј Стојановски го совлада Марин Стефановски со 6-2, 6-3 и го освои првото место. Изминатиот ...

Големо изненадување се случи на Мастерсот во Синсинати, откако Жаиме Фарија го совлада шестиот тенисер во светот, Бен Шелтон со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Португалецот, кој е 79. на АТП-листата, со овој триумф ја забележа првата победа во кариерата над тенисер од Топ-10. Мечот траеше еден час и 50 минути, а Фарија одигра исклучително храбро против фаворизираниот Американец. Португалецот направи три брејка, додека Шелтон успеа еднаш да му го ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, привлече внимание на пријателскиот натпревар против Шалке во Гелзенкирхен, откако покрај десното око имаше видлива модринка. По убедливата победа на „кралевите“ од 3-0, португалскиот стратег откри дека повредата ја заработил на тренинг. „На тренинг топката ме погоди во лицето. Да немав очила, веројатно немаше ни да се случи ова. Можеше да биде и полошо“, објасни Мурињо. По натпреварот Мурињо се ...

Ракометната федерација на Македонија изминатиот викенд беше домаќин на две репрезентативни селекции од Египет – сениорската Б селекција и репрезентацијата до 20 години, кои престојуваат во Македонија во рамки на своите подготовки. За време на престојот, египетските селекции одиграа пријателски натпревари со македонски клубови. Сениорската Б селекција одигра контролен натпревар против РК Алкалоид, додека репрезентацијата до 20 години одигра ...

Вардар и Војводина денеска во Охрид ќе го одиграат првиот натпревар во историјата на новоформираната Регионална лига за мажи. Македонскиот шампион и српскиот вицепрвак ќе се соочат од 17:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, пред меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Дуелот е предвиден за осмото коло, но по договор на клубовите поради набиените обврски и календира ќе се одигра порано како увертира на турнирот. Во новата лига учествуваат ...

Марк Сантос го запиша своето име меѓу најмладите дебитанти во историјата на Ла Лига, откако Леванте му даде шанса против Еспањол на само 15 години и 288 дена. Младиот фудбалер влезе во игра во 64. минута и веднаш постави клупски рекорд, станувајќи најмладиот играч на Леванте кој настапил во шпанската елита. На вечната листа во Ла Лига се најде на третото место, зад Лука Ромеро и Сансон. Сантос го израмни достигнувањето на Педро Ирасторза од ...

Јувентус го комплетираше трансферот на колумбискиот репрезентативец Џон Лукуми, кој потпиша договор со торинскиот клуб до 30 јуни 2030 година. Болоња ќе добие 20 милиони евра обештетување. Во договорот се вклучени и бонуси до дополнителни два милиони евра, зависно од исполнувањето на одредени спортски цели. Лукуми има 28 години, а во Болоња пристигна во 2022 година од Генк. За белгискиот клуб настапуваше четири сезони, додека кариерата ја ...

Шкотската фудбалска асоцијација го назначи Себастијан Покоњоли за нов селектор на националниот тим. Белгиецот потпиша двегодишен договор и доаѓа на местото на Стив Кларк, кој си замина по елиминацијата на Шкотска од Светското првенство во 2026 година. Покоњоли има 39 години и зад себе богато тренерско искуство. Работеше во Унион Сент Жилоа, каде освои шампионска титула, а последно беше на клупата на Монако. Претходно беше дел и од младинските ...

Елина Свитолина направи еден од најголемите пресврти на турнирот во Синсинати, откако спаси дури седум меч топки против Тереза Валентова и славеше со 2-1 (3-6, 7-6(5), 6-0). Чешката тенисерка одлично го отвори мечот и со три брејка го освои првиот сет со 6-3. Во вториот сет Свитолина беше на работ на поразот, но успеа да спаси седум меч топки, а потоа направи пресврт и во тај-брејкот, во кој губеше со 2-5. Украинката го доби тај-брејкот со ...

Скопје и Гевгелија беа домаќини на Европското првенство за кошаркари до 16 години, Дивизија Б, а Македонија доби позитивни оценки за начинот на кој го организираше шампионатот. На турнирот настапија репрезентации од многу европски земји, а покрај натпреварите, во фокусот беше и организацијата на целокупниот настан. За успешно реализираното првенство, Кошаркарската федерација на Македонија доби специјална плакета. Дополнително признание ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
78%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75