Екипата на Кожуф освои голем бод во денешното соочување против фаворитот Пелистер во единаесеттото коло во ВМФЛ. Ланскиот прволигаш не успеа да го сочува стекнатото водство од првиот дел и на крај мораше да се задоволи само со еден бод (1-1). Пелистерци први зададоа удар во Гевгелија и преку поранешниот репрезентативец Кире Ристовски поведоа со 1-0. Се играше 20 минута кога Мирчевски изведе корнер од левата страна, а највисок во скокот беше ...

Охрид Лихнидос го совлада Камјани со 4:0 и ја зголеми предноста на врвот на Втората македонска фудбалска лига од еден на три бода. Пелистер одигра 1:1 со Кожуф во Гевгелија, а Работнички со победата од 3:0 во Кочани му се доближи на еден бод, со натпревар помалку. Во долниот дел, Детонит Плачковица ја совлада четвртопласираната АП Брера Струмица, а Новаци освои три бода против Македонија ЃП. Охрид – Камјани 4:0 Антонио Каланоски погоди во 20. ...